Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нив ги нема, тешко е, но спомените остануваат...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од s1a1n1d1r1a1, 11 октомври 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Некои работи ниту времето не ги лечи. Него го нема веќе 2 и пол години. Физички. Но постојано е насекаде со мене, затоа што е дел од мене. Јас сум негово дете, тој ме воспита, тој ме направи човек и во некои нешта многу личам на него. Советите кои тој ми ги дал, денес ги применувам. Заради него сум подобар човек и сфатив колку е важно кога некој нема, не може, не е во состојба, да му се подаде помошна рака. Тој кога нешто ќе ветеше, немаше ништо што можеше да го сопре во тоа да помогне. Сфатив и повеќе од тоа. Сфатив што значи да си принципиелен, фер, добар.
    Тешко е, премногу! Но спомените се тука за да посегнеме понекогаш кон она минато кога сме биле со луѓето кои за жал повеќе не се помеѓу нас. Тие воскреснуваат во нашите мисли, во нашите спомени и понекогаш и во нашите постапки.
    Му благодарам на тато за среќното детство, за првото колаче од марципан, за бескрајните прошетки низ Скопје, за поддршката, за очите исполнети со љубов... Не можам да ви опишам што се би дала да можам да му ја подадам раката да ми ја стисне, да му ја наведнам главата за да ме погали, да го гушнам, да поразговарам со него и да му поставам неколку прашања како мало учениче, бидејќи тој секогаш имаше одговор на се.
    Би продолжила, но солзите не ми дозволуваат да пишувам повеќе.... ;(
     
    На 1209, MarchelineAmaru, A-j-a и 12 други им се допаѓа ова.
  2. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Со самиот наслов на темава се е кажано.
     
  3. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    имам напишано дека мајка ми е почината но темата ме погоди и сакам повторно да напишам дека премногу ми фали во сеее!!!!!!!!! почина пред 7 години, цела година умираше, не јадеше ништо цела година, неможеше.....и се плашам за татко ми бидејќи од 100 кг. сега е 70 кг. и ми е страв многу...и за брат ми се плашам, не знам како да се однесувам со него во пубертет е сега, ми недостига мајка ми многу.... и како што растам се повеќе и повеќе имам потреба од мајка времето некои работи неможе да ги излечи, се плашам за се, мислам дека малер ќе бидам цел живот. сите ми велат колку многу личам на мајка ми , и пред некој ден баба ми доби удар на мајка ми мајка, кога ја видов во кревет исто како да ја гледам мајка ми, а таа ми е единствена баба. тешко е многу, но некако си давам надеж, но се плашам да не се разочарам уште многу. но сепак фала на бога што имам разум и се справувам со сите ситуации што ми дава сила. :*
     
  4. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Драга Феминке потполно те разбирам додека го читав ова ми се наполнија очите со солзи.Јас го доживеав тоа на моите 22 години кога како гром од ведро небо татко ми почина на спиење од срце, светот ми се сруши.Оттогаш помина една година и 4 месеци а нема ден да не помислам на него загубата е голема родител си е родител.Јас тоа го доживеав на многу позрели години, можам да замислам како ти било на тебе па ти си била дете кое уште не е изведено на правилен пат на кое најмногу му треба мајка.Јас татко ми го изгубив и многу ми е тешко (и среќна сум од една страна што постои ваков форум каде можеме да ги споделиме и овие тешки моменти од животот),а можам да замислам колку е потешко без мајка.Ние да сме здрави и живи Господ здравје да ни даде да можеме да го прожевееме овој тежок живот.И јас се би дала да го видам повторно татко ми.Нека почиваат во мир !!!

