Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.087
    Допаѓања:
    154.705
    Пол:
    Женски
    Не баш :) ама не е страшно се трпи
    Добро утро, малку поарна ид вчера, ме тишти стомак ќе пројде.
    Убав ден на сите :sun:
     
    На Mr. Right, Rebecca_R, Peco и 11 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Заспав каj дванаесет и се разбудив после пола саат со чувство дека е веке шест ипол негде. Во трепканje и мисленje ми мина нокта, и па, ништо битно не смислив.
    Едно бубуличиште ми излезе мегу очи :)) и многу ми е кеjф шо цвикиве ми го затскриваат. Шо површен створ сум некад, абе:)))) мозок ми спие,глеам да не сркам мн кафе оти кревко се осекам. Да можам да го одремам денов,али...
    Гутен ви морген. :)
     
    На WildMk, Mr. Right, Rebecca_R и 20 други им се допаѓа ова.
  3. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    22.143
    Добро утро

    Станата рано рано , тек сега си направив кафе , ако ми дозволе бебе да го испијам на раат арно , ако не , не е ни прв ни последен пат една голтка или ич да вкусам. Се презаспиваме по сто пати , велат додека цица така ќе е , ама има и деца кои сврзуваат и повеќе од два часа сон иако се доени , или јас грешка сум.
    Нејсе, нека е жив и здрав, мајка ќе издрже додека да почне да спие подобро.

    Утрото тешко , една тежина ко планина , да искажувам чувства редови и редови ќе изронам во ми лежи на срце, ама одамна престанав да искажувам чувства , одамна престанав да се жалам , не сакам ни мала солза некој на око да ми види ,,,, А силна не сум , незнам ни што сум. Се прашувам целата таа тежина како ја поднесувам , каде стои , каде оди ...

    Како сте вие жени , сонце од сабајле ветува топол и убав есенски ден...верувам на голема радост на сите.

    Незнам што муабетите , еве една тема , ако сакате зборувајте ако не , не мора. Онака .
    Дали вашите најблиски се во странство ? Дали вашите најмили , сестра , брат , внуци , живеат и растат далеку од вас ? Или вие сте таму далеку , а овде сте оставиле мајка , татко , сестра , брат .... ? Како се носите со тоа ?

    Ајде да сме здрави и живи само.Тоа е најважно.
    Тоа е една реченица која звуче како најголемо и најстаро клише , ама поголема вистина од неа нема.

    Имајте убав ден!
     
    На Skorpija25, WildMk, Mr. Right и 25 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.809
    Пол:
    Женски
    Добро утро убави луѓе :hai:

    Јадам мандарини и ќе ги наредам корите на парно. Нека замириса на зима :inlove: Вчера бев во Џамбо и веќе наместиле новогодишни украси на рафтовите. Успешно ги заобиколив и се качив горе. А кога ќе размислам, може попаметно е од сега да почнам да купувам по малку :^)
    Ќере со апетитот е како во пмс :tmi: Јаде ли јаде. И тоа меша, бута, сѐ шо ќе ѝ стигне при рака. Вчера си варам компир за мене и правам салата, се залепи и ми вели: што прави мама нешто вкусно? Ѝ кажувам компир салата и очекувам да си отиде со трчање, кога она сакала и таа :^) Ѝ ставам во тањирчето од компирот и ми вели: а мевце? :wasntme: Ах бре дете, не знае за самостојно јадење на компир, па ајде и мевце сушено ѝ дадов. Ѝ ставив и зеленчукова салата и маф направи на цел тањир :nod: За по пола саат да ми побара пак да ѝ дадам нешто вкусно, не дај Боже да е невкусно |(
    Во странство блиски пријатели и роднини. Мене ми е тешко, ми фалат. Ама сакам да останат таму. И тоа и им го кажувам.
    Друго нема, одам да месам кифли :hai:
     
    На Skorpija25, WildMk, Mr. Right и 29 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Во Џамбо почнаа да ме нервираат.
    Не поминати одмори тие кофички, гуми...тргнаа (од се по нешто на еден рафт имаше ставено, ама немаше никаков избор) ставија тератки.Ги тргаат тетратките ставаат за Нова година...
    Еве ќе видите, не помината НГ, за осми март ќе наредат|(
    Некако ногу усилено сето тоа.
    Башка што многу често прередуваат па се случува да неможам да најдам на пример чаши каде стојат.
     
