Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Интересни ми се приказните за бабите и дедовците. Мислам дека тие и генерациите на нашите родители имаат приказни полесно прилагодливи за раскажување на внуци.
    Ние ќе раскажуваме како сме се запознале на журка, на чат....
     
    На WildMk, Ane-Goki1, NarCis@ и 17 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.302
    Допаѓања:
    226.914
    Пол:
    Женски
    Среќни родендени на сите што слават.

    Дедо ми ја видел баба ми на пазар. Баба ми ја оставила тетка ми сама и шпринт по дедо ми. Прославија и 50 год брак..Дочекаа убава старост. Само баба ми едвај едно детенце родила. Неколку спонтани претходно од работа на нива. Од мкнење жито во вреќи. Тек кога дошле во Ск останала бремена и износила до крај. Мајка ми седмомесче 1700 родена. Ниедна вакцина никад. Дедо ми велел едвај ја добил па да ја трујат.. Бил многу против вакцините. Убав живот си имале откако дошле овде. претходно крш. баба ми дур била кај нејзините копан немала пробано од кокошка. Тоа што ќе остане само. прв пат паричка за бадник и се падна на 76 год.

    Од другата страна приказната е тажна. Татко ми е оставен сирак. Баба ми си ја зела само ќерката и избегала. И не го оставила дома. Туку по пат. ПремажеНа потоа. Дедо ми преженет неколку пати. Го носи татко ми во Ск на 4 год. Кога требало факултет да учи (се запишал) дедо ми заглавува во затвор. Вика 500 ден месечно имав за храна. Благо-шеќер. Во лебот со вода надробен. ден денес си има последици од тоа. среќа на 19 ја запознал мајка ми . Па таа скришно демек му ставала во фрижидер. Без да му каже. За да не му е незгодно. :) на крај татко му кога излегол од затвор ги избркал и од станот. Се преженил пак. На крај умре од цироза. И таа последната жена си го зема станот наравно.

    правам ручек за утре..Се срчкав со маШ и му реков никад веќе да не ми рече дека ме сака.
    вие арни?
     
    На Esmeralda-MD, Tajnaotrovna, WildMk и 22 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    The boss (2016) го гледав преска т.е не го догледав во најинтересното ама утре обавезно :inlove:
    Тоа сакав да ви кажам
    Интресен филм тек ќе видам каков ќе е крајот
    И така
    Да одам да се стоплам до маж ми се спие :yawn::mm:
     
    На Esmeralda-MD, WildMk, Ane-Goki1 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Ти благодарам @Peco. :)

    Баба ми ми кажуваше дека со дедо се запознале додека чувала овци. Дедо ми околу 10 години постар, пратил стројници по неа откако се договориле да се земат и она отишла кај него. Не знам детали, баба ми повеќе ми кажуваше за местото каде што израснала, обврските кои од мали нозе биле нејзина одговорност, за тоа како живееле неколку семејства (браќа со жените и децата) под еден покрив, па кога била баба ми мала прво едниот чичко се иселил во странство, после тоа и другите.. Баба ми и дедо ми не биле романтичари, воопшто, барем така ми се чини по раскажувањата. Но баба и ден денес, 20 години после смртта на дедо ми, уште го споменува секој ден и толку тага има во очите кога зборува за него. За другите баба и дедо не знам. Баба ми починала пред да се родам, а дедо ми уште неколку пати се прежени и counting :))) Плус не сум толку блиска со него, далечината го прави своето.
     
    На Esmeralda-MD, WildMk, Ane-Goki1 и 21 други им се допаѓа ова.
  5. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.759
    Допаѓања:
    214.032
    Пол:
    Женски
    Со големо уживање друштво ве читам,моиве баба и дедо беа голема разлика во години,18-19 г разликата.Дедо ми бил сирак,едвај ја дале за него,но цел живот ја гледаше како капка вода на дланка.Друѓиве баба и дедо на нива си се засакале,и Рефи она што праша како ишарет си давале-со огледалце и светкал дури нива работела.Ама душа и извадија свекор и свекрва,работа на нива ама нон стоп гладна,дури и маштеница скислена и оставале за неа.
     
