Не сум имала дечко до сега

Дискусија во 'Сингл' започната од napatena, 3 јануари 2010.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    За искачање искачувам и ми е забавно и се но ете ми фали љубов но валда тоа се случува спонтано.
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    223
    Со тек на време ке си дојде се на свое место!
    Ќе видиш...нека не те замара многу оваа работа...уживај си 8)
     
  3. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39

    Девојко па кој од нас знаел како да се„Лапа“ :^) Тоа се се случува спонтано. Мислам дека треба малце повеќе самодоверба да имаш врз основа на ова што си го напишала :!:
     
    На sexy-25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sexy-25

    sexy-25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    nauci da flertuvas... izleguvaj so drugarkite po kafici i ke ti se pusti nekoj ke se smuvate ... tolku e :D i nema nisto poslebno sto treba da naucis za muvanjeto samo po sebe doaga :P
     
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Е имаш време животот е пред тебе млада си сеуште не дошол оној кој треба да дојде...ич ни на крај на памет нека не ти е искачај си со другарки дружи си се останатото само по себе ќе дојде
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.798
    Пол:
    Женски
    И јас немав, излези со некој што ти се допаѓа тој ќе те праша нешто ти ќе му одговориш, па ти ќе прашаш нема ништо страшно, а за бакнувањето само слеги до дечкото и нема да имаш проблеми. По третото бакнување веќе ќе ти стане навика :) :)
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Се во свое време. Никогаш не треба да се опседнуваш со ова, тогаш кога најмалку очекуваш работите ќе се променат. Живеј си го животот, уживај во слободата, излегувај со другарките, флертувај. Биди секогаш позитивна, насмеана и полна со самодоверба.
     
  8. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    66
    Епа биди природна, биди ТИ!
    Све инстиктивно ке ти дојде кога ке ти пријде некој. Не ги криј чувствата, не го мачи срцето, опушти се и не се оптеретувај. Флертувај почесто, што е твое ке си дојде. :)
    А понатака што биде нека биде, не е смак света :)
     
  9. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    34
    Ете и јас ради тој пуст страм уште се немам лапано,а имам скоро 17.По природа не сум таква,но ако некое машко ми се доближи да ме залапа,одма ме фаќа срам и се тргам.Се надевам дека е само одреден период и дека ќе ми помине. :worried:
     
  10. Piink

    Piink Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Јас сум 18 години, за неколку месеци 19. А до сега не сум имала дечко, ниту сум се мувала со некој.
    Сум имала повеке прилики, но секогаш мојот одговор е НЕ! Можеби не треба, но заради годините се срамам да кажам дека не сум имала никаков поблизок контакт со машко - се се сведува на разговор.
    Ве молам за мислење, би ме сметале ли за заостаната, затоа што спроед денешните критериуми сум.
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    769
    Заостанатост?! Демек јас сум понапредна од тебе оти сум имала или некоја друга е понапредна од мене оти имала поголем број. :D Јас и не ги гледам работите на тој начин. Можам некој да го наречам заостанат поради начинот на кој размислува а не поради тоа колку дечковци/девојки сменил.
    Како прво ако ви е непријатно да кажувате дека сте немала никаков контакт со машко не кажувајте. Кажете дека сте немале ништо сериозно и готово.
    Како второ мувањето не се учи од книга. :lol: Тоа си доаѓа само од себе.
    Како трето бидете поопуштени, излегувајте повеќе, не се затварајте дома, комуницирајте со луѓе па кога-тогаш ќе запознате некој кој вистински ви се допаѓа.
    И најбитно не се оптеретувајте со тоа дека мора да битете во врска. Подобро бидете сами отколку со некој кој не ви се допаѓа и не ви одговара.
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bela.a

    Bela.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    31
    Почнав една врска,ама се откажувам.На 15 год почнувам да се помирувам дека не сум за овие работи и дека не сум за дечко,така да за ова не се замарам и никогаш нема со никој да бидам-судбина. :)
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    15.489
    ^ Браво! Right to the point!
    Уште на 15 помири се со судбината... Навистина тажна судбина, навистина. Така ти било пишано нели, шта чеш |(.
     
