Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Само речи: Скраја да е... Да не му притреба на човек.
     
    На Skorpija25, LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.212
    Aj уште ова.
    Аргументот - дур живееш под мој кров, да не си мрднала. Кога ќе се иселиш ако сакаш цела исшкртај се. :D Стандард муабет. И нема дискусија више, тоа е.
    Еден во друштво ќе стави тетоважа и после збесот сите ги фаќа, бараат пир група во тој критичен период и или тие го поставуваат стандардот кој влага у неа, ако е поочакален или ако е помирен, сака да се додвори за да припадне. Дел од градење на идентитетот е, ама родителите се тука за да ги вратат во колосекот, дека не мора ништо да правиш за другите за да те прифатат, доволен си каков и да си. Ама тоа доаѓа малце поише касно у животот, дури кон триесетата година (сите имаме системска грешка бреј... што убаво би било порано тоа да го осознаваме, иако на 40 мислев дека си фул пораснат и после ќе ме разочара муабет за тоа кој купил кола, стан, мотор, трактор и се јадосуваат и си викам пичкематерине се пораснува ли реално некогаш и избегав од темава, но се искажав ете).

    Не ти требаат аргументи, ти треба издржливост у долготрајното мољакање и разубедување, папи ајс, плачки, и така на така... Ех не ми е далеку, само пред 10тина години ми беше тоа. :rofl:

    Ги гајле ти што мислиш (ни па прашуваат), има конвенција што е јасна во тоа и те штити. Не е као ќе те прашаат, од тетовиран или од нететовиран сакаш, со пирс или без пирс и слично. Не се решава на индивидуално ниво, има одредена минимум процедура. Знаеш као ИСО и Хасап што е? Епа нешто слично на нив.
    Нема што тука многу да мислиш.
    А на крајот од денот пред да те внесат во операциона сала, пак ќе го потпишеш папирот дека ако умреш, сам си си крив (мхммм), а они се должни да ти обезбедат безбеден минимум, епа тоа е тој.
    Иако ко што реков не можам да тврдам дали сите запазуваат на тоа. Ете велите и тетовирани донираат.
    Но со малку логика, работите се повеќе од јасни.
    Не би сакала да добијам срце од пушач, ама хеј, не за џабе те прашуваат дали си пушач или не пушач ако се подадеш да дадеш нешто од себе. Да не философираме и да измислуваме сега колку сме ние слободоумни, не е баш така, не е тема за паушален муабет што нас ни се допаѓа и ние што си мислиме. Не знам за што правиме муабет уствари.
    А ако почине пациентот ради тие причини, после докторите не чинат, ќе ја тужиме болницата, му дале орган/крв од фаличен донор бла бла... Значи, не е тема за тоа што си мислиме ние со нашите ооо велико-либерални умови и сесвемирски отворености, сериозни работи се ова.
     
    Последна измена: 14 август 2018
    На LejlaD, senjorita-v, Espadrila и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.445
    Допаѓања:
    143.634
    Завршив со работа и ќе спијам. Утре како ќе се стане, ќе видиме. Ама ако, среќна сум.

    За животно осигурување - знам луѓе што веќе ги земаа премиите од Граве и Кроација - тие на 10-15 години што им биле договорите.
     
    На Thallia, Skorpija25, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Како мислиш ги зедоа?
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.445
    Допаѓања:
    143.634
    Им заврши периодот по договор (10 или 15 години) и им исплатија од одигурителните премија по договор. Нели плаќаш 10 години и на крај имаш премија.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    154.691
    Пол:
    Женски
    А да се пријави @bittersweet на темава, колку што знам сопругот е хирург и има многу тетоважи. Чисто за мислење и од преку океанот :) .
    Добро утро :)
    Пак се разбудив како за на работа аман |(
     
    На Thallia, Skorpija25, Ane-Goki1 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    За тетоважи најчесто се користат растителни бои. Јас сум цртана со карбон црна од некое индиско дрвце и бојава 10 год не мрда. Нит е зелена нит бутур.
    Дете цела ноќ со температура. Да е беља топломерот ко у земја да пропаднал па на ќоро дадов Парацетамол. Душичката денес зрно грашок.
    Убав ден.
     
    На Thallia, Skorpija25, Ane-Goki1 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.055
    Допаѓања:
    69.230
    Добро утро! :sun:

    @LiliBoz побрзо да оздрави малиот! :hug:

    Во врска со тетоважите, не знаев дека бојата испушта олово, ко што се трудам да водам здрав живот, ова ама баш ич не ми треба. :D

    Многу ми се допаѓаат привремени тетоважи со к'на, такви цртаат тука на празници и слично, ама постои опасност од изгореници дека користат некој хемикат за да трае бојата подолго (не знам кој точно, нема состав на амбалажите од к'на).

    За денес планови запишани, да засукам ракавите!

    Малку станав зависна од форумов во последно време, треба да се одвикнам, мразам зависности од ваков тип.

