1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние не сме семоќни - препуштање на виша сила

Дискусија во 'Религија' започната од blonde_supergirl, 29 јули 2017.

  1. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Виша сила? Вистина? Во 21 век - вие уште барате виши сили?? Ајде да зборваме за тие семоќни виши сили? Зошто не се фер? Зошто на ѓубрињата им даваат се, а на луѓето кои се добри и не прават зло - не му дава ништо? Да ви ја разјаснам убаво политиката. На времето луѓето имале и кралеви и кралици - и пак не им се плашеле многу. И ги убивале ама до кога можело така? Затоа религијата била тука, како алатка, да не држи покорни и да се плашиме од некаков си суд таму кога ќе не нема од овој свет. За да не правиме разврат. И погодете што? Поповите се разведуваат во Македонија. Точно. Зошто тој не се жртвувал за да бидат децата среќни а? Знам пример, ене го човекот уште си е поп - со втора жена, едно дете од неа, другата жена и двете други деца - ма кој ги врти. Да не се лажиме милички женички мои. Самото тоа што тука само си пишиме и си ги кажваме маките, значи дека признаваме дека како жени - сме втор ранг на луѓе. Мажите се први и секогаш ќе имаат власт над нас. И ние со религијата се чукаме вгради и велиме - ние поштените и добрите женички. Вејк ап! Додека сме живи - ајде да си ја пуштиме душата. Со или без мажи, со или без деца - само овој е животот. Еден. И толку. Не сакам да живеам во каење за нешто што сум го направила или не. За нешто што немам - имам две раце. Ќе кинат и ќе си прават пат напред, и нема да цивкам - аман поможи ми господе. Ако нештото не треба да го имам - нема да го имам. Ама тоа нема да ме спречи да имам се останато - или да кукам само за една работа кога има мал милион работи на овој свет.
     
    На Dim40 и Gosh им се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @macencef Подобро еден ден во животот како лав, отколку цел живот како глушец.
    @La.loca Што и да ти кажам ти си цврсто убедена во своите ставови.
     
    На Rama, macencef и La.loca им се допаѓа ова.
  3. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    така е, ниту се кријам ниту пак ќе молам. ако можиш пред луѓето да стоиш исправен и пред горниот ќе можиш. во моментот кога ќе ја свиткаш кичмата, знајш зошто те остава на мира горниот? оти не си човек повеќе, туку глушец. убо го кажа тоа
     
    На Dim40 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Извини вака, ама најсериозно го мислам ова, без никаква навреда, сарказам, иронија, задна намера... Треба да си побараш помош од психолог или психијатар...

    И жал ми е што никој од твоиве не те ,, искара,, за ова мислење и не те посочи поинаку, туку уште и лајкови ти ставаат.
    Ете го тој морал и етика, браво!

    Навистина ми е премногу жал...

    FB_IMG_1501935973868.jpg
     
    На theowndemon, Dim40 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    @Gosh Едно ќе ти кажам:Тука сите добро знаат колкав верник сум јас не да се фалам де:D:P ама сметам дека не сум до толку некој си верски фанатик па да се запрашам дали сум во право за моите ставови во врска со рајот.
    Точно е дека на неколку пати сум го рекла ова пред моите и ме искарале и тие,ама исто така не можат да ми го сменат мислењето.
    Факт е далеку сум од безгрешна,и ќе ми треба уште многууу да стигнам до рајот,ама јас знам дека тој постои и дека да можам да бирам меѓу сите богатства и луксузи од овој свет јас би ги отфрлила да одам во него.
    Ова нешто како хипотетички де,пошто ниту сум богата,ниту сум во луксузи,обичен смртник од средна класа сум,само како пример наведив дека се што имам и немам би дала за влез во бесконечниот рај8)
    За тоа дали чекам да умрам,па што да ти кажам,додека ми е одредено нека живеам,се оставам во Божји раце.
     
