Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.899
    Допаѓања:
    163.726
    Треба да сме свесни само дека не е ок тоа што го правиме, а останатото ќе се деси упомоќ природно движење на нештата, има луѓе желни што сакаат да го променат сето тоа.
    Има луѓе кои не губат здравје во борбите, туку им се животен мотив, најсериозно, сакаат да го прават тоа.

    Си кажав јас, си давам, пишав под кои услови. Не се согласувам, ама си давам. Кој го кркал стапот во нефункцонално општество знае зошто човек треба да си подаде... Инаку ќе си умре буквално.

    Се додека знаеме дека не е ок, ок е, има спас. Пошо има луѓе кои мислат дека тоа е ок и дека они по некоја логика се привилигирани јер имаат и такви кои сметаат дека мора и треба да им дадеш.

    Иако, реално, ако зборам за себе не сум очекувала никогаш да ми подадат за ниедна помош. Не знам колку деца сега за во средно помогнавме да се запишат, не знам колку испити на деца се положија (се дур не е медицина, ич не ми е гајле, мене никој не ми помагал и не ме туркал, не ми помагал да положам испити, а знам колку може да олесни на некого, колку подобро ќе ми било да не си ја тупам главата и јас некогаш одамна) и за една друга ствар, што ми е срам да кажам што е, зошто па ич не се согласувам, ама па од другата страна се митаџии и за да полнат џеб го прават тоа, исто така помогнавме. На ниту еден не беше со намера да ми/ни подаде. И тоа зборувам за последниве 3-4 месеци. Интересно па и никој не осетил дека треба да ми подаде.
     
    Последна измена: 21 август 2018
    На M&M, PUPICA, WORRIED.BT и 12 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Рефке, поради мислењето „која сум јас да ги оправам работите“ имате купишта неспособни и мрзливи државни работници, и што е најтрагично, мани друго, во здравство ги има многу.
    Епа ако секој еден од нас во нашиот живот тргне од себе, општеството ќе се промени.

    Јас имам големи проблеми со колективот затоа што не сакам и не можам да се помирам и покорам на таквите „мој до мојега“ ситуации и однесувања и хиерархии, и веројатно немам опција баш да просперирам пошто такви врски не фаќам и не барам.
    Ама да се погазам себе - не можам. Милион и еднаш пари ми нуделе, и не ситни работи по шалтери, туку ќе се јави Петко на Трпе познаникот и ќе ми нуди интересна сума за да го поврзам со доктор тој и тој.

    Ни еден единствен пат не ми паднало на памет такво нешто.
    Не оти имам премногу пари, ваљда премногу образ имам. Не знам дали е тоа добро или лошо.

    За без пари, за без ништо, некој од улица да најдам ќе направам сѐ за него, ама на митаџија ќе му речам дека не можам да му помогнам.

    Ама тоа сум јас - знам за колеги и колешки кои уште плата ипол вадат :)
    Јас не сум нив и не дај Боже да станам како нив.
     
    На WildMk, PUPICA, An-na и 15 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Кои тоа ИМАТЕ?

    Дечки...абе колку сакате тргајте си од себе и оправајте криви дрини:)
     
    На NarCis@, LejlaD и Milobebence им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    @referentka ти имаш образ, тие што свесно и отворено прифаќаат мито немаат.
    Ти само им покажуваш дека е океј, дека "заслужуваат" да бидат наградени што замисли, си ја работат работата.

    Јас не сум видела во банка на шалтер некој да им носи кафиња, сокови, бомбоњери итн. А тие не заработуваат нешто многу повеќе од мене на пример :)

    имаМЕ сум мислела, не имаТЕ :)

    во смисла "имате прилика да видите", "имате избор од 3 марами" итн :)
     
