Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.368
    Допаѓања:
    261.868
    Пол:
    Женски
    Сум почнала сабајле али сеа не е у тек муабетот. Не ги облеков Бубче арно беше времето кога излегов надвор после заврна па и точакот си го оставив кај моите :|
    Фатив по ноќ прозори да бришам, да си дадам кураж утре да завршам. Немам што да кажам затоа сум молчела
     
    На WildMk, mal.ecka, do-re-mi и 20 други им се допаѓа ова.
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Баш поради ова во последно време разгледувам опции за живеење off the grid. Сон ми е ова, се надевам еден ден ќе успеам да си го остварам. (fingers)

    @dunika мило ми е што ти се допаѓа! :) Една од подобрите книги кои ги имам прочитано во последните неколку години.

    Денес денот мрзелив, читав на сила, ништо не запамтив, па повеќе среќа нареден пат. Малце ко да ми опаѓа мотивацијата, запаѓам во рутина, а не сакам рутини, посебно не такви кои не ми се допаѓаат целосно. Ќе ми помине, некогаш имам вакви периоди кога не ми е до ништо.
     
    На WildMk, Ane-Goki1, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.903
    Допаѓања:
    163.771
    И дедо ми ја украл баба ми на точак.
    Одел често во маалото каде што живеела, имал другар и ја видел неколку пати ама мислел мажена е. Била многу убава, да не беше тапа форумов би споделила и слика, навистина била како холивудскине глумици од тоа време. И иако неимашна, секогаш била средена, навиткана коса, карминче итн итн, везела, шиела и плетела за други за да им купи на помалите нешто и себе си да си се среди.
    И така дедо ми со фрлен мерак, се распрашал и дознал дека е девојка.
    Баба ми тогаш се грижела за 3ца постари браќа, мала сестричка и татко и. Мајка и починала млада, и оставила цела низа златници за да преживеа со аманет да се грижи за останатите, а она сериозно си го сфатила тоа. Мајка и била од многу богато семејство, единка, но тогаш нели имотот се давал само на машки деца, па нејзините земале посинок да му остават се( при тоа мислам на пола дуќани во скопска чаршија, шуми и една од поубавите и тогаш модерни куќи во старо Скопје, која глупост, тој подоцна го прокоцкува цел имот), па на мајка и и дале само низата и ја омажиле за посиромашен човек те прадедо ми, ама бил жртва на тогашните невремиња и ги штител партизаните, а бил и сирак и самиот тој се грижел за помали браќа, па многу таксирати го снашле и на крај умрела жена му, но единствена желба за крај и било тоа - децата да бидат згрижени колку толку од женска фигура.
    И така баба ми посветена на семејството, пред време созреана и прилично дрска незаинтересирана за мажачка на неколку пати го откачила дедо ми.
    Ама најстариот брат тогаш и се оженил и жена му ја посоветувала, и рекла те гледам го гледаш, го гледам те гледа, се гледа дека се сакате, кој ќе те гледа тебе утре кога ќе си сама? Гледај си ја среќата девојче и не им го бери гајлето, оди си, се сакате, ќе си родите ваши деца, овие растат ќе се снајдат, а тука сум и јад.
    И така баба ми му фрлила ишарет на дедо ми да се најдат и паднала одлука. Ама знаела дека браќата и татко и дека нема да ја дадат. Па дедо ми и рекол, качувај се на точак и ајт бегалка. Интересно што потоа ова се повтори во семејството, тетка ми е бегалка и братучетка ми исто.
    Кога ја донел дедо ми дома, свекорот и им викал ооо што си донел, ова ли ќе работи, со леб и кромид да го раниш само.
    За тогаш вика само со гаќите на мене дојдов и на рогозина спиевме дур ја направи куќата, ама ни ден не сум се покајала.
    Била прва жена у маало што виделе со мини вал фризура и тенки чорапи.
    Неа не и било лесно, дошла во големо семејство, со многу членови, со голем имот, куќа која се гради, во круто време, ама успеала да се наметне. Она ги држеше конците цел живот и покрај се, ама дедо ми ни беше душата на семејството. Многу беа уиграни кој што работи, што прави, каде оди, со поглед се разбираа.

