Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Има и од 1.5к количка, така да оваа евтинка е :rofl:
     
    На Mr. Right, LejlaD, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  2. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.394
    Допаѓања:
    86.927
    Пол:
    Женски
    Добро утро!!!
    Последен викенд ,од понеделник нов месец 10 месец лета времево како лудо...незнам за каде се брза...
    Клима дува на топло уште од септември ,ами понатаму што ќе се прави...во најава ладна зима да видеме дали ќе погодат...
    И јас сакам убави работи и нема родител кој несакака ама нешто што е премногу е премногу и да кола настаро се купува за тие пари...пак мрчиме и на крај ќе купиме
    Денешниве деца како од излог се од убави поубави ,родител за него нема да купи ама за дете ќе купи...
    Ај да варам кафе и да разбудам маж слободен бил денес па си спие ,и за на работа да се спремам...
    Убав викенд!!!
     
    На Skorpija25, Peco, boomsleng и 19 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.300
    Допаѓања:
    278.509
    Добро утро другарки :)

    Ме бодеа од сабајле за систематски, па каснам со кафе, тек сега го пијам. Обично од дома до работа ми е испиено :)
    cc5b0d2917b567614e3270c5b9008f41.jpg

    Викендов нема што немам, свадби, ајвари, лутеници... :)
    Се обидувам сама себе да се убедам да си ја однесам колава на перење, уште малку некој никулец или цело растение ќе најдам внатре. Ама ме мрзи страшно.

    Од сабајле го карам мали плишко, не е бељаџија, ама успеал да се пикне во шкаф, гурнал марамите и си заспал врз нив :D Отварам шкаф да најдам облека, тој си дуфта спружен :D Јас го карам, тој мјаука се кара :D И ај после лути се :)

    Петокче е, се надевам брзо ќе пројде, ептен заморна неделава ми е.

    Убав ден имајте :*

    П.С. јас ќе бидам од оние мајки што ќе трошат сулуди пари на колички, шишиња, облека :wasntme: можам да мрчам сега, ама се познавам себе :lol: сега за туѓи бебиња трошам многу од огромен ќеиф, тек за свое... :)
     
    На lunicka, SV1911, boomsleng и 24 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.364
    Допаѓања:
    227.316
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Едно кафе и од мене. Јас моето си го пиев у кола накај работа, држејки го во скут зашто не го собираше во тоа кај што треба да стои..
    Иначе се успав. Малиот се разбуди во 1 и вриштеше до 4. Јас што викам без причина, не можеш ништо да му погодиш, само вришти. Претпоставувам трета тројка излегува... ама на работа стигнав пред 20 мин газ преку глава, неисчешлана, натната само на брзинка. Хаос.
    Дојдов само да ставам кафе и чекам некоја комисија..
    Вие арни?
    [​IMG]

    Уште ова само...
    Умреф :rofl:
    https://www.facebook.com/kamaj.net/videos/2162136160727006/
     
    Последна измена од модератор: 28 септември 2018
    На Peco, SV1911, boomsleng и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.123
    Допаѓања:
    119.683
    Пол:
    Женски
    Добро утро.студено е и со мерак почнав да си ги носам кошулките на долги ракави со мантилче есенско.обожавам кошули и за секој ден различна си облекувам.и марами ќе почнам-омилени ми се за носење:inlove:
    Петок е денес,што убаво.
    Попладне ќе зготвам нешто убаво-маж се пожали дека се на брзински сме јаделе оваа недела:D
    Викенд почнува,свадба иде кај мој близок колега од факс,пола ургентен ќе бил поканет на свадбата-ќе биде убаво и весело.
    Недела ќе ја гушкам сестричка пак.ќе и правам овошна салата:inlove:
    И ненамерно за референдум нема да бидеме дома.и онака не планирав да го посетувам,сега ептен ми се погоди.

