Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сум имала дечко до сега

Дискусија во 'Сингл' започната од napatena, 3 јануари 2010.

  1. sungod

    sungod Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    40
    SadGirl21 ги потепа со иронија и цинизам :D

    @Marijaz мислам дека е благослов во денешно време и во денешново општество да имаш подоцна врска и да можеш да бираш со кого си...затоа што има тешки ретардоси, она што го гледам што се случува денес кај тинејџери на 16-17 годишна возраст е страшно...Веројатно тапа се чувствуваш поради тоа целото твое опркужување имаат постојан или повремен партнер. Не форсирај ништо да се случи, имаш 16 години...не 26 :)
     
    На SimonaTino и marijaz им се допаѓа ова.
  2. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    ви благодарам многу :)
     
  3. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Јас имам 13 години и искрено во последно време и јас сакам да има дечко.Но секако,не за сериозна врска зошто според мене такво нешто не може да се оствари на 13 години туку подоцна.

    Е сега,мене повеќе ме изненадува фактот што мене до сега никој не ми пришол ниту ме прашал за мување,а гледам некои на моја возраст имале по десетина дечковци-што секако не е за пофалба.
    Значи не знам што е проблемот,дали до мене(многу тешко да ми се засвиѓа некој) или до машките? :D
     
  4. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Имам 15 години и не сум имала дечко до сега (туф туф стара мома |( ). Не дека не ми пришол никој или не ме сакал, него тоа е моја одлука .. Мислам што е рано рано е .Се концентрирам повеќе на школо и другарства.Но кога ќе видам што се прават мои врснички.. Едно минутно молчење ве молам.. Се нешто брзаат да пораснат. Сеуште со бубачки во главата си фатиле дечко. Прво треба да си ги решам моите проблеми за да сум спремна за туѓи. :clap: До кога ќе си терам вака немам сеуште одлучено, но сигурно 2-3 год ќе биде.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.482
    Допаѓања:
    13.564
    Пол:
    Женски
    Девојчиња, еден ден се ќе си дојде на свое. Знам дека е непријатно да бидеш чудната во групата, од било која причина да штрчиш, да не правиш како и другите. Па и љубопитна да бидеш во врска со машките.
    Од мене еден совет: немојте само да си се прашувате што ви фали, зошто никој не ви приоѓа и слично. Ништо не е поинаку во врска со вас, ништо лошо не се случува. Не постои никаде правило на колку години треба прват да се смувате или да го имате првиот дечко. Само општеството ве малтретира со логиката дека сите го прават тоа... |(
    Најискрено, многу и лажат. И машки и женски. Мислат дека се интересни ако кажат дека направиле нешто ново. Од истата причина и почнуваат да пијат и пушат. Демек види ме колку сум јас возрасен. Ах тој детски памет... Годините да ви ги имам, паметот да ви го немам. :D
    А оние девојчиња што стварно смувале 10 машки на 12 години, со среќа нека им е. На 22 ќе ги прашам каде ќе бидат во животот. Не викам дека има нешто лошо во тоа, само бакнежи се тоа. Ама со тек на време работите се менуваат. Се работи за почит кон самата себе, а не секој што ќе ти обрне внимание да има пристап кон твоето тело. Ние жените сме тие кои бираме и запамтете го тоа.
     
    На Lolo5, s.T.e.F.i, Little-Mk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Многу е глупаво заради другите да бидеме во врска или да правиме нешто што не го сакаме. На 16 години е рано за озбилна врска, поубаво покасно а подобар, одколку рано а никаков, како што една моја школска избрза на 15 да се омажи бидејќи била стара! Еј цццц...Па уште мене ми викаше што чекаш, и што требаше да наравам? Сигурно има попаметни работи од уништување на животот. Ехх да сум 16, 15 ааа сакам!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Додека ги читав мислењава на темата, сфатив дека наскоро ќе полнам 19 години, а всушност не сум имала дечко до сега. :tmi: Мислам, вистински дечко. Бев со еден "во врска" пред 4 години, но тоа траеше цеееела една недела, во која се видовме 2-3 пати, така да тоа не го ни сметам за врска затоа што не е.

    Па всушност за моите години не сум нешто наај најј искусна, но, добро ми оди. Да не се зарекнувам. :D
    Но, не сум ни спремна за врска, ете и покрај тоа што наскоро ќе полнам 19 години. Дел од моите врснички, другарки веќе имаат врски од 2-3 години, но, јас во тоа време бев ете заљубена во еден, што не ни помислував на некој друг.

    Не дека жалам за тоа, всушност и подобро што ми останало само платонска љубов, затоа што досега можеа да се направат триста чуда. :^) А сега иако има многу машки на кои им се допаѓам, сепак сум многу пребирлива и треба нештото да биде вистинско, за да сакам да бидам во врска. :)

    Патем, прво сакам да се запознаам себеси и да уживам во моето слободно време со другарките пред да уживам и да бидам со некој друг. :)
     
    На Lolo5, marijaz и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Пф,сега во ова време што се 5 дечковци? Ништо,сеа во мода е над 20 да имаш,за жал.. :|
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    И што дека немаш дечко?
    И што дека не си имала?
    Имам другарки кои немале ни такозвани муватор,ни дечко.И што?
    Им фали нешто? -Не.
    Напротив,немале проблеми кои се создаваат со доаѓањето на тој дечко.И не биле скршени или сл.
    Уживај си.
    Ќе ти дојде и тој миг.
    ;)
     
