Навистина ми е многу тешкоо, многу, немав на друго место кај да се обратам затоа што знам дека никој нема да ме свати. Да мојот проблем е во тоа што уште не сум имала дечко и само што ќе полнам 16 години. Знам дека ќе си помислите дека и не е толку голем проблем, но за мене е најголемиот проблем, ајде тоа што не сум имала дечко, па јас се немам ни мувано. Ќе речете дека уште сум мала, дека има време за се но јас од ден на ден се чувствувам се поужасно и се затварам во себе. Не, немора да биде оној вистинскиот но барем да имам забава и некакво искуство. Верувајте кога збориме на оваа тема ја немам ни што да кажам ни што да се пофалам, многу ми е криво кога ќе видам некоја 11, 12 години има дечко а јас уште малку 16 и не сум имала ништо, не знам повеќе што да направам. поздрав девојки...
Сега ќе правам 14 години и сум немала дечко а и не ми треба ! Според мене за мои години доволно е симпатија,дечко уште сега не
Треба да се гордееш со тоа,верувај. А за мување не се секирај, се во свое време. Немој само за мување да се предаваш на секој што ќе ти рече или ќе се понуди,тоа само ќе си дојде.
Преголееем проблем Секако дека тоа ќе ти го кажеме дека има време за се,и не мора да значи дека ако имаш 16 години по автоматизам мора да имаш врска/мувач зад тебе Еве јас на пример,првото излегување со момче ми беше на 17 год,а мош и 18 не ми текнува точно,па не се чувствував заостаната
Во право сте, ама повеќе од моите врсници сметаат дека си заостанат ако си немала барем 1 дечко до сега. И го знате она чувство кога сите околу вас имале по некој и само вие не? баш така се чувствувам, глупаво, ама тоа е.... позз
Ехееее..рано е уште Јас 16 ќе полнам уште малце па немам...има време miley21 па чувството на forever alone? хахха знам како е.....симпатија ОК-дечко полека брат,не...
Па и не знам дали е рано или касно за дечко, но онака за зафрканција можам да кажам да, како и да е со тек на време и онака нема друго што да се прави....
Еве ако ти е утеха, јас првиот бакнеж го имав на 17 години Во тој период и јас паничев, но се испадна природно и спонтано, немој да се однесуваш нервозно, зошто партнерот ќе примети ( како во мојот случај-бев толку топла од возбуда што ми рече- Девојче гориш, да не имаш температура?? Сега ми е смешно да, али тогаш потонав од срам... Сфатив дека не е во ред, се опуштив и сфатив дека сум се возбудила без потреба- само следи го машкото, навистина нема потреба ни од многу размислување ни нервоза На крај на краиштата не е важно на колку години ќе го имаш првиот дечко, гледај да најдеш паметно и добро момче што ќе те сака и почитува
Има време и за тоа,само 18 години од животот сме тинејџери,деца да не речам,потоа цел живот ќе бидеме со некој,барем и тие малкуте години да ги проживееме како деца,што ќе се стареам сега јас возрасната озбилната дечко ќе фаќам,немам друга работа јас...Јас време немам со другаркиве што ги познавам 12години да се најдам некогаш се нешто искрснува не пак дечко да фатам и секој ден ѕрц на кафе ѕрц ваму ѕрц таму...И тоа си е обрвска,не фати го па батали го хаха...
јас да имам 16 сигурно не би се умарала со дечковци. туку ке уживам со другарките. а форевер е претежок збор за твоите годинки срцка. уживај во животот.
Еве и јас да кажам, имам 16 год. уште малку 17 ќе полнам и не сум имала дечко досега (ни мувач). На моменти се чувствувам многу глупаво и заостанато бидејќи никој не ми приоѓа, а гледам девојчиња од по 12 год. имаат сменато веќе неколкумина (што секако, не е нормално). А за сакање некој, да, имам еден што го сакам ама тој не знае за тоа (срамежлива сум и не можам да му кажам). И кажав на мајка ми кој го сакам и дека не знае дека го сакам, ми рече да си почекам уште малку дека рано ми е за дечко. Ама во денешно време сите те гледаат чудно ако им кажиш дека имаш скоро 17 год а не си имала дечко...
Нема ништо тука чудно има време за се , еве јас ќе полнам 20 па никогаш сум немала дечко, мувач само еден. За сакање сум сакала ама не било тоа вистинското туку пролазно, и не се чувствувам глупаво, а ниту пак заостанато. Треба да се чувствуваш подготвена за врска, а тоа што другите мислат да не те интересира и тоа дека имаат од 12 год. дечковци, има време за дечко, сега е време за уживање. Уживај во твојте години.