За сите оние кои се заморувате со прашањево нема да ви кажам ај што претерувате и блаблабла затоа што навистина не е така .... Јас за прв пат се мував на 18 години делев многу корпи некако не си бев подготвена уште си се чуствував како дете не се каам вооопшто за тоа се каам што избрзав не за времето туку личноста како и да е помина .Секако не е сеедно кога Понеделник кажуваат кој со кого или кога ќе почнат такви муабети и она најчесто прашање ИМАШ ДЕЧКО ? А СИ ИМАЛА ААА ШТО ЧЕКАШ ? : поинаку е да знаеш дека некој те сака и мисли на тебе кога очекуваш нечив повик кога има со некого да споделиш тоа е потреба совршено природна ... НО немојте да паѓате во депресии дека е крај на свет . Имам 2 другарки кои исто така имаат по 19 и немале ни дечко ни мувач а немале ни една единствена шанса . Едната е нон стоп со тоа мене никој не ме сака јас никогаш нема да имам немам среќа .... а не сфаќа дека тоа се одразува и тоа како во околината негативна е без волја како да ја изгубила вербата па добро кој нормален би пристапил на таква девојка Затоа опуштете се не сте единствени а нели тоа е далеку подобра опција одколку да ве покажуваат со прст што се вика да си имате титула ороспија а ги имаме за извоз Бидете позитивни среќни кажете ЌЕ БИДЕ и навистина ќе биде тоигаш кога најмалку очекувате не си поставувајте роковои тоа е ваш живот вие одлучувате за себе а не околината ................
Драги феминки ве молам да ми помогнете ,не мене лично , него на мојата другарка која има 23 години и немала дечко до сега ,стварно ми е жал за нејзе ,сакам да и помогнам,но незнам како ?
^ И јас имам една познаничка што има 22 години, а никогаш немала дечко, меѓутоа таа не се ни интересирала да најде, дури мислевме дека е лезбејка. Е сега објасни го случајот на другарка ти, сака а неможе да најде, или пребира, или па не излегува, нема друштво...има еден куп причини. Ако неќеш да бидеш стројник па да и местиш некој твој другар (ма да и тоа е ок), тогаш излегувајте, забавувајте се, и ние дечковците не сме ги нашле дома. Нека не излегува со помислата ,,вечерва мора да фатам дечко,, пред се дружете се, па најубавите работи се случуваат кога најмалку очекуваш.
јас незнам како можат луѓево одма зе некој кој немал/ла љубовен партнер да помислат дека е геј? навистина не разбирам без да го видиш и фатиш на дело , навистина жално за човекот а мизерно за “паметниот„ . има многу луѓе кои имаа поинаква смисла за работиве, поинаку го замислиле својот живот, добар дел од нив сакаат слобода, а некои пак цело свое време го вложуват максимално во образованието, нели можел некој на тоа да помисли . еве јас имам братучетка (а познавам и многу такви) која се до свои 25 години немала дечко, девојката си живееше слобден живот, сакаше де се изнаужива, велеше до 24 години учев максимално се посветив на образованието немав време за ништо, сега сакам да уживам... . јас незнам кој им е проблемот на тие девојки кои воопшто немале дечко? ако немале ќе имаат во иднина, никој покус не останал.
Јас немам право да судам на никого, само ја искоментирав ситуацијата на мојата познаничка, а не дека се правам паметна, а ти најмалце знаеш зошто така сум помилсила. Доволно е некогаш со човек 2 реда муабет да сврзиш за да видиш каков е, а не да го фатиш на дело. Само треба да си доволно паметен, али ок. Воопшто не е некој проблем, секој си живее како сака и сигурно дека ќе се најде некој во иднина али MadHatter изгледаше загрижена за другарка и и сака да и помогне, па затоа побара совет од нас, а не да се докажуваме дали е некој мизерен или паметен.
Значи другарка ми е современа девојка пред се,прошетана, многу често излегува, се дружи и се со ред, но кога станува збор за дечко е премногу срамежлива, неке ни муабет да прави за тоа, на пример јас кога ке почнам некој муабет за дечковци она одма ме прекинува ,и го звртува муабетот на друга страна, не е да речам нешто посебно посветена на образованието или нешто слично, ама за дечко неке ни да слушне,а е убава и атрактивна девојка, но ете се нема бакнато сеуште, а не па нешто друго, според мене тоа не е нормално, на 23 години да нема никакво искуство,добро-лошо без разлика.
Само опушти се, не биди толку затворена,доколку навистина си очајна,побарај помош од другарка,таа навистина најлесно ќе ти помогне. И воопшто не се плаши,се си доаѓа само од себе..