    Многу се сакаа. До последно дедо ми си го крепеше, чуван маж си беше, а и он неа. До последен ден ја викаше срце мое, или црното од најубавото (мислејќи на црно грозје). Многу убава живеачка си имаа, мирни луѓе, чешит и пред се весели. Како си замина од светов дедо ми баба ми драстично остаре за краток период ете толку се сакаа, а и мора да сум искрена многу тага настапи на таа страна од семејството.
    Мислам дека од тоа време има многу вакви приказни. Имам слушнато неколку, а точаков у тоа време очигледно е евергрин и поим за љубов од тоа време.


    И така...
     
    На PrincessLea05, TarantulaA, Tajnaotrovna и 36 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Сите бабите да ги прашате и за утре домашна задача за бабите по еден пост.
    Баш интересно.
     
    На PrincessLea05, WildMk, mal.ecka и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    143.399
    Баба ми нема некоја приказна. Од богата фамилија биле, и нејзините сакале да се омажи богато. Ја запознавале со момчиња од побогати фамилии со надеж дека ќе се омажи со некој од нив, ама не ја терале со сила, оставиле на неа да одлучи. А таа била некое време со дедо ми во врска, за друг не сакала да слушне. Кога сме кај точакот, и тој доаѓал на точак до кај неа, ќе и свирнел и се наоѓале на скришно место. Се чуделе нејзините затоа што ептен било цврсто решена за дедо ми, иако не бил од некоја богата фамилија, ама ја оставиле да реши сама. 26 години имала кога се земале, а дедо ми 28. Двајцата веќе работеле некое време кога се земале.
     
    На Tajnaotrovna, WildMk, Annath и 21 други им се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.069
    Допаѓања:
    154.550
    Пол:
    Женски
    Ете уште една преубава приказна, ова е како совршено за во темана дали верувате во вечна љубов, оноа брак и може да се занемари. За оние скептици кои не веруваат во вечна љубов :)
    Немам живи баби за сега да ми раскажат ама памтам баба ми кога ни зборуваше дека на некој офицерски бал се заљубиле со некој војник ама од друга земја, понатака изгубиле контакт па ја омажиле за дедо ми. Ама си го памтеше и збореше од време на време за него :)
    Шо убаа романтична тема сте почнале :inlove:
     
    На Lilit, WildMk, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.622
    Допаѓања:
    177.957
    Пол:
    Машки
    Вака некако или имаш поинакви идеи? :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Добар ден (или вечер)
    Неколку кратки информации.
    Дојдов од работа, дупла смена, дневница нема, уморен, темница е не можам да прошетам, и то.
     
    На Tajnaotrovna, WildMk, mal.ecka и 24 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Ние што ќе раскажеме на внуците:^)
    Јас коа ќе почнам..два мажи три деца:D..пет заеднички, едно наше..
    Нема да можат ни НЗС ни НЗД.да ми најдат:D

    Ама и Фемина ќе ја спомнам..
    ...си имА другаЧки од нет, секој ден си пишувС соС ниФ:D..
     
    На Tajnaotrovna, WildMk, mal.ecka и 31 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.332
    Допаѓања:
    259.604
    Баба ми и двете мислам имаат приказна. Едната е дадена, го бендисала дедо ми. Другата бегалка.
    На еднава приказната во сон ја знам. Со каква љубов ја раскажува.
    Она е жена од село, ама многу убава жена. Дама. Уште тогаш средена, дотерана и со тенка холухопка. Ја сакале доста, и имотни, ама нејзе никој не и фатил око. Дошле во нашиот град, сплет на околности ја местат за дедо ми. Го бендисала и она, па договориле да се земат.
    Сами изградиле куќа, баба е вешта и доста вредна жена. Дедо ми, како го гледаше, која почит и љубов спрема маж ја имаше, а и сега, иако починат сеуште зборува така за него.
    Другата баба била бегалка, од друг град, од големо семејство. При бегање ги изгубила чевлите и боса дошла овде. Дедо ми пак бил и е од доста познато градско семејство, најстар во фамилија. Ама пак не му ја давале и си ја украдол. Татко му рано починал и он се грижел за браќата и сестрите. Господин човек беше и така и почина. Почитуван и многу чесен. Гордост ми е. Беше на висока позиција, денар не украде и никогаш не ја злоупотреби функцијата за сопствен интерес. Со гордост зборуваше за сите пофалници и беџови кои ги добил од Тито за неговата работа. Баба ми, исто, убава и доста негувана жена. До старост средена и одржувана. Шнајдерка беше. Сите се починати освен првата баба.
    Симбол се за почит и трпение, какво што ретко денес гледаме.
     