    @Lilit не ометаш! По стилот на пишување ме потсеќаш на другарка ми, таа и во живо се изразува слично на тебе. Пишувај почесто! :hug:

    @duffi згодна мама! :inlove:

    Имајте убав вторник! :f:
     
    На Thallia, Skorpija25, Ane-Goki1 и 20 други им се допаѓа ова.
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.066
    Добар ден и од нас ранобудните :)

    Цела ноќ се превртував у кревет како риба на суво :|... размислував/барав решение за еден проблем кој ако се тераше по закон досега ќе беше завршен/решен одамна.300комбинации низ глава ми поминаа...и донесов одлука да ја истерам работата до крај ,не бива вака веќе...ќе ,,играм" и ја -друго чаре нема...ситуација-повикај пријател,услуга за услуга ...

    Ај :*, ојдоХ ја ...кафево за убав ден :) IMG_2588.JPG
     
    На Thallia, Skorpija25, Ane-Goki1 и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.858
    Допаѓања:
    142.540
    Добро утро.

    Глупи мисли од сабајле. На пример, кога треба да се купи гробно место. Да не правиш трошок на фамилија, нели, кога ќе дојде време.
    После видов старица у дом, седеше надвор на сонце, изгледаше бледо и изнемоштено. Па ми текна дека и јас може ќе бидам иста.

    Не знае човек што судбина го чека. Мразам кога не можам да влијаам на некои работи.

    За темиве, не знам што да кажам. Се трудам да изгледам нормално и пристојно, и не ми значи надворешен изглед. Телото е само форма во која треба да се опстане. А формата е најмалку битна.
     
    На Thallia, Skorpija25, Ane-Goki1 и 18 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    не му ја мисли од сеа. имаш кредит за исплаќање. немаш право да умреш. е така.
     
    На Thallia, Skorpija25, Tajnaotrovna и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.897
    Допаѓања:
    173.490
    Пол:
    Женски
    Утро|-)
    Последниве 2 саати само се вртам во кревет..пазам..нешто:!:
    Памет немам веќе, мислам оти мозоков ми е каша попара. Мисливе ми се 200 на саат.. Си викам - за еден месец и тоа ќе помине, стрпи се малку(facepalm)

    Тетоважа сакам ама немам храброст...игли, болка, страв....еден ден можеби...:doh:

    Ставаат ли нешто во бајадериве што ствара зависност?:rofl:
     
    На Thallia, Skorpija25, Val-Dim и 22 други им се допаѓа ова.
  13. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    85.281
    Пол:
    Женски
    Добро утро!!!
    Море ама пишувате со брзина на светлината човек не може да ве дочита...кафе да се испие и да се спрепам за на работа...
    Тетоважи и јас не сакам не ми се допаѓаат но затоа боб фризура сакам и имам најпрактично нешто ми е ...
    За животно осигурување имаме јас Граве ,а детево во Кроација па додека можам зошто да не плаќам ќе се најдат за нешто ....
    Ајде убав ден да имаме!!!
     
    На Thallia, Val-Dim, Ane-Goki1 и 18 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Во врска со фризурата,имам некој среден степен,и ми одговара,зашто не се замарам со фенирање.
    3 г. имав боб ,пократок,подолг,асиметричен и ме измачи многу со фенирање зашто имам woolmark квалитет на коса.:whew:
    Ова за тетоважите не сум знаела,Фала ти @Lilit ,ќе и ги потурнам постовите на ќерка ми под нос.
    ММ има 3 тетоважи ...од времето на ЈНА :puke:
    Инаку сакам тетоважа на други луѓе,на мене не ми се појавила желба.Пирсовии воопшто не сакам.
    Имам 2 пријателки тетовирани и знам дека даваат крв.

    И така,се спремам психички за утре,нервоза во стомаков веќе имам.Штитнава ме стега,коленото ме болуцка без разлика што правев терапија,психички забегувам...да сум автомобил нема да го поминам техничкиот преглед.
    Од четврток на работа и тоа ме плаши.Цела година без одмор...:|
     
    На Thallia, Skorpija25, Val-Dim и 28 други им се допаѓа ова.
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    176.047
    Пол:
    Женски
    Добро утро :sun:
    Е многу е жешко ,многу :whew:
    Машините вртат уште од рани зори . Паралелно и кај мене и кај старите . Не можам да се изначудам колку работи сум м'кнела за недела дена :tmi:. Пола необлечено . Ама ако ми е ,ќе си перам денес цел ден :worried:
    Туку лошото е што ќе треба два дена да пеглам , и тоа сама . Девојчето кое ми помага замина на одмор . И многу се радувам за неа:inlove:,ама тешко мене ќе е сега.
    Куќава ќе прооди ,кај старите исто, ручеци треба да се стокмат. И сето ова сама :worried:. Маже ќе се изнаработи следниве 2 недели . Дежурен ќе е денес , четврток ,недела ,вторник и после не знам кога следно ;(.
    Тешко ми се пише .
    Туку недела ќе ја носам мајка на одмор ,па ќе искористам еден ден плус да одморам :)

    Тетоважи немам и немам мерак да ставам . Мм сакаше лани летото да се тетовира . Му се смеев што му текна на овие години :),па добро е батали :)
    Сакам коса како на @SV1911 :inlove:
    Мојата е црна ,средна должина и никаква . Ако не ја испеглам како плашило сум . Нит виткана ,нит права .