    Почнав со топол чај од денес,ледениот го оставив.почна грејна сезона:(

    Убав ден имајте:* :hug:

    п.с.колички иако сега мрчам знам дека од поскапите ќе купам здравје кога ќе дојде време за тоа

    Еве една слика за поздрав:
    FB_IMG_1538117389187.jpg
     
    На Skorpija25, Peco, SV1911 и 29 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Оти бе не ми кажувате дека сум убава??? Требаше наочари да ставам да се видам :))))) ми пукна вчера главата, особено вечерта на пригушена светлина. Ко низ дурбин да гледав се осекав. Джемпер си земав. Баш пред некоj ден, у летен фустан влегов у Ваикики и се осетив ко зимо да дошла оти, саде джемперчинjа, кошули на долги...и си земав. искачам надвор, шлог ме мавна од сонцено. Стигам дома..пет минути попосле виулици и ете, есен. А, баш прошли викенд дур акавме по природа зборевме ке заладува веке оти, се' беше жолто и портокалово, убавина :) морген красни лjуди. Джумбир и лимун сркнати. Ми мириса на кифли. Сто години немам правено и мрцкано. Вчера
    го сркнав и првото топло чоколадо за сезонава. Раат спиев:)))
     
    Последна измена: 28 септември 2018
    На Skorpija25, bittersweet, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.642
    Допаѓања:
    187.085
    Пол:
    Женски
    @M&M да, на Алкалоид е, во Веро го има веќе :) И тикви има :!:

    Хај :hai:
    Знаете дека е ладно, така? Јас се токмам и за греано вино и печени костени. Клима пуштив да топли. Не се издржуваше. Ама ќе ја пуштам и преку ноќ да брмчи, ноќва ми измрзна главата (смајли шо се тресе и прави бррррр...)

    Постот од 6.30ч. сабајлето, сега да го довршам (fingers)
    Вчера демек се мислев дали да излезам. Маж ми и големата дигнаа температура. Прави супи, варен компир, тост, сѐ по желба, и на крај ништо неизедено или малку чепнато. Ама смоки битно скоро цело пакување искрка. Штом оздрави на глава ќе ни се качува, ќе скока и салта ќе прави. Што викаше баба ми: Не ми е што ќе се разболи, туку што ќе се разгали.
    Инаку со диетава сум малку нервно лабилна :rofl: Ама физички се осеќам супер :dance: Иако многу ми недостигаат домашни кифлички за доручек, со ајвар, лутеница и овчо сирење. Ама па за н.г. ќе надокнадам сѐ :bug:
    За облека за бебиња и деца конкретно, досегашново искуство ме научило дека со турска роба, нема утка. Значи машини, сушари, ниту скинати, ниту смалени, ниту обелени. Затоа скоро сѐ е од Ваикики на крофните. Инаку за второво сега засега купуваме. Ретко нешто носи од големата, дека во различни сезони родени. Првата во зима, втората во лето.
    За количка, би дала повеќе пари. Само да вреди. Со големата имавме поефтина количка, ама голема, не ни ја собираше, па пластиката се гледа дека не е нај нај. По некој месец купивме на Чико, и као супер задоволни. Помала, лесна за возење, лесна за носење. И почнавме- на првата имаше повеќе аксесоари, на оваа од Чико нема кај да ставиме шишенце, тендата мала, ѝ смета сонцето, корпата под количка мала |( И за на крај да почнат да се кршат кочници, тркалца итн. И не беше проблемот шо се кршат, туку тоа не влегува под гаранција. Требало кочницата на тркалото со рака да ја закочуваме и откочуваме. Со рака :!: На тркалото да фаќам со рака (facepalm) Нема везе, си плативме ново тркало кое требаше да стигне за 2-3 недели, ама стигна за 2 месеци. И да, си плативме фул цена, ни извинување не добивме. Така да, поентата ми е дека не е проблемот во скапо- ефтино, туку дека живееме во Македонија и сме далеку од добри во продажба и услуга на клиенти. За права да не ни зборам. Одам јас, ме чека долг ден :hai:
     