    На Esmeralda-MD, WildMk, Ane-Goki1 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    95.249
    Пол:
    Женски
    Ке почнам со баба ми и дедо ми по татко,домашните,сеуште се живи 84 и 80.Често ги спомнувам овде,па лесно е да се заклучи дека ми се особено важни ликови во животот.

    Негде доцни 50’ти,дедо ми,родум од беровско,по завршувањето на вишата градежна школа во Скопје,добива работа во Кавадарци,и се сели таму.Во обид да си потполни слободно време,се зачленува во градскиот хор каде уште на првата проба ја забележува баба ми.Собрал храброст да ја покани на чај и слатка во тогашен хотел “Балкан” и баба ми прифатила.Останатото е историја:)
    Значи ги споила љубовта кон музиката(до ден денес дедо свири на мандолина или гитара од 17-18 ч)а и двајцата сакале да патуваат.Дедо уште ја вика “миличка” или “Бабо”,а таа него “Џибар”:D .Себично се чуваат двајцата и не дозволуваат никој да им го наруши редот.Сума сумарум,убава живеачка истераа,две деца,4 внуци,2 правнуци,прилично нашетани,со солидни пензии.Се надевам ке умрат среќни.

    За другите баба и дедо
    Продолжува....:D

    Многу ке ја оптегнам со постот,касно е:wasntme::hug:
     
    На Esmeralda-MD, Tajnaotrovna, WildMk и 25 други им се допаѓа ова.
  7. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.231
    Пол:
    Женски
    Многу убави приказни прочитав.
    Јас само за едните ја знам приказната и ќе ви ја раскажам.другите ќе ги прашам накнадно ќе пишам.
    Од таткова страна се срби моите баба и дедо.дедо ми како дете преселени во МК од Србија.
    Одел на гости кај неговите браќа и сестри таму.бил шофер и многу згоден.многу моми вртел.
    Ја запознал баба ми во Србија и одма ја бендисал.за 1 недела на враќање си донесил невеста од Србија во Мк.баба ми била цели 12 години постара од дедо ми.
    Така било во тоа време.му викале на дедо ми тука кај нас зошто постара жена си донел.и баба ми се го бранела со зборовите "нисам била у џак- нашао ме":D
    Биле среќни иако сиромашни.тројца синови имаат,сите српски зборуваат.и баба ми до самата смрт зборуваше српски-многу ни беше смешна:rofl:за жал почина пред 10 тина години.а многу си ја сакав:inlove:ми недостигА:|
     
    Последна измена: 30 октомври 2018
    На Esmeralda-MD, VladeMila, BearMe и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.903
    Допаѓања:
    163.771
    FB_IMG_1540922176126.jpg
    Македонските домаќинки повеќе ги занима магија од сарма.
    Зошто многу ја читаат темава, па да си пишам, може ќе прочита некоја забегана.
    Дај не бидете умоболни створења, намерата е ужасна. Ај што сте прости како грав и верувате во вакви работи, ами намерата? Колку гнасни по душа треба да сте? Не се срамите од себе?
    Многу, многу често ги слушам припростиве муабети од млади и образувани луѓе, од луѓе на влијателни позиции, комотно можам да заклучам дека сме забегана и проста нација, просто срам ми е да ги слушам.
    Мислам дека напишав одамна дека во последниве 2 години советите што ги добивам се од овој калибар. Ај манастири и слично, ама ова... е врвот. И не, не проаѓа муабетот - маката да не те натера, зошто имам и не можам да си ставам во глава дека така мака се лечи. Шовие?!
    И врвот што го доживеав скоро од другарка беше еве баш ова. Ми се згади. И уште изговор, па ти не веруваш и така. Ај јас не верувам, него со намерава и простоќава твоја шопраиме? Проблемот е што ти веруваш и го правиш додека ми глумиш загрижена и полна со љубов и ми се пикаш.
     
