1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нив ги нема, тешко е, но спомените остануваат...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од s1a1n1d1r1a1, 11 октомври 2010.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Значи сите се имаме сретнато во животот со смртта...Смрт на некој близок или подалечен, на роднина или пријател, на член од семејството, па дури и на милениче...Имаме изгубено луѓе кои претерано многу ни значат и поради кои било толку тешко да се продолжи... Јас имам само 16 години, а многу добро знам како е да изгубиш некој... Да ја споделиме болката и да му кажеме на нашите блиски колку ни значат надевајќи се дека тие тоа го знаат...

    Да почнам прва...Значи јас ја изгубив мојата мајка, на само 7 години и цел живот лутам сама низ раскрсниците на животот...Подоцна ги изгубив и дедо ми и баба ми, родителите на мојата мајка...
    Ми недостигат сите, а најмногу мајка ми :( се шо имам би дала само да ја видам уште еднаш... Се надевам дека ќе ги видам пак...Зошто луѓето што умираат НЕ ИСЧЕЗНУВААТ !!!! ;( :(
     
    На Crna Dama, sanjaeva, Foreveryoungiwannabe и 2 други им се допаѓа ова.
  2. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Смрт

    Каква случајност вчера размислував на оваа тема,колку се плашам само од смртта тоа е нешто толку тажно и нема назад,се плашам за моите најблиски господ нека ги чува,досега не сум се соочила одблиску со смртта ...не сакам а знам дека еден ден ќе треба.....тоа е животот ....несакам да мислам на тоа но единствено што можам да посакам е да бидам мн посилна од тоа што сум сега толку силна барем доволно за да не ме скрши соочувањето со смртта....пре би избрала мене прво да ме нема за да не доживеам загуба на мои блиски малку себично но......
     
  3. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Смрт


    знам .. и јас многу се плашам зошто знам како е... ама не треба да се плашиме зошто е плод на природата...не се плашам за мене туку за мојте најблиски...тие шо останаја... :( господ сите да не чува и да си исчекаме старост заедно со семејствата...позз
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Смрт

    ех... се плашев само за моите најблиски да бидам добри. Не се плашев од споствена смрт, се плашев од нивната. Но за жал, баш тоа го доживеав!
    Болката не се опишува, ниту пак животот мој после тоа...
    Речиси сите тука знаат дека пред неколку недели го изгубив татко ми, мојот идол, мојот чувар, пријател... Најгрдото чувство и најгрдата слика што сум ја видела во животот беше безживотното тело на татко ми покриено со цвеќиња...
    Немам друго што да кажам.
     
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Смрт

    ме расплачи... јас имав 7 години ...7 години ...шо знаев јас за животот... и секој ден плачам и секој ден се молам да ја видам мајка ми уште само еднаш... велат дека времето лечи се ама има некои рани кој не се лечат со ништо... ќе биди се во ред...мора да биди :( мора да научиме да живејме со то...

    позз
     
  6. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Смрт

    и јас ја кажав мојата судбина пред некој месец, еве ке ве потсетам...

    Мислење 25 Авг 2010, 19:36
    едноставно морам да се отворам на некој...
    имам мн другарки но со никоја не можам да разговарам за ова, а со родителите не сакам затоа што знам дека уште повеке ке ги потресам. Во март годинава мојот помал брат со неполни 12 години не напушти :( Имаше некоја срцева болест нз точно шо,како... Тоа беше преголем стрес за сите нас. Продолжив со мојот живот како ништо да не се случило (барем така се правев), но самото тоа си имаше последици. Тој период буквално не знаев што правам. Кога излегував се враќав во утринските часови и мн такви работи. Никоја од другарките не ме сфаќаше, туку само ме осудуваа "како можеш ова, како можеш она" а никоја не се сети што претрпев :( Летово кога конечно мислев дека дојдов во нормала почнав се повеке и повеке да мислам на тоа. Деновиве ама баш се ме нервира, а пак баш сега и ни дојдоа гости на неколку дена, а навистина не можам никого да поднесам.
    ...и уште нешто... татко ми речиси пропадна во изминативе месеци. Почна да слабее, очите постојано му се насолзени, постојано се грижи се да ми овозможи и ништо да не ми пререче. Не можам да го гледам таков, но не знам што да правам.
    Не знам колку солзи сронив додека го пишував ова, но сепак се "гордеам" што барем еднаш успеав да го напишам!!
     