    На Mr. Right, Rebecca_R, Cosmi и 24 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    од први октомври редат ствари за нг. Меѓу купачите и дедо мраз ќе начекаш тетратки и халовин ствари.
    најпаметно нешто што направив минатата зима е што со време едно по едно купував за нг па не осетив после мака од една плата да пунам и украси и трпези.

    Туку ви кажав ли дека деновиве се замарам со какви кесички да направам за коледарите. . со време да си почнам. .
     
    На Mr. Right, Rebecca_R, Cosmi и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.034
    Добро утро или добар ден е веќе :^)
    Штотуку го испив првото кафе за денес на тераса со слушалки и добра музика.
    Па сега може да се спремам и да почне денот.
    Ме чека пат до Скопје,па спремање за трета смена :(
    Луѓе во странство немам,а нити пак јас сум имала желба да заминам.
    Но со текот на годините тоа ми е една од поголемите желби и се надевам што побрзо ќе ми се оствари.
    Имајте убав ден
    кафе2.jpg
     
    На Skorpija25, WildMk, Mr. Right и 25 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.379
    Допаѓања:
    279.098
    Пол:
    Женски
    Уште по кратки ракави одиме и со фротирка се покриваме вие за Н Година сте фатиле муабет.Чекајте ,не ни бега ,сама ќе си дојде,некако како се унапред да мислиме,да трчаме побрго на маратонот наречен живот.
    Не дека не ,јас имам тој месецот по НГ две големи слави,па уште сега мислам што како ќе готвам ,што да се прибере и сл...
    Ноќеска и јас слабо спиена ,цело време се будев,незнам кој ѓавол ми беше.

    Инаку се жалам или изразувам чувства само пред одредени личности за кои знам дека може да ме сослушаат или кои носат сличен товар како мојот.Пр..кај нас на работа пред одредена група на госпоѓи не можеш да прашаш кога плата?Ако незаинтересирани се тиа кога има тогаш за пари не е проблем,Ама има и таква група која сепак живе од плата и абер за истата само од нив...
     
    На bittersweet, Mr. Right, Rebecca_R и 28 други им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Хелоу лејдис, јас првото кафе во 11. Второ ми е , лажам, ама првото беше пред 15 минути.
    Да одговорам за странство- јас сум во странство и никогаш не зажалив. Ми недостигаат неколку луге, не да не, ама фала богу технологија, не е ко порано, се сеќавам со другарка од детството писма во Америка...2 месеци праќаш примаш. Сега се е на дланка. Брат ми и студираше надвор, јас во ск, така да навикната сум без нив. Е сега, внуче мило, ама срцата боље да гледа среќна тета него нервозна. Првпат за превирањата во мк ама баш ни е гајле со муж. Уште малце пасош ќе земеме од овде и аста ла виста мк пасошу( мора да се откажеме).
    За жалење, се жалам, ама само на маж. На други дозирано многу и тоа не за да ми олесни, туку ако барам совет. Инаку, зошто да им ја црнам душата. А со маж ми е како декомпресија, ме знае и ме сфаќа, ама гледам и нему да не му се лигавам. Нервите на сите ни се броени. А ако некој ми се жали, одма влегувам во решение мод, и лугето ако не прашуваат за совет, ваљда мачно им е да слушаат нешто што и сами го знаат. Да тешам знам, ама сакам да помогнам.
    Вчера преубаво на куглање и вечера. Утре на посо'. Овер ен аут.
     
