А после 30 тата што се дешава? Крај на светот? Понор? Морам да те искарам зашто си скоро дупло помлада од мене. Значи олабави со овој непотребен очај. И ти и сите други. Мислите дека ако имате некој одма среќата ќе ти тропне на врата? А бе дигнете си ја главата горе, здрави прави ќе се разочарувам сум немала дечко. Бре јака работа за 140 грама месо ќе паѓам во депресија. Што вие бе вам?? 2025година сме, вработете се, шетајте го светот, уживајте зашто еден ден ќе ве праша староста што правевте во младоста.
И јас сум скоро 30 немам дечко, колку да се правам дека се ми е океј - не ми е. Работам, патувам, излегувам, има друштва, социјализиана сум ама партнер немам и секогаш фали нешто. Не велам дека не сум среќна личност ама не сум комплетна бидејќи сакам да основам фамилија, да имам деца,а немам со кој.
@Just_a_kid @Crnookata @IvvaNeo За вас едно прашање, излегувате на дејтови, немора одма да фанете со тој што ќе искочете на дејт, но ако се затворете дома, и мислете дека нема да најдете никогаш нема да најдете, искачај те, дружете се, идете на дејт ако не првиот или вториот, третиот сигурно ќе ви се допадне, кажувате дека имате 22, 26, скоро 30 години, а како да имате по 150 години и крај е веќе!
Па и не си баш во право. Ние сме социјални суштества, колку и да негираме или глумиме, потребен ни е некој покрај нас. Кој/а е тој/таа што не сака да почувствува љубов?! Кога имаш партнер не можеш да градиш спомени? Не можеш исполнето да го живееш животот? Тоа е до човекот, а не дали има или нема партнер. И факт е дека кога имаш соодветен партнер покрај себе, ќе придонесе да чувствуваш среќа. Мислам, инаку која е поентата што постојат врски, бракови. Инаку и јас подолго време не бев во врска и жива среќа што беше така. Затоа што да бев, немаше да го запознаам оној кој го имам денес. И 20 години да чекав, него ќе го чекав. Сакам да кажам, некогаш намерно не ви се поклопуваат коцките со причина, да ве заштити некоја сила од пропаднати врски и никакви партнери. Таму е некаде, само да се погоди времето и местото. Меѓувремено, сфаќам тоа што чувствувате, но, ветувам, има некој некаде, за вас. Али од Марс да падне, нема. Ширете контакти и познанства, излегувајте. Колку повеќе сте застапени надвор од домот, поголема е шансата да имате некој покрај себе.
Точно така е што кажа само што нагласив дека не сум затворена дома, напротив излегувам се дружам и запознавам луѓе, ниту пак реков дека е крај и имам 150 години, ниту пак го одбивам секој што ќе ми пријде или очекувам љубов на прв поглед...не, ништо од тоа. Реална сум и ја кажувам вистината, сите можат да зборуваат дека сме 21ви век не треба да се очајува без партнер, шетај, патувај, гради кариера и не ни треба никој. Епа не е така и сите тоа го знаат и се свесни, едно е работа, кариера, пари, а друго е партнер, фамилија итн. Двете работи се важни според мене и не може една да замени друга или пак да бираш една од двете. Работата е што некој успева прво во едно па во друго, кај некој доаѓаат двете набрзина и полесно,а некој ќе помини време и нерви и разочарувања дури најде партнер кој му одговара. Точно е тоа дека како поминуваат годините ти не бараш партнер само да го имаш покрај тебе туку бараш некој кој ти одговара, веќе на 25+ имаме оформено карактер, а да не зборувам пак на 30,35+... Тоа е сосем нормално да не ти одговараат сите и да не ги сакаш сите, да ќе одиш на дејт со некој ама не можеш да одиш со некој ако не ти се допаѓа ни 1 процент...Сите имаме очекувања и таканаречени критериуми и не значи дека треба се да е исполнето од листата за да ти биде партнер ама мора да има нешто што ти се допаѓа и му се допаѓаш, исто и карактерно нема да се менувам за да се допаднам некого или пак некој да се менува за мене. Луѓе сме сите различни и сосема е океј да не ти се допаѓаат сите. Не дека јас сум принцеза и чекам секогаш друг да направи прв чекор, имам правено чекор прва и не сум добила позитивен исход па не се разочарувам, на овие години веќе сфаќаш дека не е целта кој прв пишал или како сте се запознале туку со кој си пишал или си се запознал, врската е многу повеќе од да раскажуваш бајка како се запознавте... Пак ќе речам, не дека сум тотално разочарана од животот, имам убав и среќен живот фамилија, пријатели, работа, финансии итн ама ми фали тоа, сигурна сум дека не се погодила вистинска личност во вистинско време до сега ама не значи дека засекогаш ќе биде така.(ова важи за сите)
Исто многу пати не ми се поклопија коцките порано а бев активна, не ми се поклопија коцките и со некој каде имав обострано допаѓање нема да пишувам многу ама едноставно не испаѓаше врска,се како со сила да беше чудно. И веќе неколку години посебно од короната наваму некако се разочарав и седнав дома и останав само да кукам а немам желба за нешто да шетам запознавам си мислам пак исто ќе биде...ама веќе и кукање ми здосади така да го баталам и тоа и полека почнува како да ми е сеедно а може и одамна да ми е.