    На carangigia и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Ок е да не си верник, од кои причини и како не битно ама не ми е јасно, зошто сме ние жените од втор ранг ??? Затоа што некоја жена се пожалила ? Тоа не е одраз на слабост туку еден чекор кон решавање на проблемот т.е маката. Ти мислиш на мажите се ружи им цветаат, па они се у прв ред ? Каква врска има религијата како институција со вербата во виша сила??? Ако сакаш тема можеш да отвориш и да се произнесат членови за неброени религиски манипулации од дамнина до ден денес. Не значи ако веруваш во Бога дека Црквата те манипулира.И не се сите попови разведени. кај нас барем се третираат нормално за разлика од католицизмот. И не ми јасно ова со каењево, каква врска има тоа со Виша сила? Секој различно го гледа и од свое животно искуство ама тврдењава твои не ги гледам во корелација со темава. Ако јас добро ја разбрав темата, станува збор за ситуации кога човек нема моќ над одредени работи, колку год да дава сигурност контролата на сопствениот живот, секогаш не е така. Колку моќ има еве маж нека е, де, од сипаници или заушки останал стерилен. Да може да има деца ама да си посвои. Еве не е за жена примерот, на тој маж лесно му е? Ма да, како не, лета од радост. Секој од нас,маж или жена своето го тегне и нема тука на овие им е супер, оние премираат од пети ред :)
     
    На Rama, blonde_supergirl и La.loca им се допаѓа ова.
  7. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Препуштање на виша сила... КОГА веќе немате каде, немате каде да се наслоните, на што, кога сте втерени во агол, на тоа се однесуваше мојот пост, на кој колку му треба за да се препушти на виша сила? Јас се препуштив зошто тоа нешто единствено ми преостануваше. Што се однесува до овој/оној рајски живот, материјално и сл, мислам дека пред се, треба да го најдеме соодветниот баланс на нештата како материјалните. Ни требаат, да, имаме фичо, некој има ауди, и двете се коли, но зошто со штедење на не заработиме доволно за да си земеме автомобил со подобри перформанси, најнакрај за наше сопствено здравје. Ова само како пример - не го потценувам материјалното во никој случај, но ако треба да бирам измеѓу материјално и духовно, секако дека духовно, па и тоа се однесува на моето препуштање. Пајсиј вели дека додека сме живи можеме да сме во пеколот или рајот. Јас сум на пример во првото. Откако сите опции се завршија и не ми преостануваше ништо друго, решив да се препуштам зошто немав каде, а знам дека Господ сите не сака. Во рајот или пеколот додека живееме секако ќе се сложиме, но тој напоменува дека се тие состојби на човечката душа во која таа може и да заглави после нејзината смрт. Ако овој живот ми е таков каков што е, со 20% убаво, ќе ги стиснам тие 20 % до мене, ќе ги гушнам и нема да ги пуштам, и секако дека ќе барам помош, спасение за оние 80. Не сакам веќе ако морам вака, па и после смрт да морам да теглам маки. Верувам во рај и пекол како состојби - големо да. Дали ги има и откако ќе престанеме да живееме? Незнаеме но сите еден ден ќе дознаеме, зарем не?
     
    На La.loca и Rama им се допаѓа ова.
  8. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Не. Нема со што да дознаеш бидејќи твојот мозок нема да функционира откако ќе умреш. Исто нешто што си осетила пред да се родиш.Се што знаеш е внатре во твојот мозок, електрични импулси и хемиски реакции.Ако некои апчиња се способни да ги сменат твоите емоции,твоето расположение, тогаш твојот ум е всушност целосно физичко нешто. Погледни ја Алцхајмеровата болест.

    Прва стаза:
    Заборавање на збор или име.
    Заборавање на текст самошто е прочитан
    Губење на нешта и поместување нешта на место а подоцна заборавање каде се ставени.
    Потешкотии во планирање и озрганицирање.

    Втора стаза:
    Заборавање на својата историја.
    Збунетост за себе и заборавање кој ден е
    Шетање и губење
    Менување на карактер и емоции
    Репетивено правење на одредени нешта.

