Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.368
    Допаѓања:
    261.867
    Пол:
    Женски
    ^баш така @Cka
     
    На M&M, Ane-Goki1, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.899
    Допаѓања:
    163.726
    Извини, тоа е хумус. Не е така просто!

    Абе вака ако се фаќаме, секој треба во себе да погледне со поширок агол и не е само здравството во прашање.
    Ова се прости пациенти. Не сметам дека сум од Благодарево, не ме ранеа со пуслици, јер тоа доручкувам, има сешто. Ова се прости работи. Да фатам јас да ви раскажувам ситуации од работа, ќе се начудите што народ има... Збориме за тие од другата страна и сосема други приказни.
    И такви кои многу се со правилата и прописите, се силеџии и паксоници, и такви сум видела. За инает бе.

    Измешана е темава...
    Ама све о свему... сите ве разбирам и ок сум додека сме свесни.

    А што ќе кажеш дека Бубче им продаде тука ХУМУС да лапаат метформин дека ќе ослабат и ќе се подмладат?
    Кога ќе падне некој во хипогликемична кома... ќе го тестираме ова митово...
     
    На mal.ecka, M&M, MacenceEna и 7 други им се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.756
    Допаѓања:
    213.992
    Пол:
    Женски
    Еднаш веќе за ова правевме муабет,и си кажав дека сум дала,да,ама животот ми бил во прашање,или животот на детето уште полошо.Ако не сме се снајделе или ,,дале,,во тој момент сега немаше да пишувам тука,6 педи под земја ќе бев,па алал нека им се.Кога е живот во прашање,и на др. и на болничар и на сестра.Ете нека не се само од медицина,зарем ни во друѓите бранши нема давање или поткуп или процент.Има,да не се лажеме,пријавување џабе,под рака кај инспектор и пријавените се мирни.Зошто за поткуп или мито или како и да е само за здравство зборуваме,каде е она кога за бизнис треба да се ,,подмачка,па овде- онде,па процентче за тетдер и сл,или тоа не се брои оти е на крупно:tmi:
     
    Последна измена: 21 август 2018
    На Skorpija25, mira.mira, Ane-Goki1 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Баш пред некој ден тоа го спомнав, дека многу од “подароците“ за мене им ги давам на хигиеничарките.
    Тие не се вработени во болницата, туку се од надворешна фирма, за некои мизерни минимални плати работат.

    Фала Богу можам да си приуштам сѐ, а многу од нив крај со крај не можат да скрпат.
    Ама вреќата компири си ја земав :) Се зезав за неа, човекот од Берово беше, му завршив голема работа да не се ака по патишта беспотребно, не оти јас кој знае што направив, се погоди да имам број од човекот кој му требаше, итн.
    Таа благодарност ми е океј, човеков секако е земјоделец, компирите од негова нива си беа, нема везе, ако, мерак ми беше, и на него му беше :)

    Ама тоа е едно, а друго ќе ти дојде, ни чука на врата, ни почекува, таааап внатре и ти мкне вреќа од продавницана карши, за побрзо нели да заврши :)

    Е не бе сестро, нема да влезеш пред оној што крвари, или оној со термин што чекал 3 месеци за истиот, ниту пред бабата во количка.
     
    На M&M, WildMk, Ane-Goki1 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.899
    Допаѓања:
    163.726
    Eпа ова е тоа ниво на вршење работа.
    Има такви шо ќе речат - нека оди бе, шо ми е гајле, а знае дека може да ја изгура работата. Како бе не им е мука да ги гризе совест. А да ги кажел одма компирите ехеее нааа толкав гзот. А инаку ќе те малтретира, ПО ПРОЦЕДУРА НЕЛИ. Ова ми е посебно ниво на глупоќа кога мислат дека правилата и законите се од господ дадени и неменливи, е сега си гледаш со кого имаш работа од другата страна дали ќе испочитува да донесе се што треба, а не да останеш да висиш и да леташ од работа.
    Има разлика.
     
    На M&M, mareane, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Еве пример од Рефа:

    -носам ресани и кај фризерката...си правиме муабет, ме фарба, мие...пиеме кафе...и ја честам на крај...е што ?...ресани од 18 денари...голема работа !!...ама ете за неа е !

    -во банка кога го исплатив кредитот, купив тортиче и к.кола 2 литра да ги почестам.

    -кога одиме на одмор, задолжително и подавам на газдарицата нешто:наполитанки, некои бисквитчиња...и обавезно на одење ме даруваат со маслинов зејтин или домашни маслинки:D.Рефо кога ќе ме види како подавам, ме зеза ,,тргна неестата по дарови,,:D...а нема врска...едноставно таква сум, сакам да дадам

    -на докторката (во приватна ординација) која ми го извади забот и купив чоколадо и литро џус:nod:

    Давам.
    Раката што дава не се суши.
    И како давам, со арно ми се враќа.