    На M&M, WildMk, Ane-Goki1 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.899
    Допаѓања:
    163.726
    Не ме мешај мене во множинава, јас си кажав погоре, а постот на Камелија сега го читам содржински.
    Колку што те разбирам, ти си свесна за неисправноста, но не војуваш битка да ја промениш. (како и поголемиот дел од нас де, и јас одамна не војувам... искрено и реално, само сакам да потенцирам дека свесна сум дека не е во ред и тоа е факт. Особено со последните револуции и моменталната ситуација, стварно немам желба, гледам да си го живеам животот и да биде се ок, стварно. Не ми вреди да се вложувам во промените и идеите за промени, кога видов све дека е исто, таков народ сме. Сум дала и подароци поскапи од 100 евра, си признавам, ако и јас неам образ, онда нека го неам, не знае секој како е кога се бориш за живот и не мора да знае, сакав едно време да ме разберат, сега не мора ни да ме разберат, јас си знам. За да преживееш и златна сфинга си спремен да донесеш, само не е убаво кога ќе го осетат тоа и се изживуваат и те уценуваат...и тоа сум го осетила).

    Има такви пикала што не ги боли тасе и се специјално битни и привилигирани. Сум видела луѓе кои живеат надвор од правилата свесно, ко пример паркира кај ќе му текне, доаѓа пајак го собира, оди у депо да си ја земе колата, му бараат пари, ги дава парите, се јавува во партија, и и се дере на вработената и му ги враќаат парите на рака, со истите пари на пола части кај што му завршиле работа.

    Камелија, сум видела пензионери како вадат пензија на шалтер и по 100че и оставаат на банкарата. Ама пошо не смее, ја гледаат на камера, имаа разработен систем каде точни да и го остави 100чето. Кој сака да лапне, ќе лапне, ќе си најде начин. Банкарите ми се посебен тип на створења.
     
    Последна измена: 21 август 2018
    На M&M, lunicka, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    ^ мене само ужасно ми смета мислењето дека на сестрите, докторите... итн... ТРЕБА да им се даде нешто.

    Како што Америне сметаат дека ТРЕБА да оставиш бакшиш.

    МОЖЕ ако сакаш и ако сметаш дека одредениот човек заслужил. Лошо е што народот, општеството се навикнало дека "така треба".

    Океј, има луѓе кои се благодарни и од срце сакаат сок да ти купат, океј е тоа. Ама има и доста искрено непримерни и скапи подароци, кои јас не ги прифаќам.

    Побогу, има тема за поклон за докторот после пораѓај.... оти замисли, те породил. Нешто за што дошол на работа.
     
    На M&M, WildMk, Ane-Goki1 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Каква потреба имам од битка ?

    Во меѓувреме додека губам животи на блиски, да се спорам со скапаницата од општество и да држам до свои принципи, па за 200 гр кафе и сок од 30 денари да приумре некој од нив?

    Ми барале.
    Отворено: кутија Марлборо црно (искрено, незнаев дека имало такви па кога купував со резерва прашував дали постојат) пушам...од 21 сум на смена...дојди да ја видиш старата и да ја нахраниш, ние немаме персонал, нема кој да ја тинтра.

    И сега ?
    Кога се наоѓаш ,, раз-чепен,, од болка по своето, ти дошло до исправање на криви дрини ?

    Ма ајде ве молам...
     
    На Skorpija25, M&M, PUPICA и 10 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Пак ќе ти повторам...
    образот го изгубил оној што побарал.
    Или што ќе отстапи од правилата за кутија цигари.
     
    На Ane-Goki1, lunicka, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Што и да сум дала со алал сум дала.
    Без задна мисла.
    За доброто на некој близок, едноставно ,,честам,, за негово здравје.
     
    На Skorpija25, EuHenIa, Ane-Goki1 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Битката не е за мене, тешко дека во мојот животен век ќе дочекам вистински промени.
    Туку за оние после мене... барем се трудам подобар свет да им оставам.

    Многу е можно да не успеам, ама се трудам.

    Едно е да почестиш сок зошто некој ти помогнал, сосема друго парфем да му купиш предвреме :)

    Сок, кафе, благо... се културни подароци и ајде, некако... ама парфеми и уметнички слики?!

    Немој Рефке... и тие што бараат и тие што даваат... бегам од нив.
     
