Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.363
    Допаѓања:
    261.815
    Пол:
    Женски
    Вистина. Јас си купив фустан пред ден два и 10%попуст имаа до денес.
    Уморна од игротекава, не за џабе идам по родендени сите ни дојдоа. Толку деца мислам не сум видела. Подароци еден куп. Дури ми рече не мора утре во џамбо доста играчки имам!
     
    На JuLleE, Peco, mal.ecka и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.419
    Допаѓања:
    143.299
    Ние обично сме горе-доле усогласени во стилот, главно пошто двајцата сме за кежуал. Тој се напнува ако сум ептен подотерна од него, а јас воопшто ако тој е подотеран од мене :D

    Имам и јас прашање. Што прават вашите мажи во слободно време?
     
    На JuLleE, Peco, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.363
    Допаѓања:
    261.815
    Пол:
    Женски
    Мојов по цел ден е дотеран и кога треба да излеземе некаде обожава да иде у тренерки. Ич не ми смета. И така ѕверка вика кежуал сум се облакала увек :))))

    Муж у слободно време игра по нешто, чита по нет и гледа серии. Ако е лето низ двор се занимава.
     
    На JuLleE, Peco, WildMk и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Немам што да кажам на темиве.
    Се избањав и се оптегнав. :yawn:
     
    На Peco, WildMk, dunika и 12 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    нема слободно време за жал.
    На времето играше кошарка. Секој вторник покер со другари. Сега ништо од тоа. едино пред да си легне гледа видеа на тема авијација. Тоа му е страст од дете. Што и да го прашаш околу тоа знае или во најмала рака е запознаен до кај е стигнато.

    И јас се спружив. дете конечно заспа и реков чек да одговорам и да спијам.
    Добра ноќ на сите.
     
    На WildMk, dunika, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.152
    Допаѓања:
    137.235
    Пол:
    Женски
    @Bozica1980 среќен нека и е роденденот на малата.

    Сите од такт не вадат вакви гости. Како бе да не се цени туѓо слободно време . Еве може и други обврски сум одложила за да пречекам ко шо е редот.

    Мм е опседнат со онлајн шопингот овие денови. И се некои глупости бара порачува. .. коа ќе дојде поштар назад ќе враќам. ]:) Масажер за нозе бара од преѓеска ама да се врзувал на нозе и додека лежел да го масира. Ај ако не масажерка да викнеме дома |(

    За облекување :?: гледам да сме усогласени, не бива јас во фустан он во тренерки. Или он во костим јас во тренерки. Обично коа си акаме онака без цел по улици двајцата сме во тренерки. По гости ако сме онака само на гости без некое славје, пак во тренерки. Остало зависи од пригода.

    Во слободно време, тоа малку што го има навечер игрици игра, и тоа од мојот профил, сите животи ми ги троши мме :envy:

    @Dust ќе те карам. Претеруваш! Што сакаш да прави коа сте заедно 24/7? Едно е двајцата да работете на различно место па имаш време да здивниш еден од друг па после коа ќе се видеш дома додека си раскажете кај што се десило, поминало време.
    Тоа што му мириса јадењето - му мириса и готово. Мм шопска со кромид не смее да јаде ради мене. Ништо со кромид и лук уствари не смее. Црева ми се превртуваат ако го осетам. Од влезна врата го намирисувам. Јас маслинка не смеам да ставам на маса од него. Нема ништо страшно во тоа ако каже дека нешто не му е убаво и му смрди.
     
    Последна измена: 2 ноември 2018
    На JuLleE, bittersweet, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.329
    Допаѓања:
    278.549
    Пол:
    Женски
    @Bozica1980 Среќен роденден на малата лепотица!
    и со закаснување Среќен роденден на шефот на @Bubce38 !
    Бубашваба и јас денес видов на интерно одделение во болничка соба тазе варосана.
    Нозеве ме болат ужасно.Мускуливе посебно.Па ми текна кога ме болеа вака на фак пред испит и сватив дека е од напанатост ,згрченост во стресни ситуации!
    Мм во слободно време стои на нет,или спие или на лето оди на риболов.
    Ама и јас се повеќе стојам на нет во слободно време кое претходниов период го имав во изобилие ама изгледа тоа ќе ми се удри од глава !
     
    На Peco, bittersweet, WildMk и 21 други им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Ај, добро утро! ^_^

    @Bozica1980 среќен роденден на ѕверка твоја! Голема да расте, среќна и здрава. :^::party::hug:

    Следам ситуација во град. Ноќеска веќе армијата беше излезена низ поголемите градови да ги брка и/или апси идиотиве. Денес најавуваат големи протести, многу места се затворени, па го разубедувам мм да не оди на работа.

