1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние не сме семоќни - препуштање на виша сила

Дискусија во 'Религија' започната од blonde_supergirl, 29 јули 2017.

  1. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Секогаш мислев дека со мојата волја, одлучност и личност можам да сменам многу кај себе и во мојот живот воопшто. Некако бев навикната на контрола врз себеси. Тоа ми се врати на најлош можен начин, нема да навлегувам во тоа сега.
    Сега учам едноставно да се препуштам на вишата сила ДОДЕКА си го работам својот дел - оптимизам, молитва, верба (без тоа, никаде!), надеж, многу љубов, емпатија и сл. Мислам додека навлегувам во религијата повеќе, овие нешта си доагаат сами по себе. Ја читам книгата за старецот Пајсиј, прекрасно нешто! Всушност тој зборува во неа и како да ја почувствуваме Божјата благодет, Неговата промисла, зборува за тоа да го најдеме местото од нашиот ум кој произведува добри помисли, зборува за психолошки проблеми, здравствени, за сиромаштија, за богатство, за се. Ви ја препорачувам ако можете да ја најдете, мене ми ја даде мојот духовен отец.
    И така решив што помалку да мислам на своите проблеми и својот живот, да го окупирам умот со друго, да научам самодисциплина и да се препуштам на виша сила. Зошто дојдов до точка кога едноставно неможев повеќе за ништо да се придржам, да се фатам, освен за вербата. И љубовта.
     
    На ЕденЧлен, fallenangel, "Zoki" и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.498
    Допаѓања:
    78.428
    Пол:
    Женски
    Убава тема. :)

    Многу ми е драго што ова го читам. :) И јас сум некаде на тој степен, не ме интересира ништо материјално, ништо што на моето тело би му одговарало, туку работам на мое одухотворување и тоа ми е најважно. Само мир и љубов да има. На светов доаѓаме со празни раце, такви и си одиме, овде сме само гости, да ја покажеме својата вера, да го нахраниме својот дух. :)
    Сметам дека без Божја помош, ништо не можеме ние луѓето. Секако, ова се покажало како точно во многу случаи. Еден од омилените цитати ми е: I can do all things through Him which strengtheneth me. :) Секогаш кога самата не можам да направам нешто, секогаш кога велам ,,Господи, помогни ми", веднаш ја добивам помошта Негова. :) Затоа велам дека за човек со чисто срце нема пречки, Бог е со него. Долг и тесен е патот до достигнување на тоа, но вреден да се оди до крај. :)
     
    На fallenangel, "Zoki", Petra777 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Prekrasno milo mi e stp ja cuvstvuvas negovata blagodet i promisla. Neka se sekogas vo tvojot zivot. Topol pozdrav.
     
    На "Zoki", Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.672
    Допаѓања:
    12.170
    Книгата ќе видам дали во библиотека ја има. Инаку, и јас правам се што можам да ми биде подобро, имам висока самоконтрола и самодисциплина и се молам и јас како тебе. Знам дека некои работи во животот се предодредени. Инаку гледам дека луѓето се помалку имаат самоконтрола и самодисциплина, дури ги презирам тие што живеат така како муви без глава, од ден за утре.
     
    На "Zoki", sonuvana, blonde_supergirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Must have книга од Старец Пајсиј.
    После првото читање само може да се издигне човек на повисоко духовно ниво.

    Погоре членките спомнавте дека не ве интересира ништо материјално.
    А да се преиспитаме малку дали не не интересира?!
    Се што не опкружува е материјално. Куќите во кои живееме, покуќнината, облеката, храната.
    И што е чудно во човечката природа е да стремиме кон повеќе.
    Дали сте спремни да оставите се и да заминете некаде каде ќе ги немате сите тие работи.
    Колку е помлад човек толку е потешко да научи да се воздржи од секакви искушенија, па и материјални.
    Но, мора да се почне од некаде.
    Добро е што на време сте сфатиле некои работи. Ви посакувам да напредувате кон повисоко духовно ниво.
    :hug:
     
    На "Zoki", ♡BuBaLe♡, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.498
    Допаѓања:
    78.428
    Пол:
    Женски
    Јас да. :)
     
