Тоа што не сака да користи заштита, да му кажеш или секс со кондом или нема. Ама да си држиш став, а не Да попушташ. Треба да го почитува твоето мислење.
Е,па тоа значи дека таа поза многу те возбудува,па затоа ти се појавуваат и гасовите,не си единствена со оваа појава,ништо страшно.
Гасови од вагината од возбуда. Е ај те молам објасни ми го феноменов возбуда-гасови. Ете и девојчето што напиша се чуди на твојот одговор, па затоа објасни.
Затоа што слободниот простор во вагината се полни со воздух за време на сексот,па оттука се и тие гасови и звуците како прдење од вагината поради возбудата,како што впрочем и ти @Daleron и имаш убаво објаснето на девојката во темата за Интимни прашања,проблеми и совети.
Не ми беше јасен делот со возбудата, нема врска возбуда и воздух во вагината, ама ај штом така мислиш нека е така.
Оф леле тие кондоми.. Мене не ми пречат. НЕ е никако исто со и без кондом чувството но сепак повеќе го сакам чувството на сигурност со кондом. Сегашниот дечко ниту еднаш не употребил кондом со мене и сум пишман 1000 пати. Заради тоа отидов по контрацептивни таблети на гинеколог и таму ми се крена косата.. Белото прање да сум го лечела, он да пиел апчиња.. Се у курацц..
Никако без кондоми! Ако некој од партнерите, одбива да има секс со кондом, не треба ни да има секс. Многу голем проблем е кај нас тоа што повеќето не употребуваат кондоми. Возрасни, образовани луѓе, во брак.. и мажи и жени.. имаат секс, надвор од бракот со рендом луѓе, без кондом. Во 2018та година да се објаснуваме за бенефициите од користење кондоми е срамота!
Ги знаеме бенефициите и тоа како, а уште повеќе ги величиме кондомите кога не ги користиме.. Заштита си е заштита ама треба и двете страни да ја прифатат Со сила некој не можам да натерам да стави кондом, но ете можам да купам контрацепција за да го избегнам најлошото. ОД Инфекција нема да ме заштитат но сепак тоа се лечи.
@Fallen.Angel, сепак би сакала уште еднаш да размислиш дали вреди поради туѓ хир и себичност, ти да го носиш целиот здравствен товар. Информирај се убаво за пипулата, зошто не е бомбона. Јас веќе повеќе од една година пијам Јасмин а го пијам денес за утре да можам да имам дете. Немаше да пијам хормонална терапија да имав било каква друга опција. Не знам дали убаво го прочита упатството, но се зголемува ризикот на појава на рак на гради. Вреди ли неговото задоволство толку многу? Да не можете од икс причини да користите кондоми (алергични сте на латекст, пример), во ред, секако дека анти-беби се одлична и сигурна контрацепција, ама да се клукаш хормони зошто господинот сака на голо и не сака да се лиши од неговото задоволство? И колку за информација (настрана посериозните последици), опаѓањето на косата, зголемената влакнетост и качувањето на телесна тежина се едни од почестите и можне вообичаени последици од земање на анти -беби пилули. А да, и опаѓањето на либидото. Иронија, нели? Пиеш апчиња за да можеш на раат да имаш секс, а тие всушност ти ја убиваат желбата за секс. Размисли си уште еднаш, убаво и натенане, па донеси одлука.
Целосно ја разбирам твојата реакција и загриженост. Во право си не велам не. И гинекологот прво ме искара но откако по 10 минутно инсистирање од нејзина страна се согласив на преглед и таа увиде дека имам полицистичен десен јајник и дека можам и е препорачливо да користам контрацепција. И сепак ѓжми напомена иако ќе ги користам таблетите да се обидам да го наговорам дечкото да користиме кондоми. На некој начин таа иако ме караше сепак изрази позитивно мислење бидејќи 100 пати подобро било контрацепција отколку абортус на мои 19 години.
Една кандида може да е претешко да ја излечиш...а не сакам да правам муабет за различни видови хпв (некои предизвикуваат карцином), сида и други спб. Подобро да спречиш, него ли да лечиш.
Јас не викам да не користиш таблети, ако ти тоа го сакаш, но добро е и тој да користи кондоми. Сепак одлуката е ваша.
Јас не сум против кондомите. Ми олеснува кога знам дека сме користеле и еве сега немаше да бидам под стрес.. 8 дена ми доцни и психа ме мава. Ако користевме кондоми ќе бев смирена .. Ама не е до мене работата не можам со сила да го терам