    Дали се вика мито или благодарност или мерак да почестам, не е ни битно веќе.
    Важно ми е дека за здравје давам
     
    На Skorpija25, mal.ecka, M&M и 16 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Кога доаѓа некој што не е на термин, по правило прашувам зошто доаѓа.
    Значи која е маката. Ако знам повеќе за маката, ќе се јавам на докторот и ќе се консултирам како е најдобро да постапиме, може ли да чека, не може ли, итен ли е, не ли е, итн...
    И еден господин доаѓа, гледам на упатот дијагноза (многу сериозна, се умира од неа ако не се реагира на време), му велам - дали во моментов ги имате тие и тие симптоми?
    И тој на мене - јас ли ма ти личам дека имам симптоми, на пациент ли ти личам?!
    Јас пак пробувам културно - добро господине, ве прашувам за Петре, човеков од упатот, ако не сте вие - каде е тој?
    - тој - шо ти е ма гајле каде е тој, кај ти е тој докторот да го види, како се викаше, тој Мирче..
    - немаме Мирче, ама ве молам кажете ми кои се симптомите на човекот, или нека дојде тој, се обидувам да ви помогнам...
    - која си ма ти да ми помагаш, викни го Мирче кога ти викам
    - ама ние Мирче немаме...
    - па ако немате Мирче, кој имате?!!!
    - имаме 12 доктори, имаме дежурен еден денес, ако е итен случај да го прими
    - ти ќе ми кажеш кој да го прими

    Е во овој дел веќе и јас изгубив нерви, па му реков - ете онаму имате еден доктор, одете договорете се со него.
    Пациентот беше задржан на болничко лекување, а неговиот придружник со обезбедување исфрлен од болница. Очигледно не бил покултурен ниту со докторот, ниту со другите луѓе кои чекаа :)

    Затоа што беше ИДИОТ. Ама идиот.
     
    На Skorpija25, mal.ecka, M&M и 16 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    По процедура и правила од МЗ ако одиме слепо, пола пациенти ќе ни умрат.
     
    На WildMk, LejlaD, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.731
    Допаѓања:
    175.936
    Пол:
    Женски
    Бубче оризот го зема од членка на форумот . Бубче не е од Скопје . На Бубче маж и не е ниту гинеколог ,ниту доктор од Скопје . На Бубче непозната членка и пиша дека нема кој да ја боцне со инекција (претходно прочитала дека Бубче се понудила на друга членка да и 'најде' Др од Скопје и да и отиде дома да и даде терапија ) . На Бубче маж и се врати од Велешка патарина да ја боцне членката која немаше време за чекање . Бремена е ,мораше да прима инекција за зреење на бебето. Членката е од внатрешноста , престојувала кај роднини во Скопје . За жал не се снашле. За среќа завршивме работа . И многу сум горда конкретно за тоа . Сопругот нејзин сакал да го почасти сопругот на Бубче бар со ручек . Ама оној на Бубче одбил . После неколку дена на Бубче и пратија ориз . Околу 15-20 кг . Ене го стои . Бабури не јаде Бубче . На секоја една која сум и "излегла " во сусрет на форумов ,а ми пратила поздрав со кафе и сок ,сум вратила назад ракија и слатко . На секоја една !!!!!
    Од никој не сум апнала нешто а да е дадено како мито. Од никоја !!!! Никогаш !!!! И нема да каснам ,нема да земам !!!
    Па кој сака нека верува ,кој не ,нека се гнаси од мене .
    Горе -долу членките ме познаваат . Се нудам да помогнам без да барам или очекувам нешто за возврат .
     
    На Skorpija25, carangigia, zalosna и 29 други им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.157
    Допаѓања:
    137.252
    Пол:
    Женски
    Значи да разграничиме - ,,мито'' е ако се даде пред услугата да биде извршена, за да се изврши. Ако е од коа е веќе завршена и даваме по наша воља тогаш е ,,благодарност''

    Не збори Камелија за давање мито или благодарност туку за некултура на пациенти кои сметаат дека се богови, дека нивниот живот е најбитен и пред сите други.
     
    На mal.ecka, M&M, PUPICA и 11 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    Јас ве свакам што сакате да кажете со овие постови :hug::hug::hug:

    Ваква е и мајка ми, иста.
    Така ме учела и мене.

    Овие два поста ќе ги паметам по убава мисла, убав збор, убав карактер, убаво водпитание и најмногу по човечност подадена рака и сеење љубов луѓе.

    Тоа ни треба во светот.

    Суштината на постовите им ја свакам.:hug::sun:

    Да се надополнам
    Нит е до оризот нит до ресаните нит до сокот.
    Друга е суштината.
     