    На Skorpija25, Peco, SV1911 и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.345
    Пол:
    Женски
    Ја имав количка на грако 10000 ја плативме, имав и гратис тркала, и тие ги излижавме од возење, како нова е, на едно бебе ја дадов скоро. И зимо и лето, лесна , практична..ептен се погоди. Нема кај не сме ја однеле|( да знае да збори само:nod:

    Ај добро утро,
    ладно..не ми е што е ладно сабајле, туку на враќање жешко и заборавам дека парното го пуштам сабајле, па на одење се вариме уште појше(facepalm), се на пола пат ни текнува дека топло дува(facepalm) толку за сега,
    до следното вклучување: останете во добро расположение:D
     
    На Peco, SV1911, boomsleng и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.022
    Допаѓања:
    180.049
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро :sun:
    Петок денес ,а ?
    Викенд имате :party::party:
    Си поспав јас сабајлево , арно што од сношти му имав оставено алишта на маж ,па не морав сабајле да станувам :). Кафе не пиеше ни тој ,ќе пиел на работа . Имале денес некој специјализанти кај нив ,младички , па сакал со нив да се дружи. Уште од синоќа "нареди" помладелашки да го облечам:tmi:
    Ќе одам кај и да е до кај него , да проверам јас таа работа :D

    Сте збореле за бебешки/ детски работи .
    Све имам. Колички,релаксатор , корпа , седишта за во кола , дубалче ,лулка ,креветче , проодувалка , точачиња и еден куп други реквизити . И се од најскапите . Нешто е дури ни еднаш неискористено,нешто е користено ама одлично сочувано . Ако имам к'смет мома да родам и алишта ќе имам апсолутно се . Маж вика се ќе купел и тоа дупло поскапо,ама јас како што сум економично-скржава :),не верувам овие да ми стојат у подрум :)

    Добив интересна понуда за референдумот. Ако сум излезела јас на гласање ,немало да ги носиме старите да гласаат . Па се мислам . Во ќар ќе бидам еден глас за бојкот .
    Ај има време до недела . Јас па план правам до Штип да тркнеме викендов .

    ОдоХ да спржам некоја пиперка и тиква. Маж дежурен ,па да апне срцката :)

    Убав ден :f:
     
    На Stressed Out, Skorpija25, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    106.537
    Пол:
    Женски
    Добро утро :sun:
    Колку убава атмосфера на темава затекнувам :inlove:
    Читајќи ги @Dust , @CameliaMiller и @Mr. Right за колички и муабетот - за моите деца...:inlove:
    За количка да ви кажам, кога бев бремена со првото од мераци старите се нудеа да ни купат убава скапа ама јас бев со мислење - како да не, за количка толку пари, пихх, и шо, за мое дете да купуваат, ма јок. И влеговме во првата продавница, порачавме по слика по каталог првата шо ни падна во очи и да ви кажам се покајав 100 пати. Количката за 3 деца ја користев. Често пати и по две седнати сум возела ( едното 3 години другото година ) а верувајте се покажа и она ' сиромавиот т.е. скржавиот ]:) дупло плаќа па така во целокупната 'сезона'на количка купивме 4 колички. Камо да си слушав постари на времето.
    Сега на сите давам совет - за количка не се штеди.
    @Dadusicka и како потенцијалната снајка? :D
     
    На Tajnaotrovna, bittersweet, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.337
    Ако се преселам некогаш во Шведска, ќе биде заради мажите!!

    Повеќето се високи, брадати и крупни! Ламбрџекс!!

    Сериозно почнав да размислувам за плави мажи :inlove:
     
    На M&M, Tajnaotrovna, mira.mira и 24 други им се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.642
    Допаѓања:
    187.085
    Пол:
    Женски
    Сакав да ти кажам, ама си реков ќе си видиш самата :smoke:
     
    На Tajnaotrovna, kuc, Mr. Right и 11 други им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    Толку пари за количка? Ма ќе научи уште од 6 месеци да оди, и оро ќе игра :D
    Со тие пари и до Занзибар ќе тркнам :doh: Многу скапо е да се има дете, ќе си посвојам едно веќе пораснато :D Се шалам, да не ме сфати некој озбилно :emo:

