Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сум имала дечко до сега

Дискусија во 'Сингл' започната од napatena, 3 јануари 2010.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Детството и адолесценцијата се периоди кога секој од нас расте и се развива психо-физички.Тогаш најмалку ни се потребни моменти на разочарување и очај.Излегување,дружење и социјализација ќе помогнат да се формирате како личност.Љубовните чувства не може да планирате кога и кон кого ќе ги насочите.Ништо не сте изгубиле доколку не сте во врска.Верувајте дека најубавите мигови се случуваат кога најмалку очекувате.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zgodendecko

    zgodendecko Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    па вероватно оваја тема би била за некои помали чупиња до 16 год, инаку не вервам дека има поголема од толку а сеуште да немала дечко али како и да е секоја чест шо има девојки кои не се страмат да го признаат ова , се надевам дека ке си најдите и вие дечковци, поздрав до сите вас :)
     
  3. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Јас на пример имам врска уште од 15 години и уште трае, више 3 години сме заедно. Со него се ми беше прво. Одмори, друштва, излагања, заебанции, шетања секој викенд.. Апсолутно се. Не е точно дека на тие години не може да се фати сериозен дечко и со истиот да имаш сериозна врска. Сигурно дечкото нема да те врзе и да не те пушта да мрднеш или што знам, некои други работи да прави. Е сеа тука игра улога и каква е самата особа и на каков ,,нацапала,, . Знам многу луѓе кои од тие години биле во врска, па сега имаат и деца и внуци. А имам другарки кои што едноставно не сакаат да се впуштат во врска и да имаат постојан партнер, од причина што сакаат да си ги мењаат постојано. Со нив секако си имаат интимности ама несакаат ништо формално.. За мене тоа е многу потрагично и мизерно. За жал таквите се се повеќе. :| Така да не се замарајте многу многу за тоа дека немате дечковци. Да знаете само дека најубавите работи се случуваат спонтано и тогаш кога најмалку очекувате! ;)
     
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Јас имам 18, за неколку недели ќе полнам 19 и не сум имала дечко до сега. Сум имала мувачи но дечко со кој сум била во врска не.
    Не се срамам да го признаам тоа апсолутно, само понекогаш се прашувам која е причината.. :?:
     
  5. SkyStar

    SkyStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Јас мислам дека треба да му кажеш здраво колку и да ти е срам сепак нема ништо да загубиш можеш само да добиеш.Но,ако не сакаш ти да му кажеш нешто може ако имате некои заеднички другари/ки да ве запознаат.Нив можеш да ги прашаш какви интереси,ставови и мислења има тој.Опција ти е исто така да му пишеш на фб ако го имаш како пријател но ако не ти врати ништо немој да бидеш нападна.Што се однесува до тоа дека знае дека го свиѓаш јас мислам дека сака да се прави важен пред тебе па затоа не ти вика ништо.Сепак ако нема никаков непредок треба да знаеш да кажеш доста. :)
     
  6. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Немора да има некаква причина... кога тогаш ќе запознаеш некој. Пробај некогаш ти прва пиши/пријди на некој наместо да чекаш тебе да ти пишат. Можеби тоа ќе успее
     
  7. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Не, не.. доволно ми беа разочарувања мене. Уште да се разочарувам не фала.
    Ако сака некој нешто повеќе со мене има да се помачи малце, море не малце.. малце поќе. Досега со сите бев фер, не глумев лудило како некои девојки.. нели машките тоа сакаат, девојки кои не си мислат која сум јас и не се креваат во облаци, е така ама не испадна тоа.
    Одсега море има на коленици да се влечи и тогаш ќе размислам дали да излезам со него.
    Нема повеќе пристапност, сега од сите што се само за мување ќе бегам како ѓаол од темјан.
    Уште ќе си играм куртиши мувајсе па не се познаваме, ми здосадија мене тие игри.
    Ако има мади*а некој да ми биде дечко тогаш ќе се потруди, ако не.. сингл и збогум со здравје.
    Не можам да се замарам повеќе.
     