    Трета стаза:
    Неспособност за комуникација
    Губење контрола на своето тело;неспособност за одење,зборење,седење и на крај голтање на храна.

    Гледај го видеово(препорачувам цело):


    На овие луѓе бе, духот ли и е нарушен или мозокот?Што е дух според тебе, и што ако човек нема дух,бидејќи уште немам видео некаков доказ за постоење на вакви нешто.Кај е рајот?Кај е пеколот?Од каде си сигурна дека баш тој рај и баш тој пекол постојат?Ако човек неможе да ги види, тогаш од каде знаеш дека постојат?Бидејќи си ги прочитала у некоја материјална книга напишана пред 2000 години која е полна со нелогичности, и од таму се решила дека оваа книга без докази Е ВИСТИНСИТА И НАВИСТИНА ПОСТОИ рај,пекој и господ.Што ако рајот и пеколот на куранот се вистинските?Или на останатите 4200 религии една од нив има вистинит рај?Даваш претпоставка дека билбијата е вистинита и тој бог е вистинскиот, БЕЗ НИКАКВИ ДОКАЗИ, само тоа си го одлучила бидејќи тоа ти годи и тоа највеќе го знаеш, и сакаш да постои.Неможеш да го сватиш дека животот е абсолутно 100% материјален и не е измешан со некои си чуда и маѓии.

     
    Последна измена: 7 август 2017
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Moze jas barem delumno da ti odgovoram, a koga kje vidi clenkata sigurno I taa kje pise. Kamo da bese se crno belo kako sto pisuvas ti. Alchajmer I mn dr bolesti, nagla smrt vo son I tn.se e rezultat na hemija I stareenje na kletkite. Teloto kako materija staree, dusata, mislata e onaa sto vo tekot na zivotot go odrzuva. A od kade doagja mislata, koj e toj impuls sto ja sozdava prvicno za da pocne procesot? Mozokot nikogas ne odmara, ni koga spieme, sto znaci deka kaj bolnite od alchajmer odredeni centri ne funkcioniraat kako prethodno no, dr da na pr. centarot za disenje I sl. Sto se odnesuva do raj I pekol, ako dobro procepkas kje vidis deka so mali razliki site religii slicno GI opisuvaat. Jas veruvam vo visa sila I mir po smrt vo nekoja druga dimenzija na postoenje. Paranirmalnoto dokazalo postoenje na duh, sila na molitva I sl. Ne znam zs ova se mesa so cuda I magii, verbata pravi cuda no, ne sekogas za zal. Ako nepostoi taa visa sila od kade se bezbroj svedostva na pr. covek 10 meseci pred da pocine ima mn morbiden son, povtorno mesec dena pred smrtta postojani kosmari. Mojata I tvojata I nicija potsvest na zdrav prav covek ne moze da ja nagovesti smrta, toa ni na kraj pamet ne bi ti bilo. I te kako izmesano e materijalnoto so duhovnoto t.e jas mislam deka e na zemjava samo vo dr dimenzija koja ima moznost da dopre do nas.
     
  10. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки

    А е од каде де доаѓа мислата бе? Одговорооот е:
    Во мозокот, поточно во Големиот Мозок(cortex), поточно во челното резне(Prefrontal cortex).Мозокот работи многу побавно кога човек спие.
    [​IMG]
    Делфините спијат со еден дел од мозокот со намалена активност и едно око затворено, двапати го прават ова(прво еден дел, потоа друг дел) се додека не се одморат. Мозокот е секогаш активен , да ама кога човек спие одредени делови се поактивни а други имаат намалена активност.Сите религии можеби СЛИЧНО го опишуваат рајот и пеколот, но тоа е нерелвантно,само нивните верници на тие религии одат во тој рај а останатите во пекол.Друга димензија?Од каде овие информации?Духови не постојат , извини ама Каспер не е вистинит.Сведоштва се безвредни ако нема докази дека стварно такви нешта се случиле.Пристраноста твоја си го прави своето.Човекот не е нешто интелигентно направено и неможе да се потпира врз неша кажани од други луѓе БЕЗ ДОКАЗИ.Неможеш да се сконцентрираш на една слика нацртана на посебен начин:[​IMG]

