1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Почитувани другарки, ова го пишувам како модератор:

    Од името ма модераторскиот тим сакам да Ви посочам дека темава почна премногу да се експлоатира за чет муабети.

    Веќе долго време се размислува за затварање на истата, со цел да се намали ваквиот вид на комуникација, бидејќи постои чет кој е наменет за кратки муабети.

    Воедно овде се окупираат теми за кои постојат посебни рубрики, па место муабетите да се на свое место каде си припаѓаат и да се полнат тие теми со разни соодветни информации, овде се диверзифицираат темите, а се намалува квалитетот на веќе постоечките теми за одредени проблеми.

    Целта на секој форум, па и овој е да обезбеди дружба на членови НО и квалитетни информации собрани и класифицирани на едно место, а со оваа тема +/- 40 неможеме да го овозможиме тоа.
    Понекогаш е невозможно да се канализираат муабетите овде.

    Овде има убава дружба, па во име на истата одамна се толерира темата, но ова еве нека важи за последна опомена.

    Да продолжиме да дискутираме поопширно, да избегнуваме да постираме само смајлиња (смешки, гушки) и постови од по една реченица.
     
    На Ane-Goki1, green.eyes, Alishan30 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.182
    Допаѓања:
    137.513
    Пол:
    Женски
    Да дополнам само...
    Вакви постови воопшто не личат на постови пишани од возрасни луѓе. Некогаш стварно да се зачуди човек во која тема влегол. Да земеме само пример од темите ,,Феминско младинско ќоше'' и ,,Мајчински муабети'' . Милина ми се за читање.
    Океј е некогаш некоја кратка реплика. Ама куп уште пократки на таа, некако не е соодветно за возрасни луѓе на форум
    Темава е да дискутираме за нашето секојдневие, со сите згоди и не згоди. Меѓутоа не мора да значи дека мора да пишеме нешто, ако нема што да кажеме.
     
    На Ane-Goki1, green.eyes, Alishan30 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Добар ден од мене
    Сакам да се пожалам до општината каде живеам,постојано шетаат кушиња во школскиот двор каде што играат деца.
    Башка на еден куп потреси што ги доживеав,вчера ќе ме нападнеше куче а и моето дете.
    Нели треба да ги шетаат со ремче.
    Нели треба да носат маски.
    Нели треба да не ги пуштаат сами да трчаат каде што играат деца,ако човекот не ми ја плати издишаната топка ќе барам да ми ја купи општината.
    Не сум за топката туку сум за да се почитува законот.
    @referentka имаш интересна идеја за роденденот на ќерката.Само да ти е жива и здрава.
    Највеќе мразев да ме одберат во совет на родители и тоа се случи.
    Кога праша класната кој сака сите дремее јас зевав во плафон.
    Ако не сама ќе изберам ајде мајка му на Михо.:P

    Вие како сте ми арни.
     
    На Ane-Goki1, green.eyes, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Си пишуваме за секојдневието.

    Нормално дека некој заб го боли, некој кичма, на некоја дете и е болно, некоја ручек спрема.
    Неможе во една тема да си го опишам будењето, во втора со која песна се будам а во трета дека ме боли стомак.

    Иницијалната идеа беше да пишуваат членки за свое секојдневие, како живеат, како им поминува денот, какви дилеми и проблеми имаат, со што се соочуваат секојдневно, каде прошетале па да споделат што виделе и чуле, да се советуваме за секојдневни проблеми и дилеми..
    Понекогаш сакаме да прочитаме дали има слични на нас луѓе со слични проблеми или навистина грешиме некаде.

    Ама овде се разводенуваат темите и од нечиј пост за болка во кичма, до крај на ден се свртуваат муабети за лекови, лекарства, доктори, масери, терапии ....а си постои тема каде веќе има дискусија за таква проблематика (ова како пример само го земам, не ме фаќајте за збор)

    Овде ,,паѓаат,, и рецепти за торти и јадења...макар што има теми за тоа.

    Знам, и јас припаѓам во оваа тема и јас Ви се придружувам во сите муабети и сите теми, и да Ви кажам дека и јас сум критикувана поради тоа.
     
    Последна измена: 20 септември 2018
    На Ane-Goki1, green.eyes, M&M и 12 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    Мене малце не ми е јасно па би сакала да ми се појасни..
    еве пример од сега баш ќе земам. сакам да и реплицирам на фина ерика околу кучињата. ..
    значи ако сакам тоа да го сторам треба да го направам кога ќе имам повеќе нешто да кажам а не само тоа или?
    (прашувам чисто да не грешам)
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, green.eyes и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.427
    Допаѓања:
    262.502
    Пол:
    Женски
    Од сеа ќе спремам концепт за да пишам тука. Драми праите кај што ги нема, али ајде.