    Пирамид ме трогна со текстов истото искуство и јас го имам доживеано знам како ти е ја и ти имаме иста животна приказна и јас го загубив татко ми пред 1 год и 4 месеци и да ти кажам нашите родители биле многу слични со карактерите тоа со советите,што не направиле луѓе,галење по главата,стискање на раката помислив дека на момент зборуваме за ист човек и татко ми беше таков.Ние сме исти како нив само напред гледај во животот биди упорна во тоа што сакаш да го направиш и не се секирај за ништо тие се некаде далеку и ни помагаат јас верувам во тоа иако некои ке каже соништа не е тоа туку така има по нешто и вистина во тие работи.
     
    На s1a1n1d1r1a1 и Phyramide им се допаѓа ова.
  5. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Тажна сум солзите сами идат....Денес околу 12ч на работа ми јавија моја поранешна колешка пријателка починала.Станав од столчето излетав од работа,влегов во такси и право во капелата.Во мене само едно зар е можно Гоца да починала неможев да поверувам.Злато од жена несебично ми го даваше нејзиното знаење ме обучуваше секогаш ми викаше ке добиеш решение не се нервирај ке биде ке се запослеш биди оптимист.Кога ми истече договорот и не ми го продолжија заедно плачевме.Јас не и бев повеке колешка но пријателството ни остана.1оо услуги ми има направено што да ја замолев никогаш не ме беше одбила.Од тоа работно место од тоа минато време носам само убави спомени во мене.Гоцо моја колку кафиња испив ме заедно кифлата,јогуртот,слатките се заедно делевме секое утро си се доверувавме беше повозрасна од мене ама со младелачки дух во тебе.На 17декември те видов последен пат те замолив за услуга не ја ни довршив реченицата а ти со ишерет ми даде знак дека е завршена си поприкажавме и се договоривме во јануар да се видиме ги памтам последните зборови......Зошто денес вака да те видам со цвеке и свека да ти дојдам,зошто Гоцо макамие плачам, плачам цел поручек.Солзите неможам да си ги сопрам твојот лик е пред мене сите моменти си ги оживувам во главата поминати со тебе.Многу те скав ке останеш во моето срце ке те памтам како голем другар,пријателка која секогаш ми излегуваше во пресрет.Почивај во мир.
    Тешко ми е.........
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Пред 1 месец се направи 15 години како ја нема мајка ми. ;(
    На сите оние кои ми кажуваа дека болката и тагата ке ги снема со време или ке биде полесно,ниту болката ниту тагата ги снема ниту ми е полесно исто е и како и првиот ден 15 години подоцна.
    Секој што изгубил родител никој пат неможе да биде ист како и пред тоа.Јас бев 15 години кога почина мајка ми и од тој ден до денес секојден ми недостасува,секојден понекоја солза ке пуштам,многу малку ке ми треба да се расплачам спомените на нејзе се секаде околу мене.
    Мене ми е тешко кога ке слушнам некоја песна на радио која и била омилена,ке видам некоја жена која и наликува,ке го помирисам нејзиниот омилен парфем.
    Споменените на нејзе си ги чувам во срцето,кога ке престане да чука моето срце тогаш и ке ги снема и спомените.
    Ти бллагодарам за живото што ми го подари,вечно ке бидеш во моето срце.
    ТЕ САКАМ
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Боли многу боли ;( ;( ;( го гледав како го симнуваат во земја неможев да поверувам тоа добро срце таа убавина таа младост да гние таму ахххх татичко мојјјјј те сакам најмногу,без тебе сум како изгубена и незнам што сакам,можеби ќе те разочарам што не сум доволно силна но неможам повеќе.а сите се радуваат на нашата несреќа знам и дека тоа го гледаш и сфакаш дека не требало да бидеш толку добар со сите и на сите да им помагаш а сега ние сме сами,без тебе,никој не ни помага.а ние само сакаме да те видиме,кога те сонувам тоа е радост за мене сеуште мислам дека си жив ќе дојдеш од врата од работа ,ќе ни кажеш дека тоа не си бил ти,аххх претешко е само тие што изгубиле знаат!
    и јас кога ќе разберев дека на некој починал некој близок го жалев,ми беше жал,но додека не почувствував на своја кожа не можев ни да препоставам како боли и секогаш ќе боли,заблуда е дека болката ќе престане!во наубавите моменти во животов мој не си со нас,нашето дипломирање,сега свадби и внучиња кои ќе го имаа најдобриот дедо на свет!!! а мама-знаеш и сам колку пати и пати... ;(
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Мајка ми и јас бевме сами, само јас и таа, едно семејство. Животната судбина направила да не можат да се земат со татко ми, но таа успеала сама да ме подигне, да ме воспита, да застане на свои нозе. Таа беше најдобрата личност на светот, немаше подобра од неа, на сите да им услужи, на сите да им помогне, да им направи муабет.... и баш таква личност мораше да си замине... неочекувано.... ;( ;( не можам, ми недостига секојдневно иако помина година и 1 месец од нејзиното заминување. ;( ;( Сеуште не можам да поверувам што ми се случи, почина на моите раце, глетка што никогаш нема да ја заборавам.
    Останав сама, ги имам тетките, сега го имам и татко ми со кој не живееме, но комуницираме и ми помага многу, но тоа не е исто, ми фали мајка ми, ја сакам мајка ми. Нејзе сакам да и ги кажам моите маки, да ме посоветува, да ме посочи, да си направиме муабет, да се посмееме.... ги сакам нашите разговори, нашето смеење, ми беше како најдобра другарка. Те сакам мамо, ми недостигаш! ;( ;( ;( ;(
     