  8. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Проблемот е што си налетувала на погрешните и плус такви биле годините... Не ми се верува дека некој созреан би правел глупости или пак да не знае што сака. Мислам дека е погрешно вака да размислуваш затоа што ако навистина правиш вака како што викаш тогаш мислам дека никој нема толку многу да те моли за да биде со тебе. Запамти не се сите исти...колку и да звучи клише реченицава така е
     
  9. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Јас сфаќам навистина, јасно ми е. Но некој кој е навистина заинтересиран ќе направи се за да биди со мене, а нема да се откажи уште од одма кога ќе види дека по малце го кревам штитот.
    Сум се разочарала многу пати, првиот пат од првата љубов особено тоа беше траума за мене. И сега еве се разочарав повторно. Јас сум таква личност едноставно која брзо свикнува на луѓе и онака секој може да ми прирасне за срце, тоа е погрешно но едноставно таква сум и не можам да се сменам. Затоа е најдобро да држам поголема дистанца и да не му давам шанса на секој кој ќе се обиде да ми се приближи.
    Онај вистинскиот ако навистина ме сака и до небо да изградам ѕидови ќе ги искачи и ќе биди со мене..
    Не можам да се разочарувам повеќе, штетно ми влијае на психата.. запаѓам во депресии и не можам да се сконцентрирам на ништо друго. Тоа е за жал ете таква сум затоа сметам дека ова е најдоброто решение за мене. :)
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Да си кажам за мене, оти сум посебен случај! :lol:
    Јас можам да имам дечко ама не сакам. И покрај тоа што сум имала доста кандидати.
    Особено кога наполнив 16 години, ми доаѓаа куп напалени мажјаци кои не размислуваа со умот ами со половите им органи. :D Ја неискусна клинка. Помалку потресена, со умот пред срцето, па на крај сите по ред си добија корпички.

    Сум имала досега многу дечковци и муватори но, од ниеден не сум видела аир.
    Кој пробал да ме фати за груда кој за задник, си испиле боксови претепување до крв. :@
    Јас не се допирам а не па тој! :!: If u know what I mean.. :$
    Речете дека сум прекомплицирана, ама така си е.

    Не дека се гордеам и се правам демек недопирлива, само сакам да најдам некого во кого ќе имам стекнато доволно доверба и ќе го запознаам како личност.
    Може и во тројка не е проблем, и да се би не ми смета ич ;)
    Е, тогаш сигурно нема да чекам машкото да го направи првиот чекор. Јас ќе го прашам дали сака да ми биде дечко.
    Ако ме одбие
    јебига
    шта је ту је. :D

    А вие што се потресувате безвеза дека нема да запознаете фини ергени со кого ќе ги делите лигавите течности ви се чудам.
    Сериозно ви е тоа приоритет? :^)
    Во доверба ќе ви кажам нешто екстра. Ми се гади од лапање со јазик. Нехигиенски, одвратно.
    Јас сум за она традиционалното. Секс само кога треба деца. И толку. Повеќе јок бурда. :)
     
    На Lolo5 и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^^ Без навреда ама стварно си посебен случај. :D Поготово последново ми боде очи, секс само кога треба деца.... Ти се гади од лапање.... Пипање никако, а 20 години имаш, па уште боксови летале... :^) А да пробаш со девојки, друга логика не можам да најдам. :D
     
    На Anja98, a.navy.stan, Saki15 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Па не сакам некој да ме допира после 2 месеци врска. Понатака ако стекнам у него доверба и сфатам дека не сака да ме искористи можеби ќе му дозволам.
    А за лапањево..Навистина ми е гадно тоа меко лигаво нешто во мојата уста.
    За сексот - не се влажнам. Не сакам да ме боли, па само тој да се задоволува.
    Иначе сексуално не ме привлекуваат жени. Или со други зборови не сум лезбејка. ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.959
    Допаѓања:
    90.252
    Пол:
    Женски
    И јас се чудам на твојов муабет Валерин :|
    прв болд- зависи како ќе си се поставиш,да постојат такви машки што уште на прв состанок пуштат раце но се зависи до тебе а и до него :)
    2болд -си била ли вистински заљубена до сега ? Лапањето ти е гадно боже мој,најубавиот француски бакнеж кој што цел свет ужива во него тебе ти е гаден :D Како може од човек што го сакаш и што го свиѓаш да ти се гади (ама дека не си била заљубена изгледа затоа незнаеш да го искусиш убаво таквото чуство) :lol:
    и трет болд Ако постои вистинска љубов сексот не треба да биде задоволство за него само туку и за тебе ,ти сигурно нема да легнеш со некого што не чуствуваш ништо па да биде така како што си пишала ,треба да се почуствуваш подготвена па да сакаш да го почуствуваш и ти вистинското задоволство.
    Велиш секс само кога ќе треба деца да имаш :D И оваа не ми држи ич место ама ај секој со свое мислење :)
     
