А каква ли “лоша“ судбина ве снајде, па не сте имале ниту еден дечко на 15, 16, 17 години?! Уживајте си, најубаво е барем до 21/22 да си слободен, одете на журки, смејте се со другарките, зарем потребен ви е дечко за да сте среќни? Јас ова не го мислев кога ги имав тие години и имав дечко, најубавите години ги поминав со некој, кој можеби тогаш заслужуваше, или пак така си мислев јас. И затоа си земам за право да го кажам ова, зошто кога би се враќало времето наназад јас би одбрала другарки/забави/се‘ друго што ќе го паметам по убаво, пред дечко. За се‘ си има свое време, барем јас така мислам. Не дека јас не шетав на мои 16/17/18, ама не беше тоа-тоа, имав приколка.
Девојки тука нема некоја граница од кога да се фатат дечко/девојка нема никаква врска дека имате 19-20 години и не сте имале некоја врска до сега затоа не треба да запаѓате во депресија да се затворате во себе.....не сте имале дечко до сега можеби заради тоа што не сте се чуствувале емоционално доволно зрели, чуствувате сеуште недоверба кога ќе ви се доближи машко и многу други причини да не ги набројувам....истото тоа се случува и кај нас момците еве на пример кај мене јас имам 19 години и никогаш до сега не сум имал девојка не поради тоа што има замешано прсти "судбината" туку поради тоа што премногу сум се страмел и плашел како ќе изреагира кога ќе и се приближам дали ке ме прифати или пак можеби ќе ми мавни "корпа" затоа секој пат се повеќе и повеќе се затворав во себе станував премногу тивок не зборував скоро со никого едноставно станав невидлив за девојките секогаш не ме ни забележуваат( не дозволувајте никогаш ова да ви се случи на вас тоа е навистина непријатно чуство ) се повеќе запаѓав во депресија поради случка од минатото се до еден ден кога сватив дека време е да се променам.....дојдов до сознание дека цело време тоа што другарите ми го говореа "еј брат само појди и биди cool со неа зборувај секакви глупости 'акај се од поземи' од премногу џековајне и таа ке биди твоја верувај секогаш пали тоа" е милиони километри далеку од тоа што треба да го правам кога сум со девојка, неа и треба почит неа и треба грижа таа има свои соништа,цели во животот има своја визија....единствено третираја како преубаво човечко суштество а не како предмет кој го гледаш само да го искористиш за свои сексуални цели и да си заминиш да ја повредиш.....да не излегувам повеќе надвор од темата мој совет до вас девојки излегувајте,дружетесе забавувајтесе не му ја мислете многу.....а тоа што сите другарки имаат дечковци а јас немам ич да не ве засега се ќе си дојди на ред и вие еден ден ќе сретните некој кој што ќе ве засака на начин како што вие го сакате и ќе ве почитува а не да ве искористува како предмет (се извинувам ако излегов од темата на моменти но сето тоа беше со добра намера да ви укажам дека кривицата не е во тоа што судбината на 19-20 години не ви дозволува да имате децковци ами начинот на кој што размислувате бидете позитивни насмеани се ќе си дојде самото по себе едноставно уживајте во убавините на животот) немојте другите да раководат и маниполираат со вашиот живот вие преземете ги уздите и уживајте во животот
абее душо уживај...има време ке си фатиш и дечко и нема да останиш немажена се ке дојди има време! а за мување секој има прв пат
јас имам 15 сеа уште малце и 16 ке наполнам..па немам де4ко ни па муа44..за разлика од мојте другарки кои веке имат на списоко по 7-8.. а искрено да си кажам уште не сакам да се замарам со де4ко..кога се случе нека се случе..оти јас сум ептен срамежлива тоа..да не ми ре4е нешто човек..готова..ке поцрвенеам и никаде ке ме снема..ама решив сега да се расположам малце..доста мисли кога ке се муам со некој..кога де4ко ке си фанам..од тие прашања ми е преку глава..така да..шо биде нека биде натаму кога-тогаш ке се случе!