    @lunicka Луничка со среќа утре . Ќе видиш дека се ќе биде во најдобар ред :*

    @duffi I @Bozica1980 многу убави :inlove::inlove:. Ме настрвивте и јас да ставам слико|(

    Мислам дека маже утре ќе ме изнедани со некое поклонче за роденденот што помина . Го слушам нешто од сабајле шепоти на тел со некој . Ќе оди уште малку на работа,па мислам се договараше со некој нешто .
    Ако не е за подарокот ќе се подразочарам:) Хаха

    Убав ден да имате :f:
    Јас да засукам ракавите и да почнам од некаде ]:)
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, kuc и 20 други им се допаѓа ова.
  16. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    154.691
    Пол:
    Женски
    Шеќер Дасти :) ствара зазависност и те како :)
    Девојки од Охридски регион, дали може некој знае од што може да реагира кожата на децава вака; првите 2 дена на една плажа бевме беа ок, вчера на друга во регион на градиште, водата кристално чиста, скокаат со татко му од едно мостче и кога излезе од вода што да ви кажам, како да го искасале 100 комарци, и му се ширеа се повеќе. Поручекта и малово се исфрли ама не толку, малку и ние додуше ама големиов е склон на алергии и на некои места му се надувани како топки. Ова му се случува неколку пати во изминативе години ама да се чудиш не на секое одење. Првиот пат се распаметивме па трчавме по болници, ни кажаа дека на почеток на лето има некои алгички што цветаат и дека кај многу деца се јавувал осип ама еве сега не е почеток на лето. Ова му е едно 4ти пат летово во охрид и само сега се исфрли. Можно ли е да е само на одредени плажи, од карпите или од некои инсекти ли не знам тресам ама ако на некој му е познато ова како момент да каже не ќе е лошо. Не паничам дека не му е прв пат, му давам зиртек мачкам со синопен ама многу ме интересира од што може да биде. Може е ова за у некоја соодветна тема ама не ми се копа по други теми, знам дека има Охриѓанки тука :)
     
    На kuc, Peco, LejlaD и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.897
    Допаѓања:
    173.490
    Пол:
    Женски
    Моја пријателка во јули 3 недели беше во Охрид, се врати цела црвена. Околу Градиште знам беа. И таа и сестра и и внук и... им рекоа алергија од езерото т.е алгите.
    Се мачкаа со креми и им помина. Ама се измачија.

    За шеќерот знам.. ама ете ја мерси уште стои, а од бајадериве не можам да се заситам:D
     
    На kuc, Peco, LejlaD и 8 други им се допаѓа ова.
  18. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.649
    Допаѓања:
    152.848
    Пол:
    Женски
    @M&M не сум охриѓанка,очигледно:)
    Ама бевме Градиште изминатите да викенди...претпостаувам не е од водата..имаше инсекти ко покрупни мушички...мислам оти тие касаа....моите ништо немаат ама до нас луѓето коментираа оти од ко дошле детето цело изедено им е....и беше цело искасано по нозе и на грбот...баш такви крупни и црвени отоци...
     
    На kuc, LejlaD, mareane и 7 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Абе јас сум многу сериозна, ако треба да бирам меѓу моето нефункционално срце и срце на пушач, ќе го одберам тоа што подолго ќе чука.


    Инаку, ти гарантирам дека никој не добива "фалична" крв, а впрочем, не е запазена никаква штета од крвта на некој кој е тетовиран пред повеќе од 1 година. Доколку се докаже, тоа е друг муабет. Во денешнава медицина не постои податок дека мојата донирана крв е било како компромитирана поради тетоважата од пред 9 години.

    Се прави секогаш проверка на крвта, но не е баш логично да се прави профил на животен стил на секој еден дарител, од причина што нема поента и не е тоа важно.

    За донирање органи не можам да тврдам - не знам, но дарувам крв долго време без никаков проблем, исто сум регистрирана за донор на коскена срцевина доколку некому било каде на светов му притреба. Никаде никогаш не била проблем тетоважата.
     
    На Ane-Goki1, LejlaD, senjorita-v и 13 други им се допаѓа ова.
  20. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    @M&M Летово маш ми исто беше таков докторката вика те уапала некоја б"а.
    Секој ден едно изгини друго појави се и така се додека не дојдовме Скопје.Ама буквално по цело тело дури човекот хипохондрик стана,среќа пак син ми немаше ништо освен што беше од комарец каснат.


    На очо вчера диоптерот под контрола го држам.
    Не сакам нит тетоважи нит пирсови,можеби е фенси кога си млад ама кога ќе виснеш не би ми се бендисало.
    Јас од плавуша станав црнуша.
     
    На Ane-Goki1, kuc, Alishan30 и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.