    На "Zoki", sonuvana, blonde_supergirl и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Овај живот е лага.
    За жал премногу придаваме значење на материјалното кој во поголема,кој во помала мера.
    Верувам со цело срце и душа дека постои Господ,и тоа во олицетворение на Св Троица(Отецот,Синот и Светиот Дух).
    Како мала,верував во некоја виша сила,но никој не ме учел каква е таа сила,никој не ми наметнал верба.
    Како растев,самата осетив потреба да бидам верник,почнав често да одам во Црква,да постам,да се молам.
    Почнав да ја читам и библијата неодамна,и се задлабочив и просветлив уште повеќе духовно.
    Ми треба уште многу,уште не сум на вистинскиот пат,но со искрена желба и љубов целам кон тоа.
    Често знам да кажам дека сум грешник кој се кае,и знам дека не сум за во рајот,но дека кога би можела да одам во рајот,овај земски живот веднаш би го напуштила иако сум млада и животот е пред мене.
    Рајскиот живот е многу подобар и од сите овоземски луксузи заедно.
     
    На steela.honey, Outlook, fallenangel и 12 други им се допаѓа ова.
  8. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Од ден за ден живеат - или луѓе што само толку можат да размислуваат, или напатени души кои од се кренале раце па гледаат да изгураат ден. За книгата јас ја најдов во Црква, таму ми ја дадоа, пробај побарај ја! Гарантирам дека ќе те промени, јас бев некако ноншалантна кога ја зедов, но старецов навистина бил просветлен и - што ме изненади- упатен во секакви болести и страдања човек што може да ги има а воедно не ја отфрла медицината. Навистина вредно. За повеќе пати да се чита.
     
    На "Zoki", Tanjamm, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  9. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    За жал денес многу луѓе се фокусираат на материјалното, но тие никогаш нема да почувствуваат вистинска среќа и нема да ги ценат вистинските вредности. Во животот се е минливо, а ние треба да работиме на нашиот духовен мир и меѓусебно да си помагаме. Треба секогаш да се молиме и да веруваме во Господ, а не само кога ќе имаме тешки денови. Молитвата многу помага за човек да има душевен мир.

    Помогни си сам за и Господ да ти помогне. Секогаш добрите дела се наградуваат (со мир,среќа и исполнетост) Сама ја почувствував потребата да бидам верник, но имам уште многу работи кои треба да и научам.
     
    Последна измена: 31 јули 2017
    На Outlook, "Zoki", EvAngelos и 3 други им се допаѓа ова.
  10. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Старецот Пајсиј баш напомена и за оние незгодни моменти во текот на молитвата кога надоаѓаат непријатни мисли, вели дека тоа е средство на лукавиот и да имаме концентрација. На вас ви се случува ова?
     
    На eliesaab, friendy, "Zoki" и 2 други им се допаѓа ова.
  11. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Супер тема!
    Да кажам нешто и јас, да го споделам моето искуство. Поради тоа што сакав во животов. Ми се случуваат страшни работи, се соочував со све. Имаше моменти каде се откажував све. Заради една грешка во животот, заради тоа што засакв, затоа што се препуштив без да размислам доволно. Сега ја плаќам грешката по големаа цена. Изгубив све што имам. Мислам дека и јас самата се изгубив во ова самотија. Кога почнав да се соочувам со реалноста, почнав да се соочувам и со тоа дека веќе се се случи. Почнав да се соочувам и со анксиозност, што често се прашував што ми се случува, чуствувам дека сум болна. Почнав секоја вечер да кажувам молитва, да се молам да Господ, почнав да се каам за тоа што го направив. После некое време се чуствував многу полесно. Се сменив како личност, вербата во Господ ми стана голема. Сега се молам секое утро откако ќе станам. И благодарение на Бога, сега се чуствувам многу подобро, тој ме спаси од лошите ситуации, беше секогаш со мене. А, сега дури имам и пресказание. И, едвај чекам да се исполни и да ви кажам дека сум сосема добра, среќна и слободна.
    *Сакам да ја раскажам мојата приказна, поучна приказна од која многу од девојките ќе се спасат. Ќе размислат и ќе сватат дека некои работи во животот многу се плаќат, бидејќи не живееме само денес или само утре, живееме еден цел живот. Сакам да помогнам на другите, бидејќи знам дека ги има многу.
    - Вербата во Господ ме направи да верувам во чуда.
     
