Без пари ( и да ми фали нешто, ќе купам, без пари што?!) мобилен пасош и сите други документи полнач за телефон... другото и да заборавам, се купува таму
Навитина ...така е,сите ги носиме тие ствари,неопходни ,се знае што се носи на одмор... 15 пара гаќи,3пара танги,5 прслука,3 крпи , мислам не мора до толку,ств ми е смешно , но ,да не речам дека немало потреба од нова тема,за да не бидам погрешно сфатена или нападната
висок заштитен фактор обавезно 30ка .., убави купачи, Шешир , наочарии и убава книгааа и може да започне сончањето и кулирањето
Се еден куфер и една торба А во нив обавезно пари, пасош, здравствена книшка, мобилен, крема за сончање само за лице, крема за тело, уље, основновна козметика, од шминка римел и сјај, фустанчиња, гладијаторки, џемперче, очила за сонце, патичиња на мене, часовник, летно парфемче, пешкир, 2 ташни една плажа една искачање, закачалки обавезно носам и уште милион ситници и скокам врз куферот за да се затвори
Без штипки. Како за беља никогаш немало во апартманите кај што сме резервирале. Ми здосади секоја година да купувам! Оваа година дефинитивно ќе си понесам од дома.
Не тргнувам без крема за сончање и слушалки и мобилен !! другото ми е онака,рандом..Можам и без наочари и без книга ии без шешир или капа..
Не тргнувам без пасош и пари, крема со заштитен фактор, мобилен и полнач, слушалки, купачи, шешир, очила за сонце, гардероба, козметика...
не тргнувам без пари, слушалки, мобилен,полнач,купачи,шминки,козметика, крема за сончање,наочари за сонце..
Купачи, крема за сончање, телефон или апарат, пари, пасош, слушалки и полнач, шминка, ташна за на плажа и многу гардероба и чевли, и што треба и што не треба.
-Pasosh,licna dokumentacija. -Krema za soncanje. -aparat -kniga,spisanie -kostim za kapenje -eden kup obleka i red drugi raboti
Се ова што го наведовте +2 штеки цигари и 300 гр.сребрено рио кафе . Кафето не го менувам,особено првото наутро мора да е рио,а цигарите .....па не ми се даваа по 4-5 евра мин.за една кутија цигари.Изгор цени се на цигарите во Грција.
-Куфер поголем од мене а внатре гардрероба како да одам на одмор за 20 дена а одам на само 10 дена. -Разни лекови -Торба за на плажа внатре опремена со се што е потребно за на плажа. -Една мини торба внатре со сите мои чевли( потребни и непотребни) Ова е најважното што го земам а останатото го има уште многу.
Не тргнувам на одмор без еден куфер и една торба. А во нив обавезно мора да има слушалки, мобилниот, пари, шминки, купачи, шешир, облека, обувки.... и многу други работи сега моментално не ми текнува.
-парите и пасош -полн куфер со ствари, од кои половина и повеќе ги враќаам неискористени -апарат, мобилен, полнач -купачи, наочари за сонце, шешир -добра книга -млека и масло за сончање -козметика, прибор за лична хигиена Мислам дека тоа е тоа..
- пасош - телефон и ајпод - компјутер ( не сакам ама ми го зимаат за да не сум барала од брат ми ) - масло и млеко за сончање - козметика и лакови - облека што ќе ја носам и уште толку што ќе ја вратам неизносена