    Може за лекари и масери али малку :)
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, Ane-Goki1 и 22 други им се допаѓа ова.
  7. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Aјде да се надоврзам на муабетот.
    Имам куче златен ретривер.
    Уредно го шетам со ремен,и маска на уста.
    Го пуштам само во двор да шета,на чија што врата имам ставено пази куче.
    Само исклучиво само кога одам во парк го пуштам во просторот да трча кој е означен за кучиња,но маската од устата не му ја тргам.
    Бидејќи куче како куче незнам како ќе реагира на одредена личност.
    Дури незнам како би изреагирало и на мене.
     
    Последна измена: 20 септември 2018
    На Ane-Goki1, green.eyes, M&M и 11 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.409
    Допаѓања:
    279.524
    Пол:
    Женски
    Meне па не ми е јасно зошто кога се почне со такви кратки чет муабети не се опоменат членовите кои во моментот тоа го прават,(понекогаш сите знаеме да се заборавиме),па ако треба и крато банирање од темата ако некој си продолжува а зошто да се размислува веднаш за затварање на темава?
     
    На Ane-Goki1, green.eyes, kuc и 8 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    @mareane опоменати се и пак исто.
    И банирани има и после три дена пак исто.

    За кучињата...
    Секојдневно читам наслови колку луѓе се искасани.
    Незнам како не се најде некој да се занимава со овој проблем, зашто е навистина сериозен.
    Во Центар само колку чопори има, и меѓу себе се лаат ама и на луѓе нарипуваат.
    Дали треба некоие Здружение да се оформи кое ќе се бави со ова, па државата да обезбедува средства за луѓето кои ќе работат...незнам навистина.

    За газдите кои шетаат кучиња...
    ...не се пази каде мочаат и какаат кучињата.По детски игралишта, по тревници, во секоја алеа, по и така тесните тротоари...
    Ама газдата битно ќе го прошета.А позади себе што оставаат неред-не е важно.
     
    На Ane-Goki1, green.eyes, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.182
    Допаѓања:
    137.513
    Пол:
    Женски
    НЕ! Да не се сфаќаме погрешка, збориме конкретно за вакви постови
    Ниту има содржина, ниту е соодветно на темава ниту типично за возрасна особа, ниту содржајно за читање

    Инаку сосем нормално е коа еден ќе каже нешто друг да се надоврзи ама нека биде бар една проширена реченица, а не пост само со смајли или ,,те сакам'' ,,те гушкам'', ,,супер си'', ,,луд/а си''...

    Околу кучињата... Стварно треба сериозно разгледување на проблематиката и со тек на време целосно да се намалат скитниците. Со стерилизација на сите улични кучиња, нека не се убиваат постоечките ама нека се спречи размножувањето. Преопасно е да се помине крај глутница гладни кучиња.
    И формирање регистар на домашни миленици, секој кој сака да чува евидентиран, секоја задолжителна постапка околу животното евидентирана, како вакцина, стерилизација, итн. Кој сака да чува нека чува одговорно. А не ајде ќе земеме куче, па мерак е да има кученца, па сфаќаме дека за толку кученца не можеме да се грижеме, не ги сака никој и ќе ги пуштаме на улица. Така не!
     
    Последна измена: 20 септември 2018
    На CameliaMiller, Ane-Goki1, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.597
    Пол:
    Женски
    Што мана му најде!??
    Ако можеш да одговориш со смајли, оти да неможам со збор, па бил тоа и - мочааааај-...
    Не сфаќам и потреба да ме анализираш нити пак години да ми спомнуваш!!!

    Која ти е целта само незнам?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Не мочаат возрасните :)

    Таму неколкумина бевме зачатани... Постов, сам по себе. чудно изгледа, ама во контекст со муабетот.. поинаку е.
    Маката што си ја имаме некои, ја отеравме на мајтап.... Инаку, многу сериозно и мрачно ќе изгледаше.. Или ќе требаше да се префрлиме на тема за проблеми со инволонтари пиинг.

    Нема многу жени што споделуваат секојдневие.
    Не може ем да нема теми за дебатирање, ем да нема чат.
    Едното мора да остане.
     
    На Skorpija25, kuc и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.182
    Допаѓања:
    137.513
    Пол:
    Женски
    Мислам дека како возрасни луѓе треба да ја сфатите поентата, никаде не се посочи ни член, ни тема. И намерно името е тргнато од постот, пошто е земен како пример за непотребен пост. Целта е посодржајна тема, со поквалитетни постови.
    Доколку се продолжи во обратниот правец соодветно ќе се реагира.

