Не тргнувам на одмор без...

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Chocoholic.girl, 25 јуни 2011.

  1. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    37
    Летото започна, некои луѓе веќе заминаа на одмор, а некои тек ќе заминуваат.
    Наскоро тргнувам на одмор и ќе треба да се пакувам. Па ме интересираше што е тоа без кое не тргнувате на летен одмор? :)

    Набројте ги сите нешта кои ги понесувате со себе на летен одмор, кои сметате дека ќе ви користат и ќе ви го направат престојот поудобрен.

    Еве да почнам од себе, јас секогаш ги земам следниве работи:
    1. Крем за заштита од сонце
    2. Спреј за заштита од комарци
    3. Крем против алергии и убоди од комарци
    и слично.

    Мислам дека е корисно да има ваква тема, а не видов слична па ја направив. Но доколку сметате дека не е потребна слободно избришете ја.

    Поздрав и очекувам ваши мислења :)
     
  2. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Па и јас ги понесувам овие работи задолжително,но со себе носам и некој антибиотик,аналгин,парацетамол за секој случај. :)
     
  3. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    231
    Без костим за капење :lol: што е очигледно,наочари за сонце,ташна за на плажа,апостолки и крем со заштитен фактор,а да и се разбира без дигитален никако!
     
    На girlinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    45.417
    Пол:
    Женски
    Без една цела аптека собрана во торба,без разлика дали одам на зимсkи или летен одмор,или пак само на викенд.
    Без книга.
    Без апарат.
    сега туристов си ја заборави батеријата од апаратот :tmi:
    И нормално,се што треба,не земам непотребни работи,иако секогаш се враќам со нешто необлечено на одмор,а после сепак се ќе исперам ,и носено и неносено.
     
  5. Bokk.happy

    Bokk.happy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    -Крем за заштита од сонце
    -Костим за капење
    -Апарат
    -Наочари
    -Некоја книга
    -аналгин,парацетамол (за секој случај)
    -Цел плакар, иако знам дека пола од тоа нема да го носам :D

    во телефончето ќе си стаам некоја добра песна, и спремна сум. :rock:
     
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    ...децата :) :inlove:
     
    На DirtyQueen, Bieber-Fever, maja8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.029
    Цел гардеробер спакуван и останати додатоци за хигиена, модни додатоци, неопходни додатоци, нешто храна нешто од таму и без ред други работи и секако, без дечко ми.
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.877
    Најмалку три книги, се друго може да се надомести.
     
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.393
    Пол:
    Женски
    Парииии :D
    Три дена да се спремам пак нешто ќе заборавам :) Еднаш и парите си ги заборавив, ама на време ми текна па се вратив да ги земам . Пасошот ми го чува дечко ми, јас може да го заборавам или изгубам.

    Затоа сега прво проверувам дали сум ги земала парите, кога ќе стигнам ми текнува дека нешто сум заборавила па прво што прашувам е каде има продавница. :D
    Смотана сум, знам :)
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    - пари и пасошот;
    - средства за лична хигиена (козметика), четка за заби,шампон,баласам, креми за сончање, млеко за тело, антиперспиранти...;
    - костими за капење, наочари, дигитален фотоапарат, торба за на плажа, крпи и сл;
    - некакви лекови (апчиња и антибиотици);
    - долна облека и летни лесни фустанчиња, кратки панталончиња, маици, сукњи, римјанки, апостолки...

    Тоа би било се што ми е потребно и обавезно нешто заборавам да ставам во куферот ]:) ама тоа е!
     
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    1.620
    без маж ми :D
    цигари :smoke:
    лап топ
    апарат
    сето друго е безначајно ;)
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.778
    Пол:
    Женски
    Машко :$
     
  13. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    33
    Баш вчера си правев список што да си понесам и се надевам ќе добијам некоја идеја плус од вас :) Еве дел од моите забелешки:

    Купачи: 3 пара + шешир
    Долна облека, пижамки
    Пешкири: 2 големи (за плажа & бањање), 1 среден и 1 мал
    Навлака за перница
    Ацетон и лакчиња за нокти, турпии
    Креми за сончање, и афтер-сан лосиони
    Шампон, маска за коса, силиконски капки, пена за коса
    Антиперспирант, крема за стапала & турпија
    Депилатор, брич
    Лосион за миење лице, за чистење лице
    Дневна крема & ноќна крема
    Памукчиња и дневни влошки
    Гел за туширање + интимно
    Паста за заби & четка
    Ташни: за плажа и за шетање
    Полнач за телефон
    Накит & accessories (наочари, стегачи за коса, штипки...)
    Списанија за плажа, термос, фрижидерче
    Влажни марамчиња, паломи

    Сигурно имам уште за дополнување ама не ми функционира мозоков веќе :)

    ПС Пари, пасош и гардероба веќе се подразбира (тоа не го ставам во листа) а за дечко... па ја не го земам со мене, он сам си доаѓа :rock:
     
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Без пари во никој случај :cash: , ако имам пари можам да си купам се што ќе ми притреба...

    И без едно 15 пара гаќички :tmi: , плус неколку пара боксерици и некоја танга :$ ...

    Толку...се друго може да се најде и купи...

    И најбитното го заборавив, нигде без Петко мој :inlove:
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Овие се работи кои можам да ги купам каде и да одам. :)
    Најглавно што НЕ СМЕАМ да заборавам е мобилниот, полначот, паричникот, пасошот и сите останати документи. :)
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    4.931
    костим за капење
    масло за сончање
    пешкир
    полнач за мобилен и мобилен
    пари
    малку облека
    без се друго можам да издржам
     
  17. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Ова лето не тргнувам на одмор без кантарионово масло.... има да се направам како оние од Африка 8)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    1. Најразлични масла, креми за сончање.
    2. Апарат
    3. Пари
    4.12-13 пара гакички
    5. Спреј против комарци
    6. Пасош
     
  19. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.010
    Пол:
    Женски
    Пасошот,парите и гардеробата се подразбира :) Креми за сончање,наочари,бикини и секако моите против алергиски препарати |(
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    Mислам дека скоро сите ги носиме истите работи,нема нешто посебно.....како прво ПАРИ, :lol: купачи,гардероба,средства за лична хигиена,крем за сончање,наочари,книги,карти и такви ствари за забава.......апарат,апчиња-за сваки случај.....