1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329

    А што е за тебе поткуп?
    Не е некој мистериозен поим.
    Даваш поклон, за да добиеш нешто.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.969
    Допаѓања:
    179.083
    Пол:
    Женски
    Да не сака некој фанта ?
    Ќе одам до Поликастро . Прв пат сама преку граница :D
    За чудо маже ме пушти ,на фризерката моја друштво да и правам :party::party::party:

    Дај кажете како да поткупам доктор да ме излечи од мојов глупав секундарен стерилитет :worried:
    Сериозно ,сите ниви ќе ги препише свекор ми .
    МоШ и куќите да му ги поклоне .
    Само да заврши некој работа ,да не ги губам бебињата ;(
     
    На Ѕвездички, Skorpija25, EuHenIa и 20 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Возрасни жени, некои образовани, шетани...
    Тажно ми е многу...

    Не дека ве заболе га*от...

    Утре ќе биде како денес. Нашите деца ќе живеат како и ние...

    Знаете, многумина не си одат ради тоа што немаат доволно пари, туку заради средината, културата кај нас, мешањето во туѓите животи, шемите, корупцијата, менталитетот.

    И после... идентитетот ќе ни го земеле. Тешки да се земаше така идентитет. Ќе не направеа швеѓани, или јапонци или што и да е... само не ова...
     
    На Tajnaotrovna, bittersweet, flower30 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.570
    Допаѓања:
    186.028
    Пол:
    Женски
    Проблем е ако таа чистачка место да зема 10 000ден. плата, ако не и помалку, што секој ден си го изложува здравјето на ризик, со болни пациенти, медицински отпад и останати за нас непознати моменти, зема плата од барем 300 евра.
     
    На Chantal, LejlaD, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.079
    Допаѓања:
    69.611
    Не го напишав тоа од аспект на давање нешто во замена за услуга, туку по завршена услуга ако ми е мерак можам што сакам да дадам - исто ко што ѝ даваат на Бубче. Не дека ќе ја поткупат неа или мажот ѝ со тоа, туку од што им е мерак, бидејќи биле фини со нив.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Alishan30 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    263.083
    Бубче мислам дека е доста. Темата не беше маж ти и твојот живот, туку платите.
    Мила си, фина, но некогаш ќе прочиташ и нешто кое не ти е по ќееф. Не значи дека треба да вадеш цела интима овде.
    И да се правдеш.
     
    На fina erika, LaSchtroumpfette, SexiLy и 6 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    За тоа ќе си се бунат чистачките. Како ти на работа кога имаш проблем, па си бараш кај шефот да го решиш проблемот, а не чекаш некој да те потплати за да завршиш работа... Освен ако не работиш на државно.. е таму.. очигледно, така функционира

    правила, прописи, надлежности
     
  8. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.006
    Допаѓања:
    217.882
    Пол:
    Женски
    Цел живот се влечкам по болници,на се и сешто сум наишла.Дете на пораѓај ми оштетија,уште едно при крај на бременост отиде,почеток на сепса имав,уште неколку пати на лопата бев,грешки на доктори беа.Научив дека она што ми донеле за јадење или сл. треба на чистачка да го дадам за чаршав чист да добијам.Сега ќе скокнете поткуп.е да,ама во вода од сопствен водењак да се лежи цела ноќ,да мора инфузијата со заби да се држи дури на мочање се оди,не само тоа ќе прашам што уште треба да дај,оти се нема каде.Дете боли најмногу,избор нема,или ќе поддајш или.....Не секогаш имаше приватни болници,плати-добиј услуга.Не ми се верува дека сите кои испорипавте,не би дале барем едно малецко нешто за благодарност кога е некој свој во прашање.Има и доктори и сестри и чистачки од кои сум добила човечки и професионален третман,не ми побарале ништо.Така да стојам на тоа дека во секое жито има и кукољ,секаде има и луѓе и нелуѓе.И не ја гледам поентата на вреѓање помеѓу нас.Од висина на плати стигнавме до каде,а факт е дека ретко кој од нас е доволно платен за она што го работи.
     
    На Skorpija25, Tajnaotrovna, Thallia и 18 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Таа пиша дека им завршил работа, затоа ги 'почастиле'.

    а да.. што е со оние луѓе кои немаат пари да 'почастат'?
     
    На LaSchtroumpfette, CaraMia и Annath им се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.570
    Допаѓања:
    186.028
    Пол:
    Женски
    На државно работам и се бунам, и можам до некаде некогаш за нешто да се изборам, се разбира гледам и моите барања да се реални. Ама таа чистачката ќе летне од работа за 5мин.
     
    На SV1911 и LejlaD им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.614
    Допаѓања:
    92.082
    Пол:
    Женски
    Давам поклон затоа што ми е мерак да дадам,не се дава подарок за да добиеш нешто.
     