    Маж ми воопшто не се замара со тоа како е облечен, ама ич. На работа имаат дрес код, па го почитува воглавно, а вака ако јас не му направам комбинација некоја, ќе земе прво што ќе му дојде при рака.

    Јас стварно не разбирам што толку се замарате да готвите кога ви се најавуваат гости... :wasntme: Може моево сфаќање не е во ред, не знам, ама нема шанси да потрошам саати во кујна. Може сум дива, затоа. :D

    @dunika се пронајдов во твојот опис за интроверт кој што не секогаш сака да е сам. :D Повеќе сум склона кон интровертизам (не знам дали е збор ова:wasntme:), ама сум доста зборлеста ако ми се погоди друштвото и има денови кога сакам да сум меѓу луѓе. :whew:

    Маж ми во слободно време игра игрици. Ако не се бунам, може долгоооо да игра. Чита за доста работи поврзани со технологија, од најразлични области. Го интересираат многу работи всушност, ама игрите се свето нешто. |(

    А јас би да баталам телефон и компјутер и да шетам низ планински места, со камерата.

    До душа, секогаш кога имам идеја каде сакам да одам, што да правам, мм секогаш ми прави друштво и никогаш не се буни, иако знам дека не му е прв избор тоа. Па затоа и јас се трудам да бидам потолерантна кон тоа што нему му е интересно.

    Имајте убав петок! :f:
     
    На mareane, Peco, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  9. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    154.483
    Пол:
    Женски
    Добро утро :)
    Се издигав рано денес, си направив кафе, да видам дал ќе го допијам на раат :)
    Ние и двајцата сме генерално кежуал облечени, не би ми сметало нешто и да е еден подотеран. Мм вози точак, гледа stand up комедии на јутјуб, во последно време многу политика |(, и чита многу, али мислам дека воглавно спие :D. Вака како набројав ќе речете којзнае колку слободно време има, ама нема баш, од се ова комбинирано кога како ќе најде време :)
    Толку од кафето на раат, стана големиов и одма почна со барања :wasntme:
    @Bozica1980 нека и е среќен роденденот на куклата, само радости да ви носи :^::party:
     
    На Ane-Goki1, mareane, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.576
    Допаѓања:
    175.050
    Ај д.утро :)
    Среќни и дУговечни да Ви се славениците -Божица и Лејла :^: :f:

    Читнав последна страна и ,низ ум ми помина онаа народната-Мажот е глава ,ама жената е вратот-кај ќе го ,,сврти",таму ќе гледа .
    И држи вода-до негде,барем кај нас така беше на времето :lol:

    Нешто облачно у селово ама ко за инает кафево на тераса го пијам со цвикер за Сонце ;)

    Ај,:* до сВите ,сакајте си ги тие до вас што се и...гушкајте повеќе
     
    На EuHenIa, JuLleE, Ane-Goki1 и 20 други им се допаѓа ова.
  11. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене.
    Вчера откако пишав сум легнала и одеднаш болки :whew: ај викам магнезиум ќе се напијам и откако се напив како да ми застана во грло и по едно 15 минути си ја гушнав шољата :doh: ама ми олесна барем.
    И сум заспала после тоа.
    Е затоа сабајле еве свежа станав т.е уште ми се спие ама убаво ми е вака во тишина.
    Вие добри сте ?
    Ајде кој сака чај со лимон нека се пријави. Јас частам.
     
    На EuHenIa, Ane-Goki1, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.870
    Допаѓања:
    173.447
    Пол:
    Женски
    |(


    На пола пат до Скопје|-)
    Освен што дознав кој на што има алергија во Берово, кој се развел, како им оди бизнисот на комшиите, кој има артритис.....ништо продуктивно од сабајле:D
    Ќе почнам по куќи да одам, да нудам бајачки и народни лекови...Па ќе речам дека гледам и на кафе.. ако не веруваат ете им доказ - како би знаела каде да отидам ако не знам да гледам :D

    Возачов ќе не утепаше по пат..никогаш не ги разбрав и нема да ги разберам овие од Берово транс, брзаат како луди возат, ама кога треба пауза да прават, го тегнат кафето 30 мин наместо 10(facepalm)

    Само да стигнам во Скопје..прво еден мрсен бурек од Силбо, после се по ред:lol:
    [​IMG]
     
    На EuHenIa, Ane-Goki1, BearMe и 25 други им се допаѓа ова.
  13. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.622
    Допаѓања:
    152.554
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Од сега ќе ми стане изрека-го тегнам кафево ко шоферите од Берово транс:)

    Едно дете испратив,сега другото да го будам...а колку тешко станува ,милото....
    Првиот ден во градинка прекрасно мина....воспитувачката ни рече по саат и пол да го земеме а тој не врати и седеше до ручекот...преубаво му било....денес на фестивсл ќе ги носст....

