Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.273
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Денес само лајкував и демнев. ]:)
    Такви сервирања ми се убави за гледање, ама не и за јадење. Ние додека не ја наполниме чинијата до горе не седнуваме да јадеме. :D
    А какви се тие чинии со "дупка" за тестенини што зборат Даст и Бошка? :?:
     
    На Alishan30, duffi, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.013
    Допаѓања:
    174.704
    Пол:
    Женски
    Вакви и слични на нив..има мн варијанти
    [​IMG]
     
    На Alishan30, duffi, M&M и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.273
    Пол:
    Машки
    У оваков тањир десетпати ќе треба да праам репете. :D
     
    На LejlaD, NarCis@, mareane и 2 други им се допаѓа ова.
  4. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓаат убаво сервирани јадења и сакам убаво да “личи“ на маса, ама многу сум посреќна со полн стомак. Искрено, не сум тип на човек што може да преживее со 3 зрна храна - ќе ја изедам и чинијата, а можеби и масата :)
    Кога сме кај храна, како ви оди со домашните буџети за храна - излегува ли математиката дома и на пазар?
     
    На Skorpija25, duffi, M&M и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.013
    Допаѓања:
    174.704
    Пол:
    Женски
    Абе ти наполни си го:wasntme: :rofl: кој ти брани..

    Искрено во последно време ептен сум загреана за ваквите сетови... ги има во Lusso во Сити мол ама не знам дали се исплатат:sweat:
    [​IMG]
    [​IMG]

    И слични на овие.. stone стил..
    [​IMG]


    Ве тероризирав со слики..соррррриии:D
     
    На Alishan30, duffi, kravce и 18 други им се допаѓа ова.
  6. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Последните ми се најубави, многу сакам неправилни форми
     
    На LejlaD и Dust им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    И ја сум у клубот на добиени денес :sweat:
    Едвај се прибрав, прејадена, препиена и стомак ме боли. Има да се завиткам ко бурито во ќебе, воздух да нема од каде да влезе. Сакав да се истуширам, ама може тоа и сабајле.
    За референдумов уште не се решив, продолжив да се расправам со сите и за за и за против...ај може ќе ми дојде на сон ноќеска. (facepalm)
    Ќе ставам чај да го заперам желудников од сите глупости што ги изедов денес, ако сака некој нека повели. Планински, рачно берен :!:
     
    На Alishan30, duffi, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  8. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.284
    Допаѓања:
    221.222
    Пол:
    Женски
    Капена,намирисана,за утре де,скоцкана да си бидам,@referentka ме потсети,фала Рефи,нема да бидам како од поплава исфрлена,море и троа шминка ќе манам,да не плашам луѓе:D.Сакам убави пајнци-тањири,последно купив од тие големите во две бои,црни и бели,а уште на таван имам од свадбата моја,е мене ќе ме обеси кај сато мм,ако ѓи види тие на таван,затоа строго пазам да не се качува,штом треба нешто трчам јас,демек да не се мачи тој:rofl:.Убаво ѓи полнам,не ѓи оставам празни,оти моиве со поглед ќе ги смачкаат.Сакам од тие со дупката,утре на пример шпаѓети болоњезе ми се во план,ако имав такви што убаво ќе беа сервирани,абе женски памет,туку де(facepalm).
     
    На Skorpija25, Alishan30, duffi и 21 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    78.250
    Пол:
    Женски
    Поздрав и од мое село.
    Денес цел ден или со гости, или шетам по друмовите.
    Јадена еднаш, важно две кафиња испив.
    Времето убаво, топло, да му е мерак на човек за шетање.
    Ама луѓе, нема.
    Празно. Улици празни. Кафаните празни. Ќе видиме утре колку раја ќе излезе.
    На секој чекор, некролози. Куќите празни и темни.
    Е јас баш затоа ќе гласам.
    Може вие по Скопје и западна сте изморени од луѓе, ама истокот е застрашувачки празен.

    На ред фервекс и една рака други апчиња, па в кревет.

    Јас буџет за храна немам. Што ми се јаде, тоа. Сега ми се јаде ќотек, ама нема кој.
     