    Добро утро. Се греам со шоља чај. Све што имам да кажам е за никаде, затоа боље да си ќутам.
    Сакав да ве прашам зошто некои букви ги менувате? Сум ве приметила нагласувате на пр. маШ :^) Како да сум пропуштила нешто, а и ништо чудно, не сум баш д брајтест прсн :wasntme:
     
    На Skorpija25, M&M, lunicka и 23 други им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.642
    Допаѓања:
    187.085
    Пол:
    Женски
    @kravce да не помисли некој дека не знаеме дека не е маш, туку маж :D А и тренди е 8)
    Ти до кај си со чајџилницата? Еден предлог- за секој муштерија да има леѓен со топла вода за нозете :!:
     
    На M&M, Peco, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    @NarCis@ Како би ги шлапнала сега стапалата во изгор вода, у срце ме погоди :doh:
    Чајот уште не е насаден, зима иде, јас у зима хибернирам :emo:
     
    На Peco, SV1911, kuc и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.022
    Допаѓања:
    180.049
    Пол:
    Женски
    Мене терминот маШ автоматски сам од телефонот така ми го дава . И ме мрзи да го менам на секое .
    Ако смета ќе поправам ,нема гајле :D:D:D
    @zhap4e си пишала дека се грееш со шоља чај.
    Јас прочитав дека си гледаш на шоља грав :@. Па си реков и такво ли чудо има :D

    Се гледа дека уште не сум расонета:emo:
     
    На Peco, kravce, boomsleng и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.345
    Пол:
    Женски
    Не ја видов, ама класната ми ја пофали добро девојче било, мирно и учело:!: може и мојов ќе почне да учи покрај неа(facepalm)...
     
    На M&M, Tajnaotrovna, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.265
    Допаѓања:
    138.448
    Пол:
    Женски
    Демократијата ќе биде добра тогаш кога гласот интелегентни и образовани луѓе ќе вреди многу повеќе од на некои припрости, необразовани, висина на IQ колку собна температура.
    Шо се однесува до мене, на одреден дел од луѓето претежно постари лица би им одзела деловна способност, не право на глас да им имаат. Не може човек без став да излезе да гласа, изгубен у свемирот, објаснение зошто ќе гласа така да вика ,,Петко, од наше село збореше на тв и он така кажа па така ќе правиме'' :headbang:
    E така... толку за политика пред изборно.

    Неделава се дружев малце повеќе со народ. Од една страна убаво ми беше, од друга после се што слушнав јасно е дека се повеќе нема човечанство во луѓето. На минорни, сосем небитни работи се гледа што луѓе постојат, кое дно е допрено.
    Фризерка се пожали дека муштерики упорно и крадат силиконски капки коа ќе влезе во вц :headbang: Госпоѓи 8) фризурата им е поскапа од пола шишенце капки.:envy: Викам стаи едно со урина на видно место, она со капките чувај го на друго и намерно оди во вц. Нека земе пак друг пат :emo:
    ... повеќе муабети од селската чешма за Фемина, од Сесил, на следно пишување :makeup: ФМП
     
    На Skorpija25, душленце, Tajnaotrovna и 21 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.300
    Допаѓања:
    278.509
    Џабе се надевав на лабав петок.
    Нема ни 1, а веќе 4 пати сакав вака
    tenor.gif
     
    На M&M, kravce, SV1911 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.640
    Допаѓања:
    146.820
    Не виксј два пати, големите повеќе трошат. Наместо количка, вистинска кола бараат :D

    Тогаш нема да биде демократија. Необразованите треба да се образоваат. А како да се образоваат, кога овие што се сметаат за образовани, всушност не се.

    Мене најмногу ме иритира уличното однесување на ТВ дебати. Мора ли секоја дебата да заврши со надвикување? Какво е тоа упаѓање во збор на соговорникот? Ако тие ни се образованата елита, јасно е зошто сме таму кај што сме.
     
    На M&M, bittersweet, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.