    На okcenzi и Marissa24 им се допаѓа ова.
  7. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Смрт


    На анѓелите, местото му е на небото... А за татко ти многу убо знам како ти е... Мојот татко пропадна...Не го познавам поќе ...Почна да конзумира и алкохол многу често :( ;( никогаш нема да бидиме она семејство шо бевме на почетокот...

    позз
     
  8. Monna99

    Monna99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    5
    Смрт

    Досега сум немала големи трагедии во семејството,но многу се плашам од смртта,безразлика чива е.Едноставно ме потресува... :(
     
  9. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Смрт

    Пред да станам мајка се плашев да не ги изгубам родителите (и уште се плашам), ама откако ги родив децата се плашам за нив. Исто така се плашам да не ни се случи нешто мене и на мажот ми, што ќе прават тие без нас. :worried:
     
  10. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Смрт

    Dajte nekoja povesela tema,alo..............Treba mnogu da se vnimava na sovetite sto se davaat,ne sme psihijatri!!!
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Смрт

    Болката е преголема. Нема ниедни зборови кои можат на било каков да ја намалат таа болка. Јас оваа болка ја носам со себе од неполни 5 годинки. Имам пишувано некаде, па затоа нема да се повторувам. Исто како и сите останати, и јас би сакала барем уште еднаш да ги видев татко ми и брат ми.
    Се плашам премногу, се плашам за мојата мајка, се тресам на секое нејзино лелекање ноќе, збеснувам кога навечер ја нема повеке од 5 мин да ми отвори зошто заспала, седнувамна скали плачам и се тресам ко луда.
    Ме плаши како ке и биде кога ќе се омажам, а ќе треба да биде сама..нејзе тоа не и е проблем но мене ми е, сепак, неможам да барам од некој со сила да дојде и да живее со неа. Тешко е ;(
     
  12. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Смрт

    Минатата година смртта беше пречесто присутна околу мене.За 4 месеци починаа 3 луѓе во нашата куќа.Најпрво чичко ми,за еден месец стрина ми(жена на другиот чичо)и за 2 месеца татко ми.Тоа беше најтешката и најболна работа во мојот живот.Знаев дека во неговиот случај тоа е неизбежно,не можам да кажам дека бев подготвена за тоа но знаев дека за него немаше повеќе спас.Всушност мислам дека најтешко го прифатив моментот кога докторот ни соопшти дека неговите денови се избројани ;( ;(
    После тој настан животот ми се смени тотално.Сите други работи станаа неважни.Чувствувам дека загубив дел од мојот живот,празнина која никогаш нема да може да се пополни и која секој ден станува се поголема.Извините што звучи патетично ама така се чувствувам.
    И сега постојано се плашам за моите најблиски.Не можам повеќе да поднесувам да умираат луѓе околу мене ;( ;(
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.401
    Допаѓања:
    91.306
    Пол:
    Женски
    Смрт

    Се плашам од смртта иако секој од нас ќе умре. Криво ми е што нема ред. Татко ми умре пред 18 год. на негови 40 год. јас тогаш имав 3. Мајка му умре пред 3,4 год. на 85, а дедо ми уште е жив.Тешко е да живееш со еден родител, а уште потешко е кога ќе дознаеш дека и тој може да замине. Последниве три години ми се претешки, се будам секој ден со мислата дали е жива. Ниту една болка неможе да се спреди со болката од губење на блиска личност.
     
  14. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Смрт


    па гледаш дека има луѓе кои немале толку среќа во животот и кои загубиле некој... добро е да знајш дека не си сам на светот...И онака влегваме во темите шо не привлекват...

    позз
     
  15. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Смрт


    знам дека не е утеха ама и јас плачам секој ден на скалите... ко ќе гледам дека не сум како другите дека имам видено многу поќе од нив и на никој не му го посакувам ова.... Одам на гроб кај нив и си зборам...Благодарна му сум на Господ шо не сум го загубила разумот до сега...

    Биди јака... Таков е животот :(
     
  16. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Смрт

    Јас пак ги кривам сите околу мене сеуште зошто никој не ми кажа дека мајка ми ќе почини ??? зошто??? јас имав право како нејзина ќерка да знам, да ја видам за последен пат, да му кажам дека ја сакам и дека ќе ми недостига и дека неможам да живеам без неа...да ја замолам да не ме заборава и да ме чека кај и да е.... :( мене најтежок ми беше начинот на кој умре...претежок.... не мораше да умри...
     
