- пасош - камера/фото апарат - шешир - карти/фризби/топка - и топла облека ...а се оноа, купаќи,сандали....мислам дека се многу основни работи за да ги набројувам
Документи (пасош или лична карта,зависи каде одам) Пари, Фотоапарат, Мобилен (ама не го носам секогаш со мене по одмори), Е ова е најважното,а да не набројувам средства за хигиена,масла за сончање,нешто гардероба ,нормално.....не правам список ,ако нешто заборавам (а тоа секогаш се случува) ќе си купам од таму-ништо страшно!
Ne trgnuvam na odmor bez: 1. dobra kniga 2. kozmetika i nekoe dobro parce obleka 3. krem so zastiten faktor 50 4. i sekako ne bi trgnala na odmor bez moeto drustvo...i oni se so mene vo paket
Освен основни работи(облека,купаќи,пешкири..), носам мобилниот со слушалки, мп3 плеер, лап-топ, малку козметика(креми,пудра,маскара,креон и кармини),пасош,пари,некоја книга,списанија и доброо расположение!
Без пари ! И без претходно да се издепилирам (многу нормално) Другото и не е толку важно.Можам да тргнам и само со пари и пасош без проблем. Другото се што ќе ми треба ќе можам да си купам,штом веќе имам пари.
Гледам да тргнам без многу работи. Ама фактот шо сум жена го прави невозможно,но се трудам. Гледам пасош и пари,купачи и пешкир,долен веш и по некој партал да ми бидат а маст,без се друго се може. Јас не ги разбирам оние што одат со ЛАП ТОП НА ОДМОР. Да си гледаме филмче... ФИЛМЧЕ?! Ма немој да ме јебеш бре! Си имав проблем едно време го гаџетиве,ама го решив у два потега,цак-цак! Ако сакате да си гледате филмче,што не фино си останете дома и гледајте си филмче цеееееееел ден или одете у кино бе.Филмче ќе си гледале... и фб ќе проверувале. Јас коа одам на одмор тие глупости се за мене мисловна именка,ко некоја иновација у зачеток. Или пегла за коса. Па онда она се пегла сто саати пред искачање,тоа ужежано,оно си имаш клима,ама ради климата на местото пак се запотуеш...па пегла коса сестрава,мука нема. Да ја догори после сонцето,лепота,па онда имаш некоја коса ко од зона на самракот... А она партали стандардно имам вишак. Се облакам според расположение,не знам како ќе си бидам расположена бе,од кај знам?! И претежно тие за на плажа ми се максимално искористени и скроз неукомпоновани по бои,ама за навечер увек ми остануваат вишак за кои добивам ептен мрчење!
Последниве 4-5 години успевам да спикам се во куферче со нормална големина. И освен со рачна торба или ранец и куферчево, со други додатни багажчиња не тргнувам. Не, не ги сфаќам тие што пакуваат бањарка, 20 крпи, фен, пегла, тон козметика или што вика Лилит - лаптоп или мини системче. Една година во блесавите тинејџерки дни, спакував 8 различни плик чанти и 5 пара штикли. Која тиква, на стрелање бре! Купачи, доволно долен веш, лесни, памучни маички, некое сукњиче или бермуди. За на плажа нешто лесно, од оние огромните марами. Крпа за лице, крпа за бањање, крпа постара за на плажа. Крај на епизодата крпи. Едно нешто по долги (не 20 значи) горни и долни. Апостолки, римјанки во куфер, а на себе задолжително патики. Јас во друго и не патувам никогаш, а и така најмногу зафаќаат место, па ми се исплати да ги носам на себе. Основна козметика, книга, пасош, пари. Средства за сончање. мп3 плеер или мобилниот накрцан со песни. Се' ми е испеглано, стокмено, наредено како кога се пакува војниче. Пегла не носам никогаш на одмор. Патем, не го сфаќам и моментот - носам храна од дома, мини фрижидерче, оти таму ќе готвиме ... тоа за мене и не е одмор, ама нејсе. Секој за себе.
Купачи, гаќички, прслуците се трудам "намерно" да ги заборавам , фотоапарат и пари. Без се друго буквално би можела да издржам и 10 дена и цел месец. Кога ќе размислам, и без купачи би можела Ама нели, пакувајќи се, на крајот секогаш куферот тешко се затвара зашто не сум жива ако не ги спакувам и сите маички и шорцеви кои однапред знам дека нема сигурно да ги облечам, ама нели, никогаш не се знае де
Пари, мобилен, слушалки. Сега да не набројувам и у куфер шо ставам, ама сепак не многу туку најосновното.
Исто и јас.. без се ќе издржам ама без него NO WAY! кога ќе размислам подобро, ма и без пасош можам. Ќе ја поминам некако границата во секој случај, а без него неможам да го поминам одморот.
Леле, комплицирана сум за патување. Неодлучна сум, па мора се да си понесам. Да почнам да набројувам што се носев последниот пат ќе се прекрстите и господ знае каква дијагноза ќе ми ставите. Ама таква сум, мислам на се и тоа е проблемот. Што ако се случи ова, што ако она и на крај пола од домата сум си ја спакувала. Посебно сум комлицирана со крпите, ама таква сум и дома. Една за бришење на тело после туширање во хотел, една за лице, една за раце, неколку за постилање на плажа, една за бришење на тело после излегување од море/езеро и плус крпа за коса. Неколку пара патики, папучи, апостолки два пара, сандали, некој пар штикли, балетанки исто повеќе парови... За козметика фала богу не сум комплицирана, само коректор, лабелце, може карминче и моливче. Ама затоа носам неколку парфеми, без нив не можам. Креми за заштита се знае од секој фактор по едно, и нели за после сончање млеко плус сапунче, гел за туширање и крема за раце. За нега на лице сум чувај боже исто: пилинг, гел, крема, некои стикчиња ако ми излезе бубуличка, маска... За облека, стандард: пола плакар во куфер (или два куфера ). Не знам дали ќе се погоди времето плус како Лилит се облекувам по расположение па мора да се осигурам но најмногу носам фустани. (верувајте, не сакате да почнам да набројувам!) Долна облека носам еден куп гаќички и 3-4 прслучиња. И нели шеширчиња, торба за на плажа (по можност со фламингa ) Лекови исто како мајка ми, за се можно и познато за човечкиот род носам таблетка за секој случај. Ханзапласти, гази, масти, фластери... При мене си имам и Вениш (и за бели и за шарени алишта ) во случај да направам беља, а обично правам. И за крај, ќе набутам одозгора барем 5-6 книги, тетратче и шарени светкави пенкалца (од мерак) за да си пишувам и обавезно мобилен полн со песни и слушалки. Телефонот ми е исклучиво за музика, друга технологија не ми треба зошто сепак сум на одмор и не се замарам. Ќе смислам уште нешто, туку ај касно е. Сега слободно смејте ми се, знам дека сум ужас. Ама таква сум, плус страшно организирана како глуфчиците од Пепелашка и сиот мој багаж мора да биде испеглан и среден, под конец нареден во куферот или евентуално рачен багаж. Ситничарка сум ама со тоа што сум организирана успеавм се да соберам во еден куфер и кога почнувам да вадам се што сум понела сите стојат вака и се чудат како успевам да соберам се. Ко Мери Попинс сум, мајке ми.
Јас на одмор не тргнувам без: -семејството -пари -пасош -оцила за сонце -крем за сончање -мобилен телефон -апарат -лаптоп -полначи за мобилен телефон,апарат и лаптоп -слушалки -гуми за жвакање