1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сум имала дечко до сега

Дискусија во 'Сингл' започната од napatena, 3 јануари 2010.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Извини таков впечаток добив.
    За искуството - не се стекнува со годините.
    Или во себе имаш рацио или немаш.
    Во кратки црти - или си страсна љубовџика која не знае за лимит, или си девојка која опсесивно врши обсервација. Јас сум вториот тип.
    И како се однесувам кон сите, така и со него.
    Сигурно нема да го променам однесувањето и да се лигавам само затоа што сме го смениле статусот на релацијата.
    Освен тоа, кога станува збор за скапаниот морал, имам другарки проститутки, па што? Никогаш не ги сместив на скала пониска од својата. Одлични личности се. Ги сакам повеќе од својот живот и ич не ми е гајле што прават со него дур со мене се коректни. ;)

    Отидов офф топик, ама не сакам никој да добие впечаток дека се ставам во улога на осудувач.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Зини земјо голтни ме :o
    Па на 16 и јас немав интерес за секс и дечко и слично,
    ама не се форсирав вака јавно.
    Дај сега ај да испотепаме све живо, никој да не ни се пушти, и кога ќе пораснат девојките малку повеќе тогаш нека зборат за секс, задоволство, потреби и желби. Вака некако не знам што сака да каже писателот со напишаното :lol:
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Ма арно да си осудувач, ова е полошо. Се дружиш со проститутки (читај девојки што се сексаат за пари), а мислиш дека не е во ред да имаш редовни односи со саканиот. Ако треба кон маж ти да се однесуваш како кон сите, алал да ти е. Не сакам понатаму да коментирам, џабе е, ако и не не тролаш овде. Во секој случај, нормално размислување не е ова, а ексцентрични луѓе не сакам.
     
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Секако дека се цени бакнежот, па така најдобро можеш да се поврзеш со некој.. друго е кога ќе осетиш страст. Но муабетот ми е да не се впуштам во тоа се додека не видам дека личноста не е навистина заинтересирана за мене, нема смисла веќе да се лигавам наоколу како да сум страдна за лапање.
    ТОа е според мене глупо. Се знае, бакнежот е чин создаден од љубов.. а сега со денешнава младина и нивните сфаќања и погледи тоа стана едно обично безвезно лигавење.
    Јас сум многу против тоа, ќе полнам 19 години но не размислувам како повеќето млади.
    Од сега сакам да споделувам бакнежи со некој кој навистина ќе го цени тоа, со некој кој ќе знае да ми го освои срцето.. зошто како викаат, ако и го освоиш срцето на девојката.. телото ќе го следи.
    И плус кажав погоре и претходно во темава дека јас сум едноставно таква личност која многу брзо се поврзува, веднаш ми се будат чувства.. таква сум кревка. Затоа не сакам да ризикувам да се заљубам во секој кој му е дојдено само до мување..тоа е преголем ризик за мене после се што преживеав во љубовта.
    И не му ја замарам ич, оној вистинскиот прво ќе ми го освои срцето а потоа ќе посегни по телото..
    е тој ќе ја заслужи мојата љубов.. до тогаш i'm single and i am so damn happy! :rock:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Во право си, само не може да се роди љубов од првиот бакнеж, ретко и нереално ми е тоа. Мислам може да се заљубиш, ама да сакаш некој не. Додека не се заљубиш се е само допаѓање и хемија. Значи не треба бакнувањето да се сфаќа преозбилно, никој не вика со секој да се бакнуваш, нормално со кој сакаш ти и кој ќе ти се допадне, а за понатаму дали ќе биде нешто немаш гаранција. Ако те бакнал некој не те искористил, е за сексот треба да почекаш да му значиш, да. И јас сум против начинот на живеење во кој целата интимност ја доживуваат како забава, но не треба ни да се претерува. Секако за тебе не се однесуваа моите постови, мислам знаеш. :)
     
  6. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    За жалење си валеријан
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    А кој побогу побара сожалување од тебе?! |(
     
    На Lolo5, LittlePinky и Valerin им се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Не мислам да се повторувам. Се е кажано во постов. ^
    Мљацање, лигавење со тоа јазиците како животни, не фала.
    Според мене бакнежот треба да биде краток, суптилен и бавен за да почувствуваш вибрација, а не вртлог создаден од машина за перење. И по прв состанок или 2 месеци фаќање по цело тело небаре суша не снашло. :^)
    Ама ако вие уживате во тоа, никој не ви го одзема тоа право.