  17. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Денес е мртвен се оде на гробишта па се натажив.Татко ми почина пред 10год и по толку год уште плачам за него во одредени моменти,ситуации многу ми е потребен.Да беше жив работите ке беа поинаку.Единица сум и бев неговата мазимица.Татко ми беше посебен.Карактерот,духовитоста и добрината ми се од него наследени.''Taто многу те сакам.'' ;( ;( ;( ;( САКАМ ТЕ МИ ТРЕБАШ
     
  18. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Татко ми почина пред 4 години и дури и по 4 години болката е пак иста, неговото место на трпезата е пак празно, неговиот глас од никаде не се слуша, неговите работи пак се тука, а него од никаде го нема...Секогаш се плашев да не ме напушти некој што го сакам. Како мала се плашев за смртта на баба ми и дедо ми и не верував дека нешто сосем поинакво ќе се случи зашто верував дека сите умираат на старост. Но, се случи токму спротивното - почина татко ми и тоа на 44 години. Што се вели од на нога и за многу кратко време. Сите ги чекавме резултатите и мислевме дека ќе се врати од болница жив и здрав. Кога го посетивме таму, јас плачев и со прстот на уста ми направи шшш и ми рече - немој да плачиш, не сакам да те гледам како плачиш, да не видам солзи и ми ги избриша. Тогаш последно го видов. Се слушавме по телефон потоа и зборувавме, но чувството не беше тоа, беше некако чудно, зашто секогаш го гледавме дома, секогаш беше здрав, а сега тој беше на болница. На 14-ти септември требаше да стигнат резултатите, а наместо тие - тој почина. Никој не можеше да поверува, никој не беше свесен што се случува. Само бледи лица, запалени светла, свеќи и тој како да спие покриен со цвеќе...Целиот мој свет се сруши врз мене, него го немаше, го немаше столбот на нашето семејство...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Кога луѓето велат дека времето лечи све не се потполно во право...Времето некои рани не може да ги излечи, па и 1000 години да поминат...Кога некој бил дел од тебе, дел од твоето срце,душа...дел од твоето битие и кога ќе го изгубиш засекогаш, веќе не си истата и никогаш нема да бидеш..Таа празнина нема никогаш да се пополни, колку и прекрасни моменти да ти дојдат во пресрет...Денес е Задушница и кога ќе се сетам на личноста што ја изгубив пред неколку години, чувствувам како ми се растопува срцето, како да ми крвари целото... ;( Овој период од животот ми е добар(чекам принова, опкружена сум со луѓе кои ме сакаат...), но...Не е исто како некогаш, нема да биде никогаш и јас нема никогаш да бидам истата...Колку и да пишувам залудно е, неможам ни малку да ја опишам болкава која ми го распарчува срцето на милиони делови... Многу пати сум си рекла - подобро јас да отидев, мене да ме нема..Но останав на овој суров свет да го живеам животот, кој е толку нефер и неправеден...Останав на овој свет да се измачувам и секој ден низ глава да ми поминуваат морбидните слики од тој кобен ден, кој се ми сруши...
    ;( ;( ;(
     
  20. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Веќе и спомените ми исчезнаа... не можам ни да се сетам каков ми бил животот претходно. Кога сите мои врсници уживаа во безгрижното детство, светот се сруши врз мене. Татко ми почина на 44 години. Се онесвести, го однесовме во болница, таму ни рекоа дека му паднал притисокот и не му е ништо, ама ке остане во болница. По два дена го донесоа дома во ковчег. Ни дадоа еден куп апчиња, тие два дена ми се во магла, едвај се сеќавам. Плачев само тие два дена, повеќе не...
    Наредниот ден се разбудив од сон и влегов во мојот кошмар. Фамилијата на татко ми секој ден ни правеше проблеми дома. Мајка ми и сестра ми паднаа во депресија. Јас иако најмала, застанав како глава на семејството. Созреав преку ноќ.
    Сега колку и да се трудам, неможам да се сетам на него. Ги гледам сликите, ама како да гледам некој туѓинец. Веќе и не мислам на него, во мојот свет сега постојат само мајка ми и сестра ми.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.