    На M&M, WildMk, lunicka и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.899
    Допаѓања:
    163.726
    Камелија не си се нашла во дадена ситуација. И подобро да не се најдеш.
    Сите знаеме дека не треба да им се даде, ама...
    Само на доктор сум дала од што морам и со сила. Во Систина денар више не сум дала од тоа што фактурирале, ама во државните...ехе. На емоција те лови, ти ја користи очајната позиција, те понижува уште толку колку што си немоќен, ама... тоа е. Се осеќаш глупо и мачно, ама кога имаш цевка во нос, канела во рака и триста глупости и стравови...оооо да можеш и златна сфинга ќе донесеш ко што пишав, само да искочиш од ситуацијата и да спасиш жива глава.
    (Не се сите такви, еден не одби, но сепак најдов начин и за тој гест да му се оддолжам, но се гледаше дечкото дека го прави сето тоа зошто е професионален и пред се човек, тука па не можеш да останеш рамнодушен ради ова. Има разлика во алалот во тоа да ме натера да го подмитам и во алалот од толку што е одличен и професионален, од срце да го почастам, но добро, во обата случаи сум дала, јбг. )

    За други места, давам само ако ја осетам искреноста во намерата од другата страна, во спротивно не.
     
    На Skorpija25, EuHenIa, Ane-Goki1 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Кога сѐ тоа поминало... зошто никаде не си пријавила?
    Додека давам мито ќе си платам приватно лекување.

    И само лутете се колку сакате, ама додека не се смени народот, ни здравството нема да се смени.
    Немојте да бидете незадоволни. И не само здравството... тоа е најболна точка, ама во секој сегмент потфрламе ради некој што е нечиј и мисли дека треба да го опсипуваме за да добиеме нешто.


    Ти немаш избор, Рефка нема, некој трет нема... и после срање.
    Епа срање е де.

    Кој ќе го промени? Некој од надвор ќе дојде и ќе ги потегне за уши докторите?
     
    На WildMk, LaSchtroumpfette, An-na и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.899
    Допаѓања:
    163.726
    Не можам да кажам дека поминало. Нејсе.
    И што ако пријавам? Митаџијата ќе подмити и само ќе се нервирам.
    Не ти се лутам, те разбирам што сакаш да кажеш и сум го делела твоето мислење, но после некои работи се смени. И знам што предизвикува моето однесување и знам како се разложува кон трул систем, ама ќе ме коштала цела глава, а вие еве вака ќе си часкате по форуми за механизмите на оправање и така во следни неколку декади.
    Ко што реков, јас сум СВЕСНА и ЗНАМ зошто не е добро и што предизвикува, ама во дадената ситуација НЕМАШ ИЗБОР.
    Систина легално подмитуваш, а реално да правиме муабет, не вреди за парите. Техниката им вреди, но докторите не вредат ниту еден, среќа на тие апарати таму па мала е веројатноста да те утнат. Во систина одиш за тоа, а за останатото во државна, јбг, не сум богаташка.
    Не ми се збори за здравство, нешто во стомаков ме копа од овие горки теми, кон него ми е најголемиот револт.
    Кога све ќе помине, немаш желба да пријавуваш, ни да се лакташ, среќен си што се добро се завршило или барем за тоа што си се нашол таму во дел од битката.
     
    На Skorpija25, M&M, PUPICA и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.157
    Допаѓања:
    137.252
    Пол:
    Женски
    ,,Једна ласта не чини пролеќе,,
    Што дека јас сакам да сменам нешто, да ги управам работите, коа другите немаат слух за мојата иницијатива.
    Додека не се најдеме во дадена ситуација можеме да се шибаме само во гради колку тоа ние сме поразлични од другите, ќе го смениме светот, ќе ги исправаме неправдите ама дојдеш ли во ситуација коа немаш избор, гледаш само што прави толпата и ја следиш.
    Ако некој е дојден до едно кафе, до една кутија цигари, епа многу ефтино се продава.

    Давам секаде кај што некој се ангажирал над она што му е редовна обврска. На пример доктор да ме прегледа и дади упат за друго место ако треба. Ако лично се ангажира да врти по телефони за да пројдам побрзо, полесно ќе му се одужам.
    Од кабловска дојдоа ради проблем со интернетот, му кажав дека имам рутер ненаместен, дечките сами се понудија да го наместат. По едно кафе од 100гр не е ништо за услугата
    итн.
     