Па океј е,тоа е нејзин избор.. а како и да е,ти доколку сакаш да и помогнеш,изнеси ја надвор,запознај ја со друштво,среди ја малце,и физички и психички,зголеми и ја довербата,доколку има проблеми со косата или телото,однеси ја во салон за убавина, доколку има проблеми со килограмите,однеси ја во фитнес центар.. Ти доколку си искусна,среди ја,запознај ја со темата,опушти ја и се ќе помине супер
^ Седни ја и разговарај, прашај ја што е проблемот, ма да по сево ова што го пишуваш мислам дека другарка ти сака да си води слободен и модерен живот, сака да се дружи, да шета а дечкото не и е битна работа и додека ти се замараш и сакаш да и помогнеш, она уопште на ум не го става тоа дека нормално е на 23 години да имаш дечко.
Годините ме научиле неколку работи, меѓу кои едно од најважните е дека тие што ни се другар(к)и, пријател(к)и треба да ги прифатиме заедно со нивните животни одлуки. Ако другарката бара помош, ОК, ама ти викаш не сака ни да разговара за тоа... Не си ми јасна... Почитувај го нејзиниот избор. Кога ќе биде подготвена, самата ќе разговара со тебе за тоа. За мене е некако непристојно да му се наметнуваат разговори некому на теми што отворено ги избегнува, па уште и да наметнуваме помош која не ја бараат... Јас не би постапила така. Доволно е да и бидеш вистинска другарка, да знае дека си и поддршка и дека може да смета на тебе кога ќе посака (евентуално) да зборува за тоа. Сѐ друго според мене е наметнување.
Јас сум во истата ситуација како и ти,,и јас имам скоро 17..и немам имано ниту дечко,ниту се имам мувано...но знаеш што..и мене понекогаш ме фаќа страв кога ќе се сетам на ова..но се тешам и си велам..дека се ќе се случи спонтано и во свое време...самите моменти ќе ти покажуваат како да се однесуваш Со среќа мила моја
Епа девоки еве и јас ад ви се пофалам конечно бидна . И ви кажувам на сите со пробелмов воопшто да не се плашите. Не било воопшто страшно ниту пак комплицирано. Се се случи не планирано и неочекувано јас бев така малце пијана но знаев што праавм и серазбира дека дечкото не беше посакуваниот принц. Значи без нервози и само храбро верувајте ми позззз ве сакам сите зошто само тука можев отворено да зборувам и да се искажам и фала ви на сите за советите
Ако нема дечко, може има девојка! Се се случува спонтано и леле какви ми се овие патологии, не се јавува лично девојкава него другарка и па уште како да и помогнам. Кажете ми!Уф, па како може ти да знаеш што таа чувствува, колку и да сте блиски, сепак кај секого постои едно мало, совршено делче кое си го чува грижливо само за себе. Јас на пример тргнувам од мене, кажувам само општи работи со луѓето па дури и најблиските, со исклучок на мама.Таа знае се. Колку повеќе луѓето знаат за тебе толку повеќе ќе го искористат тоа против тебе. Позз, па нека се јави и другарка ти да споделиме мислење. ИЛИ НЕ ЗНАЕ ДЕКА САКАШ ДА И ПОМОГНЕШ!!!
јас сум немала дечко до сеа (имам 15 години) и искрено да ви кажам не ми ни треба .. i am happy this way
те сфаќам и јас сум во истата ситуација се чувствувам исто.... а решение незнам... мн е лошо чувството... ама ќе се надеваме дека има и за нас надеж
мојот совет за сите тие што досега немале ни дечко ни муватор да си причекаат не да избрзаат на првата прилика која ќе им испадне бидејќи ќе се каат покасно...мислам дечковците а ни муваторите никој не бега.. само повеќе ќе те ценат ако си понедостапен како на пр. јас од мое лично искуство првиот мој дечко ни го сакав ни ништо, а се фатив со него само за да не сум сама во друштвото без дечко ( МОЈА ОГРОМНААААААААААААААААААААААААА ГРЕШКА) ама ете помина тоа и сега си сум попаметна па тешко дека би направила со некој нешто освен ако го сакам..
Имам 17 години(За месец дена 1 и сеуште не сум имала вистински дечко.Сум се мувала само но према тие што ми биле мувачи не сам чувствувала ништо.Се плашам дека можеби нема да најдам некој кој ке го сакам и ке ме сака.Не изгледам лошо но не знам зошто немам среќа во љубовта.Можеби е до мене?
Па има време цел живот е пред тебе, искачај со другарки, забавувај се и ус пат сигурно ќе запознаеш некој.