    На Skorpija25, Chantal, Alishan30 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Епа нека си се организираат сите чистачки и да си бараат што им фали?
    Никој нема да им го реши проблемот, сами ако не се заангажираат...
    Знам... разбирам, ќе останат без работа... тешко е, безразботица.
    А има други кои се спремни и за 9000 да чистат, без ракавици...

    Да не зборуваме за тоа, на државно како се вработува... Сите знаеме

    Не бе, ич... мерак ти е и на мајсторот за машината што ти ја поправил, башка од сумата која ќе ти ја побара, да му дадеш и уште 500+.. така, од мерак...
     
    На CaraMia, zhap4e и An-na им се допаѓа ова.
  13. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.660
    Пол:
    Женски
    :Dурлам готово не за џабе рекле шамар да е муфте да е...
    За што дискутирафте море жени ко за сабота попладне?
    Немал оџа работа а? Ај сета смеја за арно да е:rofl:
    Неможам да ве втасам со читање,пополека малце убаво би пиша @Bozica1980 за глупости се карате,и тоа истите особи тие па тие,ич умот да не иди или ќе биди народната-му дојде умот, ама му појде кумот.
    Ај идам у шетња ако не престанам да се смејам навистина летам од тука(hollest)
     
    Последна измена: 4 август 2018
    На fina erika, Alishan30 и Milobebence им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.570
    Допаѓања:
    186.028
    Пол:
    Женски
    Се собраа еднаш чистачките кај мене на работа, сите сложни да си ги бараат правата. Викнаа и трудова инспекција. Погоди колку од нив останаа да работат?
     
    На Skorpija25, SexiLy, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.079
    Допаѓања:
    69.611
    Нема што интересно да се сподели. :rofl:

    Беше забавно прво време, ама после стана секојдневие, башка многу жешко секојдневие. Од човек што обожава лето, веќе ми иде да избегам на север и да видам малку студ. Ама читам кај нив е многу потопло од кај нас сега. :sweat:

    Ќе постирам по некоја слика почесто. Да ве прошетам по овој дел на светот, да не се трошите :P

    Имам убава профи камера, какви слики вади и колку би сакала да ја прошетам низ град, па навистина да имам што интересно да ви покажам, а не сликиве сликани по пат од чкљ телефон, ама не е безбедно да шетам така. :| Одамна се нема случено некое киднапирање на странец тука, ама да си седам мирна и да не ја барам бељата е работава. (facepalm)

    Ама ни Бубче ни маж ѝ не побарале, луѓево по своја волја дале. Јас навистина не гледам ништо лошо во тоа да сакаш од милост да израдуваш некого со мало внимание.

    Тие што бараат поткуп треба да се пријавуваат, ама колку тоа ќе помогне стварно се сомневам.
     
    На lunicka, Skorpija25, Thallia и 11 други им се допаѓа ова.
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    176.032
    Само таа што не била тој ден на работа кога овие си ги барале правата???? :wasntme:
     
    На Skorpija25, dunika, Chantal и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.614
    Допаѓања:
    92.082
    Пол:
    Женски
    Па да баш така, му дадовме на монтажерот на климата ,плус бонус како благодарност за извршена работа на 40 степени.
    Што е тоа проблем? За мене е нормално.
    Така функционира и надвор.
    Работам со странци,секој пат кога се задоволни од мојата работа ми уплакаат бонус за задоволство од изработеното,,тоа им е принцип!
    Еве вчера ситен проект од 50 долари ,добив 20 долари плус како подарок.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Па тоа де... и трудовата и сите се корумпирани и безбразни, а и тие се дел од нашиот народ.
    Не е добро тоа.. лошо е..

    Знам дека не побарале, затоа реков, сите се така научени... Така функционира се'


    ...........................

    Сите се корумпирани. Ќе биде и полошо.... не подобро...
    И јас сум давала сок и кафе, и јас го поддржувам тој систем. И тоа ме прави соучесник, не ме оправдува.

    Сите кЛадат, и тато кЛаде.

    Ова се влечка одамна. И во СФРЈ исто беше вака... во Македонија. Во Словенија не... До народот е, сите 2 милиони топтан.
     
    На dunika, CaraMia, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Во ред е се'. Нема да ве убедам, ни јас вас, а ни вие мене.

    Можеме да продолжиме да зборуваме за готвење и одмори... полесно е
     
    На mal.ecka, zhap4e и CaraMia им се допаѓа ова.
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.570
    Допаѓања:
    186.028
    Пол:
    Женски
    Сите беа, да се чудиш, и тие од другата смена :) Ама после тие што останаа, работеа за дупло помала плата, а башка нови не дојдоа на местата на другите, па значи и повеќе работа. Толку беше од "револуцијата".
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Alishan30 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.