@IvvaNeo животот да бил совршен, сите ќе имавме сѐ што сакаме. Ама најчесто не е, нешто секогаш ќе фали. Така и оваа работа, а кога е - по едно камче во чевли. Прифаќање на она што не се менува трајно е можеби најдоброто решение. Па тек отпосле некако сами по себе се редат работите и тоа многу подобро отколку кога сме правеле напори. За што и да е.
Добро, ама на некој не му е лесно и неможе да издржи толку време сам. Посебно кога не сакана луѓето им треба конекција, а без долга врска некои луѓе стварно паѓаат во депресија бидејќи и со тоа им се намалува самодовербата. Не е лесно да се биде сам, не е лесно да ги гледаш твоите другарки како се долги години во врска, а ти сама. Тоа апсолутно нема врска со самосожалување. Имав и јас моменти кадешто сум мислела дека сериозно нешто не е во ред со мене, затоа што сеуште не сум имала врскаи тоа значи дека се самосожалувам? Не.
A sto treba, da se tolerira toksicnost samo da ne se bide sam? pa vo takov slucaj podobro e sama iako ne sum sega ali ako moram da biram.. sum bila dolg period sama i ne mi bilo seedno no sepak bi izbrala single over toxic.
Твоево нема врска со ништо со сето тоа кажано погоре, сите велат да се најде некој што им одговара и да бидат среќни и дека не им успева. Ти отиде во некоја крајност за нешто токсично, па да прифаќаа такво нешто сигурно до сега ќе биле сто пати во врска и моментално да се, ама не биле и не се. Треба малце да се размисли пред да се напише нешто.
Па тогаш си офтопик, постот нема врска со насловот на темата, ако си во врска значи си имала дечко до сега.. А и плус зарем не беше ти таа која што рече дека и одговара токсичноста и дека си во токсична врска, а сега сосема поинаку зборуваш..
Мислев темата е Цел живот сами не знам како ги збркав. Ме привлекуваат таков тип bad boys али зависи у која смисла, не е баш се за толерирање.
До 30г ако не најдам некој, дури и да е не успешна врска, темата љубов ќе ја затворам, ќе знам дека не ми било судено да најдам некој... На 31 год одам не замонашувам и тоа е тоа... На никој не му се живее сам.. Секако секаде се осеќам како вишок, таму барем поинакви се луѓето може нема да сум до толку осамена... И не не дека сакам дечко од очај, дека тој ќе ми го реши секој проблем во живото, дека мед и млеко ќе ми е животот со него далеку од тоа... Само не ми се случува ништо во животот на поле љубов, како да не постојам, кај и да одам како да сум не видлива, и што и да правам тоа не можам да го сменам... Да не е толку трагично, ама не е ни нешто низ кое може да се помине со утехата затоа што немаш 100г.. Кога гледаш дека сите околу тебе имаат некој, а ти си сам и не знаеш кај грешиш, зарем нема да се почувствуваш осамено? Да во никое поле живото не е еднакво праведен кон сите, ама сепак не можеш со тоа да се утешиш, постојано се прашуваш "зошто јас?". Сите те гледаат како чудак, како да не е нешто во ред со тебе, како кој знае што да бараш од партнерот, а реално мислам дека критериумите не ми се кој знае на колкаво ниво и не одбивам секој што ќе ми се појави, само не се појавува никој. Мислев ајде во живо не успева ќе пробам на друг начин, се обидов на снап прифатив неколкумина и кој од кој поголем манијак таму, зинати за секс, уште еден ми вика да се видиме вечер покасно 11-12 ама кај мене дома јас сум сам надвор нема што да правиме, и како да прифатам со таков да излезам? Не се излегува ни со секој, не ми е целта да одам и да се забавувам со секакви и да ме користат за секс...
Јас што го најдов на 32 и се омажив на истите год во која категорија сум / сум била ? Не сте престарени на 30 само позрели и посвесни што барате и сакате