    Од нас толку!
     
    На Ane-Goki1, kuc, Alishan30 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Примено на знаење :)
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    Најдобро што може да се направи е родителите заедно со луѓето кои шетаат кучиња да потпишат петиција за парк за миленичиња. Цел живот се борам за тоа овде во наше маало и никако да се изборам а да ми се придружат и родителите и тие ќе се раат. Вака сме малце на број. Посебно во наше маало има еден куп места каде може тоа да се изведе ама никој не му е гајле. ма не во општина.. не знам каде не пишав.
    искрено кучињата во градинка не ми пречат ама ми пречи тоа што има ретардирани луѓе кои фрлаат отров во градинката за да истите тие кучиња го изедат. Уз пат што дете може да нагази и да отруе цела фамилија дома не е толку битно очигледно.
    Многу сум исфрустрирана на оваа тема и морав да си кажам.
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, Ane-Goki1 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.786
    Допаѓања:
    176.350
    Пол:
    Женски
    Има тема за газоза ?:smirk:
    Не најдов јас, па ќе си пишам овде. Е многу ме освежи :o. Збутав два мисура гра ( после долго време) и едно литро газоза. Не можам да мрднам

    Имам едно прашање до неготинчанки. Танман нема тема и за ова. Кога е подобро да дојдеме на панаѓурот? Сабота денски , или вечерта ? Или пак има нешто и утре вечер?

    Денес внучка имале родителско во градинка. Ја пофалиле ,само таа дала конкретен одговор на тема :што ве прави среќни,а што тажни.
    Среќна ја правело кога тетин и ќе дошол на гости, а тажна ја правело тоа што тетка и уште немала бебе ,а тетка и била многу поголема од мајка и.
    Срце теткино. И таа тагува за тете:l:

    Ваљда доволно е напишаново. Имам уште нешто за пишување ,ама ќе си го чувам муабетот за после. Мош пак ќе сакам да пишам нешто кратко,затоа нека ми стои муабетот за резерва :)

    И за крај на овој пост сакам да си кажам дека денес посебно си го сакам мажиштето мое:l::inlove:

    И да прашам , што е квалитетен пост???
     
    Последна измена: 20 септември 2018
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Thallia и 21 други им се допаѓа ова.
  17. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Ако сака модераторот нека го избрише мислењево.
    Значи @Bubce38 вриштам,не не вриштам се убив од смеа.
    Си ме изнасмеала за сите пари што се вели.
    Е ми дојде твое пишување како јаготка на шлагот.
    Алал да ти е што друго да ти кажам обожувам да те и читам и @referentka исто така ми се допаѓаат твоите постови.
    Аииииииии 16.20 биднало одох ја накај дома,чао.
     
    На Ane-Goki1, M&M, kuc и 6 други им се допаѓа ова.
  18. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.409
    Допаѓања:
    279.524
    Пол:
    Женски
    Денеска сум предремала малку,море скоро саат.На секои 20 минути се будам,скокам со тахикардија,ама пак си призаспивав...
    Ручек нема денес ,правам палачинки,која сака благи,кој солени....по желба...
    Старите имаат од вчера манџа.
    Кога спомнав палачинки ми текна кога бев млада имав една пријателка кумановчанка мажена во мое село.И ние уз муабет а бре (не) ми стануваат паличинките...Се думаал долго дури не праша како тоа „стануваат“ палачинките...:D Вие знаете?!
    @Bubce38 внучката да ја гушнеш и од мене за прекрасниот одговор...
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    119.447
    Пол:
    Женски
    Бруфенот е нестероиден антиреуматик и делува на желудник да.
    Но со нолпаза (инхибитор на протонска пумпа) немам од него тегоби
     
    На dunika, referentka, mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.521
    Допаѓања:
    260.792
    Јас си пишав за кичма ама постот знаете колку ми помогна. Е затоа никако не можам да си одам од темава оти има ликиви кои живот значат:hug:.

    Туку, @Dust и @WildMk со вакви проблеми на кичма ве читам дека имате поголем вишок на кг. Ќе си дозволам да ве карам. Знаете колку штети тоа?
    За ќотек сте и две, море за стап:D. Кога е здравје во прашање се што треба се прави.

    Имам некои морални борби во себе. Премногу сум принципиелна, поштена и со граници. И некако стегнато живеам.
     
    На SV1911, WildMk, green.eyes и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.