    Си шетнавме вчера попладне...време убавина....
    И утре ќе шетам...слободна сабота имам...
     
    На Tajnaotrovna, JuLleE, Ane-Goki1 и 25 други им се допаѓа ова.
  14. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.281
    Допаѓања:
    85.206
    Пол:
    Женски
    Добро утро!!!
    Дете испратено уште денес од сабаје се од понеделник се менуваат и да видам што има по Фемина не ми се спие па кафе ќе пијам и да се исфенирам...
    За кежуал варијанта сум и јас но има ситуации кога треба да се дотера човек и да опни и штиклица .Мажево мое почна политика да гледа и да кара дури досаден е за слушање,а тоа документарните емисии и билјартот на мов не ги прескокнува,за фб и да не зборувам.
    Ај да варам кафе и полека да се спремам !!!
    @Bubce38 Среќен роденден на сопругот и да ви се исполни најголемата желба:^:...@Bozica1980 Среќен роденден на лепотицата ...
    Убав викенд !!!
     
    На Ane-Goki1, BearMe, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Добро утро!
    Се моли @LiliBoz да дојде да си ја земе бубашвабата што ме пречека на трпезариска маса во 5 саат сабајлево, оптегната врз полна корпа со овошје. Гарант е твојата. :rofl: Толку беше голема и гнасна, што оклопот гнасен и беше дури светкав!!! Холо гнаса демек. Неа ја утепав, туку што ги смачкав и бананите и некое помеко јаболко на сите страни, па до скоро 6 саат триев кујна со разредена варикина од језа од гнасата. Ќе закаснев на работа се скапав брзајќи, па се шминкав колку да не сум без ич на биро. Најмногу што неќам, ама бубашЛабата што би рекла ќере е крива! Чекам да дојде некое пристојно време да ги викнам Старс да дојдат утре да испрскаат, таман јас имам термин за нокти а муж и деца нека шетнат некаде.

    Што прави маж ми во слободно време праша некој... Прави полици и рамки и свашта од дрво. Човекот е ИТ инженер, ама пуста дрводелска желба па имам полна куќа полици и рамки, моите полици имаат полици!!! :@ За алати да не зборувам, полна комода. Не дека има многу време со терористиве наши, ама секој слободен момент за тоа се користи. Жив нека е, што да му правам.
    Ама се изнамуабетив од сабајле... :$
     
    На EuHenIa, JuLleE, Ane-Goki1 и 24 други им се допаѓа ова.
  16. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    Добро утро и од мене ,и денес исполнет ден со обврски иако петок пред викенд,.....и мене ме нервира кога ќе закажеш гости пр. во 19ч доаѓаат два саати после, мислам дека треба да се почитува времето на секој , ние вообичаено го почитуваме договореното ,разбирам 10,15мин каснење ама два саати не ....среќен нека им е роденденот на тие сто слават, .....кафето сварено CROP_20181102_080207.jpg убав ден да имате
     
    На Ane-Goki1, BearMe, mareane и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.803
    Допаѓања:
    142.151
    Добро утро.

    Цела недела размислувам како ќе чистам викендов.

    На темата, гости не викам. Ретко ептен и мразам каснење. Јас не каснамникогаш. Детето веќе ми е 3 години уште малку, ама јас не сум закаснила никаде. И не сакам да касни никој. Тоа е само мрза, ништо повеќе.

    Маж нема многу слободно време. 8 саати рботи од дома, после има тренинг или утакмица и толку е. Јас сакам кога му правам салата и ракија, и кога ќе дојде да се напие и да одмори од денот. Најчесто си зјае у телефон и твита. Ако ми смета, му кажувам и одма спушта телефон.

    Ако јадам нешто смрдливо, му давам и него за да си смрдиме заедно. Не јадел лук. Ако де. Почнав јадења со лук да правам и да не кажувам,и ете го сеа го обожава.
     