досега сум имала 3 понуди за мување кои сите сум ги одбила има едно дете сега со годините сме тука тоа не е проблем .. многу ме сака имаме излезено еднаш чисто другарски. ми вика дека освен мување ако биди сака нешто повеќе а јас незнам буквално незнам што сакам си велам да излезамд да се смувам не е се само мување , за врска незнам , како прво не го сакам едноставно незнам шо чувствувам кон него незнам нити го сакам нити ме го мразам .. ништо чисто излегвам се дружам а инаку за спремна не се чувсвувам баш некои 40 % сум спремна ненормална
ехх бре девојки што се замарате дали сте имале мувачи или дечковци јас прв пат излегов со дечко на 23 год, еееј што време сме? ама ете некев едноставно ако некој не ми се бендисува или да ме привлекува па да се мувам со кој било па не е финтата во бакнувањето само треба да осекаш нешто од внатре да те трга не е така и пак сега не сум во некоја сериозна врска а има 26 па што! УБАВ Е ЖИВОТОТ И БЕЗ ДЕЧКО
Делиме исто мислење!! Да до 18 сме деца и треба да си го иживееме детвото бидејки само еднаш сме деца!!
Јас мислам дека никогаш не е касно за дечко .. ама воопшто не се замарам ... проблемот е во тоа што можеби си создадов имунитет многу работи ги правам самостојно и самоуверено и некако ги исплашив машкиве,мислат ако ми се приближат ќе ги шутнам без размислување или пак дека дека машкоста ке му ја загрозам и така .....
Големо чудо што не сте имале. Што оти гледав да си фатам, кгоа се чувствував исто како вас и ете тргнав со еден колку да имам дечко оти сите другарки имале дечковци, само јас заостаната. Кај ми бил паметот?! Живејте си ги најубавите години, не се секирајте многу, се во свое време.
Јас имам 15 години и сеуште се немам мувано, а моите другарки имаат веке и по неколку бивши, а јас ништо, мислам дека има време за се....
Хахахаха леле коа ќе ми текне сега и мене мислев дека никогаш нема да имам дечко и првиот го фатив за да не заостанувам од друштвото ееее тогаш да ми бил овој памет ахххх затоа девојче не се секирај ич има време еееее од дечковци глава ќе те боли ...
Никогаш до сега не сум имала дечко. Не дека сум мала, не дека не ме сакаат, баш напротив, но едноставно сите сум ги одбивала. Живеј си живот, не се врзувај. Затоа што, што помалку врски имаш толку помалку и срцето ќе ти биде скршено и толку помалку болка ќе доживееш. Најлошо е тоа што обичо тие во кои ќе се вљубиме никако неможеме да си ги фатиме, а сите други можеш во моментот кога ќе ти текне. Ххах.. вака и смешно ми доаѓа, иако знам колку боли таа ситуација. Но девојки што ќе ви е некој што нема да ве сака ?!?!?! Само за да кажете дека имате дечко ? Нема потреба од тоа. Излегувајте, дружете се, за да не си ги барате потоа годините. Доколу си најдете некој кој навистина ќе ве сака, лакомо чувајте го, но дали ќе го најдете ? Хм.. чисто се сомневам
Многу си песимист бе Па сигурно девојки што немаат дечко , го немаат не дека никој не ги сака , туку едноставно не си нашле прикладен . Оти се сомневаш дека може да те сака , па колку парови има заљубени до уши , за секое тенџере има капаче не е битно дали имаш или немаш дечко , доколку до сега не се јавил некој кој ти одговара не значи дека нема да се појави.
Секако, фала му на Господ дека си во право. Убаво рече дека за секој тенџерче има капаче, но сепак постов е од младо девојче, не од девојка на која и треба сериозна љубов. А љубов за тинејџерка ретко е да се најде.
Ич да не ти е гајле. Ти баш ќе си фатиш некој асален дечко, а не како овие денешниве девојчиња кои одат со секој втор, верувај за нив никој нема добро мислење. Тие се лесни. Ќе си најдеш некој што ќе те сака бидејќи си сигурно поразлична. Само цени се себеси.