Јас немам и никогаш не сум имала хахаха.Колку подолго немам толку подобро.Не сакам да бидам со луѓе со кои немам никаква поврзаност затоа и не влегувам во никакви врски.Мислам дека после 20 години ке бидам доволно зрела за тоа.Сега ми се најубавите години за дружење,дечко не ми треба.
А за дечко оскари се добиваат?И јас немав долг период,додека пола од другарките идеа и прифаќаа кој ќе стигнат,кој им пишал на фб,на што ти знам,така е лесно да најдеш,ама не е тоа-тоа,барем ја не можам така.Сега си најдов и што?Пак ништо,голема раб
И што ако немате? Воопшто да не ви биде незгодно, а ако партнерот во иднина е поискусен во овие работи одма ќе влезите во шема. Јас познавам пар кој се заедно 5 години, од средно се фатија, и кога ги гледам пред некое време позади кафич што ќе видам, како тетки се бакнуваа. Ама буквално така, како бабичкине ко ќе трчаат да те бакнат. И тоа траеше добри 2-3 минути.
Јас имам 16 години и сум немала дечко. Посветена сум на она што го сакам и што ме исполнува, иако многу често се фаќам себеси како паѓам во депресија за фактот што сум немала дечко. Ме фрустрира тоа што слушам од страна за туѓите мувања, врски, итн. Не можам да бидам во врска со некој кој не ме привлекува, можеби затоа и сум немала. Се надевам ќе се најде.
Ќе се најде, кога најмалку очекуваш. И немој да се окупираш со фактот дека си немала никогаш. Самодоверба имај и кога ќе дојде моментот се ќе си тече во најдобар ред.
И јас сум иста Но, речиси воопшто не размислувам на тоа. Дури и страв ме фаќа колку не се замарам Едноставно размислувам вака: Уште сум млада девојка и сакам да се пронајдам и изградам како личност. Не ми треба некој без кој нема да можам да живеам како многу од младите денес. Не сакам да се изгубам себеси во врска и ако се случи нешто да бидам буквално како изгубена без него. Сакам да сум независна и силна жена која знаа што сака и не дозволува да ја газат. Да се посветам на мојата кариера и да направам нешто што ќе има големо значење за мене. Сакам да бидам цела, а не нечија половина И тогаш да најдам човек кој ми значи и со кој ќе можам да ги делам и убавите и лошите моменти