    На Skorpija25, WildMk, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.384
    Ден! :sun:

    Денес поинаков тек на денот. Детево се успа дури до 8:30. Па тек сега преспива прва дремка. :whew:
    Барем знам дека е намирен, јаден, па да стане и да се пуштиме низ парк. (hollest)
    Во меѓувреме му се крчка ручочето. Некогаш го ранам со мерак, ама некогаш заникаде, повуци потегни за некое лажиче плус.:doh:

    Се повеќе од моите се во странство. Во нашиот крај секогаш имало гастербајтери ама сега се се побројни, а останавме тука се помалку. :(
    Селата посебно кои се по одалечени од градот се скоро празни. Млади луѓе нема, останати се по некои пензионери. Од моите половина не се тука. :( Последните години се повеќе го сакам летото оти тогаш сме на број. Лесно не е и за нив таму и за нас тука, ама па од љубов не се живее. Гледаш дека таму им е добро, средени се, уживаат во животот, а за другото ќе се задоволиме со технологијата. Среќа што ја имаме.:mp:

    Се жалам на маж ми и тука можам да покукам, а вака во реалност пред други ретко. Луѓето како да се ситат на туѓите проблеми. Ако некој сака да се истажи тука сум секогаш за моите, тоа што е кажано тука си останува. Знам да дадам и некој совет, ама најлошо е што се ставам на срце и после не можам да ги извадам од глава. Има еден проблем во кој никако не сум засегната ама па се знам, и го истажив и јас. А никако не е поврзано со нас. :punch:

    Скоро бев во скопско Џамбо и ептен е хаотично и растурено кога и да влезам. Споредувајќи го со грчкото, робата е таа, ама таму е главно средено освен во најголемите гужви. Кај нас како да не го одржаваат или па и нашата култура толку е. :?:
    Ама па последниот пат имаше прегорени ламби, оставени голи жици по тавани, каде паднало таму останало. Многу лош впечаток остава.

    Да станам да се спремам додека бебето спие. На готовс да го чекам. :makeup:
     
    На Skorpija25, WildMk, bittersweet и 30 други им се допаѓа ова.
  11. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.795
    Допаѓања:
    214.374
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.Проблеми со луѓе околу мене не делам,видов дека е џабе,или мајтап ќе направат или ќе те опетаат од оговарање плус филовано.Овде сум отворила душа,небаре во дневник,знам,свесна сум дека сум ве давела,но морав некаде да си кажам,макар само дел,оти ќе пукнев скроз.Притоа сум свесна дека некои членови вртеа со очи додека ме читаа,но од поголемиот број читајќи ѓи,полека полека ме враќате во колосек,ако не се доизматуфам:D.Во странство имам,најмилото,ми недостига премногу,но не би му рекла на мое барање да се врати,подобро му е таму.Кафе ми се пие,на тераса е за милина :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee: повелете со друштво е послатко.
     
    На Skorpija25, WildMk, bittersweet и 31 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Хелоу еврибади :)

    ХПЛ малку периодов :)
    Шмугнав малку, па да ви пишам :)

    Се осеќам хронично уморна, што веќе мислам дека е можно да имам и некој хормонален проблем. Си закажав на ендокринилогија. Веќе не знам дали навистина сум преморена или нешто друго е во прашање.

    Доаѓам дома некомпатибилна со живот, не можам да се освестам.

    Друго, колку повеќе се гледам во огледало, толку повеќе сакам нож.
    Не многу, капациве да се средат и малку ботокс во чело, линииштава да ми ги испеглаат.

    И така :)
     
    На bittersweet, JuLleE, Mr. Right и 30 други им се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    262.237
    Пол:
    Женски
    И јас. Да земат од задник да стават у предница. Брчките околу очи од авион се гледаат...