    На ♡BuBaLe♡, Outlook, fallenangel и 5 други им се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Слободно раскажи ни!
    Браво за тебе и твојата верба!:hug::hug::hug:
     
    На La.loca, "Zoki", carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    10.094
    Пол:
    Машки
    Баш така. За жал многу верници денес Господ го третираат како келнер и го бараат само кога имаат потреба. Гоподе ова ми треба, она ми треба и чао пријатно, се гледаме при следната нарачка. Или пак го третираат како резервна гума и го бараат само кога ќе им се „дупне гумата“ во животот, кога ќе имаат некоја потреба, несреќа, трагедија и сл.
    Дали вие би сакале да се дружите со пријател кој ќе ве бара само кога има потреба од вас и ќе ве гледа само од корист? Епа ни Господ не сака такви. Ако сакаме да имаме вистинска полза од нашата вера, не треба да го третираме Господ како резервна гума во гепекот, туку како волан кој го управува нашиот живот. Залудно ќе се фалиме дека го имаме Господ во нашиот живот, ако ние си вртиме по свое. И што е најжалосно, кога вртејќи ќе треснеме у некоја бандера, после Господ ни е крив и покажуваме со прст кон Него и му викаме: Зошто го дозволи ова Боже? Каде беше да ми помогнеш??? Епа во гепекот на колата го имаше ставено ти, а твоите раце беа на воланот. Да беше Бог воланот, можеби немаше да западнеш во таа ситуација.
    Можеби ќе прашаш што да направам за Бог да биде волан во мојот живот? Ако сакаш Бог да управува со Твојот живот, почни да го читаш Светото Писмо и води се по Неговите инструкции таму. Simple as that. Секако ова треба да биде придружено со искрени и редовни молитви. Ќе има ситуации кога ќе ти биде тешко да му бидеш послушен на Бог. Во тие моменти најчесто љубовта кон Бог ни оладила, на сметка на љубовта кон световното или гревот. Да е трудиме да биде обратно.
     
    На Tanjamm, blonde_supergirl, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Не можам да го сватам Господ буквално.
    Можам да го сватам како фрактална форма која што се одсликува, како ехо, како бран, како универзум, како вселенски организам, небесна машина од која што и ние сме дел.
    Само проблемот е што тоа сваќање колку и да е вистинито, не нуди припадност, утеха и лажна надеж и штом еднаш го согледаш ќе го гледаш секогаш.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Госпо ги сака сите.
     
    На "Zoki", blonde_supergirl и mira.mira им се допаѓа ова.
  16. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    7.309
    Gospod gi saka site bez razlika dali postojano ili odvreme na vreme veruvaat vo nego, i dobrite i loshite. Gospod moze da go vikate kako sto sakate no toj e eden. Moze i da ne odite cesto vo hramovi , no da se molite vo sebe so otvoreno srce i chista misla , sekogas ke ja chuvstvuvate silata na univerzimot , Bog koj pomaga sekomu.
     
    На "Zoki", Tanjamm, blonde_supergirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Се убаво, ме радува што на некој начин си го добила душевниот мир, само не знам како го доби тоа претсказание? Многу често знаеме да бидеме искушувани преку такви лажни претсказанија и да си мислиме дека сме нешто посебно во споредба со другите, а сме ништо.
    Што ќе се случи доколку тоа е лажно и не се исполни?
    Дали ние обичните смртници сме достојни да добиваме такви претсказанија?
    Да често, но тоа значи дека сме на другата светлата страна. ;) Кога сме на еден начин прекинувани и не можеме да се сконцентрираме тогаш и "Господи помилуј" има подеднакво исто дејство како и некоја подолга молитва или пак "Господи Исусе Христе помилуј ме мене грешната".
     
    На Rama, blonde_supergirl и sonuvana им се допаѓа ова.
  18. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Моите претсказанија ги добивам преку сон. Не знам како ќе ме сватиш со тоа, но можам слоодно да кажам дека за секоја случка во мојот живот пред да се случи знам, дека ќе биде нешто. За жал неможам да сменам, но се трудам да бидам смирена. Порано не знаев што и како значат, но сега веќе знам све. Можеби и ми е наследно, баба ми беше жена која ги лечеше луѓето од рак, од уплав и сл. Им помагаше на сите, без оглед на вера и нација. Мајка ми исто така има предсказанија како мене, па еве сега и јас. ( Можам да ти објаснам и многу случки ,што ми се имат случено)


    На ова прашање, ќе ти одговорам во текот на следната недела, бидејќи како што мислам тогаш треба да се случи нешто, односно да добијам убава вест.

