Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нив ги нема, тешко е, но спомените остануваат...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од s1a1n1d1r1a1, 11 октомври 2010.

  1. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Пред неколку дена почина татко му на мојот најдобар другар. Со овие луѓе сме куќни пријатели и сме многу блиски. Кога дознав мајка ми ме натера да се приберам малку од малку бидејќи требаше да ги организирам нашите соученици од класот да одиме на погреб. Кога го видов другар ми неможев да го препознаам: тој, најнасмеаното дете што го познавам сега седеше во ќошот и молчеше. Не плачеше, ништо, само молчеше. Кога ме виде се расплака и неможеше да сопре. Сеуште неможам да се опоравам од случката, толку многу ме боли таа нивна загуба..а неможам ни да замислам како им е ним. :'( Вчера бев со него..излеговме да прошетаме низ градот. Неговата мајка и брат му се малку подобри но тој е скршен во секоја смисла на зборот. Нема воља за живот. Изменет е од корен за овие неколку дена, неможам да го препознаам. Оваа случка ме натера да размислувам за најблиските..дека треба да ги цениме и почитуваме, да минуваме повеќе време со нив бидејќи незнаеш што ти е пишано..И треба секој ден да се живее како последен, незнаеш кога ќе бидеш во право..... :| :?:
     
  2. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    Премногу потреси доживеав за денес.
    Во рок од два часа, дознав за 2 несреќни случаи.

    Прво, починал Гоце Арнаудов. Не е дека сум негов верен обажавател или слично, но едноставно ко појава ми беше навистина мил човек. И на мене не ми изгледаше дека тој човек ќе умре во брзо време. Беше секогаш полн со енергија, разигран.. Ама ете, никад се не зна. :(

    Пред малку татко ми ми кажа дека утрово починала прабаба ми. Не беше „млада“, си ги имаше годините, поточно 91. Кога-тогаш ќе не напуштеше. Но, највеќе ми е мака што тоа се случи сега, баш кога јас и татко ми сме во странство. ;(
    Колку ме чуваше, колку си играв со неа, колку ја гњавев ама сепак ме трпеше.
    Ама доста се измачи до сега, и знам дека барем отишла на некое подобро место и се спаси од маките.
    Те сакам, бабо. Почивај во мир. ;( :l:
     
  3. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Така мојотбрат веќе две години не е со нас... Замина во сообраќајна несреќа... јас бев во кома но се извлеков но тој не ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На Foreveryoungiwannabe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Па ми се нема десено таква трагедија..но се плашам од тоа и тоа мн мн :(
     
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Мојот дедичко почина пред скоро две години.Замина ненадејно како грст прашина одвеана од ветерот,како слаб лист кој со сите сили се обидува да остане на гранката на која што живеел.Беше мојот идол,мојата поддршка,моето стебло за кое што се држев цврсто.Толку многу го сакав,толку многу се радував на секоја негова насмевка.Толку многу тој ме сакаше,живееше за мојата среќа,за моите успеси,за моето добро.Неговите последни зборови кои што ми ги кажа `Господ да ми те чува` секогаш ќе одекнуваат во мојата глава,за уште повеќе да ја зголемат болката,болката која што никогаш нема да стивне... ;( И сто години да поминат твојата слика дедичко никогаш нема да избледе,таа секогаш ќе стои длабоко во мене да потсетува на едно богатство кое што го имав, кое што бев благословена да го имам.Сега се е празно без тебе дедо,се е поинаку,се е толку,толку погрдо.А Јас ќе се потрудам секогаш да живееш,дедо,на сите ќе раскажувам каков човек беше ти,но за жал Бог секогаш ги зема најдобрите како тебе.Знам дека сега си на едно подобро место и ме чуваш таму одгоре.Не можам да ти кажам дека повторно ќе се гушнеме,дека повторно ќе ме погалиш,а јас повторно ќе те бакнам,но со сигурност можам да ти ветам дека секогаш ќе живееш насекаде околу мене,длабоко,длабоко во моето срце. :l: Таму имаш едно посебно место кое што никогаш и никој нема да може да го земе.
     