    Средив нешто малку, утре други зафрканции па петок можда малку шетање. И мене ми се оди со жени чопоративно но веќе од продавници и молови ми е мака :|
     
    На bittersweet, Mr. Right, Rebecca_R и 25 други им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.809
    Пол:
    Женски
    Вака ми беше и мене. На своја иницијатива проверив тироида и испадна покачено тсх.
     
    На Rebecca_R, mareane, EuHenIa и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.899
    Допаѓања:
    173.510
    Пол:
    Женски
    Педометарот вика 13.000 чекори до сега|-) после 5 ме чека втора тура. Ќе стигнам до кај 20.000
    Утре уште потурбо ќе биде..

    Седнав конечно.. скара со тон месо се пече, пиење, мезе...
    Денес за прв пат во Германија ми се случи една цена да е на веб страната, а друга цена да ми наплатат на каса. И викам на таа, тука пишува 5 евра помалку ..виде - не виде ми врати 5 евра:lol:
    Па 5 евра помалку за парфем не е на одмет:wasntme:
    2 чекори подолу дупло од тие 5 дадов за сладолед и топло чоколадо, ете ми го ќарот..јас ќе шпарам..како не:rofl:

    Во странство ми се 90% од роднините на мајка ми, Грција, Германија, Канада и САД...и како минува времето, така се повеќе ми се заминува од МК..

    Денес ме прашаа кога свадба, го виделе зетко на ФБ..
    Им викам - не е зет ви, сте го помешале нешто|( јас свадба не правам уште 10год.. и сменив тема..
    Свадба бе...пфф.. ако вас ви се игра на свадба, мене не ми се изиграва Пепелашка во бело..

    Викаат...јадењето било при крај(fingers)
    Јас важно 6-тата чаша вино ја пијам. Ќе си помислат алкохоличарка сум станала:wasntme:
     
    На WildMk, bittersweet, boomsleng и 33 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.234
    Пол:
    Женски
    Мене ми се шета... Ми се оди во странство, некаде каде што не сум била, само да сменам околина. За изгледот, само телото да го доведам во ред - ќе биде некад, а фала му на Бога ( и на генетиката) уште немам брчки па да ми треба затегање. Додуша, се сомневам дека воопшто би применила нешто такво имајќи предвид дека многу лошо изгледа стареењето со таква пластика...

    Добар ден на сите...лабав ден, ама психички напорен. Некогаш имам минимум по десет пациенти, а исто ко да сум ги немала, а некогаш двајца вредат за триесет.

    За странство, сакам да си одиме, ама не знам дали ќе биде. Имам луѓе надвор, по светов раштркани, што фамилија, што пријатели. А особено пријатели што си заминаа последниве три години. Списокот за прослави секоја година помал е...
     
    На Skorpija25, boomsleng, kuc и 28 други им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.243
    Добра вечер :coffee:

    Кај нас веќе темница е, а надвор претопло. Ич не ми се слага математикава во глава, на вакво топло време треба денот долг да биде. :wasntme:

    Решив, нема да одам на тест на А2. Знам дека знам, најдобра сум во групата и не ми треба тест да ми го покаже тоа, здравје понатака Б1 ќе го полагам најверојатно, ако не се решам за Б2. Б2 има две нивоа, 14 недели трае и тоа ми мати вода, многу време е, а и доста :cash:. Ама ќе видиме.

    На тема странција, јас сум во странство, ама сакам во друго странство да заминам наскоро, од овие егзотики доста ми беше. :D

    Си имам направено убави планови во глава, само да ми се остварат и таман ќе биде. (fingers) Мислам дека се пронајдов себе си.. после години и години барање, годинава беше клучна за себе-спознавање, навидум. :?:

    Моите ми недостигаат, ама знаев што правам кога се селев па не ме дрма носталгија често, освен во мај. Тој месец ми е омилен во Мк. Среќа има интернет, па се слушаме секој ден со моите. Да, јас сум од оној тип на луѓе кои што им звонат или пишуваат на мајките секој ден. :lol:

    Свои проблеми ретко кажувам. Кога ќе ги кажам, после се нервирам зошто сум ги кажала.. додека пак за убави работи веднаш кажувам, јазикот ме чеша ако не кажам. :D Ама па благодарение на форумов заклучив дека и убавите работи треба само во потесниот круг да ги чувам. ]:)

    Дали вие научивте нешто од форумов?