    Очигледно за некои од вас, на огромна жалост кулминација во животот е да се има секс и дечко.
    Имам јас и такви познаници кои се болно опседнати со пронаоѓање партнер па како резултат на таа безуспешна потрага лесно запаѓаат во депресија.
    Тоа што не работеле на усовршување на себе како личност, на своите духовни квалитети кои се одлики на одмереност, или постигнување кариера на професионален, креативен план не е ич битно. Важно е само да се најде оној ,,вистинскиот'' ;)
    Ама аман веќе со тој збор. Кога ќе го каже некој мислам бог му се симнал и го вдахнал идеалот во него за да може да ги препознае квалитетите на таа дотична особа наречена ,,вистинскиот" |(
    Не сум огорчена што го зборувам ова, не сум имала лошо искуство со момче, туку доста ми е веќе од тој принц на коњ. Па, за разлика од вас не живеам од бајки, слатки зборови, и бакнежи. Јас сум сериозна, строга, либерална девојка со огромна мера на се што прави, особено на ова претходното. Ако некој решил да го освои моето срце ќе мора да ги поседува наведениве квалитети, и плус да има искрени намери. На кратко кажано - треба со таа личност да постигнам длабока конекција пред да бидеме во врска.

    А морални продики од стручни психолози како вас, не благодарам. Држете си ги за себе бидејќи јас сум среќна со мојот избор на пријатели. ;)

    И btw: Колку што знам темава не гласи ,,Љубовниот живот на Валерин'' Туку ,,Не сум имала дечко досега'' Вратете се на тоа и останете си со главата во облаци, анализирајќи ја секоја моја реченица ако ви е тоа издувен вентил.

    Папа мои дами. :* :hai:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    е и воа го има во 21 б-век божеее...
     
  10. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    И јас да кажам нешто..
    Имам 16 години и не сум имала дечко. Ни дечко, ни мување, ни некој добар симпатија, ни додворување апсолутно ништо.. :|
    Едноставно и незнам да зборувам со машко! Никогаш не сум зборувала со некој и не сум се дружела.
    Имам другарки, им помагам во се, ги советувам.. но јас немам никое искуство со љубота. Секако дека ми е тешко и дека јас посакувам да имам некој во моја близина, но немам!
    Учам во едно од потешките училишта во нашата држава, можеби тоа не ми дозволува да се опуштам и да се запознаам со некој.. Незнам.
    Пред некој ден едно девојче ме праша " Како издржуваш?"
    Само се насмевнав, тоа не е да издржиш, тоа е само минлива работа.
    Да, 16 години и немам дечко. Се прашувам дали јас ќе имам дечко некогаш? Па и да бидам сама, не е ништо страшно. Секако дека ќе продолжам да живеам.
    Убава сум и имам се, но во љубовта сум најслаба! :?:
    Ме повредува тоа што другите ме гледаат чудно, зарем толку е страно да немам дечко?
    Знаете како е, единствена во друштво што е single!
    Можеби сум заостаната, можеби доаѓам од 20ти век! :^)
     
    На Lolo5 и alexa_dimoska им се допаѓа ова.
  11. marisaa

    marisaa Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    И јас сум на иста возраст, како и тебе, и јас имам дечко кој се гледам 4 месеци.... сакам да ти кажам не е најважно во животот да имаш дечко, пред една година се чувтвував како тебе, цело мое друштво имаше по некој, а јас бев сама, и се жалев... и тогаш кога најмалку очекував се појави тој, така да остави на времето, еден ден и ти ќе имаш и мувач и дечко, ама засега не се оптеретувај, само излегувај,дотерувај се, флертувај, ужувај си и тогаш кога најмалку ќе очекуваш ќе се појави некој. Се прашувам, дали ти сакаш да имаш дечко зашто ти тоа навистина го сакаш, или само ради околината, демек да не останеш ,,заостаната,,? Ако навистина сакаш да имаш некој покрај тебе, ок е, ама ако е ради другите,тогаш не фаќај дечко. Твој живот,ќе правиш што сакаш, а и тоа не е воопшто издржување, друг пати кажи и на другаркати, мене ми е вака преубаво, кога ќе сакам да фатам дечко,ќе фатам. А и ако толку те повредува тоа што другите те гледаат чудно, тоа значи тие не ти се вистински пријатели, па и немаш ни потреба да им се доверуваш, зарем не? можеш и да излажеш дека се гледаш со некој, и готово.....
     