    На Skorpija25, M&M, Ane-Goki1 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Тоа кажи...
    Кога ќе се најдеш, да видиш како ќе даваш.
    Јас вака имам кажано - повеќе пари дадов за сестрите за ситни бакшиши отколку што чинеше храната и престојот на клиника...
    Ама је*и га...морав.
    На работа сум секој ден до 17 часот, за време на посета два дена ме пуштија, на третиот шефот веѓата ми ја дигна:^)

    Затоа си дадов што ,,под мустаќ,, ми побараа сестрите и еден медицински брат:| и си одев на посета во 22 часот, тамам да имам време да ја спастрам фамилијата дома, да спремам СООДВЕТНА храна за болниот и да отидам до клиника.
    И секој ден 31 ден така.
    Па преоблакаш, па менуваш пелена, па храниш стар човек како мало дете.

    Тие што не даваа, ете...видов на што им личат роднините.
    Скапани во една пелена додека не почне да цури од сите страни.

    Жално;(
    Ама не е лага.
     
    На Skorpija25, M&M, flower30 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.302
    Допаѓања:
    226.914
    Пол:
    Женски
    Кога не можеш да победиш се придружуваш. Фаќам врски давам под рака кога ќе ми се заврши работа и така циркулирам.
     
    На Skorpija25, PUPICA, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Што знам, јас сум од другата страна на приказната, и не можам да сварам врски и митаџии.
    Ете не можам.

    Искрено и од срце секому што можам да помогнам - помагам.
    Ама ми е деградирачки да ме “купуваат“.

    Лично мене. Како што кажав, имам колешки кои бараат, кои сакаат, на кои не им смета итн...
    кој како мисли нека прави, јас до сега сум одела по болници (пред да работам во болница) никогаш не сум била во состојба да треба да подмитувам некого за да добијам услуга.

    Мислам дека и претходно имам раскажано, кога како итен случај ме примија во стара градска, ништо немав во рака освен упат до специјалист и болки, без проблем уште сабајлето ме примија, ме спремија за операција, лежев, дремев во премедикација, скоро цел ден, пошто си имаа секако програм, на крај ме оперираа и мене, лежев уште 3 дена, сѐ најнормално, не можам да се пожалам дека персоналот нешто беше груб или лош со мене, или дека ми бараа нешто.

    Условите во самата болница беа ужасни, не оти чистачките не чистеа, туку оти зградата е пред распаѓање.
    Ама за тоа не ми беше никој од персоналот крив.

    Во собата до мене, лежеше дечко, иако беше строго забрането носење храна од надвор, ете му прошверцуваа хамбургер цел, па кога им се развика сестрата дека не смеат оти и онака не можат глава да кренат од лебарки, се направија посетителите мутави.

    И така...

    А - и една друга ситуација, во мој работен ден.
    Значи не е проблем, сите ги примаме, не враќаме пациенти, како сака нека е.
    Но кога сакаат да ме подмитат за да завршат побрзо... е тоа!!
    Што мислат, дека нивните животи се побитни од животите на останатите?

    Мене сите ми се исти. Можам да “ургирам“ за некој што е со очигледни болки, во количка, што не може да стои на нозе.
    Ама за да не “дремеле“?!
    Нема да дремат со тоа што ќе ме поткупат демек?

    Абе збор нема да зборнам на доктор за такви, што се “поважни“ од сите.

    Може е карактерна особина, што знам што да кажам, ама мене сите пациенти ми се исти. Само по дијагноза ми се разликуваат, а не по куповна моќ.
     
    Последна измена од модератор: 21 август 2018
    На M&M, WildMk, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Не е лага.
    Само е ужасна, одвратна вистина.

    Знаеш кај сум.
    Среќа тука такви работи не поминуваат.
    Мојава главна барем, да види некој капнат со капка крв, душата ќе им ја извади на болничарките.
    Под конец е одделението, кога се качуваш горе не можеш да поверуваш “какви“ пациенти лежат.
    А болничари двајца дење на смена, еден ноќе. 30+ пациенти.