    На M&M, PUPICA, Ane-Goki1 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.053
    Два пати имам дадено мито (незнам зошто го пишав мито,кога ја не понудив -туку ми побараа )за блиски луѓе -живот на конец им висеше . И тоа ни мање ни више ,евриќи беа у игра.Приватни болници немаше тогаш ,па да имавме избор за да се ,,пазариме" со докторите.
    Ова рефка што го пиша со ресаните-добра воља и у име на благодарност .
    Вчера ја оставив колата на регистрирање,отидов после 1ч и си ја зедов,нормално за мене беше што ги почастив некое кафе и атлантис-за тој 1 саат што требаше да дремам таму ја завршив куп обврски.
    Не сум некоја шифра за да ми нудат мито или да барам .Мм друга филозофија си имаше-помогни за да ти помогнат ,значи услуга за услуга и тоа најкоректно ми изгледа
     
    На Skorpija25, PUPICA, Ane-Goki1 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.899
    Допаѓања:
    163.726
    А Бубче што расклинка на една тема почината трудница со приватни работи, но не е важно. (според мене е важно, утре да умрам и да ме пишува некоја си по форуми и маж и фамилија да ми читаат, бога ми ќе се воздигнам од мртви)

    Ок Бубче, ти претходно многу поинаку пишуваше и раскажуваше. Врати се наназад, фалеше уште да пишеш - ми се може.
    И со третово лице, еве не разбирам?!
    И дали секое добро дело оди на огласна табла или како?
    Искрено да ти кажам, на форумов се чуло за многу добри дела, но никаде не осамнале. Знам за пар членки со огромни срца кои помагаат секогаш, сум помогнала и јас на многумина, но еве, се уште не сме отвориле огласна табла како на ромска свадба кој колку дал и зошто.
    Како тоа е помош кога отиде тука јавно. Луѓе, не е ок како да ви кажам.

    Мене прво, не ми е јасно како тоа си праќате? Лично се знаете? Како си ги знаете домашните адреси.
    Јас пример на една и пратив (прв пат пишувам за ова и никогаш више), но не дома... зошто не знам каде живее де, знам каде работи. И ЗАМИСЛИ НЕ СЕ НИ СРЕТНАВМЕ ЛИЧНО, ден денес не се познаваме...
    И како тоа, ти и вршиш услуха, она те части, па ти и враќаш назад, па неа незгодно, па пак ти праќа и се така?!

    Ок е.


    Јас на дечкото шо ми копира во една копирница, 2 литри кока кола му однесов зошто за 2 денари не ме врати. Како да кажам, разбирам, ама некои нешта не проаѓаат кога се тенденциозни.
     
    Последна измена: 21 август 2018
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.731
    Допаѓања:
    175.936
    Пол:
    Женски
    Очигледно некаде грешам .
    Или незнам да се изразам .
    Во ред .
    Не се правдам , не се бранам .
    Не сум сакала никоја да навредам. Знам дека не требаше ниту тогаш да се пофалам ,ама бидна веќе .

    Важно за себе си знам.
    Арам и колнето у моја уста не влегло !

    Членки со име немам споменато никогаш , но ете јавно им се извинувам на оние кои се препознаа.

    Да си помагаме колку можеме е најбитното . Па некогаш и нешто ќе погрешиме . Луѓе сме .
    Простете секоја една која се осетила навредено или искористено од моја страна

    Околу 30 членки знам лично . Со 50-тина се имам на ФБ
     
    На doubleg, Alishan30, dunika и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.899
    Допаѓања:
    163.726
    Е така.
    Не ни барав да се правдаш.
    Кажав што мислам.
    Некогаш е подобро човек да молчи, фалбата е рѓа, така велеше дедо ми. Мене лично, да се пронајдам ќе ме навреди. Може нема да ти го кажам, ама ќе се навредам.
    И за починатата исто. Можда тебе те занесе ситуацијата, но премногу те занесе, реално. Форум е битпазар, анонимуси кои не ни треба да знаат се. Па и да е новинарски текст немало да пишат дека починатата имала ментална болест, тоа е приватна работа. Се претера.
    И за метформинот. Маж ти може е доктор и знае што прави со себе (реално, го злоупотребува, но доктор е ајде, знае што прави, многу доктори така прават, веруваат дека имаат контрола во тоа што го прават), но тука на овие жени кои не ни биле на доктор да им го препорачуваш како нужно добро? Чоек, не заебавај. Утре ако некому нешто се деси, тебе да те бараат, маж ти да го бараат, кој советувал така да прават?! Не се мали деца, ама имај предвид дека луѓето имаат тенденција да мислат дека авторитет си демек жена на доктор и да ти веруваат. Така се дешаваат бељи.
     