    Не е нормално да веруваш на туѓи љуѓе што тврдат глупости без докази, паѓаш во делузии и некои теории за заговор.Вербата не прави чуда, зарем секоја религија успева на сите?Не секогаш?Тоа е исто ко и да не се молеш.Светот не е константент, туку е случаен.Ти си случајно родена од баш тие два родитела од толку луѓе во светот, а баш твоите баби и дедовци се случајно сретнати од толку луѓе на светот... и ова оди со билиони години назад.НЕ Е ПОД НИЧИЈА ВИША СИЛА.Случајно може мене да ми се паднат 8400$ како бинго, случајно тебе можеби ќе ти се паднат 8400$ бинго.Разликата е што ти ги сметаш како БОЖЈО ЧУДО о леле, а јас го сметам како случајна среќа.Плацебо ефект.... .А за тебе лошо што ти се случува е само лоша среќа, а за туѓу луѓе е КАЗНА ОД ГОСПОД.Погледни ја религијата скептички и самата ќе сватеш дека се тоа само бесмислени нешта наменети за контрола на луѓето.Multiverse theory не е рејалибина теорија и не се потпира на ништо.Треба да престанеш со "Тој кажа ги видел господ " туку "A од каде да знам дека стварно си го видел господ?" Ако човек пред да умре сонува пекол или рај, во момент каде што телото се гаси, мозокот незнае што да прави користи се што е можно,на пример ти имаш зацртани фантазии и мозокот ги "остварува" како надеж дека ќе успее да го врати телото во живот.Ако лекарите/хирузите/.. не го спасат тој човек , едноставно нели - ќе умре.
     
    Последна измена: 7 август 2017
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Jas prasav kako zapocnuva mislata, prvata kaj bebe eve da bidam precizna, a ne dobiv naucen odgovor. Mesas babi I zabi, ne sum pisala ni koj odi vo raj ni koj vo pekol, pisuvas tipicna religiska sema. Jas ne sum pristrasna, jas sum ti ziv dokaz I svedok za postoenje na visa sila, ako postoi svetlina postoi I temnina I obratno. A za religijata ocigledno ti treba da sfatis I istrazis malku podlaboko ako te interesira, jas nemam problem so toa, daleku sum od fanatik. Jas se te razbiram, citnav del od knigata na starecot clenki ja posocija, se e OK ama koga procitav mlad bracen par treba da ima duhovnik hmmm znam nekolku para sto jadat I pijat sto kje kazel duhovnikot,znaci do tebe dali religijata kje te kontrolira ili ne.
     
  12. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Религијата контролира, сакај или не.Поради неа правеш одредени работи во животот, мали или големи.
    Во таква смила, подобро ќе беше да прашаш КОГА започнува мислата.И се знае дека е екстремно тешко да се истражат вакви нешта на гугл.Јас не сум тука стручњак по биологија, Пред да дадеш некои одговори, не е потребно да знам се што постои за да ставите дека верувате во бајки, не ги барајте одговорите од мене туку сами освестете се, ама не сакате, епа нема да ве бувам во ребра.Исто така ти си никаков доказ и сведок за виша сила, бидејќи немаш никакви докази.Мислата и Свеста не се докази.Напротив науката има 100 пати подобри одговори кои се логични за разлика од религијата.Ај чао идам на Hiatus

    Consciousness requires a sophisticated network of highly interconnected components, nerve cells. Its physical substrate, the thalamo-cortical complex that provides consciousness with its highly elaborate content, begins to be in place between the 24th and 28th week of gestation. Roughly two months later synchrony of the electroencephalographic (EEG) rhythm across both cortical hemispheres signals the onset of global neuronal integration. Thus, many of the circuit elements necessary for consciousness are in place by the third trimester. By this time, preterm infants can survive outside the womb under proper medical care. And as it is so much easier to observe and interact with a preterm baby than with a fetus of the same gestational age in the womb, the fetus is often considered to be like a preterm baby, like an unborn newborn. But this notion disregards the unique uterine environment: suspended in a warm and dark cave, connected to the placenta that pumps blood, nutrients and hormones into its growing body and brain, the fetus is asleep.