    На Foreveryoungiwannabe, La.Reina.Del.Sur и ludoto19 им се допаѓа ова.
  6. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Пред една недела поминаја 2 години откако си замина од овој свет.
    Откако се откина најголемиот дел од мене. Парче по кое вечно ќе трагам, рана која никогаш нема да зацели.
    Беше заслужен за многу работи кои ги постигнав во животов. Беше личност каква што никој друг нема да биде! Беше семеен човек, но и доктор кој успешно ја вршеше својата должност и беше еден од најдобрите, нема да згрешам ако речам и најдобар. Беше пензионер кога јас се родив, но медицината никогаш не ја напушти. Можеби недоумицата дали да одам медицина, или не ја реши ти, но не ми рече ништо туку само - „Цуце учи шо сакаш, нек не те терет другите.“ Така и е! Учам тоа што го сакам...
    Никогаш нема да ги заборавам долгите часови поминати со тебе, играњето карти, дупките направени на навлаките до фотељата од цигарата која остануваше недопушена бидејќи многу те задевав, дрдорењето на се и сешто. Пред некој ден се сетив на денот, дојде и ме виде каде што плетам и ми рече „До после една педа да имаш сплетено“, речено сторено беше и повеќе од педа. Беше маж ама не се срамеше да застаниш на машина за шиење или да земиш игли и вуница и да плетеш.
    Толку среќни моменти минати крај тебе. Колачите со цимет кој никој друг не знаеше да ги прави освен тебе, маринирано месо во највкусната маринада на свет, и никогаш не пропушташе да речеш, кога ида те прашаше некој за нешто „....И сто грама марифет“.
    Си го изживеа своето, го исшета светот. Беше и голем гурман.
    Носеше трегери дека „меот ти беше поголем од г’зот“ :D твоја изречица повторно. И среде зима седеше со маица по кратки ракави а јас се чудев како не ти студи, и ден денес се чудам.
    Таа проклета недела ме разбуди плачливиот глас на мајка ми: - „Деца, го немаме веќе..“ Заплака и ја напушти собата. Не им поверував на ушите што го слушнаа тоа, и останав во креветот липајќи и задушувајќиго липтањето. Тој ден ме уништи одвнатре. Плачев, плачев и само плачев и никој не омжеше да ме смири. Беше единствениот дедо што го имав, а јас те сметав за татко. И те изгубив, доста рано за што ми е многу жал.
    Да ти имаше 80 години, но за мене не беше стар. И мајка ми тогаш призна дека го изгубила таткои, а не кога го изгуби нејзиниот вистински татко. Беше најпосебен, сите те сакавме многу.
    Твојата смрт ме погоди премногу бев тотално изгубена во просторот. И како мало детенце се прашував „Зошто баш тебе мораше да ми те земат?!?! Зошто баш онај кој го сакав најмногу?!?!“
    И среде ноќ ја будев мајка ми да ја прашам „Зошто те немаме веќе?“
    И сите Зошто, не добија свое затоа...
    Ти ветив и ќе го исполнам своето ветување! Ќе станам личност со која ќе се гордееш, макар од таму горе.
    Ти си сега во еден подобар свет од тој тука. И јас верувам дека еден ден повторно ќе се сретниме, некогаш... И повторно ќе се прегрнеме, ќе дрдориме, ќе изиграме една партија карти, домино или шах, на кој никогаш не те победив.
    И по 2 години се наоѓам каде што плачам без престан, и како од нигде никаде ми навираат солзи... Затоа што проклето ми фалиш!
    ЗНам дека оваа болка никогаш нема да стивне. Дека до мојот псоледен здив ќе остане тоа скинато парче. Но ти си тука! Во мене!
    И сеуште се фаќам каде што викам: „-Од бабати фрчилото“ ; „-Сто грама марифет“ ; „-Ај Бог шо е арно“ и ред други твои изречици.
    И никогаш, апсолутно никогаш нема да престанам да те спомнувам. Ќе живееш додека живеам и јас, макар само во спомените, молитвите и муабетите.
    Вечно прикован во моето срце! Те сакам!
    ;( ;( ;( ;( :hug: :l: :l: :l:

    Бог да ти душа прости!
    Го заслужи местото во рајот, бидејќи срцето ти е многу поголемо од твоите гревови. Во тоа сум тотално сигурна! :hug:
     
    На 1209, Foreveryoungiwannabe, kika13 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Две години :| Две години откако нашето ангелче не напушти ;( две години поминати во болка, зарем мораше да биде таа, таа која само што почнуваше да го живее животот, таа која со своите 6 години беше најпаметното дете, ги имаше најубавите плави очиња и плаво косиче, секогаш убаво средено, фатено со кики или прекрасно венче на главата...
    Умееше да зборува така како ни едно друго дете, толку нежно ;( Зошто проклетата болест ја однесе, зошто нејзините ги остави со скршено срце, со болка во душата и сјај во очите...

    Денес додека бевме во нејзиниот вечен дом, мајка и легна врз гробот, очајно молеше да стане и барем уште еднаш да ја прегрне и да и рече "мамо", солзите се тркалаа низ лицата на сите присутни, болката гушеше, солзите не сакаа да запрат...

    Зошто животот е ваков, зошто мора да не оддели од оние кои најмногу ги сакаме...

    Почивај во мир сонце мое, ми фалиш ;( ;(
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Кога имав само 1 годинка е загубив баба ми.Не е памтам.Кога имав 11 години го загубив дедо.Го сакав многу,чуствував голема болка.Т.е дедо и Тоше си заминаа и двајцата во иста година.Чуствував голема тага.
    Пред 2 години изгубив многу драги личности,моја другарка која ми беше толку мила,си заминаа заедно со мајка и татко е на небото.Ангелче беше целата.
    Многу ми беше мака и жал а беа толку млади.И денес кога ќе поминам покрај нивната куќа ми се будат спомените,не се случило да поминам тука а да не пуштам солза.

    Болката е голема,но спомените остануваат....
    Никогаш нема да ги заборавам.Ве сакам! :l: :l: :l: :l:
     
  9. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Пред 3 год. (кога имав 12 г.) мајка ми почина во сообраќајка.Јас бев многу блиска со неа, и не прифаќав да живеам без неа, сакав да се убијам , неможев ни да јадам ни да пијам(после 2 дена дехидрирав и инфузии ми ставаа) само седев во соба, не можев ни да плачам. Па дојде баба ми од татко ми(да не беше таа којзнае кај ќе бидев јас сега, се плашам да не ја изгубам и неа, не знам што ќе правам тогаш :worried: ) и ми кажуваше како ми се радувале кога сум се родила, дека мајка ми сакала да ја гледа мојата насмевка. Поради неа јас продолжив со животот. Дека не бев многу блиска со татко ми, се преселив во друга куќа, поблиску до моето школо, и на ѕидот од мојата соба имам голема урамена слика од мајка ми, и кога ќе ја погледнам се смеам, а истовремено плачам.
     
  10. M.arija

    M.arija Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    268
    Пред 8месеци починаа мојот најсар батко кој имаше само 30 години. :(
    Иако замина тој засекогаш ќе остане во моето срце ;( ;(
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    42.136
    Пол:
    Женски
    Моите роднини фала му на Господ сите се живи и здрави и секоја вечер се молам така и да остане, но имаше смрт во мојот живот, многу млада ја почуствував таа болка.Кога бев 13, сеуште пресни тинејџерки бевме со другарките, толку ненадејно и болно, една ноќ промени се и зеде една од нас.Бевме среќни женски, знаете, се дружевме секој ден после школо, ни гледаше на кафе, на карти, колку беше само весела и расположена секогаш, креативна до бескрај и интелигентна за сите нас на тие години.Зрачеше, имаше толку живот во неа...За жал некој решил дека тоа не треба да остане така.Иако официјалната приказна е дека се самоубила, сите знаат дека некој е виновен за нејзиното убиство, ете се заташка така, приказните ги фрлија нејзините во очај, нас не ставија на мисла дали сме ја познавле како што мислевме дека ја знаеме.И така остана приказна ко на филм, која уништи многу животи.Се сеќавам излегувавме истата ноќ, се сеќавам на секој можен момент од таа вечер, од утрото потоа и мислам дека никогаш и нема да престанам да се сеќавам.Тоа е врежано толку длабоко и толку болно што едноставно ни времето неможе да го излечи.
    Често ја вадам кутијата со спомени, го читам дневникот, а таа е на секоја можна страна, во секоја реченица, го мирисам парфемот и ја чувствувам, толку свежо како само пред час да сум и ја затворила вратата од таксито пред нос.Мислам дека тоа што случајот остана нерешен, прави да се сеќавам уште повеќе.Ја знам јас неа, знам дека го љубеше животот и нејзините и ги знам соништата, знам дека немаше маки, беше среќно дете, знам дека никогаш не би посегнала по сопствениот живот.
    Знам дека сега ќе беше прекрасна девојка, згодна, паметна, може ќе ми беше и колешка или ќе учеше Архитектура зошто таа беше поспособна од мене со логиката, ќе беше добра ќерка и ќе ја тешеше сестра и за нејзината загуба.А сега, незнам...ја нема ни мајка и, а со тоа нема веќе посети во домот, не сме и веќе поткрепа, ниту таа на нас.Сега палам две свеќи место една, плачам за две драги женски срца, се надевам дека се заедно, ако постои такво место, сакам да верувам дека се нашле, зошто разделбата толку болеше, мајка и ќерка, дете таа врска е нераскинлива.
    Нам ни останува само да се сеќаваме и признавам тагувам уште понекогаш и после 7 год,ми недостига ужасно, чинам со неа замина и моето детство, убавите тинејџерски спомени, таа е дел од сите нив,со нејзината смрт заврши еден мој живот и почна нов.Иако не се осудувам да тагувам на глас повеќе, зошто знам дека некој друг има повеќе право на тоа, сепак мене ми беше само драга пријателка, ама ја сакав и би дала се, место на нејзиниот гроб да одевме заедно на кафе,утре да славевме роденден и да бевме пет...на некое друго место, ти ветувам.
    До тогаш ти ја посветувам песнава, уште еднаш
    http://www.youtube.com/watch?v=jkCoYQPqCEc
    Зошто мрдавме колкови во нејзин ритам, до бескрај...
     
    На thinkerbell, karmenka, zarah и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Тоше Проески и Мајкл Џексон. ;(
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    25.12.2014....
    25.12.2016...

    Кога сите славеа Божиќ..ти не напушти:u:
    Како да зема дел од нас..
    Наместо да се радуваме заедно на Божиќ, плачевме и се прашувавме зошто баш на овој ден...

    Ми фалиш и ќе ми фалиш додека сум жива... :l:
     
    На stetoskop, cresa-jagoda, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Tatko mi go nema veke 8 god.;( no spomenite seuste se tuka, ustvari toj seuste e tuka, zivee vo moite sekavanja, vo moeto srce. Premnogu mi nedostasuvas tatence;(da bese ziv se drugo ke bese
    Te sakam!!
     
    На stetoskop и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    ;( ;(

    Имам толку многу да пишувам, ама бесполезно е.
     
    На stetoskop, ЕденЧлен, bella.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Секогаш ке биде тешко,можам 5 дена без престан да пишувам на темава.Едноставно ни преостанува да се навикнеме да живееме без нив,и да ги имаме само убавите спомени од нашите најмили,кој за жал не напуштиле прерано.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.