    На Lolo5, Anabelle.Amorette, marijaz и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Во ред е сето тоа, но сепак убаво би било да имаш партнер на овие години. Другарките се една работа, а партнер друга. Ти другарките нема да ги напуштиш, но од време на време, не само поради фактот што ќе имаш со кого да излегуваш, туку и секако потребата од нежност и внимание и те како е потребна на твои години. Секако, добро е што пребираш, врска треба да имаш со некој што навистина ти се допаѓа и што ќе те третира како дама, да ги поседува карактеристиките што тебе ти се важни, но немој па и да претеруваш. Ако имаш убави прилики искористи ги, не мора веднаш да биде нешто сериозно, излегувајте, дружете се, запознавајте се ;)
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681


    Ако го чекаш принцот на белиот коњ биди сигурна дека нема да се појави, макар го чекала уште 19 години. Не велам да бидеш со првиот на кој ќе налеташ, но ако вака чекаш на крајот ти ќе бидеш одбрана. Никој не е совршен мислам дека веќе ти е јасно па запамти си го тоа убаво. Знаеш пред да бидам во врска со сегашниот ми дечко си имав направено список какво треба да биде момчето со кое ќе бидам во врска и додека јас чекав да се појави замислениот лик другарките уживаа со своите дечковци. И на крајот знаеш што ? Се појави тој, кој не ги поседуваше сите карактеристики кои беа наведени но ме освои се нешто друго сосема различно и многу поубаво. На човек треба да му се даде шанса. Така да ако и ти имаш нешто слично како мојот список, разреши со тоа што побрзо и дај му шанса на некој што заслужува. Среќно.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Се извинувам што дури сега одговарам. Но, сепак важно е што не е заборавено, нели? :D

    Поминаа уште неколку месеци од тоа кога напишав дека сум немала дечко и се разбира се' уште нема никакви промени на тоа поле. Ниту сум се мувала со некој во последниве 6-7 месеци. Не, дека не се чувствувам осамено понекогаш. Се чувствувам, нормално е.
    И јас сум човек, сакам нежност и внимание.

    Но, мислам дека е многу погрешно да бидам во врска само затоа што сум осамена. Ако бидам во врска, сакам да бидам заради вистинските причини, а не од погрешни.
    И не дека сум немала можности, имам милиони можности. Но, ете... не се погодил нeкој доволно добар за мене. Не дека јас се сметам за совршена, далеку сум од тоа. Се трудам да бидам што подобра, а нели така треба и да биде. Веројатно не сум налетала на вистинскиот или барем на некој што е доволно добар, барем приближно.

    Се залетав по еден дечко пред 2-3 месеци, но, сфатив дека тој не е за мене. Штета за него. :emo: :wasntme:

    Па, да, имам сличен проблем. Си имам направено листа и тоа одамна. А да, не е само листата... дури и си го нацртав совршениот дечко... :rofl: Ќе пробам да се поправам во однос на тоа. Нема да сонувам многу, барем се надевам. :)

    Девојки ви благодарам за одговорите, доколку има некакви промени во однос на ова ќе ми биде задоволство да ве известам. :*
     
    На Lolo5 и DELFIN-15 им се допаѓа ова.
  13. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    За да ти биде некој дечко треба да ти се мн мн свига и обратно,да имате неколку заеднички особини и размислувања за да можете да функционирате нели(зборував за дечко) и јас имав направено опис целосен но ете сосема спротивно од описот дури и се омажив за него.
     
  14. Walien007

    Walien007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Кој треба прв да прозбори ние женските или машките мене едноставно ми е срам да прозборам прва,а и плус тој знае дека го сакам незнам што си мисли за мене сега секој пат кога ќе го погледнам и кога ќе се разминеме низ училна не е моја возраст една година е поголем незнам ни што да направам дали да се откажам едноставно или да пробам на некој начин да го придобијам сите ми викаат кажи му здраво прашај го нешто но неможам тоа да го направам...
    Help!!
     
  15. Walien007

    Walien007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
     
  16. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Едно здраво јас мислам дека е доволно,а ако знае дека го сакаш тоа е плус за тебе,можеби тој е срамежлив,јас мислам дека треба да му се приближиш на другарска база првин со тоа и ке им се приближиш на неговите другари,и постепено ке почнеш да ги прашуваш што мисли тој за тебе.
     
    На Walien007 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Walien007

    Walien007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Фала ти многу се надевам дека ќе усмее,а за срамежлив не е многу сака да привлекува внимание ама не му успева,а и сака да се направи некој голем фраер пред другарите. :)
     
    На fairy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Добро ќе ми ги објасни ли некој тие „сериозно врски“ на 14/15 години? :o

    Не знам зошто толку го преовеличувате поимот „дечко“. Па поубаво е без дечко, баш во тие години кога треба да се ужива и ексепиментира. ;) Не ме сфајќајте во погрешна смисла туку сакам да кажам, доколку запознаете некој на 14/15 години и мислите дека тој е вистинскиот и дека со него ќе се омажите, не е тој. Грешка сте, голема грешка.

    Не очекувајте премногу, ќе се разочарате.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. swath.a

    swath.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    21
    Се сложувам со тебе.Имам 14 години ама сериозна,долга врска :shake:
     
  20. JenniferLove

    JenniferLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    71
    Од искуство кажувам дека некогаш вреди да се има сериозна врска на тие години. Јас сум била против дечко на тие години, но ете не знам сеуште како го изговорив тоа 'да' на сегашниот вереник. Најинтересно беше што на сите претходни им давав корпа иако ги знаев, од таа причина што се чувствував мала за дечко, а баш него воопшто не го познавав и во рок ни од цел месец се фатив. И еве скоро 10 години сум со него, и наскоро свадба ќе правиме. Сакам да кажам дека никогаш не се знае кога ќе го сретнете вистинскиот, но и тоа не значи дека треба на секој шанса да му дадете :lol:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.