Каков си, во што немаш само доверба во изглед, страмежлив си ли што. Имаш трема пред женски или не те привлекуваат
Посредство и местење хахах. А бе дај на Марио да му најдеме девојка не си играјте. И јас бев таков страмежлив знам што е проблем го разбирам.
JAс ништо лошо не помислив. Сум за луѓето да си се запознаваат едни со други ако им се исти вибрациите.
Јас мислам дека не можам да верувам на никоја, гледајки ги повеќето колешки и бивши школски, тоа е главната причина и не само за девојка, женска туку и другарка. А и да, немам самодоверба, зашто би ме некоја сакала? (мое најчесто поставувано прашање).. И нормално, да, ме привлекуваат ☺
Зошто мислиш така, што им е на твојте колешки или школски. Мислиш се лоши или предобри. И пробај да се дружиш не ги гледај девојките или луѓето низ презир или какви се а не си ги запознал. Потрудисе најпрво во себе да стекнеш самодоверба а после во пријателства. Светот е убав во дружба,во развивање пријателства, љубов. Никој не е совршен но и никој не е олош секогаш за секого има и убав и привлечен или и одбивен. Затоа промени го мислењето верувај ќе видиш дека светот поготово жените се многу мили
Многу негативност од твоја страна. Поради што не можеш да веруваш на друга? Која е причината? Дали си бил повреден во минатото од некоја девојка која ти се допагала? Никој не е совршен. Сме биле и ние девојките со недоверба во мажите па ете сме преживувале.
Не зборев за такво фурање ... мислев на блокот кој го имаш. Дадичките се супер .. потруди се малку да го разбереш нивниот свет. Ако ти треба помош моеш да ми се обратиш у порака. Поздрав!
Има срамежливи момчиња кои никогаш нема ни да пријдат ни да и пишат на девојката која им се допаѓа. Јас познавав еден таков. Мислам ние женските можеме први да пишеме ама и тие треба да имаат повеќе храброст. Реално кога нешто сакаш треба да се бориш за него а не да се тргаш на страна. Без разлика на полот. Тоа е барем мое мислење,ахаха
Имам 14 години запознав симпатија која ја сакам веќе 3 годдини,но на 11 годд. Ми предложи врска му кажавв не ... но сега многу го сакам а страв ми е да бидам во врска со него мислам мала сумм!!!