    На eli25 и A-j-a им се допаѓа ова.
  9. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    кога бев помала јас премногу се плашев од смрт, се плашев од мојата смрт, од смртта на моите родители, мојот брат, моите другарки од сечија смрт! значи буквално имаше моменти кога од страв почнав да се гушам и имаше безброј ноќи непреспани. Кога и да седев со моите родители, не можев а да не мислам да не им се случи нешто. Тоа толку се влоши што на крај морав да посетам психолог бидејќи јас не можев да се смирам. Сега ми е многу подобро, сеуште се плашам ама сепак не ко тогаш.

    Исто така јас во рок од 2 години загубив 3 члена на семејството. Прво почина мојот омилен дедо, потоа мојот чичко и на крај мојата баба. ;( Моите сеуште не можат целосно да закрепнат од таа загуба, а ни јас.
    Што е најтрагично мојот татко бил сведок кога паднал дедо ми и умрел и бил сведок кога чичко ми (неговиот брат) истотака паднал и починал. ;( Јас ко што сум ракче во хороскоп сум премногу емотивна. Секогаш плачам, па макар кога ќе ми кажат дека починал некој комшија..Пред некој месец таткото на мојата најдобра другарка почина. Ми беше најтешко кога таа ми се јави плачејќи на телефон и ми ја соопшти таа ужасна вест, но сепак за нејзините 14 години неверојатно е колку добро закрепна..еве има неполни 3 месеци од смртта на татко и а таа е навистина супер. Се е како порано, се шегува, искача, се дружи, прави баш се како што правеше порано...
    И навистина некои рани никогаш не се лекуваат... ;(
     
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    з
    ;( сепак немој да мислиш дека и е ок.едноставно животот оди понатаму,јас кога го изгубив тато еден месец не јадев не спиев и ме водеа само на инекции и инфузии одев на психијатар ослабев пропаднав одтогаш.едноставно потоа продолжи ѓивото и јас морав да се смеам и да искачам,некои од страна можеби гледајки ме,мислеле -леле види ја брзо го оплака татко и,но само јас си знаев колку ми беше и сеуште ми е тешко да се насмеам од срце нити да се радувам на некои убави работи што ми се случуваат.едноставно неможам.само јас знам како ми е ;(
     
