Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.280
    Пол:
    Женски
    Гутен абенд:hug:

    Се надевам 8% бат ке ми издржат еден пост:wasntme:

    Затворен тип сум,нит се жалам нит се фалам,а ми тежат некогаш цели планини на душава.Табиет,вродено е.Ова не значи дека имам проблем да зборувам отворено за лични работи,особено пред луѓе со длабока свест кои нема да се чудат и ми судат.Фала богу имам неколку,дијаманти ми се.

    Татко ми има роденден викендов,јас ке си одам и ке го изненадам со торта:l:.
    2,5 дена имам во Мк,и тоа во 2 града,до секунда ми е испланирано времето8-|

    Во странција само јас сум,од фамилија пријатели мои,јас ко сираче они локал-патриоти,а на маж ми цела фамилија е овде.Старите се вратени сите,веќе пензионери,а м.м и првите братучеди се овде, 2ра генерација,има екипа за лошо/арно.Јас никогаш не сум сакала да си одам од Мк,ама ете судбина.
    Сега сум среќна и благодарна што ми се пружила шанса да живеам и работам во една ваква средина.Парите не се пресудни,лично многу “пораснав” како човек.

    Од форумот научив многу нешта,добар дел од секојдневната социјализација ми е тука,па ликовите што ги почитувам и те како влијаат на мојот светоглед.
    Она што не ми се допаѓа едноставно го скролам и готово,не ми расправа нит па докажува овде,не гледам поента да “се трошам”.

    П.С не ми издржа батеријата
    П.П.С научив дека @Peco не чита долги постови]:):hai:
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Tajnaotrovna и 22 други им се допаѓа ова.
  2. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.795
    Допаѓања:
    214.370
    Пол:
    Женски
    Една ситуација ме извади од колосек поручеква и вечерва,а вакави ситуации имало и порано.Сега се мислам дали утре да шлепнам во лице директно тоа што мислам или пак да дозволам будала по кој знае кој пат да ме прават.Од овде научив дека треба за себе да се изборам,и да не премолчувам,но тоа за вас помладите и похрабрите,од мене очекуваат дека повторно ќе наведнам глава,Нејсе мене преку ми е од тоа,остарев бре и уште ли да се веднам?Вријам,тој што е крив избега да не ми е пред очи,се надева односно поучен од минатото дека пак ќе замижам,но мене се ми се чини дека погрешна му е пресметката.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Мала сум и премлада за разлика од тебе ама никогаш немам замолчено зборувам сега во брак со сериозен поглед кон светот и дете
    Кажувувам на секого и арно и лошо
    Бе лицемерам со никого и не го држам во себе за да утре на пример не го почитувам и едноставно се тргнам
    Е јас со оние поблиски се кажувам
    Сакале се лутеле сакале не
    Кога они можат да зборуваат и да си даваат за право за што треба и за што не треба можам и јас фино лепо и културно
    Така..
    Таква сум тој табиет
    Фитиљот ми е краток
    И затоа у мк избегнувам средби долгометражни туку кога одам шетам и сум излезена од дома а практикувам и многу да не седам оти како што кажав не можам да трпам трубења на глава едноставно не можам таква сум и тоа е тоа
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Tajnaotrovna и 15 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Роднини 80% ми се на страна. Ама никој не би рекол ела ќе ти помогнам. И нив ги сфаќам. Не сме биле никад блиски, само сме роднини. Тоа само не поврзува. Лошо е зашто и јас не сум се потрудила да го сменам тоа ама таков човек сум не сакам да форсирам зашто 'така требало'.

    За искажување чуства ќутам ко гроб. Кажувам само кога ќе згрешам нешто. Дете бацува гушкам му кажувам дури и претерано. Ама маж е за греови од таа страна. завчера ми се јави на раб да ми каже дека ме сака и дека имаме златно дете. свесна сум дека еден ден ќе ми е криво што не сум го гушкала повеќе..Ама дива лига. Кога треба онака да гушнам некој а да не ми е детето ко ѕид да се ствара меѓу нас. Сеуште ме трпи ваква :))))

    вие арни?
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Tajnaotrovna и 23 други им се допаѓа ова.
  5. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.795
    Допаѓања:
    214.370
    Пол:
    Женски
    Се се мислам дека со отворени карти утре ќе настапам,кога некој од мене очекува да гледам,догледувам,и се што треба на мои раце со старите,тогаш не сакам мајмунлаци позади мој грб.Ова не е еднаш,повеќе пати е,па ако повторно премолчам и понатаму истото ќе ми го прават.Требам кога треба да бришам некого,да го држам кога повраќа,и да не набројувам се друго,значи се очекува,а тоа и го правам нон стоп,а од друга страна ми тераат итроштини,,е нече мочи више од ове ночи,,.Како бре сум толква будала,па да си играат како сакаат,ваљда на чело ми се познава.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, WildMk и 16 други им се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.087
    Допаѓања:
    154.699
    Пол:
    Женски
    Пак јас :) , го прекрцав попладнево некако, претепана бев ама мм уште повеќе изгледа бидејќи беше толу длабоко заспан да ни врескањево на децава не го мрдна. Нејсе истерав играње цртање вечера бањање. Големиов ми хрчи од десно малово гледа цртани од лево.
    Абе сега мислам дека не ќе да била детска количка бидејќи никој не изреагира нешто посебно вајда за пазарење била иако и тоа ми е чудно да е забрането (освен со количка од Веро ако не биле :D). Па куфер ако има човек за накај железничка зар нема да го пуштат да влезе?? Ај отупев со автобусов :)
    Искрено и јас си се наоѓам во оваа категорија, баш без некој конкретен план бев кога се запишував на факултет а богами и додека студирав. Многу ми е криво сега, да сум ао овој памет сигурно поинаку нешто ќе изиграв. Тоа е нема назад, се надевам моиве деца ќе постапат поинаку и се надевам да им овозможиме дел од образование надвор ама имаме уште многу години да тераме...
    @Cosmi ти со твојата професија и те како можеш да најдеш мислам било каде нешто, но доколку не си тип што сака да се отсели а имаш убави можности и тука, посебно што можеш и од дома да работиш сигурно не ти е така лесно да се одлучиш. Те читав баш за Лондон, немам до толку познавање како малерозна што е долго време таму, но од таа 1 г што ја поминав и јас го памтам источен Лондон како не баш препорачливо место за живеење, но и источен Лондон е широк поим, а според локацијата на компанијата ми изгледа доста блиску до централниот дел. Секако може да се живее на друго место и да се патува до работа, барем таму превозот е супер организиран. Знам дека имаш и ќеркичка ако не се лажам, од пријатели кои живеат во Лондон и имаат ќеркичка во основно школо го знам овој момент со образованието таму. Кога купуваа куќа се одлучија да купат во поубава населба за живеење каде што се куќите поскапи но јавните школи доста солидни и секако бесплатни. Другата опција им беше да земат поефтина куќа во не толку добра населба каде јавните школи се очајни и да даваат тешки пари за приватно школо. Се надевам дека информацијава ќе ти биде од корист ако размислуваш за натака.
    Јас моментално со ќерка ми сум во најголема љубов, по сто пати си кажуваме дека си се сакаме, она ми е ептен лигле :inlove:, на синко секако да ама ич не сака да му зборам така он е ептен диво прасе, на мм ми порано доста почесто, сега немаме многу прилика ни да размениме некој збор :D
     
    На Ane-Goki1, marama, vitamina и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    178.150
    Пол:
    Машки
    Зависи кој е авторот :D

    За искажување чувства, нема на кого да кажам, а исто така и „те сакам“ нема на кого да кажам, освен на вас тука, нели...
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, Tajnaotrovna и 22 други им се допаѓа ова.
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.087
    Допаѓања:
    154.699
    Пол:
    Женски
    Па кажи ни де што чекаш :)
     
    На Ane-Goki1, Tajnaotrovna, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  9. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.378
    Допаѓања:
    279.097
    Пол:
    Женски
    @LejlaD потполно те разбирам,зашто многу често се наоѓам во истата ситуација.Јас често велам е до тука било не ќутам повеќе ама до сабјале ми поминува.Не се расправај ,туку терај колку можеш по свое.Многу било малку останало велам.Како што и ти си осетлива да не те доизнервираат уште повеќе.Јас некни имав некоја такава највероватно слична ситуација.Само на мм му реков ,а и тој е свесен а на другите пак им дозволив (ама само да мислат) дека сум будала.Но како праат така ќе си најдат.Се обидувам колку можам да терам по свое иако ние од таа генерација така сме воспитани,така сме се затекнале и така ќе тераме...

    Вечераа,измив еден тон чинии,тенџериња...Уште машина да пуштам.
    Не ми се спие ,а повеќето полегнаа или си се во своја соба јас дремам на нет....
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, VladeMila и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Конечно се испружив. :angel:

    Роднини имам во странство, ама не сум близок со нив. Така да нема по што и за кого да тагувам и да кукам. Што се однесува до странство, би си отишол од овде.

    Што се однесува до форумов, само една членка имам запознаено во живо. Други немам ни на фб ни никаде.

    За искажување чувства, не искажувам многу често. Мене зборовите "те сакам" и "извини" ништо не ми значат. Докажи дека ме сакаш со дела, а не со зборови. Докажи дека ти е жал со дела, а не со зборови. Сега за сега внука ми ми е најголема љубов. :)

    Вчера видов на улица еден млад брачен пар со бебе. Мајката ја турка количката со бебето, а маж и ја гушнал неа и така си зборуваа и шетаа. Милина. :)
    Туку, внука ми сака патики што светат. Кај да најдам пошто пратила аманет без поклон да не сум дошол кај неа. :D Мислев онлајн да нарачувам, ама ако има низ Скопјево некои ептен фенси ептен ќе ми заврши работа.

    Убава вечер на сите. :f:
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, kuc и 24 други им се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.450
    Допаѓања:
    143.695
    Деновиве не ми стигнува време за ништо. Решив домаќинските активности од недела да ги префрлам во работните денови затоа што секоја недела до касно навечер се занимавав со домаќинство. Сега од понеделник до петок се занимавам до касно. Мора да се оптимизира некој процес. Или да се постројат домашните што не помагаат доволно периодов.

    Ете, тоа ми е маана. Убави работи сакам да кажувам, неубави чувам за себе.

    Во странство ми се многу драги луѓе. И фамилија и пријатели. Не знам, јас сакам да живеам тука, а децата сами нека одлучат за себе кога ќе пораснат. Наше е да ги поддржиме.

    Јас и не мислам дека кариерата треба добро да се планира, ама треба очите да се држат отворени за нови можности. Би било досадно се да е испланирано однапред.

    Ни јас не сакам долги постови, а штотуку напишав еден.

    Добра ноќ друштво!
     
    На Ane-Goki1, Tajnaotrovna, kuc и 24 други им се допаѓа ова.
  12. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    178.150
    Пол:
    Машки
    Ве сакам де, еве кажувам. :D
    А дали вие мене ме сакате? :D
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, Tajnaotrovna и 19 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Јас врло веома те поштуем Пецо. јес да нишо не ти мења у живот ама да си кажам.
    (Само без гушкање молим вас. хвала
    )
     
    На Ane-Goki1, Tajnaotrovna, kuc и 15 други им се допаѓа ова.
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.066
    Леле Пецооо,какво е ова прашање?
    Нормално дека те сакамО,,најверан другар " си ни овде у 40 :).

    Се опуштив многу со ова ,,те сакам" па луѓето си го сфаќаат онака како им одговара.Заради тоЈ -почнав да си се дополнувам одма на секое ,,те сакам:поради тоа што ме смееш,поради тоа што умно размислуваш итд ...(facepalm). Со децата-си викаме ,,До месечина и назад"

    Ај д.утро.
    Станата од 4ч -срам ме фаќа да пишам толку рано.Кафе и туш,кучка истрчана у двор-многу темно за да акаме по кеј :doh:-не дека ќе ме украде некој (facepalm) .

    Ај :* ,да тркнам до маалски дуќан -2дена без леП сме дома-домаќини (facepalm).
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, Peco и 24 други им се допаѓа ова.
  15. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.795
    Допаѓања:
    214.370
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене.Велат утрото е помудро од ноќта,епа ќе видиме.Сеуште ме држи она чуство на изиграна будала,нејсе сама сум дозволила,ако ми е.Доколку имате некој кој ве почитува,сака,се грижи за вас,немојте да го отфрлате тоа,ценете го тоа.@Peco се разбира дека те почитувам и ценам,сакам,па и сам имаш забележано доколку не си напишал ништо веднаш те бараме:).Доста е за од сабасаба,уште наразденето,туку да допијам кафе,а ваму ми студи,ама не се откажувам од терасата :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee: повелете друштво,со вас и кафето е послатко,оти со некои горчина станува.
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Пак малце се успав ама на време ќе сум :$ До 1 се журкавме синоќа со дете. Среќа што дремнав на пладне 8-|
    Се мислев среда е оно четврток дошло. Имам ветено една торта за во недела, гости ќе имам. Треба еден така потежок тест да положам. Жената е емотивен вампир. Ја цица сета надеж од тебе ама на мн фин начин. А за жал не можам да ги откачам. Па ќе полагам. Дали конечно го надминав нејзиното понашање.
    Вие арни?
     