    На PrincessLea05, Esmeralda-MD, Tajnaotrovna и 25 други им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.157
    Допаѓања:
    137.252
    Пол:
    Женски
    Дедо ми бил чевлар со свој дуќан, градски човек. Баба ми дојдена во градот на свои 15 години, работела во фабрика од свои 16. ЉубАвници биле четири години, во тие четири години ДУРИ два пати се бакнале, еднаш пред школото во близина на куќата нејзина, еднаш на портата пред куќа. После вториот пат стројници пратил по неа и ја земал. За тоа време и не се зеле баш млади баба ми била 24 дедо ми 27. Беа во брак 49 години, многу сакаше златна свадба да дочека и со децата и внуците да ја одбележи ама за 3 месеци не ја дочека.

    Другата баба не сакаше никогаш да ја раскаже нивната приказна. Многу конзервативно и затворено човече. Кога и да ја прашав викаше такви работи не треба да те занимаат тебе ... Али никогаш не заборава да спомне колку добар човек беше дедо ми. Беше стварно добар, не можеше да му се најде маана, таков добродушен, вреден. Убави спомени имам од него.

    Ваквите приказни од постарите некако ми се сите слични. Се некако се видуваат, се заљубуваат на прв поглед, па ја бара, па или не ја даваат дека он сиромашен или неговите не ја сакаат дека она сиромашна. Шу знам еве дали стварно било љубов или пошто им било всадено у глава дека треба да си ја извршат репродуктивната функција се земале. После, па човек е, се навикнуваш на него, за свој го осеќаш....
     
    На Esmeralda-MD, Tajnaotrovna, WildMk и 25 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Е како зе бендисувале?
    Ќе си дале ишарет?
    Се шмекале?
    А мување нешто..?
    Секс пред брак?
     
    На Tajnaotrovna, WildMk, ♡BuBaLe♡ и 14 други им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.069
    Допаѓања:
    154.550
    Пол:
    Женски
    Е па и ти такви работи на внуци не се раскажуваат :)
    Ќе виде ли викендов топло? Ми се уврте у глава негде да фатиме магла на 2 дена, има петиод кога не ми се мрда дега па само нешто ни се шета. Гледам прогнозава ок ама како да ми мути нешто накај сабота.
    Убаво надвор ама на децава не им се шета, едвај до тинекс ги одвлечкав.
     
    На WildMk, ♡BuBaLe♡, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    ]:)

    Ме изнасмеа за сите пари. :rofl:
    Ќе биде. На телефонов ми покажува дека температурата до 15ти ноември ќе биде од 20-25 степени. :)
    Само нека продолжи топлово. Струја да заштедиме. :D

    На темава знам само дека баба ми избегала од Белград за да се омажи со дедо ми. Ене ги уште се живи иако видно остарени и со болести. Највеќе им ја сакам глетката кога дедо ми ќе ја стави неговата глава во скут кај неа, а она го чешка по глава. :)
     
    На PrincessLea05, WildMk, mal.ecka и 26 други им се допаѓа ова.
  14. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.130
    Пол:
    Женски
    Сите девојчиња, мамо се мажија, па ајде и јас стара мома да не одам. Порано имотот одел само на машките во фамилијата, па нормално дека кога ќе наполни момата 20 години, ќе ја мажат за да не седи стара мома дома. Или побрутално кажано, да не јади леб бадијала.
    Животот им бил нешто слично на Крпен Живот од Стале Попов.
    Само знаеле да си го раскажат да ни звучи wooow.

    Баба ми на 16 после војната се преселила сама да живее во градот, на 24 се омажила за дедо. До тогаш успеала на нејзините куќа да купи за и тие во градот да живеат. Ткаено, плетено еден куп, за сите соби да се постелат :D
    Јас малку во тие приказни не верував ама ај :?:
    Ама па од друга страна, сите домаќини беа, да се сработи да се купи, да се заштеди, од домаќинлук се имаа.
    Сега ние сме параспури :D Заработуваме, ама ништо на мегдан. По облека и технологија ги даваме.

    Си преспав околу 2 саати. Надвор играат некој спорт, па полубудна спиев. Тој судијата ми иде да го фатам и тоа свирчето од глава да му го мавнам. Надвор ладно, ветер дува, тие полуголи трчаат. Мажишта.