    На Tajnaotrovna, Ane-Goki1, BearMe и 19 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    @elena.mak ме пресмеа по сабајле :rofl:
    Не е мојата, мала беше мојата. Синоќа не се појави.
    Цела ноќ се будев да видам дали ќе излезе. Мислам да немав уплав на плочки ќе легнев да ја чекам :|
    Претпоставувам борната одлично си ја врши работата чим втор пат како ќе ставам никаде ја нема. Жими се кога ќе прајме куќа пред да ги наместат цевките ќе ги нашљакам убаво со борна внатре... :|
    2 кафиња испиени а уште спијам. Очи ми се затвараат ми се врти....се ради буба шваба.
    Дете наспано си стана со мене. Викенд пред нас. Ќе се оди на гејзи сигурно утре, здравје боже само.
    Си помогнав сама на себе така што вчера се исправ само уште постелина ми остана да сменам и исперам. И некој пешкир.
    Од храна маш ништо не одбива. Боранија беше единственото нешто што не го јадеше ама и тоа го научив да го јаде. Епа не ја пробал таква затоа не му се свиѓала рече :D Додуше он е многу едноставен некомплициран човек и лесен за одржавање. Ситници го прават среќен и фала богу што е така зашто во супрутно сигурно многу повеќе ќе се каравме. Иначе уште сум му лута.. :devil:
    вие арни?
     
    На EuHenIa, BearMe, Peco и 16 други им се допаѓа ова.
  19. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.736
    Допаѓања:
    213.835
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене,имајте убав ден.Не сум наспана да ви кажам искрено,ни дијазепамчето не ми помогна и тоа од 5мл,емисијата сношти на тв,ме растури;(.Мојов штом има снукер,трка со формули,мото трки,слободно можам невидлива да бидам,абе да се струпурдисам нема да забележи:D.@Dust не се нервирај за небитни работи,а од што те читам сватив дека многу си го сакаш,уживај во љубовта,а за останатото па нели сите си имаме по некоја фабричка мана :*:hug:.@Bubce38 ми е и таа мелем за читање,за нивната слога и љубов,а богами и за гледање,убав пар си се,како само денсаат :hug::hug::hug:,нека му се множат годините,дај боже и бројот на членови во фамилија на зетко наш :hug:.Мене ми останаа уште малку дрва да ги досредам,пак јас за дрва се фатив(facepalm),ама па тоа ми е професија,не е зафрканција.Ако сте за кафе повелете :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee:,терасава сеуште има цвекиња-тревки миризливи де.
     
    На Ane-Goki1, BearMe, mareane и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.184
    Пол:
    Женски
    Мм е ептен кежуал, секаде оди во тренерки. Ептен на свадба или за некаде поофицијално ќе се дотера, во фармерки. Е тоа му е... а јас си сакам да се пицнам. Ради него останав на спортски стил, ама одвреме навреме знам да се облечам така поелегантно, со штикла, со се. И ме нервираше порано, веќе не. Кога одиме некаде за викенд, по молови, на пазарување или лабави гости, секогаш е во тренерки, јас сум во фармерки. И ко дотерана сум спрема него, ама што да му правам, кога ич не сака да му смета облеката. Затоа и се што има виси на него. Се обидов да го сменам, ама не можам, иако се обидов на милион начини, и со арно и со лошо. Тоа е.

    Кога го има, во лето и кога е топло и суво чачка нешто по двор или околу колите, а во зима, или кога врне, чачка по дома. Секогаш си наоѓа работа.

    Иначе мене ми е глупо маж да не смее ради мене да јаде лук/кромид, или не знам што. Мојов не јаде лук, не јаде риба, не јаде луто - никогаш не ми пререкол за ништо. Ниту пак јас нему. За такви ситници ако се нервирам, кај ми е крајот. Да паѓам во несвест оти си направил шопска со многу кромид и цела куќа мириса на тоа, баш и не. Краток е животот да се замарам за такви работи...

    Ај сега добро утро... постов го почнав од 8:30, ама ме прекинаа... сега завршувам административни работи, па да допишам.

    @Alishan30 ич не се чуди ако некој ти рече дека го задржале на забар, особено ако живее во странство, а кога доаѓа тука ги прави забите. Грото иселеници се тука по недела-две, ќе им текне последниот ден дека треба и на забар да одат и тогаш сакаат да поправат еден куп заби, да стават нови и да ги избелат, се во исто време. Моето искуство е такво. Луѓето мислат дека имаме волшебно стапче и можеме сè да средиме за еден час. И најчесто со такви пациенти заглавувам по пола ден.
    Научив да не се нервирам кога ми доцнат најавени гости, особено затоа што повеќето се со мали деца и излегуваат доста работи непланирано. Порано мрчев, ама како ми поминуваат годините, отрпнувам за доста работи.

    Кафе?
    [​IMG]

    без кајмак ова, ама ваљда нема да ми замерите :wasntme:
     
    На Ane-Goki1, BearMe, mareane и 24 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.