    На BearMe, fina erika, WildMk и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    107.381
    Пол:
    Женски
    Уште ли има вакви работи и луѓе.
    Никогаш не сум вррувала во вакви работи ниту верувам.
    А што не немав наоѓано по дома оти свеки во вакви работи веруваше.
    Од ливчиња на арапски пишувани шеќер сол под кревет зад кревет жилети под праг завиткани тријаголници во фолија и.т.н јас само ќе ги фрлев исчистив и толку.
    Нит ме интересираше од каде се ни за што се.
    Имам проблем да ама се знае тој проблем каде се решава.
    Исто и за другите проблеме.
    За се има разумно решение.

    Добро ви утро мил народе
    Кафенце во кревет и фемина
    После се по ред.
    Генералка во план слава се ближи јас и кума за славста во црква ми се падна паричето лана па се думам што да спремам.
    Вчера пазаравив и со маж доручавме заедно ги обожавам тие моменти кога ќе излезе од работа за да доручкаме заедно или пиеме кафе..
    Во последно време си знаеме да си го дозволиме ова наше задоволство.

    Жал ми е штомоите баби и дедовци не се живи а и не им ги знам ниту нивните приказни.
    Како се запознаеле .
    Инаку дедо ми од таткова страна со воодушевување зборуваше за баба ми дама дамаипол сликана со шешир и лула опасна жена и домаќинка била неа немав прилика да ја запознам починала пред јас да се родам.

    За другите дедо и баба ми беше интересно следново баба ми побожна а дедо ми комунист комбинација топ.

    За слава другарите на дедо ми борци и дедо беше борец во една соба и се зборуваше за борбите и за политика.
    Во другата соба гости на баба и се зборуваше за верата и светецот.
    Мене и едните и другите ми беа интересни па ко пинг понг топче бев де во едната соба де во другата....
    И морам и ова да го допишам дедо неверник и викаше на баба кога ќе умреш ниту поп ти викам ниту крст ти ставам и погодите што, дедо умре прв па баба го закопа до три попа и крст и сите други адети.
     
    На Esmeralda-MD, VladeMila, BearMe и 25 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.210
    Пол:
    Женски
    Добро утро народе, арни?

    Јас арна, пешки доаѓав дел од патот на работа, како и цела мината недела и да ви кажам арно ми дојде. Мора малку повеќе движење, ми збоктисаа коли, ама па во Скопјево нема да стигнеш на време на работа ако немаш кола.

    За приказниве... убаво ми е да читам љубовни и животни приказни од едно минато време, ама за жал, не ги знам приказните на моите баби и дедовци. А и немам кого да прашам веќе, сите се починати... не сум се интересирала јас, ниту пак тие се интересирале да ми кажуваат како се запознале. Сите доживеаја длабока старост (ако се смета над 90 години старост), освен дедо ми по мајка кој почина од рак на 72 години.
    Нашите приказни не знам дали ќе им бидат интересни на внуците, ама да сме здрави и живи да дочекаме, па лесно за раскажување, ако уште ме држи паметот.

    За црна магија, немам зборови, и не можам да сфатам како некој верува во тоа. Јас верувам во негативни мисли и негативна енергија, ама и верувам дека луѓето знаат да бидат до толку злобни во душа да ти посакаат само лоши работи. Оти човек на човека му е волк, не е ова од сега, од самиот почеток на постоењето на човештвото го има. Само дали сега е повеќе изразено, или така ми се чини, не знам. Знам дека не е на арно ваква злоба и лошотија, некаде ќе пукне.

    Не знам каков ден ме чека, лабав можеби, а можеби и работно.
    @SV1911 ја симнав книгата, ти благодарам. Ќе ја читам денес ако имам време.

    Кафе?
    [​IMG]
     
    На Esmeralda-MD, VladeMila, JuLleE и 27 други им се допаѓа ова.
  11. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.283
    Допаѓања:
    85.234
    Пол:
    Женски
    Добар ден!!!
    Со задоволство сум ги исчитала сите постови кои ги напишавте.На времето било убаво едноставно но романтично.Денес се е некако иживеано и не се знае кој со кого оди затоа ретко е да се слушни вака убава приказна.И јас незнам за тоа како се запознале ни едните ни другите баби и дедовци.Баба ми по мајка умрела кога мајка ми била 2 год.ни она не си ја познава и секогаш вика дека било многу тешко да расте без мајка.Од страната на татко ми имаа супер брак полн со деца и дочека убави години дедо,а баба умре на 74год. само шест месеци од кога ја закопаа тетка ми.Не е лесно родител да си закопа дете но суров е овај живот и никого не го поштедува.
    Помина и октомври летна времето и се едно исто работа,куќа,дете, маж ,обврски еден куп и ни помина животот и после сакате интересни приказни е нема.
    Во такви магии не верувам ,а знам дека одат луѓето и си ги вадат очите,но се е вратка во животот .Неможе на некој да му правиш и посакуваш лошо,а тебе да ти биде арно.Гледа Господ....
    Ајде убав ден да имаме !!!
     
    На Esmeralda-MD, VladeMila, Bubce38 и 23 други им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Од такви "другарки" подалеку.

    Добро јутро! :coffee:

    Ми се спие, ми се јаде, ми се шета, ми се плива.. За добро утро да си ги искажам желбите :)))

    Оваа професоркава расеана, ептен. Не спремна иде на час, не знае значење на некои зборови кои она ни ги дава да ги обработуваме со изговор не треба се да разбираме. Вади телефон од џеб да провери некој збор, да види како е правилно во друго време... (facepalm) Каде со логикава? :^) За ова сум тука, трошам време и куп пари на часовиве, да научам како што треба, не да ме заебаваш. И јас така можам да предавам.

    Ај, може ќе се оправи... :|

    Втор дел..

    Два саати патував накај дома. Штрајкови, урлања, запалени гуми на секоја раскрсница. Едвај стигнав. Не сум лесно плашлива, ама ситуацијава воопшто не ме остави рамнодушна. :| Сметката за убер прилично голема. |(

    IMG_20181031_143627.jpg

    Не сум само јас која се жали од професоркава, има и други. Утре ќе барам да ме префрлат во другата група.

    Уживајте во денов!
     
    На Esmeralda-MD, Bubce38, kuc и 22 други им се допаѓа ова.
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    После вчерашниот тмурен ден, а богами и после 8 саати сон и утринско прексрасно будење со синковците, денешново сонце ми е јаготка на шлагот за позитивно расположение.
    Долг ден со фул агена пред мене.
    Ајде мислење на темава - денешниот празник и комерцијализацијата и на нашиве простори. Децата во школо по англиски изработуваат маски и тикви, локалните игротеки организираат забава под маски и баш на една објава на фб по таа тема читам коментари како славење на овој ден е кршење на македонската традиција и вера па дури и дека е сатанистички и сл... :?:

    За вчерашните муабети, едните баба и дедо никогаш не ги ни запознав, а другиве имаа класична, фина љубовна приказна и прекрасен брак и живот, но трагедијата загубата на ќерка им ( мајка ми ) ги скрши и дедо ми не дочека ни година па замина по неа :(:u: Еве, мама ја нема точно 11 години, а баба ми 10 години е вдовица...
    Јас и ексот имаме многу интересна љубовна приказна, па ете иако на крај се разделивме, може сепак ќе не спомнуваат внуците некогаш...
    Вчера присуствував на еден муабет кој ме погоди - децата на разведени родители биле унаказани, расипани, лоши, никакви итн... Бездушна ли сум што ги унаказив децата?? Ги осудив ли дабидат деликвенти? Многу мисли ме мачат...

    Ајде кој е за кафе, јас ќе пијам
     
    На Esmeralda-MD, VladeMila, Anarchy и 25 други им се допаѓа ова.
  14. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.344
    Пол:
    Женски
    Добро утро.. времево арно, ја поарно..
    Бубале ич не се замарај за другите што ќе речат, глеј тебе да ти е добро..со тоа и на децата ќе им биде.
    А халовин..и мене ми е безвезе нелогично, ама се радуваат деца интересно им е.
    И то.
    Ајде убав ден:sun:
     
    На Esmeralda-MD, VladeMila, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    107.381
    Пол:
    Женски
    Бездушни се оние кои размислуваат на таков начин.
    Уживај во миговите со дечињата и ич со вакви глупости да не се замараш.
     
    На Esmeralda-MD, kuc, M&M и 16 други им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    Сонце огреа тука.
    Утре пак кажуваат за опасност од невреме
    Савота веќе ќе се опорави како што читам
    Се заакав денес да средиувам недовршени и глупи работи па помина време..

    Бездушници и безгрижници колку ти душа сака јас веќе нит ги спомнувам нит се замарам те им уста нека шлапаат до утре сабајле ако ги исполнува тоа и така

    Убав ден
     
    На Esmeralda-MD, kuc, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Типични муабети на луѓе со 2 грама мозок. (facepalm) За нив сигурно поважно е што ќе кажат комшиите, па своја ќерка ако се разведе назад не ја примаат. Ако си расположена за дискусија со нив, посочи им зошто не е така тоа. Најголемата причина најверојатно е децата да растат среќни со двајца родители кои што се почитуваат, на дистанца место да се сведоци на секојдневни скандали. А ако не си расположена, отерај ги у триста лепе. ]:)
     
    На Esmeralda-MD, kuc, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.157
    Допаѓања:
    137.252
    Пол:
    Женски
    Исто би рекла ... дно дна. Мислам 21 век, науката со објаснување за се. Младината демек едуцирана многу повеќе од старите ама прогрес нема. Не треба да е својствено вакво нешто за денешната младина, срамота е. Ми се повраќа од муабет за бајачки, магии, уроци. Шо треба повеќе да слушнам од ова, кажано од млада доктУрка ,,ја носевме секаде Х, кај сите доктори, кај можев ургирав за преку ред да убрзаме, ама не биваше, баба ми вика дајте бе деца кај Петкана од Моноспитово да ја однесеме, она бае од вакви работи, ја однесовме, црвени конци ни рече дека сме имале и вода истурено во дворот, да го измиеме дворот убаво и конците што ќе ги најдеме по река да ги фрлеме, oд коа напраивме тоа ене арна е'' Тука нормално занемарен фактот дека они ова го правеле пред Х да почне со терапија. ]:)
    Колешка кажува дека ја боли глава, друга и вика и мене ме боли и син ми вчера се жалеше, ќе зеам после негова маица и ќе одам на двајцата да ни баат. Мислам а аналгинче да се напиеше нешто :worried:
    итн итн... тужно е ова, доволно говори што нација сме, не за џабе сме последни у Европа по сите можни критериуми, каков народ таква држава

    Ич да не им се секираш. Друг пат прашај ги што прајме со расипаните, деликвантите, никаквите кои се со двајца родители? Кај нив која е причината?
     
    На VladeMila, kuc, JuLleE и 21 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Црна магија?
    Уроци ?
    Бајачки ?
    ДА НЕ ЧУЈАМ !
    И муабети на оваква тема одбивам дури:tmi:
    Не сакам да слушам(lalala)

    Само едно да знаете, се е до умот.
    Еве седни и 100 пати повтори си дека те боли глава и при последните повторувања навистина ќе те заболи.

    СДК, кој верува во такви работи сам си ја бара бељата.
     
    На Esmeralda-MD, Tajnaotrovna, VladeMila и 27 други им се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.157
    Допаѓања:
    137.252
    Пол:
    Женски
    Од една фабрика кај нас избркаа жена од работа оти му правела магии на колега. Не се зезам. Значи клекнувала дека нешто бара, па му викала да и помогне, се наведнвал и тој и она истурала некаков прав врз него, после што неговата здравствена состојба драстично се влошувала. 2 пати така. После 2риот пат некоја што ја видела пријавила зошто му се слошува на човекот. Прегледувале камери. И откриле |( А бе со кој ум тие од човечки ресурски дале наредба ради ваков исказ камера да се прегледува :?:
    Едни па цел бетон во дворот си го здробија пошто бајачката им кажа дека под старото, пресечено дрво е магијата. А дрвото баш сред двор и тоа бетонирано овие кршеа копаа|(
    И не се објаснувам со вакви, уште додавам масло на огинот, на едни им кажувам ,,опции'' слушнати од други. После се смеам позади грб... и така. :)
     
    На Esmeralda-MD, referentka, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.