Јас не би ризикувала. И би ми сметало ако не го почитува моето мислење. Зошто да се тресам секој месец кога ќе ми касне? Ако ти сакаш да користите би ти рекла да му го кажеш тоа, не може одлуката да е само негова а ти да молчиш. Ако и тебе ти одговара да не користите, тогаш тоа е друго.
Девојче, гледам дека си многу млада и незрела. Она што денес ти изгледа како зафраканција и не го сфаќаш сериозно, утре нема да ти биде мала работа. Не сакам да те плашам ама постојат разни бактерии и инфекции кои ако не се откријат на време или лекуваат правилно, може да ти донесат сериозни здраствени последици, дури и стерелитет. Размисли си убаво, ако тој дечко те сака и почитува за ваше добро да користите заштита. Како што кажа некој наназад, бебе е најдоброто нешто што може да излезе од ситуацијата, има далеку поопасни вируси. Друго и не знам дали на овие години си спремна за да станаш мајка или да одиш на абортус. Ако самата не се заштитиш, друг нема тој ќе си го прави ќефот, а на абортус ќе си идеш сама. Не вреди за ниту еден дечко. Ти пишав и во друга тема, чим ти препишале терапија после менструација искористи си ја и направи си пак контрола. Ако не ти зеле брисеви, побарај си сама за пап тест и микробиологија обвезно. И без заштита односи никако, не можеш до толку да веруваш никому. Сум се наоѓала во слична ситуација ама поставив услов или кондом или нема секс. Чим сте дошле до секс да имате, нема потреба зошто да се срамиш или плашиш да разговараш за тоа што ти пречи.
Не ни мора да го тераш. Најди си друг што ќе те почитува и ќе се грижи и за твоето здравје. Јас сега кондом не користам затоа што ми е сеедно, ама инсистирав пред да бидам сигурна во тоа што го сакам..
Не дека не ги сфаќам озбилно инфекциите и болестите, ама повеќе ме плаши бременоста. И не размислувам друг да најдам само поради тоа што не сака сегашниот да користи заштита. Јас во никој случај не планирам да носам такви одлуки безврска ми е.
Ако некој ми е важен во животов ќе направам се за да го заштитам. На секој начин. Мојот влакно не дава да ми фали, зимава 3 месеци бдееше над мене, 100% неподвижна бев, буквално. Да му речам кондом да стави, ќе праша и два да не треба а не да одбие!
hehe zasto replika ne koristam zastita... Ne mi treba bidejki ne menuvam partnerki so edna postojano!
Мислиш често? И тоа без кондом... образовани, возрасни луѓе, во брак, со деца... Мажи и жени. Поубаво им било без кондом.
Wild,и на нас ќе ни е убаво кога ќе ги читаме по темите,дали сум бремена ,ама немавме заштита малку ми капна па нека им е поубаво без кондом пак.имав партнер таков нејќеше кондоми колку мака видов а он само уживаше знам како е