    На Anarchy и MacenceEna им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.731
    Допаѓања:
    175.936
    Пол:
    Женски
    Затоа што многу бев засегната лично од случајов реагирав така како што реагирав . И кажав дека погрешив . Ама ништо не излажав. Додуша и обдукцијата ќе покаже наскоро.
    За метформинот на никој нож под грло не му ставив да пие .
    Си кажував за моите искуства .
    Докторите кај кои одам ( а одам кај неколку различни специјалисти ) сите сметаат дека со шеќер над 5,5 е пожелно да се пие метформин . Штета нема . Ова сум го нагласила како некој 'мој,наш' став . Сметам дека никој нема да почне со лекови без консултација со негов доктор.
    Јас за себе си кажувам . Момемтално го пијам за џабе .
    Но на друг не му го ставам у уста
     
    На Skorpija25, Alishan30, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.666
    Пол:
    Женски
    Не си играјте со апчиња,не знаеме како ќе ни делуваат препорачани од доктор а не па на своја рака.
    Пред една недела мајка ми преврте очи од апчиња препишани од Неурохирург.
    Секое апче на секој не делува исто.
     
    На M&M, WildMk, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.899
    Допаѓања:
    163.726
    Oва е друг муабет.
    Зошто вечра на Јуле и влезе со клизачи за шеќерот. И гледаш веќе има жени кои купуваат. Башка го знам ефектот како фаќа тука маубетот. Еднаш препорачав суплемент - ашваганда, па ја снема во биокосмос, една не знам што друго препорача, го снема производот по полици. Зошто тука не читаат многу повеќе од што мислиме.
    Обдукцијата што сака нека каже, и да знам ќе молчам од почит према покојникот и фамилијата, особено па и со инволвирано бебе.

    Нејсе на темата. Мислам дека горе доле сите сме за исто, со тоа што се дур човек не се најде во ситуацијата, полесно е да зборува за правилните начини.
     
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.731
    Допаѓања:
    175.936
    Пол:
    Женски
    Јас не ја прашав колку и е шеќерот за да ја убедувам да пие .
    Ја прашав колку и оти чисто ме занимаше . Ми се вртеше у глава дека имам прочитано оти и варира . Од 4 до 5.9 . И јас сум слична како неа . Сакав само да се уверам дали беше таков случај како мене .
    Ама еве сум звучела како да се расправам :headbang:. .
    Уште еднаш да кажам . Премногу бев инволвирана во случајот. Но ,во право си . Требаше да си молчам . Ум за следен пат .

    Ама како велат старите . Се додека си ги согледуваме грешките оправија има
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Многу, многу голема разлика има од ќеиф и благодарност, до ку*чење и мито.
    Како во претходно споменатата тема, едно е да почастиш што ти се родило дете, сосема друго да купиш подарок од 200+ евра.

    Затоа што е тоа веќе ку*чење и испаѓа дека тие што немаат толку, не си ги сакаат децата, жените, роднините.

    Додека беше болен таткото на дм, еден доктор им заврши работа... не знам ни како да објаснам. Пошто човекот не постоеше начин да се оперира во Македонија, докторот лично се јави на негов колега во Австрија, кој пак се јави на трет доктор. Во Австрија секако се' платија приватно, но контактот и желбата да се помогне беше бесплатна. Односно нашиов доктор ни денар не побара, а мајката на дм го прашала - докторе, од срце кажи ми што да ти подарам, не ме сфаќај погрешно, како ти човек друг не сум сретнала. Докторов ја одбил, и' рекол не му треба ништо, не сакал ништо да земе. Дозна мајката на дм дека истиов доктор за 3-4 месеци треба да оди на специјализација некаква во Америка. Знаеме дека не е од "богаташко" семејство, па и дека е релативно млад и не е имоќен. Мајката на дм се организираше со 100 луѓе да му ја плати картата авионска, без тој да знае до последен момент, и само му остави порака: ова не е поклон, ниту мито, туку инвестиција во нашето здравство.
    Беше благодарна, си ја смири душата затоа што тој и' направи услуга не кајо доктор, туку како човек.

    Не сум присталица на вакви многу скапи поклони, и да му уплатеше ваучер за на одмор пример, ќе бев многу против, сепак беше за образование, па ај некако. На неа муабетот и' беше - се надевам дека во иднина нема да мора да се праќаат пациентите во Австрија, ете ти специјализираш во таа област.

    Докторот беше преблагодарен, затечен итн. Таткото на дм почина, но докторов им стана буквално семеен пријател, уште е во САД и редовно и' пишува што и како му иде со чколијата.


    Муабетот ми е - разликата меѓу благодарност и мито е непремостлива, без оглед што е "подарокот"
     
    На M.B., Skorpija25, mira.mira и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.