  11. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    382
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Не издржав да ги прочитам сите постови до крај. Почекав да помине некое време да се смирам за да можам да напишам нешто.
    Две години веќе поминаа како одеднаш загубив два братучеди, млади, златни момчиња. Многу работи се сменија, болката останува. Се нервирам на моменти кога на нешто не можам да се сетам, некои слики јасно ми стојат во глава..
    Ги чекам секој ден да поминат, да викнат по мене, да ми помогнат кога ми треба помош..Но тоа никогаш нема да се случи. Тоа утро..тој ден и наредните денови никогаш нема да ги заборавам, бев многу огорчена, едноставно го презирав Господ, постојано во глава ми се вртеше една мисла "животот не е фер", зошто баш тие, зошто двајцата.. едноставно не можеше да одлучи кој да го земе, па и таму продолжија да бидат заедно :(
    Бев лута, лута на Господ, лута на себе си зошто не излегов таа вечер, може немаше тоа да се случи
    Толку многу мисли.. Ми носат убави спомени, секогаш ќе се сеќавам на нив. Секогаш ќе живеат за нас, во нашите срца.. :( :( :( :(
     
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.324
    Пол:
    Женски
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Пред скоро 11 години го изгубив татко ми,тоа беше најголемиот удар во мојот живот.Тој ми беше најважното нешто,не дека не ја сакам мајка ми да не ме сфатите погрешно,ја обожавам,таа прави се за мене,ме донесе сама на прав пат,ја сакам најмногу,се би дала за неа,само нека ми е жива и здрава уште долго,ама татко ми ми беше слаба точка во животов.Бев премногу блиска со татко ми премногу,тој во моите очи беше совршениот човек,секогаш кога нешто лошо ќе му се случеше дали сообраќајка,дали кога имаше инфаркти јас претчувствував не знам како е можно тоа ама претчувствував,знаев дека нешто не е во ред.Така беше и таа проклета ноќ,моите беа на гости,а јас бев сама со баба ми дома,не ме фаќашњ место дома само шетав по станот,а баба ми ми викаше смири се дете што ти е,ми стоеше кнедла во грлото,а не знаев зошто.Во главата почнаа да ми се вртат мисли дека на татко ми нешто му се случило и и реков на баба ми кажи ми го бројот од тмау кај што се на гости на татко ми не му е добро,(бев 5то одделение)и баба ми ми вика,не збори глупости како можеш така да речеш за татко ти,ама јас бев убедена дека нешто не е во ред,цело време гледав од балкон дали се враќаат.Одеднаш заѕвоне домашниот телефон јас се потресов,беше мајка ми на телефон гласот и беше чуден ми побара само број од еден другар на татко ми,јас и го дадов и ја прашав кај е татко ми да ми го даде да го слушнам и таа ми рече добар е ајде сега на гости сме и јас таман да и речам ме лажеш од таму ми се слушна машки глас и се прелажав си реков добар е и не инсистирав да ми го даде на тел.,ама кнедлата во грлото уште ми стоеше.Само што спуштив слушалка си ги поврзав работите,бројот на пријателот што го бараше мајка ми,е човекот кој работеше со превоз на мртовци имаше таква кола,се скрив во толатеот и заплакав знаев дека нешто не е во ред ама не бев сигурна(уф се расплакав ми се врати се).После некое време гледам низ прозор доаѓа нашата кола и си викам во себе леле добро е се е ок изгледа за џабе паничев,излегува мајка ми од колата,а од местото за возење излегува мојот кум,а не татко ми................готово се ми беше јасно..........мајка ми само влезе и јас и реков мамо,тато?????и таа само рече да.......животот ми се урна и ден денес не го преболев тоа,сакав барем да ја доживее мојата свадба,моето растење,да дочека внуци ама не било судено...........
     
    На firequeenn, eli25, Phyramide и 7 други им се допаѓа ова.
  13. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    МАМО-колку убаво, нежно и топло звучи овој збор кој никогаш повеќе во мојот живот нема да мозажам да и го кажам. ;( Моите родители се луѓето кои најмногу сум ги сакала, ги сакам и ќе ги сакам. Пред неполни пет месеци на мои тогашни 21 година ја изгубив мојата најдобра пријателка-мајка ми. Жена која целиот свој живот беше толку несебично посветена на својата керка со цело нејзино срце и битие.

    Се започна кога еден јас бев на факултет и ми се јави онака вообичаено, само ми спомана дека и е многу лошо али ништо старшно. Кога јас веќе накај пат за дома пак ми се јави само овој пат беше сериозно велеше дојдиси побрзо многу ме боли ќе умрам. Кога стигнав дома ја најдов доле на под се витка од болки, дојде и татко ми од работа и викнавме брза помош и ставија инекции ама ништо не помогна па мораше да оди во болница, татко ми тргна со колата, а јас со неа во брза помош. Во болница беше два и пол месеца, панкреасот и откажуваше и направија две операции ама на неа никако не и стануваше подобро туку напротив се повеќе и повеќе венееше и пропаѓаше за на крај веќе и да не можеше да збори пошто устата и беше цела рана. Се губеше целата само кога ќе и дадеа плазма (крв) се повраќаше да се освести малце. Цело време се до карјот верував дека ќе се подобри, дека ќе ни се врати дома па со домашна нега неколку месеци дека ќе ја оздравиме ама наместо тоа доживеав мојата родена мајка со брза помош да си ја доненесам дома за последен пат за да си умри во сопсвената куќа. ;( ;( ;( аааааааааааххххххххх боли боли не се опишува. Најтешкиот момент е кога татко ми во болница ми кажа дека нема спас за мајка ми, дека и докторите кренаке раце, не се сеќавам дали му кажав нешто само се сеќавам дека отидов во веце и се изнаплакав, не ми се веруваше дека на мене ми се случува тоа? се секавам дека во тие моменти ми поминаа илјадници мисли на се што нема да доживее од мене :( Од кога ја донесовме дома за помалку од 24 часа испушти душа. Сеуште не можам да си поверувам дека доживеав личноста која најмногу ја сакам на свет секој ден да ја гледам како пропаѓа, како сите со неа во болничката соба си одат за недела дена, а таа душичка останува, како жолтее и како храбро се бори за секој дах се додека не испушти душа-душа моја намила ;( ;( ;( И сега после 5 месеци сеуште не можам да пиверувам дека го доживеав сетоа. И сега додека го пишувам ова срцето ми се стега кога ќе помислам дека дочекав толку млада кога и тек како допрва и ќе ми треба во животот мајка ми. Наместо заедно да се радваме на дипломската (која и беше голема шелба и се ќе направам да и ја исполнам) на првата работа, утре на свршувачка, задутре на свадба па на внуците.... јас дочекав да одам позади мртовечката кола со сандакот за да и ја врлат земјата на лице ;(

    И покрај тешкиот удар кој ми го зададе животот и понатака вербувам во гспод. Неможам и не сакам никој да окривувам што животот си поигра сурово со мене и татко ми. Фала му на господ што ни дава сила да го продолжиме животот понатака најнормално. Сега останавме со татко ми сами пошто јас сум единица и само едно барам а тоа е татко ми да ги доживее сите работи кои што мајка ми не успеа.

    Секое одење на гробишта ми е многу тешко, зашто со секое одење таму е како признавање на најголемиот личен пораз. :( Многу ми недостигаат нашите разговори, а најмногу од се мајчината прегратка. Бевме многу сложно и поврзано семејство, сега јас и тато се ќе направиме така и да остане иако без едниот мускетар. Мамчу моја многу ТЕ САКАМ и се ќе направам за да и таму на небото или кај и да си да се гордееш со мене сонце мое.
     
    На ludoto19, eli25, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Нив ги нема, тешко е, но спомените остануваат...
    Да, така е! Така ни е нам, така чувствуваме, но зарем пред сите не изгледаме „ко да вчера не ни било никогаш“?
    28 август, Богородица. Со баба ми, мајка ми и тетка ми бевме на црква, со едни братучеди на мајка ми, надвор од градот. Се беше супер, дружење, музика, играње... Во еден момент мајка ми се оддалечи, ја видов дека зборува на телефон. Кога се врати, не беше истата. Ја прашав со кого зборувала и ми кажа. знаев дека прашувала за баба ми (која пред една недела ја пративме Скопје, беше нешто болна).
    Не сакаше да ми каже што и рекла. Ја молев, но не ми кажуваше, велеше дека немало промени.
    Како по обичај се налутив бидејки не ми кажува и на крај попушти.
    Ме фати за рака и ме седна. „Баба ти умре“-рече. Прекинав да дишам на момент, не можев да си поверувам што слушнав. Плачев не верувајки на своите уши, не верувајки на зборовите на мајка ми.
    Се тресев целата, не бев способна за ништо. Во еден момент ги избришав очите и на мајка ми и реков:
    „Зошто ме лажеш? А? Знам дека лажеш, криво ти е што ти немаш татко, па сакаш сега и тато да нема мајка, затоа измислуваш!“
    Не ми одговори, ја сфати мојата болка. За кратко ми се јави братучетка ми и ми потврди.
    Немаше вече надеж дека се е лага.
    Отидов и го видов нејзиното безживотно тело како лежи во сандакот. Таа беше. За жал, таа беше.
    Солзи, солзи, солзи...болка, удар...сето тоа собрано во 12 годишно суштество...
    Боли, аахх и сега боли, после 3 и пол години...
    Беше личност која многу ја сакав, премногу, можеби и повеќе од мајка ми. За мене премногу значеше, а сега ја нема. Сега од неа имам само солзи во очите, љубов во срцето и премногу спомени во душата...
    Сега го чекам денот кога пак ќе се сретнеме, кога таа со ангелски крила ќе ме пречека во нејзинот нов дом...таму ќе бидеме заедно засекогаш, од тогаш па до вечноста...

    Ахх, соништа. надежи, којзнае дали постои свет таму, друг, кога човек ќе појде две метри под земја којзнае дали душата му оди некаде. Тоа е само надеж и верување дека пак некогаш ќе се сретнеме со оние кои ги сакаме, а ги немаме.

    Бабо, те сакам!

    А за се да биде уште потешко, за преболувањето да биде поневозможно, пред месец и пол почина дедо ми. Нови рани се отворија, нови болки, нови солзи, ахх дедо...
    Зошто животот е така суров? Зошто ми ги зема личностите кои најмногу ги сакав? Со нив пораснав, тие беа со мене кога зачекорив, кога зазборував, а сега ги нема. Ги нема да видат каква личност е нивното внуче, ги нема да видат дека една од тројцата внуци е добра личност, дека една од тројцата внуци ќе успее во животот. Ги нема да се израдуваат на моите успеси, награди, на моите достигнувања за кои беа желни, а постарите внуци не им ги приредија. Јас бев таа со која се гордееја, зошто господ не ги остави да ја доживеат радоста до крај, да им се оствари сонот да видат како внуката успешно дипломира, како се мажи? Тоа беше нивната желба, тоа им остана да го очекуваат од мене кога од другите двајца не го дочекаа. Тоа и ќе го исполнам, но...да беа тие до мене...се ќе беше поинаку...се...
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Го молам ноќва небото да ми те врати

    Сигурно стиховите од насловот ги препознавате, но овојпат не станува за љубовни проблему туку сакам да прашам дали би сакале да вратете некого кого сте изгубиле ( иако е невозможно).

    Оваа тема ја направив бидејќи сабајле ќе изнесуваме на дедо ми 20 дена и навистина многу ми фали чувствувам голема празнина :( ;( ... друго ... две блиски пријателки на мајка ми едната ме чуваше како мала и си ја викав нана, а другата ми е кумашинка ... сите тројца ги изгибив за само 2 месеци .. е стварно не е фер :( би направила се за да бидат покрај мене ПРЕМНОГУ ги САКАМ :(
     
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Го молам ноќва небото да ми те врати

    Прво мое сочуство за загубите :(

    Што да се каже Живот .... |(
    Не знаеш што ќе се случи во наредна минута , за среќа фала му на Бог што сум немала загуба од поблиска фамилија .... Знам дека звучи прекажано милион пати ама Животот оди понатаму . Времето ќе го стори своето не велам ќе помине се ама ќе се опоравиш од шокот и стресот под кој си моментално... Раните нема да се залечат ама поинаку ќе гледаш на работите , нема што друго како што велат Турците со Умрениот не се умира :!: . Одиш понатаму колку и да е тешко , судбина ли е или не знам што сфати дека така морало да биде јас верувам во судбина , иако не секогаш ми одговара како се одвиваат работите (општо земено ) И понатаму ќе живеат во тебе спомените кои ги имаш никој не ќе може да ти ги земе ....

    Не се форсирај со тек на време се ќе си дојде на место ќе ти биде подобро .... :*
     
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат... Баш така....
    Пред 12 ја загубив тетка ми на најзини 45 години, не се сеќавам многу што како беше бев многу мала, но спомените на неа ми се толку јасни слики. се сеќавам тогаш мајка ми и тетка беа скршени од тага, сите тоа не погоди но нив најмногу, беа премногу блиски, цела година секој ден наутро и навечер одеа на гробишта, од тој 27 март се се смени, повеќе ништо не беше исто. Секој ден ги гледаа заедничките слики и сеќаваа. Таман кога помисливме дека малку се опоравивме почина дедо ми. Еве до утре веќе 3 години. :( ;( Ахх тој 9 мај... ;( Со мајка ми бевме во Скопје, таман си дојдовме заѕвони телефонот, од болница ја бараа мајка ми. Мајка ми разговараше ја спушти слушалката и пушти солза, ја прашав што е работата а таа ми рече одиме кај баба ти, цел пат ќутеше и ги криеше солзите, е кога отидовме кај баба се ми беше јасно, светот ми се сруши врз глава , мојата поддршка замина засекогаш..... Секој ден се потсетувам на него премногу ми недостасува, секогаш кога ќе отидам кај баба и ќе ја видам неговата слика очите ми се полни со солзи ;( ;( но издржувам не сакам пред баба да плачам. Сите ми викаат дека кога ќе ме видат мене дека многу ги потсетувам на него, и навистина и личам на него и карактерот ми е цел на него, и горда сум на тоа бидејќи дедо беше прекрасен.


    Дедо те сакам и ми недостасуваш :inlove: :inlove: ;( ;( ;(
     
    На Lacrimosa и sanjaeva им се допаѓа ова.
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Јас со своите 17 години до сега имам изгубено две најдобри другарки.
    Во моментот кога настапи смртта немавме нешто повеќе од едно обично здраво, но спомените кои ми останаа од кога бевме деца се се уште тука. Растеме и менуваме друштво, но она што било некогаш, останува.

    Ми текнува кога купувавме цвеќиња од пазар за 40тина денари, а потоа ги продававме за 15. На филмовите кои ги снимавме како мали, и се криевме во собчето на хигиеничарот затоа што и нас не фати страв од хоророт кој сме го напишале. На концертите кои ги организиравме, кога цело маало се збираше. Каква манифестација!
    Кога шетавме со штикли низ влез, игравме жмурка и си кажувавме за првите симпатии. Нашиот мал настап кој беше проследен и на телевизија. Како се радувавме само... :'(
     
  19. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    никој не дава совети тука...само споделуваме болка. За некој радоста е релативна, за тој шо има изгубено многу. Ова е слободен форум и можи да се збора за се. Ако не се пронаоѓаш во темата не коментирај :) поздрав
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    времето поминува но не лечи ништо ..
    тешка е загубата на сите сакани личности.. многу да биле сега покрај мене би било полесно.. но животот е тој се раѓаш за да умреш..