1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    757
    Добро утро и од мене.Јас веќе две :coffee: испив.
    Денеска на работа,а немам воопшто ни воља на енергија,се чувствувам барем едно 20 години постаро.
    Сум почнала да се поправам,ми се јаде а треба симнам уште некои 7 кила,симнав 23 ама овие ги влечам со години ми се чини,никако да ги решам,стварно сум за никаде.
    Расположение како времево надвор :D Поздрав за сите
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    257.489
    Пол:
    Женски
    Ќерка ти и мојава изглеа се другарки, уште не доразбудена вика у дневнаааааа, мислев дамо она има ваков фетиш.
    А за чевлите јас гласам за втори ред, многу добри се двата пара. Инаку у македонска верзија да видиш у Пеко да не има нешто со пристојна штикла. Јас последно за свадба од Бисер купив една продавница на втори кат Дама се вика ми се чини и имаат доста избор.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sunshine*

    Sunshine* Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене,ќе ве дружам на темава, се пронаоѓам во муабетиве :) за година дена ќе имам 30 па се надевам примате и такви :) Поздрав
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Кафе испиено, појадок изеден, сега да се одмара. Вчера имав чистачка дома, па нема што и да се средува :) После да купам подарок за роденден на јатрвата и да спремаме риби за ручек... Времево е само за лежење во кревет со добра книга.
     
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Добро утро убави жени!
    И јас ве дружам со чајче од коприва, труднички де, после едно кафенце ќе шмрцнам.

    Убав ден, дождлив а топол. Знам дека сум за оваа група тука оти почнав да сакам есента, а порано само лето признавав.
    Сега барам опуштеност, пријатност и личен комфор. 8)

    Јас не се сеќавам на заклетва, а бев последна генерација на Титови пионири, ама можам химната Хеј Словени да ви ја запеам :D

    Убав ден :f:
     
    На lunicka, do-re-mi, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    38.527
    Пол:
    Женски
    Morgen zeni . @Moira i @Bozica1980 i moevo e isto . Samo mene me posteduva ona tattkoi go bara da stanat i normalno da gleda Rapunzel ili Frozen. I malovo isto vo 7h se budi. Go odnesov kaj tatkomu nek se zabavljaat jas da pospijam . Denes ubabo vremeto taman negde za setanje . Imajte ubav den
     
    На Moira, Bozica1980 и danichap им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.771
    Пол:
    Женски
    Добар ден од мене, работно :hai: И мојов од сабајле во седум стана, сакал во дневна. Секако морав да станам, иначе фино ќе го измарширав со татко му да поспијам малку раат. Ко за белја, малиов за викенди во седум станува, а кога треба за во градинка, одвај се буди. Ама сега дека домче си седи, со баба и дедо, да се опраи малку од сипаниците, си станува секој ден во седум. Саатот можам да го навијам по него... и така...
    Моира, за чевли види во ГТЦ, во Пјетро Шус, може да начекаш некои вакви. Таму се за нијанса поквалитетни од робата во околните продавници, евентуално во Полини да видиш. Пеко има погруби модели, не им се баш вакви нежни.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Членките на оваа група се оправдано отсутни ... на терен се (читај кујна), ама кај и да е ќе се активираат наскоро :)
     
    На pilenka и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  9. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Сега ја гледам темава, супер е :) Што фино ние вака повозрасните да си муабетиме. Инаку јас сум 36 недела, бебчево здравје Боже ќе ме изненади непосредно пред мојот 35 роденден. Кажувајте чаре некое за кичмава, ниту се стои, ниту се лежи, ниту пак се седи, многу ме боли :(
     
    На lunicka и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Е токму така, еве ме испружена после ручекот, после да не се чудам откаде ми килца плус. :)
    @LusySkyDiamonds јас со првото правев вежбички, така лесни некои јога вежби, побарај на јутјуб, и многу ми значеа. И масажа прија, ете мт да има работа :P
    Патем пред некој ден го ископав видео додека вежбав со стомак до заби, мм ме кришум снимаше, леле паднав од смеење, како мечка некоја незграпна, ама битно се трудев :P
     
