Темава ја отворам поради нејасните содржини на книгите.Поточно не дека не се толку јасни но нели,се случува да читаме книга која сеуште неможеме да ја разбереме,пасуси,глави,или само некој дел нејасно напишано и слично. Еве јас ќе почнам.Само што ја прочитав книгата „Слугата Јернеј и неговото право“ и не сватив само на крајот дали луѓето од Бетајнова го фрлиле во пожарот или само го тепале со клоци Јернеј,и дали он го подметнал пожарот или пожарот е настанат од сосема друга причина? Спојлер ако модераторите сметаат дека оваа тема е дупла или непотребна нека ја избришат,јас ги пролистав четирите страни на овој дел литература и уметност и не наидов на тема како оваа.
Книга што не сте ја разбрале? http://www.google.com/imgres?um=1&hl=en ... 0,s:0,i:68 100 празни страници...некако чудно ми заврши не сфатив дали умре таа или не и дали беше бремена ??
Книга што не сте ја разбрале? Јас мислам дека малиот принц не е лектира за четврто одделение. Незнам за другите ама јас не ја разбрав. Нешто се сеќавам пр. растението баобаб и една роза .... Мислам дека беше така.
Оваа тема ја барав. Мене содржински не ми е јасна „Играта на ангелот“. Па ај ако го има некој Зафон читано нека ми објасни. Еве конкретно што не разбирам: 1. Кој е уствари тој што му нуди договор на Давид за да издаде книга? И што и е тој на Кристина, пошто на крајот заедно се споменати? 2. Кој е Диего Марласка и што точно се случило со него? 3. Што се случува на крајот од романот т.е како завршува? (Само писмото на Изабела го разбрав од тој дел). (не се вакви нереални книги за мене... )
За утре ми е Демијан за во школо па ако може некој да ми ја подобјасни малку. Ја прочитав и многу ми беше интересна, и не е дека баш не ја разбирам ама сигурно има некој што ја разбира подобро суштината... и не можев да сфатам, дали Демијан воопшто постоеше?
^ http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/ Не се сите обработени мислам дека, но од помош е кога си тотално збркан во главата.
И јас не ја разбрав, ама ми беше многу интересна, а не ја разбрав бидејќи не ми беше прочитана „Сенка на ветрот“, треба прво неа да ја прочиташ, па после оваа. Јас обратно направив и сега сум во план повторно да ја читам,за да ми се разјаснат и мене овие работи што ги напиша ти
Се сомневам дека некој ја прочитал, но сепак да си прашам. Јас си имам свое сфаќање за книгава па сакам да чујам туѓо. Canone inverso?
Во ред сега, таа е премногу филозовска.. И јас не ја разбрав, требаше сестра ми да ми каже дека Спојлер оној кој заглавил во пустина, всушност, само си го замислувал Малиот Принц.. Доста е чудна и тешко разбирлива..
Повторно имав прилика да ја прочитам, ми требаше за факултет. Не е филозовска, едноставно има премногу идеалистички сфаќања за човековата природа. Изобилува со метафори кои мало дете т.е ние пред 10 години не сме можеле да ги сфатиме. Мој заклучок е дека книгата и покрај цртежите во неа, наменета е за возрасни. Пораката лежи во самата посвета на втората страна. "I ask the indulgence of the children who may read this book for dedicating it to a grown-up. I have a serious reason: he is the best friend I have in the world. I have another reason: this grown-up understands everything, even books about children. I have a third reason: he lives in France where he is hungry and cold. He needs cheering up. If all these reasons are not enough, I will dedicate the book to the child from whom this grown-up grew. All grown-ups were once children-- although few of them remember it. And so I correct my dedication: TO LEON WERTH WHEN HE WAS A LITTLE BOY"
„Сто години самотија“? Ја читав кога имав 16год. и искрено тогаш ми беше ... па благо кажано ОДВРАТНА ... тие некои сцени и филозофии мислам дека ми одзедоа сто години од мојот живот Па ако има некој да ми ја каже суштината на книгата би му била благодарна
Не видов дека има ваква тема и јас го поставив истово прашање, зошто ќе ме мачи ако не го разберам исто како да не сум ја прочитала
Принцезата на малиот принц.. Ништо не разбрав ми беше досадна и правев напори да ја дочитам и не ја разбрав ама тотално НИШТО
Јас ја прочитав Глад и ми се допадна потоа си реков дај Мистерии ке земам да ја читам(прочитав дека е добра книга), но не знам за што беше.