    На duffi, kravce, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.261
    Допаѓања:
    138.415
    Пол:
    Женски
    Ич не сакам така сервирана храна. Едно парченце минијатурно, околу него изнашлапано преливи, колку да изгледа визуелно повеќе, јок. Се знае, тањир полн, и коа ќе буцнат сите пак полна да биде, а не еден земал другите нека гледаат. Тањири со дупка во средина, за тестенини, ми се ок, убаво изгледаат, е сеа ќе ти се бројат повеќе дека си изел ама како па од убав тањир јадеш :D

    Еден наш угостител ги однел готвачите од неговиот ресторан во метрополата, низ поексклузивните ресторани, да видат што се готви, да сменат нешто во менито. На едно место пилешко порачале, искршени неколку парчиња, уметнички разбацени низ тањир, и прелив околу нив изнашлапано. Во друг свинско, едно минијатурно парченце во средина, околу прелив шлапано.Во трет слично нешто и готвачот му рекол шефе вака кај нас од глава ќе ни ги акнат тањирите, дај да си одиме, арно ни е менито.

    @Dust тој црниот сет ептен ми е убав. Сите сетови ми се на бело, Луминарк, сакам еден црн да сменам малку ама ги имам превише. Треба да почнам да кршам за да дојде ред на нов сет. :tmi:

    Земав да месам, да си сецкам салата за мезе, сервирав се, одам да го викам мм да отвориме некое винце и да вечераме - р'чи до улицата се слуша. Гајле ми е, повеќе мезе за мене :makeup: Еднаш ќе изразе човек желба за некој алкохол и тогаш нема да се напие... 8)
     
    На Skorpija25, Nigredo Odor, Alishan30 и 22 други им се допаѓа ова.
  11. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.284
    Допаѓања:
    221.222
    Пол:
    Женски
    Во селово наше е исто така,се попразно и само некролози нови излепени,деца се помалку како првачиња запишани,а и во погорните одд. се намали бројот оти се иселени бааѓи.За ќотек ако ти се јаде да палам патиките да идам,но мана ми е само на збор што сум јака,дури да стигнам да мавнам побрзо ке те :hug:,па во право си дека нема кој:)
     
    На duffi, M&M, Tajnaotrovna и 10 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.805
    Допаѓања:
    323.868
    Не ми се верува^_^, пак сефтето го правам.

    Ај добро утро

    Да не ме мислите, станата сум.
    Ама денес и Дадушичка и Стеки и ЛичиБоз сите успани|-)

    Денес знам само дека е ВЕРА НАДЕЖ И ЉУБОВ.
    На сите Вери,Нади и Љубици честит празник.
    Честит и на оние кои се заљубени, кои сакаат а и на оние кои се надеваат.
    Се читам што.напишав и си викам- ова празник на сите испадна:wasntme:.
    Што е битно:|, важно нешто ќе славиме денес:D

    Да имаме убав ден, кој прави ајвар да му се погоди,кој ќе шета да се нашета а тие како мене глупавите со пегла ќе се дружат и денес:doh:
     
    На Skorpija25, Alishan30, duffi и 21 други им се допаѓа ова.
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.635
    Допаѓања:
    176.193
    Е овој пат се лажеш :D,ја сум тука :lol:...пијам кафе у лп ,додуша оладено ама со мерак направено .

    Ај д.утро,за многу години празников.Љуба,Вера и Надежда-среќни имендени :*.
    За у ,,клубот"8),мене 28 заокружете ми го со црвено пенкало ;) :tmi: :lol: .
    Кафето
    20180930_082748.jpg
    @Lilit ,2 дена се ,,слободни"-јади,пиј што сакаш.Од утре нов круг.,,Теткава" ми ја смеша математиката-у петок сабајле на вага-4 ,вчера сабајлето+4|( амаааа...имам мотивација да продолжам даље .
    Ај :*,убав ден нека биде :makeup:.
     
    На Skorpija25, Alishan30, duffi и 19 други им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.140
    Допаѓања:
    70.583
    :hai: :coffee::coffee::coffee:

    Се наспав денес, конечно. Цела недела го чекам овој ден само за да се наспијам. :D

    И мене ми се свиѓаат таквите тањири со дупка во средината, тие како на ДунаФка наша. :D Ептен се убави, а и практични ми се гледаат.

    И јас сум слаба на чаши за кафе и чај, убав прибор за јадење и слично, ама и кај нас кујната е мала и крца од што е преполна, а често правам ревизија и тоа што не користиме завршува во донации или канта.

    Да не сте вие, немаше да знам кој празник е. :) Среќен именден на сите што славите! Имам блиска личност со слично име, па ќе и честитам. ^_^

    @malerozna ме натажи со постот за празните куќи. :( И јас сакав да се вратам во Мк да гласам, ама обврските тука во моментов не ми дозволуваат мрдање надвор.

    @Dust тањири слични помеѓу тие од првиот и третиот сет мајка ми купи од Меркур во Автокоманда пред некое време, не знам дали ги има сега се уште.