  11. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    3.497
    EEEE па и јас сум за овие муабети со неполни 36 год. И јас сум после ручек и измацани два реда Милка, ќерка ми *додуше толку ми даде* не дека неможам повеќе и сега испружена како морж на кревет, па вечер по гости. Ај успат и едно прашање за Sky-butterfly колку е дозволена масажа во бременост, зошто искрено обожавам кога мм ме масира ама во бременост ја избегнувам, незнам од кај ми е таа информација дека може да предизвика контракции(facepalm)Поздав и убав остаток од денот:music:
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    61.277
    Не ми се верува, што ми се случи предмалку кога сакав да гласам во која старосна група припаѓам!!! За малку ќе се сместев во групата 36-40, а јас сум над 41!!! Тоа е супер, значи сеуште не сум „свесна“ за моите години и сеуште сама себе се гледам „млада“!!! 8) :)
    А, попатно да прашам што значи ѕвездичката и болдираните букви кај *Над 41?!? Пага во очи и да не е нешто недај боже навредливо??? (n)
     
  13. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    3.497
    Мислам значи дека си гласала за таа група, мене ми е болдирана претходната, без паника молам, па сите одиме нагоре, надоле е невозможно па нели:):inlove:
     
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Да тоа значи, мене ми е обележена прва група со ѕвездичка.
    @pilenka јас па немам слушнато ништо против масажи. Мислам онака релаксирачка масажа сигурно не може да шкоди.
    Тогаш што ќе речеме за секс во бременоста, колку тој тогаш контракции изазива? ;)
    Ама ете ако пак некој знае друго инфо нека сподели :)
     
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.363
    Пол:
    Женски
    здраво-живо и од мене...дури денес ве открив...и на почеток се збунив со прашанјето за годинките....пред 36 тата сум..ама се потпишав во погорната...да се порадувам уште некој месец де(читај 3):)
    браво за идејата....се читкаме наскоро ми се разбуди бебушот....
     
    На mal.ecka и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  16. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.363
    Пол:
    Женски
    конечно поопуштен викенд после долго време...напишавме домашно вчера со големата и замина кај баба и ,ке си дојде утре......денес сами со бебулево а плус и татко му дома...порелаксирано...од понеделник пак иста борба...незнам за вас ама јас ептен често почнав да барам мир и тишина...што ги немам во последно време...сакам баем еден ден да го отседам(или одлежам :Dуште подобро би било)во потполна тишина ,никому да не прозборам..не сум арна,а?!..такво нешто во санаториум само:).ако приседам дома уште некој месец и таму ке завршам изгледа...веке цела година сум дома-најдолго до сега...откако ми заврши породилното не се вратив на работа а тешко е да најдам друга и начисто полудувам..не сум била до толку домакински тип,ко што си мислев претходно:(
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.771
    Пол:
    Женски
    Масажите може да предизвикаат ослободување на окситоцин кој стимулира контракции на матката, па затоа не се препорачува масажа во бременост. Така јас сум слушнала. Јогата е сигурно добра, ама не знам колку може за бремени почетнички. Инаку, добро вечер 8)
     
    На mal.ecka, pilenka и lunicka им се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Ух, што убава тема :) Си се пронајдов во старосната група :$ и во муабетите уште повеќе :D

    За масажите, мене овде ми ги препорачуваа, секако малку масажа која опушта и колку-толку помага за опуштање. Мене многу ме болеше кичмата на крај и во последните 2 недели сопругот ме утепа од масирање, или поточно кажано, јас го масирав да ме масира постојано :D Сирот, прстите му отпаднаа тогаш :)
     
    Последна измена: 8 ноември 2014
    На Sky-butterfly и lunicka им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Добра вечер лејдис!!!
    Прво среќна слава на сите кои слават Митровден! @Serafima посебно за тебе.

    Денес сум преуморна.Укочен ми е грбот ме боли.Едно време убаво си ја практикував онаа јапонска техника за истегнување и ослабнување,ама бидејќи јас сум феномен и не слабеам ми годеше истегнувањето.Трчам низ куќава некој убаво да ме измасира ,тие ме стиснат два пати и завршиле работа.А јас би цела вечер некој да ме тинтри.[​IMG] Мора да почнам пак да се истегнувам.

    Ич не ги сакам вака потрошените денови кога мора некаде да присуствуваш,ама што да се прави.Мора да се одговори на повикот на семејството.

    Уморна сум,одам да се завлечам во кревет,ако успеам од лап топот ќе ве разлистам штo сте напишале.А во некои теми богами има да се крстиш и да читаш.
    [​IMG]
    Добредојде за сите нови феминки на темава.
     
    На Serafima и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    А Златно славејче кога е? :D
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.