    Сите ние сме дело на Господ, од нашите грешки треба да учиме и да знаеме да се покаееме за грешката, да побараме милост на тие што сме им згрешиле, а прво да си простиме на самите себе. Доколку ние не можеме да си простиме на самите себе, како можиме ние да очекуваме од другите да ни простат? Сите ние сме достојни, да се покаееме, и да продолжиме за се движиме во наскота кон добрите дела. А, Господ е тој кој знае на како и што треба да подари.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Најголемите светци со години се молеле да добијат "вистински" претсказанија.:nod: Човек треба да биде духовно зрел и со чисто срце.
    Што да ти кажам, треба да се преиспиташ дали си на прав пат?!
    И да знаеш дека ни беше кажано и бевме предупредени дека ќе се појавуваат лажни пророци.
    Старче, сонувам лоши сонови, се измачувам…
    Кога ќе се случи да сониш нешто лошо, не размислувај за тоа што си го видел, како си го видел, дали и колку си виновен за сонот. Ѓаволот, откако не успеал да те порази додека си бил буден, те посетува ноќе. Понекогаш Бог му дозволува да нѐ искушува додека спиеме, за да ни укаже дека стариот, гревовен човек во нас сѐ уште не умрел. Другпат, нечестивиот му се приближува на човека на сон и му внушува различни сонови за да го растревожи кога ќе се разбуди. Токму затоа човек воопшто не треба да обрнува внимание на своите сонови. Пред спиење, прекрсти се себеси и постелата, земи си крсте и икона на перница, и кажувај ја Исусовата молитва додека не заспиеш. Колку поголемо внимание им даваме на овие сонови, толку повеќе ѓаволот ќе нѐ вознемирува преку нив. Дури и на децата, иако се малечки ангелчиња, им се случува да сонуваат кошмари. Непријателот доаѓа и ги плаши на сон, и тие се будат преплашени, и се фрлаат во мајчината прегратка. Од друга страна, понекогаш ги посетуваат ангели, па тие од радост се смеат спиејќи, или пак се будат со огромна насмевка. Значи, соновите се надворешни искушенија што нашиот непријател ни ги приредува додека спиеме.
    А може ли, старче, поради сонот што го сонил, некој да предвиди што ќе му се случи во иднина?
    Не, не им обраќајте внимание на соништата. Без разлика дали се „добри“ или „лоши“, не треба воопшто да се обѕирате на нив, зашто е опасно, и може да се опрелестите. 95% од сите сништа се прелест. Затоа светите отци ни велат дека не треба да им обраќаме никакво внимание. Многу мал број соништа се од Бога, но и да се од Него, за човек да може да ги разбере треба да има чисто срце, но и да биде особено свет, како на пример, праведниот Јосиф или пророкот Даниил од Библијата, кои имале дар од Бога. Даниил му го раскажал и протолкувал сонот на Навуходоносор. Но, замислете ја духовната зрелост што пророкот ја имал! Бил фрлен во јама со лавови а тие, иако биле гладни, не го повредиле. Авакум му донел храна, а Даниил му рекол: „Боже, зарем си спомна за мене?“. Ако Бог не си спомнал за пророкот Даниил во лавовската јама, тогаш за кого би спомнал? Исто така, најчесто го сонуваме она поради кое што се грижиме дење. Кога некој е загрижен, или е многу изморен, тогаш нештата што го загрижуваат или изморуваат ги гледа на сон. И мене честопати ми се случува тоа: дење се справувам со секакви луѓе и со нивните проблеми, на пример, со неправдата што ја искусиле, и ноќе сонувам како се расправам со неправедните, велејќи им: „О, безбожнику, зарем немаш чувства?!“ – и се будам од сопственото викање.

    Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: https://pravoslavie.mk/razgovor-so-starets-paisij-za-sonovite/ .
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На Rama, sonuvana и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  20. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека сум на вистинскиот пат. Според моја гледна точка се е во ред.
    Зошто тогаш кога чустував страв од Х причина, на сон ми доаѓа светец кој ми вика дека воопшто не треба да се плашам и дека тој е покрај мене. После тоа се чуствував многу подобро.
    Текстов го имам читано, исто така имам читано дека и не треба да се верува во сонови. Но, јас верувам и знам дека ќе се исполни, бидејќи досега све ми се исполнило без разлика дали добро или лошо.
     
    Последна измена: 3 август 2017