    Invasive experiments in rat and lamb pups and observational studies using ultrasound and electrical recordings in humans show that the third-trimester fetus is almost always in one of two sleep states. Called active and quiet sleep, these states can be distinguished using electroencephalography. Their different EEG signatures go hand in hand with distinct behaviors: breathing, swallowing, licking, and moving the eyes but no large-scale body movements in active sleep; no breathing, no eye movements and tonic muscle activity in quiet sleep. These stages correspond to rapid-eye-movement (REM) and slow-wave sleep common to all mammals. In late gestation the fetus is in one of these two sleep states 95 percent of the time, separated by brief transitions.

    What is fascinating is the discovery that the fetus is actively sedated by the low oxygen pressure (equivalent to that at the top of Mount Everest), the warm and cushioned uterine environment and a range of neuroinhibitory and sleep-inducing substances produced by the placenta and the fetus itself: adenosine; two steroidal anesthetics, allopregnanolone and pregnanolone; one potent hormone, prostaglandin D2; and others. The role of the placenta in maintaining sedation is revealed when the umbilical cord is closed off while keeping the fetus adequately supplied with oxygen. The lamb embryo now moves and breathes continuously. From all this evidence, neonatologists conclude that the fetus is asleep while its brain matures.
     
    Последна измена: 7 август 2017
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Kako moze da te kontrolira nesto sakal ti ili ne ako ne si zavisen od toa? Druga rabota, kakov dokaz ocekuvas da imam ili ocekuvas detail na javen forum? Ili vaka da pogledneme sto dobivam jas ako te lazam? A sto dobivas ti sto tolku uporno negiras se? A prasanjeto za mislata si bese ok, kako startuva impulsot, prviot poceten?
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Се виде твојата виша сила.Ти мене не ме лажеш, само си живееш во својот имагинарен свет. Се разбира виши сили постојат за тебе.

    Делузии. Делузии....
     
  15. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Taka neka bide, a da znaes kolku bi sakala da se lazam sama sebe :) A kako se vide mojata visa sila? Ti kako ja vide, jas seuste ne vidov zs e tvojot strav ete od kontrola neka e, zarem tolku si slab pa,kje te kontrolira nekoj?
     
    На blonde_supergirl и La.loca им се допаѓа ова.
  16. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    @Dim40 Веруваш во Господ?
     
  17. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Jas ne sum tolku sigurna, seuste razmisluvam, no ti mi izgledas prilicno siguren. Od kade??
    Ne zaboravaj sekoj ima pravo na svoe mislenje. Nikoj ovde ne e glupav ili nelogicen. Pozdrav
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Ne veruva I se plasi, sekoj se plasi od toa sto ne go razbira, a nasata logika seuste ne moze da go objasni.
     
    На La.loca и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  19. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Не.Моментот кога ќе добијам докази дека тој стварно постои, јас ќе станам верник. Ама тоа никогаш нема да се случи бидејќи господ непостои.

    Не се плашам од виши сили и такви глупости што "не ги разбирам", не давај неточни претпоставки за мене. Јас мислам дека вие се плашите да си ја запрашате вашата религија дали е вистинита или не и се потпирате на вашата среќа и сведоштва на некои луѓе како доказ.Не паѓајте во заблуди.
     
    Последна измена: 7 август 2017
  20. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Ти друже страшен неверник си. Не си доволно образован за да ја сватиш верата и религијата, а камо ли да го почуствувааш Господовото постоење. Ти не си никој, за тебе да ти се донесат докази за постоењето на Бог. Тука треба ти самиот да се потрудиш да стигниш до Господ.
     
    На blonde_supergirl, Outlook и Rama им се допаѓа ова.