    Кој знае како успеваат, ама горе сите им се спастрени.

    Е веројатно “посетителите“ во 22 часот се со мито :) Ама тогаш не е главната на работа.
    Таа е баш оној ков - има по правило сѐ да биде, нема отстапки.

    Други се понашаат како да е нивна болницата, таа во 07:30 е тука, во 15:30 си оди. :)
     
    На Skorpija25, M&M, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.821
    Допаѓања:
    142.265
    Идат пациенти со пиштоли. Еден го впери во мајка ми. Обезбедување им е чиче од 60 години од 50 кила сосе кревет. Од една ненормална изеде бокс. Идат со закани, од врата почнуваат со дерење.
    Дете со отворен мев, 100 оати кажано да не му даваат вода, мајката го полевала 2 кила вода испило. Вика 100 пати реков никако вода, викаш, се дереш... ама глупача, вика му се пие на детето, вие неспособни мрзи не му давате. Сабајлето во 6 им умре.
    Им викаш, не лапај месошта, само двопек можеш, седен ден 1 јајце... Не бе, со телевизии идат како не сакале да му дадат јадење. Внеле тост со печурки. Се налапал типот тост и преплет црева, пак операција, ене со сеа сере у кесе.
    Им дојде дедо со парафин у пенисот, сакал да му порасне. Мавал со бастунот по сестрите кога сакале да го преврзат.
    Мајката на дечко што си го фатил со патент не давала сестрите да видат што се случило и рекла доктор чекаме. Не давала да видат што е. Он си ја скинал вената, искрварел. После крв му носеа да се врати. Прости сме бе. Прости ко леблебија варена и пасирана.
     
    На Skorpija25, mal.ecka, M&M и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.899
    Допаѓања:
    163.726
    Да помисли човек митово со цел од мерак да сакаш да раниш стар човек и пелена да му менуваш.
    Јасно ми е све ова... мнооогу добро.
    Не дај боже да се најдеш во прелошата ситуација...
    Или резултати кои упорно не сакаат да ти ги прочитаат со цел да се дејствува побрзо, те одложуваат зошто нели те чекаат да предложиш, а секој минут ти е важен. Луѓе, до помочување ти оди страв, сериозна сум, немаш многу време да се караш и да делиш правдини. Добро знаеш што е ок, ама знаеш дека нема да преживееш ако тераш по правиот пат.

    Златна, јас тебе многу убаво те сфаќам.
    И јас ги делам на силеџии митаџии и такви кои срце ти пее зошто се поразлични, од ќејф да ги почастиш.
    И од такви луѓе во други институции кои се во можност да ти скратат постапка или да те упатат или да ти помогнат како било и ќе се подадат (зошто реално, нас бирократијата и заканувачкиот пристап на државата, не убива, а сме пресиромашни да и подлежиме на сите тие ако си ја грешел давачки, зошто некој греши не од што сака, туку од што не знаел, знаеме колку е све транспарентно, општество мачка и глушец сме, ебате живеачката). Истото го правам за други и не очекувам ништо за возврат, зошто знам колку сме мизерни.

    Ама ова Бубче со вреќите ориз што ви го пишувала, извинете повратив.
    Она упорно зима и мисли дека е ок.
    Не и е незгодно.
    Ама алал на таков ориз. Многу знаеш дали те пцуел кога ти го пратил или бил искрен кога ти со на толку раширени раце си го земал да си пуниш бабури.
    Извинете, ама тука се гледа пресметливоста.
    Дечкото кој не сакаше да земе, едноставно децидно одби и рече, мене ова ми е професија и јас за тоа сум тука, ви благодарам, ве разбирам ама и без ова јас ќе постапев исто. И потоа направивме друг муабет, на само и му дадов парфем и му објаснив како се чувствувам (башка што му го познав парфемот и истиот му го купив) и пак се нечкаше и ми рече, јас нема да го употребам, ќе го подарам на некој што нема.
    Во животот се е баланс.
     
    На M&M, bittersweet, Anarchy и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.