    На bubac и Lovely93 им се допаѓа ова.
  14. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    А бе девојки не сфаќајте така. Па нормално дека никоја не сака да се лигави со кој ќе стигни и да ја фаќа секаде. Оти денес се знае во шема е то „мувањето“, излегваш на некој саат се лапаш те фаќа секаде и чао пријатно. Очи не му гледаш.. 19 години да имаш навистина се премногу и се срамота да го правиш тоа нешто, и јас воопшто почнав да се срамам да се мувам..како некои напалени тинејџери ајде ќе си ги смируваме страстите. Некако ми е навредливо и затоа исто како феминката што кажа погоре претпочитам да одам во сериозна врска каде се знае тој ќе биде тој со кој ќе делам се, па и лиги и допири :P
    А не со кој ќе стигнам.
    За секс е друга приказна..
    Затоа е најдобро да се размисли пред да се впушти во некаква „врска“ а особено во тие врски без обврски.
    Јас на почетокот не бев против мувањето зошто сметав дека така започнуваат врските, но сум била во голема грешка.. ептен малце се тие мувања кои прераснуваат во врски.
    Со мувањето нема да осетиш ништо друго освен искористеност и да се почувствуваш како потрошена роба.
    Затоа поарно чекајте си некој кој прво ќе го цени вашиот карактер, вашата индивидуалност, она што сте.. а не га*от и ци*ките се извинувам на изразите. И сега поарно си викам да останев сама без ниту еден мувач одколку вака само да му бидам бројче на некого. Ама тоа е, нема назад и ум за друг пат.. барем сега си знам што сакам самата и знам кон што да се стремам.
    Според мене е мизерно и не му доликува на една девојка која си се цени себеси да прави такви работи.
     
    На Lolo5, Valerin и Lovely93 им се допаѓа ова.
  15. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Немој толкав ѕид пошто ако падне партали ќе се направи :D

    Сериозно... Јас те разбирам, и јас уствари го имам истиот проблем, пребрзо се приврзувам за луѓе и премногу верувам и во многу случаи се покажало како грешка. Едвај излегов од депресија по моите посериозни врски но сепак мислам дека не треба да се затвораш толку. Само може тебе полошо да ти биде на крај...само мое мислење
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Нема тоа врска.
    Само не сакам да бидам искористена и тоа е се.
    Ако за тебе францускиот бакнеж е најубав за мене не е. Истото важи и за сексот. Сите сме луѓе од крв и месо, но не сите имаме идентични потреби.
    Јас кај машкото не го ценам толку изгледот колку карактерот. И сакам тоа да биде обострано.
    Нема да дозволам некој напален по два месеци врска, или уште полошо на прв состанок да ме фаќа по гради и задник па макар и последниот нека е.
    Пробале неколку, ама само пробале! :D
    Јас се контролирам. Знам да заведувам, и давам многу во врската, а сешто барам од другата страна е искреност.
    Тоа што вредностите се сменети не значи дека јас сум комплицирана, туку едноставно не функционирам според новите принципи зададени од шаблонот и тоа е тоа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^^ Се ова е во ред и е преубаво што се цениш, така и треба додека не најдеш некој да те заслужи. Само ме зачуди со бакнежот, бидејќи нели секоја врска мора да почне со бакнеж, а и богами со тоа дека секс треба само за деца правење. Ќе мислиш ли исто кога ќе се заљубиш, кога ќе се впуштиш во односи? Јас мислам не, барем не би требало. :)
     
  18. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    :D :D :D Валерин срце, голема си веќе, не те личи на тие години да се бламираш.
    Сексот бил самоза правење деца бе .... Ајде уште малку ќе кажеш дека штркот децата ги носи, така? :fubar:
    Не си наишла на некој кој ќе ти го земе умот и ќе те легне без притоа ни да си свесна за тоа, е па после тоа ќе те видам дали ќе го имаш сеуште истово сваќање, или ќе си поредовна во ,,Дали сум бремена,, темата.
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Душо моја ако ти не можеш да ги зауздиш своите сексуални потреби, не значи дека со истото се соочувам и јас.
    Имам и срце и ум, но умот го фрлам секогаш 5 чекори понапред затоа не паѓам у делириум на црвени рози, слатки насмевки и зборови.
    Но, притоа никого не осудувам. И никаде не потенцирав дека сексот не е убава работа која треба да се одвива меѓу паровите. Напротив, тоа важи исклучиво за МЕНЕ!
    Ако вие уживате, која сум јас да ви рушам ќеиф?
    Башка јас сум многу либерална по тоа прашање, но кога станува збор за мене, си правам како што мми е најарно. Не глумам светица, но сексот не ми е најокеј ствар, и според мене оргазмот не е бог знае што.
    Али тоа е само мое размислување. Што знам јас, нели? ;)

    Брееј ме нападнавте. :rofl: Шта љубав ради од жене...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Никаде не се спомнав себе си и баш не сум душа со незауздливи сексуални потреби :^) . Ти кажував општ муабет, како постара, и како особа која знае повеќе за животот од тебе.
    Кој свати- свати, кој не, здравје, има време.....