    Јас се мислам помеѓу минимализам и рустичен стил, а тие два немаат ништо заедничко ми се чини. :D Се чувствувам убаво кога се е под конец и нема премногу работи низ собите, ама исто се чувствувам удобно во такви рустично дизајнирани простории, кујните со отворени полици на кои стојат распар шарени тањири, плотната во кујната е од дебело дрво, столиците дрвени.. најди ми нзс е работава. :D Сега тука ми е доцна да менувам нешто, ама наредно преселување ќе се потрудам да биде нешто помеѓу овие два стила, минималистичко, но топло и удобно. (fingers)

    За денес во план е вежбање и учење. Со речиси целиот материјал сум во тек, ама треба да ги научам на памет некои групи на глаголи кои ќе ми требаат понатака.

    @WORRIED.BT среќен роденден на малиот дечко! :inlove: Голем да расте, во хармонично семејство, сакан, здрав, среќен и паметен! :party::^::sun::hug:

    Имајте убава недела! :f:
     
    На Alishan30, duffi, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.180
    Допаѓања:
    145.191
    Денес е христијанскиот празник на љубовта. Секоја година на маж ми му правам нешто љубовно. Денеска ќе му оставам да спружи алишта :)
     
    На Skorpija25, duffi, doubleg и 18 други им се допаѓа ова.
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Добро утро женски:sun:

    Денешниов ден е за трите сестри Вера,Надеж и Љубов и мајка им Софија.

    Од сабајле љубев и бев да гласам.Верувам во подобро утре и се надевам на подобра иднина.

    Ај поздрав.
     
    На duffi, Peco, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.970
    Допаѓања:
    157.734
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Не пишувам многу ама редовно ве читкам....ко да немам што да кажам а и зафатенн ми е периодов и некако во трчаници ми минува денот....

    Проославивме роденден вчера...маскотата полн погодок иако не беше баш автентична...толку детски верува и се радува што успеа да ме расплаче со реакцијата и однесувањето...

    Денес пак ,на ќерка ми и е именден...

    Убав месец ми е септември...

    Да запафнам по дома...нит шетам ,нит ајвар правам,нит гласам...во глупавите сум и јас ко шо рече @referentka ,со крпа и пегла ќе се дружам....
     
    На Skorpija25, Alishan30, duffi и 23 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.805
    Допаѓања:
    323.868
    Ти ма се периш ли уште:D

    Јас пилешки копани со компир ќе правам.
    И Чинки со аерокрем:).
    ..и нормално-пегларе ( ова на шпански е)..
    Иралијански-пеглито
    Француски- ла пеглаР
    Англиски- д пеглинг
    Мексикански-лез пеглас
    Германски- де пеГл
    ..
    Важно знаете за што се работи:D

    Да се упристојам, да заличам на човек па ќе одам на гласачкото место да видам како стои ситуацијава:).Тоа ќе ми биде шетката денес:!:
     
    На Skorpija25, duffi, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.221
    Допаѓања:
    106.510
    Пол:
    Женски
    Сеуште сум во фаза : -" настината си? -"балку" :envy: Па и детево е " бама би се бочкат". Ќе си се чуваме деновиве по дома гледам. А среда имам закажано за пап. Ми стаса од матичниот покана, оваа година за 24-36 години било беслатно па ај да си направам нема зијан. Инаку одам еднаш годишно на приватен, иако ми рече на 3 било доволно.
    Пред некој ден читав статија за сервирањето храна, истата количина сервирана во гигантска чинија делува помалку и така се залажува мозокот и бара уште, па така повеќе ќе изедеш. Мене многу ми е битно како ми е сервирано јадењето, во каква чаша ми е пијалокот и сл, прво на око да ме привлече е битно, типичен бик сум во однос на оваа карактеристика :D
    Да каже @stetoskop каква диета држи??
    Честито име на славениците. Денес е православниот Валентајн ;)
     
    На LejlaD, duffi, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  20. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.383
    Допаѓања:
    86.802
    Пол:
    Женски
    Добар ден!!!
    За многу години празников честитки до тие што слават...кафе со свекрвица се пие...
    Гласавме да не берите гајле како слабо народ од сабајле ,дали уште е рано или не ќе видеме до покасно ...
    И мајка и свекрва се јавија за ручек кај ќе се оди денес да не се налути никоја...претпладне кај една попладне кај друга:D
    Си најдов супер фризурче кратко ,ама сум во план така да ја истрижам на мажево како нова ќе му бидам..
    @WORRIED.BT Среќен роденден на синко да ви е здрав и жив :^:
    Убав ден народе!!!
     
    На LejlaD, Alishan30, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.