    На richgirl998, Srekicka и kravce им се допаѓа ова.
  14. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Ма дајте, смирете хормони! :hai: Ме чудат овие таканаречени судбини! :^) Вие самите ќе знаете кога ќе биде вистинското време... :) А тоа доаѓа со оној вистинскиот... :lol: Не сум којзнае колку возрасна... а и не сакам да делам лекции... :!: Затоа не ми замерувајте и не ми фаќајте за збор, но мислам дека не треба да се срамите од тоа, туку да се гордеете! :clap: :dance:
     
    На Marjan007 и SimonLimon им се допаѓа ова.
  15. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Angelinkka нема потреба да се срамите од тоа што не сте имале дечко до сега, и вие самите ќе знаете кога ќе дојде оној вистионскиот со кого ќе сакате да имате врска :)
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    198
    Абе зошто така размислуваш?
    Ти сакаш да ти помине срамот, па некој да дојде да те залапа и да не се тргнеш?
    Уфф овој збор залапа, лапање и сл колку го мразам. Ептен е за никаде
    Единствено некој што може туку така од нигде никаде да дојде да те БАКНЕ е дечкото :!: :)
    Се си иди спонтано, бе девојки, не очајувајте!
    и во никој случај не ги давајте усните на било кој!
    :)
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    245
    Tи имаш предиспозиции за да најдеш вистинско другарство и вистинска љубов понатаму.Но почекај малку имаш само 17 години.Уште треба да учиш и да собираш искуства.
    Сега си во годините кога многу работи ти се испомешани во главата и немаш јасни цели кои ќе те водат низ животот. Мислам дека е време да почнеш да размислуваш паметно во однос на тоа во кого вложуваш емоции и во што. Лекција што треба да ја научиш во иднина е дека не секој го заслужил твоето внимание и грижа.Биди претпазлива кому му ја даваш љубовта во ова испревртено современие. Некогаш можеби и ке се разочараш и тоа можеби нема да ти биде последно разочарување и немој да мислиш дека баш така лесно ќе ги добиеш овие работи,тешко е но добрата вест е дека ако имаме волја ќе успееме.Нема нешто што неможе да се добие ако е тоа реално и нема нешто што кога би се добило да би не задоволило до максимум.Најважно е да се бориш да го добиеш она што го сакаш во моментов.А кога ќе го добиеш одиш на следно,па на следно итн..
    Но и разочарувањето има добра страна и токму тука треба да ја прочиташ лекцијата на “безусловната“ љубов.Тоа разочарување ќе те направи поискусна и помудра кога ќе ги избираш пријателите и момчето утре.

    Верувај ако правилно постапиш ќе ти се смени животот за 360 степени..И да.. не заборавај имаш плодна почва за љубов и пријателство,само ти треба да ја искористиш и обработиш.
    Се се случува во нашата глава, во нашата потсвест.
     
    На SweetDream, Marjan007 и Cloee им се допаѓа ова.
  18. bebush7

    bebush7 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    5
    Ako si nemala decko do sega toa ne znaci deka si zaostanata ima vreme za se seuste si mnogu mlada imas samo 18 godini ne prestarena imaj samodoverba vo sebe bidi toa sto si i veruvaj deka ke najdes nekoj sto vistinski ke te saka pozz. :D
    (se izvinuvam zatoa sto pisuvam na latinica no nemam makedonska podrska :( )
     
    На machhe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    4.520
    Допаѓања:
    23.202
    Пол:
    Женски

    Според мене не си заостаната, бидејќи најдобар и вистински период е сега на 19-20 години да фатиш дечко, а со тоа секако би дошло и првото мување, ти сосем си ок, за разлика од денешнава младина што уште на 10-11 години имаат дечко и се муваат па на 14-15 години ја губат својата невиност и други разни работи, но сето тоа се должи на домашното воспитување и невоспитување.
    Јас можам да кажам дека на 15 години немам дечко и до сега се немам мувано и дека до 18-19 години нема да направам такво незрело однесување како што прави денешнава младина, бидејќи до 18 години се уште сме деца и треба да си го живееме детството, затоа што подоцна ќе бараме да ни се врати но нема да може!!! :) ;) :|
     
  20. Em4e711

    Em4e711 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    164
    Јас имам 20 год, немам дечко, се помирив со судбината и планирам да се фрлам во Вардар |(
     
    На MayDiamonds, sweet-star, ColoursOfTheRainbow и 3 други им се допаѓа ова.