Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.847
    Допаѓања:
    142.441
    Оти не се? Самиодлучуваме како ќе се однесуваме. Јас исто го начекав бившиот од 10 годишна врска. Си излегов надвор, бидејќи живеевме заедно, морав кај 2 саат да си дојдам, немаше кај да одам, и си легнав да спијам. Утредента си отидов на работа и цел месец се понашав дека ништо не се случило, додека да си најдам нов стан. За тој еден месец и го отсакав, оти го гледав со други очи.
    Кога најдов стан, му реков да ме однесе на викенд кај моите и веќе никогаш не се слушнавме. Малце гњавеше по дома и кај другарките, ама никој ни ми спомна тогаш, ни пак јас се интересирав.

    Сеа маж ми ако најде некоја, прво ќе речам, дали има плата? Ако има, пола да ми ја дава што те ослободувам да бидеш со неа, место да работиш дома :)
     
    На Ane-Goki1, SexiLy, Esmeralda-MD и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.384
    Допаѓања:
    262.016
    Пол:
    Женски
    @Cka браво. Се дур има жени кои би постапиле вака и мажите ќе се однесуваат со респект. Никогаш не би го оставила ако дознаам дека се е*ава со некоја. Но ако знам дека не ме сака и почитуваќе го оставам утре. Знам сега ќе кажете ако те сака и почитува нема да те изневерува но тоа е од она за позади затворени врати.
    Испазарив. Уште под, прашина и ќе се частам туш и едно турско кафе.
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, duffi и 21 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Ретки ,,билки,, се жените кои можат така.
    Многу сила треба за такво нешто.

    Вака од страна сите можеме да си дискутираме, ама во таква ситуација нервозата и гневот се поголеми од моделот на однесување.

    Цка, и јас велам браво.
    Сигурна сум дека не ти било лесно, преку ноќ ти се урнало се , па :
    -или ќе ,,прикрпуваш,, од искршено ќе се правиш на будала и ќе лепиш
    -или ќе свртиш грб.

    За жал, голем дел од нас (ако не и сите) се финансиски зависни од сопругот (доволно е да плаќаш заеднички кредит) па незнам дали би било сеедно да си заминеш и да продолжиш да му плаќаш нему и на некоја пристојна живеачка а притоа да немам за себе кров над глава.

    Сепак, храброста е голема.
    Ете, си се снашла, си нашла модус и си успеала.
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, duffi и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.847
    Допаѓања:
    142.441
    Баш затоа треба жените да се самостојни, секогаш, и во и надвор од брак. Да не бев, ќе морав да останам за да делиме кирија. Или да ја плаќа.

    Како мажена, со дете е страшно потешко ако решам да се разделам. И главна причина не би ми било изневерување. Би ми било баш како што кажа Божица, непочитување. Сега дете и кредити... не е лесно. Би било тешко. Ама, знам дека во секој момент можам без него, знае и он. Знае дека сум со него од љубов, а не од што ми треба. Исто и јас знам дека ме сака, оти ако сака да е без мене, може.

    Не сме заедно ради парите и живеалиштето. Не се зедовме оти останав трудна или оти ни беше времето. Знаевме дека е љубов.

    Е, ако бев без примања, не би имала каде да одам, нити пак судот би ми дал дете. Ќе рече, оваа не ме сака, ќе ме остави, ама нема кај да оди оти нема пари. И мора да е со мене. Не му е убаво дека со сум него од што морам, и ете ти уништување на љубов.

    Ние стрелците сакаме слобода, ама не слобода од тип да правиме што сакаме без да не тангира туѓото мислење, туку слобода од апект дека никој не може да не држи во рака, дека ако сакаме да си одиме, да можеме. А баш ни е убаво да сме држани кога сакаме :)
     
    На Espadrila, Ane-Goki1, Esmeralda-MD и 20 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ај добар ден на сите :hug:

    @petunija77 , јас ја имам гледано серијата. Првите две сезони. Првата ми беше поубава од втората... Стварно убава... Натаму, се искашави се' и почна тро на живци да ми оди.

    Што се однесува до веста... Типично.. Жените ќе се заколат меѓу себе, а мажот ќе си го прчи. |(
    Комплексни се меѓучовечките односи ионака.. Па во триаголник, мислам дека никој не може да предвиди како некој би изреагирал.
    Не сакам ни да знам како би реагирала да бидам вистински повредена.
    За тепање, не би тепала никој, ама смирено да отидам, не верувам. Ќе биде големата гарант.
    Не држам емоции во себе...
    Не ми е гајле дали се понашам како 'дама'... пошто се понашам како човек.

    Сум била лично сведок на мини конфликти меѓу сопруги и швалерки...
    Не е убава глетка, дури и кога е 'цивилизирано'.
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, duffi и 18 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.378
    Допаѓања:
    259.907
    Вака во теорија лесно е да кажеме, ама во моментот на бес не знаеш како да реагираш.
    Едно е врска, друго е брак со деца. И во одлуката за разделување и во начинот на реагирање.
    Па и секој случај е индивидуален.
    Секој однос е различен.
    Женава, не знам какви се околностите и ситуацијата, и затоа не можам ниту да ја осудам, ниту да ја оправдам. Можам само да ја разберам.
     
    На molikaMk, duffi, zhap4e и 16 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Само што поарно ќе беше, него да му го скрати животот :lol:
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.847
    Допаѓања:
    142.441
    А он рекол, супер, нема да се објанувам :) Среќа шо ме виде.
     
    На Esmeralda-MD, LejlaD, ♡BuBaLe♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.412
    Допаѓања:
    183.710
    Пол:
    Женски
    Од Дедо Мраз директ на швалери :rofl:
    Добар ден, добри луѓе :hai:

    За темата швалери, единствено знам дека ќе ми се сруши светот доколку маж ми ме изневерува. Дали ќе се тепам, дали ќе се затворам да плачам, дали само ќе си заминам, не знам. Со две деца сме и знам дека нема да биде лесно. Еден од друг не сме зависни, освен станбениот кредит. Но реално, и двајцата сме снаодливи и можеме еден без друг финансиски. Јас да ви кажам ги осудувам и оние третите. Јас не би можела да се плеткам со некој за кого знам дека е во било каква врска, независно дали се работи за девојка или жена. Сепак, за танго се потребни двајца.
    Сончев ден, а мене не ми се мрднува од дома. Уствари не ми се прави ништо. И гледање во бел ѕид е некаква активност :| Имајте убав ден сите :hai:
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, duffi и 22 други им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.131
    Пол:
    Женски
    Добар ден
    Второ кафе допивам, од сабајле ептен лудница е. Еден куп шефови нѐ посетија. Немав време ни да ве прочитам ко што треба. Ама темата ја видов.

    Не знам што да кажам, секоја ситуација е различна.
    Јас лично не знам што би направила. Се трудам да сум независна и до сега ми е супер. Ама после во брак сигурно ќе е друга приказна и одлуките ќе ми зависат од многу нешта, а не само од мене.
    Ама сигурно нема да се тепам ни со него ни со неа. Без секој се може на овој век. Е сега тешко е, ама јбг.

    Во дедо мраз не верував никогаш. Можеби кога сум била ептен мала и ме лажеле.
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, duffi и 19 други им се допаѓа ова.
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Ми се допаѓа тоа што @Cka му го направила на бившиот, така треба. (y)

    Не сум била во долга врска пред мм, пред него не ни бев заљубена во некој толку да ме здоболи ако ме изневери. Секако, на таквите врски сум ставала крај и после два дена ко ништо да не било, не ми значеле многу тие "изгубени љубави".

    Е сега, мм да ме изневери ќе биде друга приказна, ама после шокот мислам дека би следувало прифаќање и анализирање на ситуацијата. Не знам точно како би изреагирала, знам само дека дури и да имаме деца и немам работа, не би преминала преку ова.

    Ја кога бев некои 6-7 години, кај нас во местото дојде еден Дедо Мраз. Поочаен костим на Дедо Мраз немам видено мислам дека, патетики. И ај после тоа верувај да те видам. :D

    Кога бев уште помала, чичко ми ни криеше пакетчиња низ двор, тогаш секоја нова година имаше снег. По неговите кажувања, сме верувале дека постои, ама да бидам искрена воопшто не се сеќавам на тоа дека сум верувала во такво нешто.
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, duffi и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    137.264
    Пол:
    Женски
    Вака со ладна глава кажано ќе го избркам од дома и нема да сакам да го видам веќе. Ама познавајќи се себе си нема да помине тоа сето без драми и урлање, вадење прљав веш, пласкање у фаца се што е преќутено :tmi:
    Ако успеам да се воздржам во моментот потешко ќе помине, деца ќе боцкам некое време дека не чини татко им за да го отсакаат, пари ќе му истрошам колку треба и не треба за на што појако цедило да го оставам :lol:

    Во Дедо Мраз не паметам да сум верувала, можда ко ептен мала. Знам мајка ми коа ми објаснуваше, ми рече да постоеше ќе беше еден и единствен, види само на плоштад колку ги има ...а јас се чудев зошто објаснува, у смисол дека се подразбира дека не постои.
     
    Последна измена: 26 октомври 2018
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.934
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    И јас не знам како би изреагирала да дознаам дека мм ме изневерил, ама секако сеедно нема да ми биде. Не ми беше сеедно кога бев изневерена од бившиот што многу го сакав (да се разбереме, не ги сакав сите бивши, само некои), ама си заминав без многу објаснување. Некако немав сила ни да викам, ни да се објаснувам зошто, едноставно бев прилично повредена, и како да немав сила да се борам. Ама реално, не ни сакам да се борам, ниту да бидам со некој што не ме почитува како личност. Затоа заминувам. Сега би било потешко да си заминам туку така, оти сепак имаме деца и не е баш така едноставно да се растури семејство. Ама не би останала по секоја цена.
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, M&M и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.847
    Допаѓања:
    142.441
    Пред некоја недека маж ми почнува муабет со: абе ај си викам да не ти кажам, да не се лутиш, ама тука ми стои бе, морам да кажам, ќе пукнам.
    И си викам, а само што вратен од пат една недела у странство, ме има изневерено. И личеше ко ептен даму е тешко. И така гледа надоле, и отидов го гушнав. Викам, се плесна со некоја? Вика, не бе, нешто друго е. И испадна сосема 10то.
    Ама јас се изненадив од мојата постапка, убедена бев дека се плеснал, ама повеќе мака ми беше шо ми беше тешко и шо му стело грутка и си го гушнав од мака. Не очекуев дека така ќе реагирам на можно невеврство.

    Некако премногу ми е мој за да му се лутам.
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Esmeralda-MD и 18 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764

    Аааааа НЕ !:shake:
    Мој,мој, та преку мој:!:
    :D:D
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, M&M и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.847
    Допаѓања:
    142.441
    Па жалче ми е бе да се нервира. Ќе го оболи желудникот, па јас ќе трчам по доктори. Не не.
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Esmeralda-MD и 14 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Што е за вас изневерување?
    Да има секс со некоја? Дали е битно колку време имале сексуална врска?
    Да оди само на кафиња и да си изразуваат емоции, без секс? И дали е битна и должината на ваква врска?
    Да има и секс и емоции? Исто, дали е битна должината на ваквата врска?
    И други варијации на тема ако ви текне дека ви се изневерување.. би сакала да чујам... :)
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Esmeralda-MD и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.384
    Допаѓања:
    262.016
    Пол:
    Женски
    Кафе со емоции е бетер од секс :)
    Колку време ич не ми праи разлика. Ко темава изглеав филм од синоќа на мтв. Не беше лош, Зависничка се вика. Ако немате вечер попаметна работа вратете назад на макс тв ;)
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Esmeralda-MD и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    За мене изневерување е мисловно да мисли на друга а да е со мене.може и физички да е но повеќе би ме болело ако е умствено.
    Замислете спие со мене,ми вели дека ме сака,заедно живееме а тој мисли на друга.тоа најмногу би ме повредило.а како би реагирала?!?
    Луто,агресивно кон него,би вриштела,сите комшии ќе не чујат.никогаш не би му простила.би го избркала од станот иако е заеднички.кола ќе му земам.се ќе му земам.на цедило ќе го оставам.а пред народ ќе ставам оклоп врз мене и ќе се правам дека ништо не се случило.
    Колку лошо сценарио направив.недај боже да ми се случи вакво нешто.да не си им во кожа на изневерените ниту на тие кои изневериле:(
     
    На Ane-Goki1, bittersweet, WORRIED.BT и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    И мене не ми е јасно она тепање помеѓу изневерениот и швалерот/швалерката. Ако жена ми ме изневери тогаш имам со неа да решавам проблеми, а оној само меракот си го истерал и не би го обвинувал. Утре и јас ако одам со мажена ич нема да ми е гајле за сопругот нејзин. Е сега не е едноставно и убаво, особено во брак и со деца. Во моето опкружување знам што шврљаат на страна отколку што има разведени, а тие жените нивни дали знаат или не - не знам.
    Мислам дека не може еден партнер да те привлекува сексуално доживотно и затоа во брак се влегува со отворени карти. Да ви кажам искрено повеќе почитувам брак како оној на @WildMk, отколку некој „традиционален“. Не би сакал некој да ме прави будала, ниту пак да правам будала од некого.
    Толку на темава.

    Јас погрешно ја имам разбрано мајка ми. На 2ри ќе правела операција, а денес била на лекар онака. :drunk: Сепак фала ви уште еднаш на сите. :)
    Сега ќе направам едно ладно нес како срцата на оние што шврљаат на страна. ]:)
    До вечер. :hai:
     
    На bittersweet, Ane-Goki1, WORRIED.BT и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.