    На marijaz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. s.w-e.e-t.y

    s.w-e.e-t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    432
    Имам 18 години и досега не сум имала дечко, ниту пак сум се смувала со некој...Се прашувам дали проблемот е во мене или сепак се си доаѓа со времето? |( Сите мои другарки имаат да раскажат по нешто за својот љубовен живот, а само јас не...си мислам колку се тие среќни во љубовта а јас не... :( Не сум некоја премногу пребирлива личност кога се работи за машко...но досега никој од оние кои ми се допаѓале не ми обрнувале внимание..Ве молам за некој совет..дали треба нешто да променам кај себе? :^)
     
  13. Kiska

    Kiska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    треба да направиш нешто што би ти обрнувале внимание,да ја носиш пуштена косата да се разубавиш неможам да ти кажам како бидејќи немам твоја слика...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kiska

    Kiska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    јас сум немала дечко а сум имала 5 понуди за врска и за мување итоа сите од другари и баш ме разочараа :o
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. s.w-e.e-t.y

    s.w-e.e-t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    432
    Повеќето време ја носам пуштена...незнам што друго би можела да направам :(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Moжно да е, но и да не е до тебе.
    Секако не те познавам, но поработи на физичкиот изглед (доколку има потреба, не да се умараш премногу со тоа), незнам...средена коса, минималнa шминка, можеби облека нешто...нема многу што тука... Но јас повеќе би рекла на однесувањето и карактерот да гледаш..сеа пак, не те знам али ете пример, подружељубива биди, насмеана, флертувај така на зезање ;) биди си опуштена како последна работа на ум да ти е тоа..
    И јас слично како тебе, на 16 ипол прв пат се мував, а пред тоа многу се замарав, дека знаеш напредни генерацииве се, сега од основно се со дечковци и имав тогаш во средно една блиска другарка, ми имаше кажано дека само во основно се имаше околу 20 пати мувано :o damn.. па ми даваше после совети како да се бацувам пошто мислев дека не знам, се осеќав престаро :D (кај ми бил паметот)
    Значи не се замарај воопшто, промени нешто ако има за променување и ќе се деси се кога ќе дојде време :)
     
  17. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски

    Абе душо немаш 118 год туку 18 и проблемот не е во твојата убавина туку во твоите мисли. Мхм да , така е ако сакаш да имаш дечко ќе имаш , зошто веднаш од ништо си создаваш проблеми , никој нема проблем барем кога се работи за заљубување.... Само ослободи се малку и не треба секогаш тој што ти се допаѓа да го направи првиот чекор , направи го ти ! Ако навистина ти се допаѓа некој , направи да те забележи .. Можеби и ти му се допаѓаш на некого но не приметуваш ... Едноставно е ! ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pixy-star

    pixy-star Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Имав шанси шанси и пол... арно ама не ги искористив... не знаев и сама што сакам... тоа е тоа се учиме на грешките... кога ги слушаме другите тоа е. Сакав еден (или сеуште го сакам) си ги признав чувствата, детето си ги кажа неговите. Донесовме заклучок форевер френдс :P Боље ишта него ништа. Сега пробувам да го избришам од мислите, од срцето успеав. Кога ќе направите чекор ќе знаете дали она што мислите дека сте го чувствувале е вистина. Сега ми е многу полесно.Не се надевам повеќе на ништо. Ја имав шансата не ја искористив кога побарав уште една тоа ми се врати како бумеранг (карма ис а бич) :(
    За искусна не сум многу да не речам ич. Имав еден но сето го сфајќав на шега. едноставно знаев дека не е за мене. Сингл сум и убаво ми е само понекогаш ми недостига некој да му кажам дека ми треба дека го сакам ама нема... Имам 19 скоро па што е тоа е. Од септември нов живот нови можности нова ЈАС :D
     
  19. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Кога го прочитав насловот на темата мислев дека си некоја од 30 години и загрижена дека уште нема дечко :D А ти си била 17 години :D Има време.Млада си.
     
  20. MagconGirll

    MagconGirll Нов член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво :hai: :lol: имам само 14 години а се прашувам дали е нормално да немам дечко бидејќи девојчињата на моиве години ги имале безброј пати :?: .. Кога ке ме ми кажат како тоа немам дечко а толку сум била убава како да ме навредуваат со тоа :| Мојата братучетка до сега имаше 11 и секој од нив никој не ја сакаше искрено.. Сите од семејството (братучетки) до сега имале повеќе момчиња но јас не. Единствено нешто што сум си го кажала е дека нејќам да имам дечко од Македонија фала богу и уште си го држам зборот под контрола :lol: До сега можев да имам можности но навистина душичката не ми сака :$ многу ми е добро да сум си сингл :P А некогаш кога ке подразмислам :!: колку убави моменти си поминуваат моиве братучетки ми станува криво. Навистина сакам да се оддалечам и да фатам некој згоден и убав во Лос Ангелес (бидејќи мајка ми ми вети дека ке одам :devil: ) Сега навистина неможам да си ги оттргнам прашалнициве од главата. Ве молам за помош ?? Дали можам да го направам тоа?? Дали ке можам да издржам до 18 или 17 години без дечко? Ми треба еден совет кој навистина ке ме убеди дека го можам тоа :sweat: