Нив ги нема, тешко е, но спомените остануваат...

Discussion in 'Општи дискусии' started by s1a1n1d1r1a1, Oct 11, 2010.

  1. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Joined:
    Aug 6, 2010
    Messages:
    687
    Likes Received:
    291
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Уффф темавааа,Јас ја изгубив тетками која најповеќе ми недостигаа со неа растев,ме сакаше како сопствено дете јас од кај нив несакав да си одам дома,но ете госпот ја зеде поради пуста болест,исто така ми недостига дедоми сеуште неможам да ја заборавам сликата кога го видов мртов како лежи во кревет ;( ;( ;(
    Бабами која никогаш не сум ја видела ии другарми кој сега почина пред 2 години од леукемија,сега значи ме расплакавте,а што е најтрагично многу си личеа со братми многу го сакав од кај нас небеше излезен беа најверни другари со братми многу мило дете но госпот таквите ги земааа,кога го дознавме домааа сите плачевме дури и таткоми што е возрасен маш неможеше да се воздржи,сега во четврток му прават 2 годинии и искрено да ви кажам срцето ме боли ;( ;( ;( ;(
     
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Joined:
    Jan 6, 2011
    Messages:
    1,190
    Likes Received:
    5,555
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Бидејќи никогаш во животов не сум била блиска со татко ми, татковска фигура беше дедо ми. Боже, колку го сакав тој човек. Ми беше идол, се угледував на секоја негова постапка, почнувајќи од неизмерната љубов што и ја даваше на баба ми, па и на цело семејство, посебно на мене како (тогаш) единствена негова внука, па се` до мудроста и издржливоста што уште повеќе го красеа како човек.

    Почина сосем ненадејно, на мои 12 години и ме остави со празнина што никогаш нема да биде пополнета од некој друг. Никогаш го немам прежалено, нема ни да го прежалам, никогаш нема да сфатам (ниту да се обидам да сфатам) зошто толку рано беше отстранет од мојот живот. И ќе плачам секојпат кога ќе му отидам на гробот, но вечно ќе му останам благодарна за сите работи што успеа да ми ги пренесе, заради него сум личноста што сум денес, и ќе се потрудам братучедка ми (која има само годинка ипол) еден ден да знае колку прекрасна личност бил дедо ни и колку има пропуштено што ќе го нема во својот живот како што го имав јас.

    Дедо каде и да си, никогаш не си се оддалечил од моето срце. Те сакам.
     
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Joined:
    Jul 3, 2011
    Messages:
    2,886
    Likes Received:
    31,524
    Gender:
    Female
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    И милион години да можам да доживеам да поминат, секој ден ќе ме боли загубата на дедо ми.
    Го изгубив кога имав 19 години. Тие 19 години со него беа прекратки за да можам да научам се што сакам од него, беа како еден миг од мојот живот кој прекратко траеше. Ми беше пример, ми беше најмилото нешто во животот, беше мојот заштитник, беше моја нема поддршка за било што во животот.....Од сите 8 внуци јас му бев миленичка, на сите отворено и без срам им го кажуваше тоа. А тој ќе остане мојот миленик засекогаш.... ;(
    Нема нешто што не би дала само за уште ден час со тебе, дедо. Само да те гушнам како што те гушкав секогаш кога се враќав дома и кога со широка насмевка ми ја отвараше вратата. И да ти сварам уште едно кафе, зашто моето ти беше најубаво и најмногу го сакаше.
    Лута сум ти што не сакаше да не послушаш сите нас кога ти зборувавме. Од тој твој пусти страв од доктори. А ќе се откриеше се, и сигурна сум дека до ден денес ќе беше жив и здрав, и ќе се радуваше заедно со нас.
    За жал, имаше и други после тебе кои заминаа....Но ова твоево најмногу боли. И секогаш исто ќе боли. Лажат оние што велат дека времето лечи се, и болката со тек на време стивнува. Останува иста, на моменти се зголемува, особено кога се случува нешто убаво на најблиските. Токму тогаш кога ми се случуваат најубавите работи проклето ми недостасуваш и пеколно боли зашто не можам да ти кажам колку сум среќна, и што знам колку многу ти би се радувал за мене и за другите. ;(
    Знам дека кај и да си, пазиш на сите нас и не чуваш, баш онака како што правеше цел живот...... ;( ;( ;( ;(
     
    ludoto19 and eli25 like this.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2010
    Messages:
    1,619
    Likes Received:
    4,653
    Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...

    Самиот наслов кажува се, тешко е, премногу е тешко а уште потешко ми паѓа кога ќе размислам и сфатам дека 11 години не биле доволни за зарасне раната која ми ја нанесе неговата смрт, денот кога го изгубив човекот кој го сакав и почитував најмногу.
    Претрпев и изгубив драги луѓе, омилениот дедо и саканата стрина, но нивната смрт не ме боли онака како што ме боли неговата, на мојот татко.
    Знае тој добро како се чуствував, знае дека сум му лута што прерано не напушти, знае дека сакав барем мојот 9 роденден да го дочека, и знае колку плачев после секој приредба во училиште. На сите деца родителите беа таму, сите аплаудираа и ги бодреа, а моите ги немаше, мајка ми на работа а тој...тој е негде далеку. Очите ми се полнеа со солзи, а неможев да заплачам и после секоја приредба сите за рака ги држеа своите родители и одеа дома а јас одев на неговиот гроб, да му кажам дека сум му лута, дека не е фер, дека мене ми треба татко...
    И така пораснав „покрај него“, покрај неговиот гроб, таму наоѓав решение за сите проблеми, таму одев пред да донесам некоја битна одлука, одев таму да се исплачам кога ми беше доста од се...
    Малку спомени имам, мала бев неполни 9 години, но сите спомени ми се од среќни мигови, кога ме разгалуваше, кога ми кажуваше дека јас сум неговата принцеза, кога ме кажуваше дека не треба да плачам, дека треба да бидам силна...
    Но кобниот ден, неговиот погреб и неговата смрт ме направија многу слаба и кревка, кога го видов неговото тело во тој сандак посакав времето да застане, и да се вратат деновите кога бевме среќни, неможеа да ме отргнат од него, плачев долго, и се уште плачам...затоа што никогаш нема повторно да го видам...

    Порано често го сонував, си правевме муабет, мислев дека ми доаѓа во сонот да ме посети, се скршив кога дознав соништата се производ на нашата подсвест, и дека често го сонувам поради тоа што многу ми недостига. Но јас се тешам, ме гледа тој од негде, моите сништа и нашите разговори не се мојата подсвест, доаѓа да ме посети, да ми искара и посоветува.

    Го немав долго сонувано, но секогаш кога ќе го слушнам она „Тато“ од нечија уста веднаш помислувам на него, но последен пат го сонував пред една недела, ме стресе и ми врати еден милион спомени...

    Научив да живеам без него, научив како сама да се носам со бремето на животот, но никогаш не научив како да се носам со неговата смрт, никогаш нема да научам како да ја преболам болката која ја чуствувам затоа што веќе никогаш нема да го видам, нема да почуствувам неговиот допир...

    И лута сум зошто не почека да пораснам, заедно да им се радуваме на моите успеси, заедно да плачеме на падовите, да ме советува, да ме искара и подржи секогаш кога ќе имам потреба...

    Како и да е, заекогаш ќе биде на посебно место во моето срце.
    Е К**** К**** каде си сега да ми кажеш „Татина галенице ајде доста е плачење, ги исплакна очињата сега ти се побистри, ајде сега гушни ме, и заборави на се“...
     
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Joined:
    Oct 10, 2010
    Messages:
    1,685
    Likes Received:
    14,362
    Gender:
    Female
    Темата ја напрајв пред подолго време... Искрена да бидам и малце заборајв на неа... Сега се вратив и ги прочитав сите случки кои ги имате раскажано... Цел живот се осеќам осамено, како никој да не ме разбира...Знаев од секогаш дека има на секаде вакви случки ама со ова шо ги раскажавте се осеќам ко да не сум сама ... Фала на сите...И извинете ако пробудив некој лоши тажни спомени од минатото...

    Сега сум позрела, ќе полнам 17 години за еден месец научив да се носам со животот таков каков шо е... Оваа година ќе се соберат 10 години од смртта на мајка ми... Беа многу тешки, имаше и добри работи не велам не... Ама то шо најмногу ме боли е ко ке помислам на иднината... Низ толку ситуации ми треба мајка ми треба водач.... И ќе ми треба до крајот на животот...

    Поздрав.
     
    A-j-a likes this.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2011
    Messages:
    4,464
    Likes Received:
    7,841
    Gender:
    Female
    Дедо ми почина пред 4 години беше болен ;( многу ми недостига и секогаш ќе биде во моето срце. Штета што не поживеа да ме види матурантка.... ама ќе ме гледа од небото. :)
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,178
    Likes Received:
    124,646
    Само спомените остануваат да.....Е тоа боли.Споменот не е неговата топла рака,ја замислуваш,но не ја осеќаш.Не е ниту неговиот бакнеж,бакнеж во чело,го замислуваш а повеќе знаеш дека нема да го осетиш.Небесно сините очи,ги има на секоја фотографија,а ги нема да ме погледнат.А гласот,некогаш го забораваш,некогаш во сон ти иде.Утехата,ја нема повеќе.Само сили да научам да живеам без него.Со секој ден,скршена и со нови сили.
    16.30Точно тогаш секој ден,се враќаше од работа.Го чекавме со душа со наместена маса,да се собере целата фамилија.16.30,погледнувам кон вратата ,но не не се отвара,никогаш повеќе.Ги обожавав фамилијарните ручеци,доручеци за викенди,правењето скара...Сега тато,никој не седи на твојот стол.Јадеме на другата страна од масата,за да повеќе никому не му навираат солзи кога ќе погледне во празниот стол ;( На Бадник солзите ни течат во вечерата.Те нема да ни поделиш паричка,лепче,да ни дадеш парички да не бакнеш и посакаш среќа.Е тогаш,ми е најтешко ;( Ете и сега солзите не запираат.Неможе човек да се помири,не ,не ,и сега велам ЗОШТО?
    Мора да си со нас од некаде.Мора.Неможат твоите сини очи да згаснат,мора да се некаде прелеани со синилото на небото.
    Ја сакам тато твојата топла рака,а се сеќавам на студенилото кога те допрев и бакнав.За последен пат,ми рекоа да се испратам со тебе,,,Додека не те спуштат во црната земја,мислев дека ќе станеш и ќе не гушнеш...те замислував како стануваш,велиш не сум јас,грешка е...Но не,не не не и сега несакам да мислам.Да тато,неможам да го слушам овој збор.Боли кога ќе го чујам од друг,ми го стега срцето,колку и да с е трудам.Бидејќи еден дел од него нема.И затоа цел живот ќе боли ;(
    Велев дека не си фер што не остави,ти кажувам и на гробот ,иако знам дека не си ти крив.А ветрот што ме гали таму,знам дека си ти.Знам.Животе,фер ли си? ;(
     
  8. gochhe

    gochhe Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2011
    Messages:
    25
    Likes Received:
    8
    Сонот е тука и мислата за утеха.А срцето знае ..... :'(
     
  9. Gioia

    Gioia Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    644
    Likes Received:
    608
    Gender:
    Female
    Слаба сум на нерви! Не сум ти ја за читање на овие приказни..крокодилски солзи изронев,еве не можам да се смирам... ;( сочувствувам со сите..јас го изгубив дедо ми кој беше многу болен,јас не го паметам здрав,сите ми раскажуваа каков елан имал во младоста колку ја сакал музиката и каков бил..јас за жал го знаев само инвалид во количка,но секогаш бев со надеж дека ќе прооди бал малце дека ќе го видам здрав! Но,не...таа вечер ни беше последна заедно! седевме и гледавме слики,ми раскажуваше со радост каде бил,каде патувал,ме гушкаше ме бакнуваше..а јас? од каде да знам дека ова е последно...го гушнав и си заминав дома! Сабајлето како да знаев како да чувствував нешто,целата облечена у црно искочив да купам нешто кога пристигна и повикот кој не сакав никако да го добијам..и тука заврши се..ме сакаше многу бев единствено девојче во фамилијата многу се радуваше на мене на секој мој успех..времето само залекува,не лечи! споменот останува вечно во срцето! Додека сме живи ние,живи ќе бидат и сите наши кои ги чуваме во срцето!
     
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Joined:
    Sep 11, 2011
    Messages:
    1,865
    Likes Received:
    2,038
    Најболната тема ;( имав братучедка која имаше само 6 годинки почина пред една ипол година... проклетата болест ја однесе а само што започнуваше да живее требаше да оди 1 одд... ЈА МРАЗАМ СМРТТА :@ МИ НЕДОСТИГАШ МАРТИНАААААА ;( ;( ;( ;(
     
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    6,189
    Likes Received:
    23,255
    Gender:
    Female
    Дедо ми почина на 4 септември, жал ми е затоа што не стигна да ме види матурантка, а исто така ми е жал за другиот дедо , кој не успеа да види татко ми каков човек се направи, да ја види неговата свадба, и да не види нас со брат ми, се надевам дека сте заедно, и не гледате од горе, Ве сакам и двајцата! ;(
     
  12. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Joined:
    May 22, 2011
    Messages:
    337
    Likes Received:
    199
    да точно знам како е да изгубиш некого, знам за болката...
    можеби понекогаш низ темите изгледам весело, како ништо да не се случило, но сите овие 16 години некој што е покрај мене постојано умира.. тешко е, посебно затоа што знам дека таа личност ќе ми треба и понатаму... :( :(
    не сум сеуште подготвена да зборувам со детали на ова, но се надевам дека наскоро ќе можам да го споделам тоа со вас
     
    ludoto19 likes this.
  13. ljubovljubov

    ljubovljubov Истакнат член

    Joined:
    Aug 25, 2011
    Messages:
    13
    Likes Received:
    8
    Да изгубиш некого кого можеби ти бил само познаник е болно ,а не пак некој кој бил со години дел од тебе ,те створил ,чувал , растел,те учел како да се справиш со животот...Да јас го изгубив мојот татко пред 3 месеци ненадејно ,неочекувано.Цел месец пред тоа се борев со неговата болест (рак) која му ја откија на едно обично снимање на ренген.Цврсто бев убедена дека се ке помине ,ке успееме да направиме чудо ,да тој остане меѓу нас ...но залудно.Не се спремив психички на тој момент-што ако го изгубам ,туку мислев на денот кога ке оздраве кога се ке биде како порано.Болката не е ни приближно иста кога ке ти се довери некој кој изгубил некој сакан ,да боли и се сочувствуваме со него ,но на своја кожа е многу ,многу болно.И како поминува времето се повеке сум гневна и лута -зошто мораше да се случи тоа ,наместо сега да се радува на неговите внучиња и на животот општо ,а него го нема....Секогаш кога ке ми текне на него и кога ќе осетам дека ми фали во моментот одам на гробишта ,разговарм ,му кажувам што ме мачи мислејќи дека ке се појави од некаде и ке го видам барем за миг...Но сето тоа останува само како очекување и желба која знам дека нема да стане реалност..Татичко ако е вистина дека и по смртта си повторно околу мене ,блиску до мене сакам да ти кажам дека искрено ,вистински ми фалиш дека нема ден а да не си дел од моите мисли од нашите домашни разговори ....Те сакам и ке те сакам засекогаш....Престанувам да пишувам бидејќи емоциите се посилни од мене ..........
     
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Joined:
    Apr 25, 2011
    Messages:
    868
    Likes Received:
    719
    Ги изгубив и двајцата дедовци, едниот скоро и воопшто да не го знаев, не го ни гледав често. Мала бев кога се случи тоа и се ми е некако низ магла, единствено го памтам моментот кога и кажаа на мајка ми на телефон, крикот кој го испушти. Тоа уште ме ежи. Другиот дедо ме чуваше најмногу, бевме ептен блиски, заедно ги пумпавме гумите на точакот, затоа што татко ми веќе не можеше, заедно си игравме, ме вадеше од шахтите кога ќе пропаднев :$ :D Потоа пропадна психички, се смени, ми беше страв да го гледам таков, потоа ми беше мачно. Кога умре ненадејно не знаев што точно осеќам. Сега на пример ми е многу тешко, што долг период пред да умре ние веќе не бевме блиски, тој беше целосно променет, но тоа не беше причина да се оттргнам од него. Признавам дека она што најмногу ме стресе, беше едно малецко девојченце, најпаметното и најслаткото девојче, сега да беше уште живо сигурно ќе ми беше најсаканата помала другарка. Се скршив кога слушнав за тоа, не можев да поверувам, каква банална причина, како можеше... Ако некогаш имам ќерка ќе се вика по неа. Јас сум тип кој свесно прифаќа дека се си има свој крај, верувам дека се тоа е однапред подредено и си тече по некој свој тек. Но има некои работи кои едноставно не можеш да ги оправдаш. Да, така требало да биде, ама не секогаш е тоа најдобрата утеха.
     
  15. mamita

    mamita Истакнат член

    Joined:
    Jul 27, 2010
    Messages:
    153
    Likes Received:
    176
    Gender:
    Female
    Баба ми.Ја нема веќе година и пол.Не се гледавме често,но се слушавме и знаев дека секогаш мисли и се моли за нас.Нема ден да не се сетам на неа и нејзините совети.
     
  16. Towelie

    Towelie Популарен член

    Joined:
    Oct 29, 2011
    Messages:
    516
    Likes Received:
    687
    Морав да се истурам на темава. Се ближи роденденот на еден од моите најдобри другари,починат пред скоро 6 месеци. Вечерта пред денот кога требаше да излезе,докторите открија дека панкреасот му е катастрофа заради апчињата што му ги даваа за леукемијата. А се најде и донатор за коскената срж. Супер ми почна денот,а тоа попладне ми беше најлошо во животот,другарка ми ми кажа дека го оперирале и починал. Не си ја дочека матурата,не го дочека летниот одмор што толку го планиравме,не дочека да си најдеме стан под кирија и да киснеме постојано играјки плеј стејшн и смеејќи се. Изгубив желба за одмор,изгубив желба за живот,за се,и почнав да плачам како мало дете кога ќе му ја земат играчката. Моите едвај ме смирија. Си помислив,како ќе ги погледнам мајка му и татко му на погребот? Како ќе го погледнам брат му? Сестра му нема ни да се сеќава на него,премногу е малечка за тоа. Уште кога го видов како неподвижен и блед лежи во ковчегот,се срушив тотално. Го стиснав за рака,ги гушнав силно неговите и брат му,и се вратив на моето бесконечно плачење. Не ме боли фактот што замина,ме боли тоа што сум немоќен да го сменам тоа,ме боли кога ќе влезам во неговата соба и го нема него,само неговата слика залепена на вратата. Почивај во мир,брат,ќе се видиме пак еден ден,ти ветувам!
     
    La.Reina.Del.Sur likes this.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    5,801
    Likes Received:
    55,008
    Gender:
    Female
    Пред повеќе од три години загубив една моја многу блиска и драга личност. Ја сакав премногу. Ми беше многу тешко по нејзината смрт да се навикнам да не ја гледам секој ден, да не ја гушнам, да не и раскажам како ми поминал денот, да не и го слушнам гласот.
    И посветив многу песни и ми требаше долго време да се соземам. За прв пат во животот почувствував толкава тежина во себе што тешки ми беа чекорите. Буквално.
    И еве поминаа три години, но болката не се намали. Секојдневно ми доаѓаат мисли на неа и сфаќам колку многу ми недостасува. Но не можам да ја вратам, а тоа најмногу ме растажува.
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Joined:
    Aug 29, 2011
    Messages:
    945
    Likes Received:
    5,744
    Gender:
    Female
    Сум се соочила со смртта на другари на моја возраст и болно е. Некој што ден-два пред тоа ми правел муабет, сме се смееле, го гледам во кофчег. Страшно е, таа младост како да ја снемува кога ќе видиш како полека го спуштаат во земјата..Изменет облик, сиво лице..како друга личност да гледав..како да викаше не пуштајте ме... Од тогаш навака имав многу кошмари ноќе, се плашев..се плашев од се.
    Секогаш викав само едно Дај Боже јас да умрам пред да видам некој од моите најблиски мртов. Нема да можам да го поднесам тоа.
    Дедо ми почина пред 8 години, но ми беше најмилото суштество во животов. Речиси нема ден да не го споменеме во муабет, да не се насмевнеме за работите што ги правел. Му се восхитував на карактерот, ах што човек беше...Верувале или не, после 8 години, кога и да прозборам за него ми доаѓаат солзи. Секоја вечер го сонував после неговата смрт, ми раскажуваше како е таму, ми кажуваше дека не би сакала да појдам таму, не е убаво..се ми раскажуваше.. Знам, тоа е моќта на потсвеста, го сонуваме она за кое потсвенсно размислуваме...
    И сега, после толку време, го паметам како вчера, уште ни гласот не сум го заборавила.. Тоа беше прва смрт во поблиското мое семејство..Се надевам уште долго време ќе остане така..
     
  19. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Joined:
    May 17, 2011
    Messages:
    203
    Likes Received:
    198
    зошто ми требаше да ја отворам темава се прашувам, ;(
    беше убава, беше паметна, беше најдобра, беше уЧеник со диплома... беше се сеее.....
    но веќе ја нема, не посои, но зошто? се прашувам зошто баш таа?! ;(
    ваљда судбина, така и било реЧено да влезе таму кај што не требаше никогаш да влезе и да ја снема ;( ...
    можеби ја нема помегу нас, но едно е сигурно, таа засекогаш ке биде во моево срце каде и да е се надевам дека поЧива во мир, и ги гледа сите гадости на земјава... уфффф ;( животов не е фер, не е фер..
     
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Јас имам загубено прв братучед на моја возраст, бевме родени ист месец, јас 4 дена постара. Годинава почина, инаку беше болен, не можеше да се движи, да збори, да мисли, да јаде, ништо не можеше сам, а покрај тоа имаше и епилепсија.
    Премногу бев потресена и многу плачев. :worried: