Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Државата не смее да се меша во ништо поврзано со репродуктивниот систем на жените и правото на луѓето да се размножат... Мислам.. Наци Џрмани би било..

    Се' од ова сум рекла, и уште милион други 'негодувања'.И?
    Тоа не значи дека немам можности или сум лош родител.. Може сакам да си крекам. Ете..

    Ова само како напомена за 'психички стабилни' |(
    Пред да забременам, откако забременив, цела бременост и уште 3 и пол месеци додека доев, бев без антидепресиви, хелекси.. Ништо освен витамини!
    Ми се вратија сите симптоми на анксиозност и депресија... После пораѓај беше пута 10! Постпородилна депресија... И пола од времето, околу 6-7 месеци, свекрва ми и свекор ми (Бог да го прости) ја чуваа ќерка ми.
    Што требаше? Пошто го знаев ризикот и свесно одлучив да забременам и да родам...
    Да ми забрани некој да имам дете? м?
     
    На mal.ecka, LejlaD, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Не мислев на тоа во случајов.

    Треба да постои контрола во однос на тоа како тие деца се растени, дали родителите им се доволно посветени и итн.

    Инаку, во држави како Пакистан и Индија, каде поголемиот дел од населението е побожно во екстремни граници и необразовано и раѓаат по 10+ деца секое семејство, стапуваат во брак на 15 години и со тоа не само својот живот си го уништуваат, туку и тие на нивното потомство. За таквите треба контрола. Популацијата во Пакистан во последните десет години некаде е драстично зголемена, во Индија првата милијарда е пречекорена од неодамна, а веќе се 1.3 милијарди за краток период. Сакаш да кажеш ваквите треба да се пуштат нека раѓаат колку што сакаат?
     
    На Rebecca_R, bittersweet, Ane-Goki1 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Се согласувам дека не е добра состојбата со пренаселеноста на планетата.
    Ама тоа се менува со едукација и економска стабилност...
    Гледаш, што смо јужнији, то смо тужнији :D
     
    На Ane-Goki1, duffi, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.771
    Допаѓања:
    214.142
    Пол:
    Женски
    Еве ме пак со прашање,во кој дел на Скопје се наоѓа таа рампа,ја спомнувате дека таму има дуќани за чевли?Можеби среда накај главниот ни град ќе се оди,па ако најдам нешто поевтинко не ќе да е лошо,дали чевли есенски или чизмички.Не сум за скапа варијанта,евтинко и убавко,ептем барам изгледа (facepalm).
     
    На Dadusicka, Ane-Goki1, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Кај шо е раскрсницата: Кисела вода, Аеродром, Центар, Државна...
    На сам влез во Кисела вода од оваа страна

    Ако разбра 'оваа страна' :D
    Мојава си ја кажав :D
     
    На Annath, NarCis@ и LejlaD им се допаѓа ова.
  6. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    кај тутунски комбинат 41 јсп што поминува ,паркинг 25 ден саат бидејќи нема кај на друго место да се паркираш, има повеќе дуќани
     
    На Annath, NarCis@, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    137.257
    Пол:
    Женски
    Контрола на популацијата треба на глобално ниво воопшто. Ресурсите на земјата се ограничени, мора да запре неконтролираното растење на бројот на население. Арно си направија Кинезите, 1 дете по пар, 2ро ако е ептен нешто не дај боже не во ред со првото. За гревота е бе некое невино душиче да осудиш на глад и жед цел живот.
     
    На Annath, Rebecca_R, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не е во ред тоа...
    Ако ти бранат да раѓаш, ќе имаат право и да ти забранат да абортираш.. или да те натераат да абортираш.. Ако сакаат.

    Не се чепкаат некои работи.. верувајте

    А да! И да не заборам! Прочитај за мртвите женски бебиња во Кина, кои родителите си ги убиваа, баш заради овој закон!
    Затоа што сите сакаа само машко! Ради 'традиција'.

    Страшни документарци има за ова...
     
    Последна измена од модератор: 29 октомври 2018
    На bittersweet, Ane-Goki1, doubleg и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    137.257
    Пол:
    Женски
    Свесноста кај населението мора да се подигне некако. Ако не милум ете силум. Пресметано е дека за да се одржи нивото на населението во просек 2.1дете треба по пар. Не случајно развиените земји, кои се толку економски напредни имаат просек од 1 дете по пар па и помал.

    Ете ти причина плус зошто нив им треба вакво ограничување. Прости се и не свесни дека е непотребно толку многу размножување. Коа веќе сами не се свесни да се контролираат неминовно е законското ограничување
     
    На Annath, NarCis@, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Те молам, сами се виновни оти умираат ради традиционални вредности, и закони наметнати од власт... закони кои ги кршат основните човекови права???
    Не ме зафркавај и ти...

    Пишав веќе погоре...
    Се решава со едукација и економска стабилност тоа.

    Еве ви еклатантен пример: Европа, како најобразована и најбогатата континентална нација, има повисок морталитет, од наталитет...
    Од друга страна, кои раѓаат најмногу? Сиромасите и необразованите!

    Иначе многу сум свесна за Глобалното затоплување, за последиците од загадувањето и уништувањето на ресурсите на планетава.. Затоа и сум активна на тоа поле, веќе 15 години... Мислам... Знам како стои работата..
     
    На Annath, bittersweet, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Баш заради тоа... Е затоа е потребна едукација. :)
    Прво да научат како треба, и колку можности има во светот, после.. парички тури им в џеб, и да видиш како ќе го сменат погледот кон светот ...

    Ама во таква состојба, ако им наметнеш екстремен закон, кој скроз се коси со нивната свест, тогаш ќе направиш огромна беља!

    Иначе шо.. Не можеа странчиштава да дојдат во Македонија со војска, да не прогласат за окупирани и да ни изнаредат правила, име, закони.. се по нивно?
    Можат.. ама не сакаат!
    Оти така само револт ќе направат и ќе има беља!
    Односно, народ ќе се крени, и луѓе ќе гинат!
    И уште повеќе ќе го продлабочиш јазот меѓу нападнатите и напаѓачите...

    Затоа, само полека, стратешки и логично!
    Никако екстремни одлуки :!:
     
    На Annath, NarCis@ и LejlaD им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    И јас мислам дека со забрани ништо не се постигнува, не на долг рок, ама како што пиша ти погоре, треба едукација. Проблемот е што квалитетна едукација е тешко достапна, поготово на места каде што 99% од луѓето се со навистина ограничени видици. За да се промени нешто со добро треба многу време, а со сила може да се реши побрзо, затоа и го применија тој закон во Кина во 70тите. Кај кинезите ова имало ефект, па сега иако тој закон е укинат, повеќето семејства не ни сакаат повеќе од едно дете, бидејќи и тие самите биле израснати како единци.

    Ова го има и во многу други затуцани држави. Луѓето се ограничени едноставно, не разбираат дека секое дете без разлика на пол е богатство, со потполно еднакви права, соништа, потенцијали.. Во Индија многу често се случува да ги фрлаат женските бебиња во канализации, ептен нормална појава е таму, а не се ограничени.
     
    На WildMk, Annath, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    137.257
    Пол:
    Женски
    Ради традцијата - да. Ради законите - не. Законите им се за да не умрат од жед и глад. Доволно кажува за нив фактот дека женските ги убиваат. Се глеа кое ниво на простоќа го имаат.
     
    На Annath, NarCis@ и LejlaD им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не, не..
    Човековите права се глобално усвоени и попаметни од нас ги пишувале.. Верувајте.
    Не смееш да ускратиш основно човеково право..

    Како тоа, 'Во Кина се 'реши' побрзо'?
    Па како можеш така да речеш??
    Абе бебиња и тодлери, беа директна жртва на тој закон!
    Практично, државата ги уби тие девојчиња! Сите до едно!
    Нема оправдување за ова!

    Кои сме ние, да одлучуваме кој смее, што смее и како смее да се размножува?
    Мислам...

    И тоа во Индија, не ја намалува трагедијата, на ова во Кина...
    И двете се проблем.. Едното не го исклучува другото.

    Драга моја Сесил....
    Таа нивна 'традиција' е практикувана од грото Македонци во моментов...за жал
    Би била спремна да ризикуваш убивање родени женски деца?
     
    На NarCis@ и LejlaD им се допаѓа ова.
  15. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.771
    Допаѓања:
    214.142
    Пол:
    Женски
    Пак јас,ај на паркинг кај тутунски комбинат кола ќе оставиме,ама за местото викано рампа,како да го најдам,во близина има нешто стоковна,дуќани ?
     
    На NarCis@ и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Тоа е Рампа, и дуќаните се по улица, од Центар, накај Кисела вода. :)
     
    На Annath, NarCis@ и LejlaD им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Карши Турунски доаѓа Стара Рампа.
    Еден ред дуќани се, има 4 еден до друг за чевли.
    НАа аголот има мала продавница за хулахопки.
     
    На Annath, NarCis@ и LejlaD им се допаѓа ова.
  18. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.771
    Допаѓања:
    214.142
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу,ах тоа Скопјето,да ме остави мм на некој семафор и да замини-загинав готово (facepalm),четири години по ред редовно одевме и не го научив.Овај мојот ме зеза како не сум се ѓинела низ Солунот,изгледа така ми фаќала антената само:D.
     
    На Annath, Dadusicka, doubleg и 4 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Слушај ваму.. Мене Рампа не ми е далеку од дома :lol:
    Кога ќе доаѓаш ти Скопје, да ми се најавиш, да те пресретнам? м? :)
     
    На Annath, doubleg, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Сакаш да кажеш дека јас сум недоволно паметна? :)

    Не дочитуваш. Пишав дека така било одлучено во Кина бидејќи е краткорочно решение на пренаселеност. Не кажав дека нивното решение било добро и се согласувам со тоа.

    Јас сум за едукација, поинаква од таа што ја бутаат во училиштата, не само во ваквите држави како Индија, туку и во поголемиот дел од Европа. Пак ќе кажам, сметам дека ниту еден проблем не треба да се решава преку сила, ама некогаш не постои друг избор. И ова не се однесува на човековото право да се размножува.

    Во Пакистан дури неодамна полио е ставен под контрола, а знаете зошто? Бидејќи луѓето се толку глупи и со толкав мал капацитет на разбирање да веруваат дека во капките против полио се против нивната религија! Ејјј, деца со деформитети за навек. Најверојатно никоја од вас не видела како изгледаат таквите луѓе, осакатени, без никакви можности за подобар живот. Што направија за да се реши проблемот? Насилно, со големо обезбедување и војна полиција ги собираа децата и им ставаа капки. Ова е екстремно, се согласувам, ама да не беа овие мерки уште колку животи би биле уништени?
     
    На Dust, Annath, Rebecca_R и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.