    Утре дожд :clap:
    Иде зимата :rain::l:
     
    На WildMk, Annath, Ane-Goki1 и 21 други им се допаѓа ова.
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.069
    Допаѓања:
    154.550
    Пол:
    Женски
    Него од преска се мислам па заборавив, @vitamina да пише како е кај нив, гледав преска големо невреме низ италија, Венеција поплавена. Се надевам дека кај вас е ок?? Пише кога ќе можеш
     
    На WildMk, Annath, Ane-Goki1 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.874
    Допаѓања:
    173.453
    Пол:
    Женски
    Само да ве поздравам, долго време не сум ви пишала тука:D
    А што би пишала...некако лоша недела беше претходнава.. 4-5 дена ќе умрев од болки, цел абдомен...
    Си викам напад на слепо црево, ама така ми беше и зимоска и ми помина после 5 дена...така и сега. Не е паметен човек што да прави на ова време кога сите доктори се јаки "специјалисти" ...

    Баби, дедовци немам..се тоа испоумре одамна. Двајца од нив пред да се родам, третиот после крштевката и последната баба на 8год ја загубив..Знам дека дедо ми не одел со точак, одел со магаре по баба ми... тоа од онаа страна на границата, по мајка.. Другите врска немам, умреа пред да ги запознаам...
    Долга приказна е да ја раскажувам како се венчале...може некој друг пат.

    Многу работи ми се на список за неделава, дури и некоја си обука за жени претприемачи... ако сум добра ќе им се тупнам. Кога друг плаќа, барем да видам што би поднаучила:D


    Среќни родендени, имендени, куќни слави на сите што славевте:hug::hug::hug: живи и здрави да сте.

    Би пишувала многу, ама уште ме врти нешто во желудников... мака ми е да типкам.

    Останете ми добри и паметни:*
     
    На Esmeralda-MD, WildMk, mal.ecka и 24 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    Имам видео од сабајле маж ми беше во венеција на терен, он вози по уличка а од двете страни куќите поплавени лебдат ли лебдат..
    Венеција беше затворена вчера за туристи плоштадот затворен за сега не знам ама сигурно е уште викаат имало вода доста и знам дека има секогаш кога врне ама како сега немало одамна..
    Маж рече добро поминал дека тоа пристаниште повиско било уште се чудам како успеале да изработат таму на таа вода му реков дека можеби нема да работат ама ете работеле
    Утре пак ќе оди

    Синоќа беше страшно. 20 пати однема струја имаше ветер и многу дожд дете писка јас сама дома струја де има де нема
    Сега гледам уличните не работат семафорите не работат
    Денцата не одат на школо
    Црни облаци
    Ама денес е далку подобро
    Тука околу нас ужасно се се евакуира се е затворено шуми испаѓани гледав реки претечени маж вика хорор било на нагоре накај планините кај нас не е до толку

    Од сабота викат сонце
    Денес сите камиони назад не се фунционирало по патишта мостовите се срушени скоро сите и така..

    Јас арна да не ме мислите, цел ден со маж сум да искористам чат пат ѕиркав тука на 1 минута за цигара и така
    Утре пак домче сами...
    Па викенд
    Па наредна недела ќе се спремаме за мк ,:)
     
    На Tajnaotrovna, WildMk, Ane-Goki1 и 25 други им се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Да, слично на овие, можеби нешто поголема. Со соларни панели, турбина на ветер, систем за собирање на вода, систем за ладење и греење кој што нема да ја исцрпува природата, своја бавча со зеленчук, овошје, дрвја и итн.. целосно off the grid.
     
    На WildMk, Ane-Goki1, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    IMG-89f37a138fdc76d3d034154faef91308-V.jpg IMG-8d638a507fa62b085cd07ddba577cb34-V.jpg
    Еве ја венеција
    Т.е пред венеција
    Има пруга и автопат таму и се друго е вода
    Алал за темелите на пругата и автопатот
    Инаку ова е пред венеција и е се поплавено лебди..
    Ниви куќи
    IMG-3e6545249263b71be57159256d976e60-V.jpg ова е сабајле сликано пристаништето.

    IMG-219f6406b2e83746143b178552137ec6-V.jpg IMG-eb1fece6b5ef993bca2e68b62d1383b0-V.jpg
    Ова од некна од невремето сабота ние саглавивме по пат
     
    На WildMk, Ane-Goki1, NarCis@ и 22 други им се допаѓа ова.
  20. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.622
    Допаѓања:
    177.957
    Пол:
    Машки
    Ми се допаѓа. Ти посакувам да си ја исполниш желбата :)
     
    На WildMk, Ane-Goki1, NarCis@ и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.