    На Ane-Goki1, Peco, Sesil и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.753
    Допаѓања:
    176.085
    Пол:
    Женски
    Д утро и од вечниот болесник(highfive)
    Има напредок ,има . Чунким сама дишам од вчера поручек ,тоа значи поарна сум .
    Маж замина на работа , мора па и дури да дежура . Се искоси грејниот . Божем мајка ми требаше да дојде ,ама ја одложив. Многу ретко доаѓа , сега сакаше на боловање да остане заради мене . Епа и реков да не иде ,што јас ќе лежам таа ќе ме гледа и само ќе се нервира . Ќе дојдат крај на месец ,таман за на зетко роденденот .
    На девојчето кое ме "гледа " свака и част . Толку малечка ,а толку одговорна . Во 07:00 сме договорени ,во 06:30 е овде . И на маж кафе да му сварела .

    На темите :)
    Во странство немам скоро па никој од моја страна . Маж има едни први братучеди во Австралија , ама толку од дамна се заминати , што тој едвај и се сеќава на нив.
    Ниту јас ниту мм немаме никаква желба да се иселиле од овде .Сега за сега имаме се што ни е потребно . За понатаму ,ќе видиме:). МоШ пензијата да ја трошиме во Словенија, мајка ми е од таму ,ама роднини таму за лек не останаа. Се некој подалечни , кои не ги ни знам .
    2. Од форумот научив доста работи . Се зачленив ради проблемот за забременување , цела година само таму пишував . Чинам пола докторка станав ,што од таму ,што поттикната да читам ,прашувам . Научив доста работи .
    А најважното , стекнав навистина многу пријателки . Преку 50 сигурно познавам од форумов . Со помалку од пола лично се знам . На почетокот ептен се криев , ама вака било подобро . Би сакала и повеќе да можам да пишувам за мене ,ама му кажуваат на мм некогаш ,а тој се "лути " :)

    И така....
    Да видам ќе убедам ли девојчето бар едно тенко кафе да направи , вчера едно се напив ,ми се слоши. Ама па глава ме боли страшно без ниедно кафенце .
    Петти ден без :smoke:. Ќе успеам да ги откачам овој пат засекогаш ,знам.
    Дури и маж ги намали скроз .
    Дури вчера израчунав . Околу 9000 ден ни одат на цигари месечно :headbang: Што е многу - многу е :(

    Уште утре и викенд :clap:
    Убав ден :f:
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, VladeMila и 31 други им се допаѓа ова.
  18. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.651
    Допаѓања:
    152.876
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Да чкртнам нешто од сабајле да не си помислите оти спијам....
    Море ,колку сакам ама не можам,за жал...

    Мене неделава ми е на пола...и сабота работам...не ми е по ќејф работава туркам сосила ...ама тешко оди...и не е толку до работата колку до негативните и одвратни луѓе таму....и најмалата надеж за успех таму ми ја убиваат...
    Од дрвено на камено излезе ситуацијата со моето вработување...

    Синко изнастина па тргнувањето во градинка го одложивме...

    Форумот и мене ми е катче за релаксација а и отварање душа ама во послрдно време несвесно или полусвесно го избегнувам пишувањето...чисто да не трујам со едно те исто...
    Лично не познавам никој
    од тука ама на фб имам може десетина членки...

    Треба алишта да спростирам ама ми студи...ми се плаче ко ќе митекне оти 6месеци зима,студ и црнила не чека...

    Имајте убав и релаксиран ден..
     
    Последна измена: 18 октомври 2018
    На Ane-Goki1, Peco, boomsleng и 24 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.753
    Допаѓања:
    176.085
    Пол:
    Женски
    ^^ ЗаШо бе мацо 6 месеци студ ??:wasntme:. Јас три си ги бројам . Декември ,Јан и Фев... Март веќе пролет е :). Ноември ќе прокрцкаме некако :)

    Имате некој мистериозен член на форумов ?|(
    Јас Да.
    @M&M ми е цела мистерија :). Обожавам да ја читам ,а нит имам сконтано што работи одприлика , ни колкава е , ни колкави деца има .
    Знам само дека ќере и е помалечка од синчето и дека многу сака да се мази :)

    @Bozica1980 , другачке многу убав фустано ма:inlove:
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, Peco и 24 други им се допаѓа ова.
  20. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.651
    Допаѓања:
    152.876
    Пол:
    Женски
    Може кај вас на југ е така...
    За мене е студ дури се пали оган и се расправам со дрва...тоа значи до Април...ако бројам и повеќе од шест се...
     
    На Ane-Goki1, Peco, boomsleng и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.