Работам на тоа секако си ја подобрувам косата и се друго ...исто и барам сега работа цврсто сум решена да тргнам на некоја работа.
Млада си уште, јас помислив имаш 70 години на начинот на кој што кажуваш дека е готово за тебе во животот сама засекогаш ќе останеш. Не за друго дека ти останале уште некоја година живот а не е така животот е пред тебе. Живеј го животот и уживај во него без драмење.
Оф душо, те разбирам дека не ти е лесно и дека си разочарана. Меѓутоа верувај ми еден ден ќе се појави вистинскиот. Најлошото нешто што можеш да си го направиш е да се изолираш од другите. Излегувај почесто или телефонирај со роднини, со другарки. Сподели го проблемот со блиска другарка којашто нема да се бие шега со тебе и да те оговара. Биди стрплива те молам☺️
И јас имам 22 години и никогаш не сум имала дечко. И многу ми е глупо кога ќе треба да кажам дека не сум имала дечко до сега, мислам дека сите ме гледаат како чудак. Секогаш ми се допаѓале погрешни личности или ќе ми се допадне некој што е веќе во врска или за брзо ќе си фати друга девојка. А и ретко кој ме приметува и да се заинтересира за мене.. И се повеќе почнувам да мислам дека темата љубов за мене секогаш затворена ќе биде.
И мене ми се случувало братучетки и роднини секогаш кога ќе дојдам кај нив да ме прашуваат по двеста пати дали сум фатила дечко, јас отворено им кажувам дека нејќам да имам и малце им станува чудно тука. Затоа што сеуште не сум фатила дечкотоа толку многу ме нервираше, ама полека научив да се справувам со тоа и знам тоа на шала да го свртамне се ставај под притисок да си во врска по секоја цена. Еве и јас сум колку тебе а сум сама. Денешниве врски се многуу токсични, се се сведува на љубомора и емоционално злоупотреба.
А дали верувате дека постои за секој некој вистински некоја среќа,јас порано многу верував за за жал веќе не,мислам такво нешто не постои тоа е во нашата глава само ,со тоа си се лажев со години самата себе ама веќе не ,не постои таков човек.
@Лејди Гага @Just_a_kid @Crnookata Без гајле ќе најдете некој, нема правило кога треба да имаш прва врска, не се брзајте што е ваше ќе си дојде.. Дури и јас понекогаш посакувам да не сум имал врска до сега и онаа вистинската да ми биде прва и последна, затоа што колку си по зрел по паметно ги бираш партнерите и помали се шансите дека ќе згрешиш со изборот. Ама верувајте дека кога ќе го најдете вистинскиот премногу ќе го цени тоа и ќе ве гледа како нешто посебно, затоа што реткост е денес да имаш девојка која немала никаков контакт со друг маж. Јас сум сега со девојче на кое сум и прв и чувството е преубаво, неможе да се опише, понекогаш посакувам и таа мене да ми е прва.. И не се срамете да признаете дека сте немале врска пред него, може малку ќе се зачуди и тоа е нормално, ама ако е вистинскиот тоа нема да го гледа како црвено знаменце и ќе ви даде шанса да ве запознае подобро. Дружете се, излегувајте, запознавајте нови луѓе, уживајте во животот, работете на себе и тоа што е ваше кога, тогаш ќе си дојде.
затоа што колку си по зрел по паметно ги бираш партнерите и помали се шансите дека ќе згрешиш со изборот. Да ова е точно ,и затоа потешко да се реши човек за некој отколку кога имав 17 г.многу полесно можеше некој да ме улета сега веќе не.
Не размислувај за минатото, сврти се кон иднината. Што би било, кога би било - само те заглавува подлабоко да размислуваш и да си создаваш дополнителен стрес. Верувај дека нема потреба од тоа. Тоа што си го напишала се нарекува искуство. Зрелоста нема никаква допирна точка со бројот на години.
Уствари, се предомислив. Слободно нека пишуваат мужи на форумов. Барем да си знаат новиве генерации со што си имаат работа...
Јас стварно не знам што сте запнале дечко да фатите. И шо коа ке го фатите,јаката работа. Абе будали едни има ли поубава работа од слободата? Тој што е за тебе и да си во глувчешка дупка ке те најде. Не се брзајте
Не е лесно да стигнеш сама до тие години кога фаќаш возот накај 30 едноставно не оди и јас не сум виновна,исто и порано џабе што сум се трудила врска да изградам кога некој бил несериозен ило недоволно заентерисиран или јас незаентерисирана ,чувствувам како некогаш да ме гледат со сожалување од роднини ,другарки еве пример ќе кажам и тие што некогаш ми нанесоа само лошо се пред мене мислам се имат јас како ништо да немам исто чувствувам дека повторно ме гледат со подбивање,една шмизла од другарка (која вече не ми е одамна и никогаш не ми била) намерно дојде кај нас само ја слушав шо збори како биле на одмор па почна колку многу пари имала ,,колку собирала од свадба ,какп со купиле стан од луксузните скапи станови ,одсекогаш беше ваква спрема мене стално нешто ми префрлаше за тоа што јас немам а таа имаше,подбивање и слично. Ама јас сум отрпната од нив сите многу така што више не ни допира толку до мене. Само чувствувам како господ нив се да им дал мене ништо.
@Crnookata се додека упорно и упорно се замараш со туѓите животи наместо со твојот, прогрес не очекувај. Најискрено ова. Кога чоек нејќе да смени ама навистина нешто да смени кај себе, за да си го подобри својот живот, и среќата ко да бега од него. Имаме и во лп зборено, џабе е коа не се трудиш да биде подобро за тебе. Кукање и самосожалување најлошо нешто е.
Може и се фали само за да изгледа како да има нешто најубаво, за тебе да те нервира. Има многу што среќата ја нашле на 30години и имаат прекрасен живот, не е касно.. Пс: Има стих од песна што вели "nije ljubav sve sto vidis, zato pazi kome zavidis", мислам од Лепа Брена е песната.