    Убава вечер :f:
     
    На Skorpija25, bittersweet, boomsleng и 30 други им се допаѓа ова.
  18. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.795
    Допаѓања:
    214.374
    Пол:
    Женски
    Секако дека научив,и убави и не убави работи,убавите гледам да ѓи практикувам и спроведувам на дело,за лошите не сум дорасната ниту пак сакам,така да форумов добра школа на старост ми е:D
     
    На Skorpija25, boomsleng, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    137.413
    Пол:
    Женски
    Мислам дека прашањето треба да биде :!: Кој од блиските ви остана во Македонија, а не дали имате некој надвор :( Тужно ама вистинито. И секој ден се повеќе сум сигурна дека и јас сакам да заминам од тука, брига ме за името, нек си го чуваат патриотите. Летово само 5 души од поблиска фамилија заминаа. Мм беа друштво од 12 другари, 4 се уште овде. Пола и више од моите другарки се надвор. И да сакам сите да ги соберам за некое славје не можам, кој попрво да чекам да се врати :(

    Од изглед сакам некое кило да извадам, последно вагата ме изненади со минусот а богами и облеката секојдневно ме изненадува. И ова не ми е прв пат вака да ми се дешава. ДОдека се акам од земја со калории, замарање со количина и вид на јадење не мрда или оди нагоре бројката. Дигам јас раце од килограмите дигаат и тие од мене. Обострана и љубов, и омраза :lol: Исто и со мозолките, нема препарат, лосион што не ми беше пробан, дерматолог непосетен. Баталив се. И еве чисто ми е лицето, по некоја црнка знае да зезне ама ситница е спрема таа катастрофа со мозолките што беше.
    И хормоните да ги баталам треба може и они сами ќе се средат :tmi:

    За кажување, споделување арно лошо, порано се си кажував, сеа уста не ми се отвара. Се си чувам за себе. Радо би правела муабет за ланскиот снег него за нешто шо ми е тешко или што ми е ептен убаво. За проблеми споделување буквални си го сфатив она ,,Не споделувај проблеми со никого, 80% не ги занима, останатите 20% се среќни што ги имаш тие проблеми''

    Убаво време, пријатно, ама јас во некој зимски mood сум. Сакам кочан ладно да биде, под ќебе да се подмотам, чорапа дебела да натегнам и да не мрдам од кревет, крај прозор, со кафе во рака, снег да гледам како паѓа... :inlove: .. ај да се разбудам (facepalm)
     
    На Skorpija25, WildMk, bittersweet и 30 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Научив многу работи почнувајќи од рецепти до скапоцените совети од Рефка.
    Но исто така научив дека има и тешки лицемери кои велат не судат а малце повеќе да си во контакт со нив ќе приметиш дека прстот им е во секој само не во самите себе.
    И уште една категорија. синдром 'пошто ти е различно мислењето ќе се караме'. е вакви не знаев тука ги запознав.
    Дојдов друго да кажам. Во маркет се осеќав ко да не сум во мк. татко со ќерка па како убаво и кратко и објаснува и ја испрашува што има на списокот уште без да е нападен наметлив и сл. На каса зад мене стојат после 5 мин. пушта девојка со овошје. ја пуштам и јас. Ме гледа зимам корпа да редам продукти место да трпам на каса како стигнам , го гледам потоа и тој истото го прави. Е... Тоа дете ќе е воспитано стварно добро.
    Вие арни?
     
    На boomsleng, LejlaD, kuc и 22 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.