Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    ќе ти биди мачно... А и за 1200 денари бе |(
    Ви ја потценват струката!

    Барајте му поќе пари пи*ка му материна!
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  2. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.129
    Пол:
    Женски
    Кој блам е да тераш доктори на сила да работат за смешни пари, па што ако од толку напор се разболат неколку од нив?
    Што тогаш?
    Кој не работел 24 саата смена не знае што е напор.

    Исто и тука мака се мачи со лекари. Се шушка дека наскоро ќе може и со мкд пасош, ќе даваат виза ко од ракав. Само не знам колку се тука платени.
     
    На Ane-Goki1, Bubce38, Esmeralda-MD и 16 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ах-ах... нека си отидат побрзо.. таман..
    Шамани ќе бараме после и бајачи...
    Е*ати и држава и се'.
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.228
    Пол:
    Женски
    Кажи ми за таму кога ќе имаш сигурни информации.
    размислувам за разни опции.колку и да е мачно би се работело на едно место.тука зборам за помош на неопределено време од приватно здравство во државни установи и плус за мизерна сума.ајде крај краева не е битна цената.но тоа се две различни работни позиции. работа во амбуланта и ургентна медицина напоредно.или едно или другото да се работи.јас не би можела двете истовремено да ги работам.јако ќе биде кога во итна ќе почнам контрола да им закажувам за 2 дена, како сега што ги следам матичниве пациенти:D
    "Каша попара" ќе биде:sweat:
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, Sesil и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.602
    Допаѓања:
    177.701
    Пол:
    Машки
    Што има за пиење со салатата? :D

    Така де, кажи на почеток на постот, да знаеме дали да читаме или да прескокнеме. :D

    @Esmeralda-MD ми се допаѓа трасата, биди жива и здрава.

    Ми се допаѓаат и мачињата на @SV1911 :)

    За мене и за @Mr. Right нема по едно маче. :D
    Да не ме разберете погрешно, за мене не мора маче, може и возрасна мачка. :rofl:
     
    На Ane-Goki1, Tajnaotrovna, Esmeralda-MD и 22 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.790
    Пол:
    Женски
    Друштво како сте?
    Јас на цигара излегов надвор и да ви пишам уз пат. правам грав за утре ама пусто кромид сум немала.. ќе трчам сеа по маркети.
    За времево не знам што да кажам. очигледно у мај снег ќе вее...
    Дете се надевам до 10 ќе заспие па да удрам една тура вежбање па чај и креветац. мислев на раб забави темпото ама грешев. куп раб остана и за утре. планирам од утре до петок да чистам дома за викендов да сум раат. Имам шема замислена што ќе правиме со мали :mm:
     
    На Ane-Goki1, Bubce38, Esmeralda-MD и 21 други им се допаѓа ова.
  7. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    95.233
    Пол:
    Женски
    Како бе 1200 ден дежурство,па во кафич повеќе ке земеш со бакшиш.
    Алал нека им се.Вчера гледав вести,т.е извештаите за патни трошкови на пратениците.
    Сите набилдале по десетици илјади евра,само за превоз и шо гнетеле на потпис по ресторани.
    Ваму секој ден пари за дете шо умира се собираат,од обичен народ.
    Кај им е совеста не знам,како можеше такво семе да сме проклето.

    Јас да сум лекар,ке стинам заби и ке учам јазик,и деф да ме нема,макар и Словенија да е.
    Жал ми е,ама од нашата земја нема никогаш ништо да биде.Никогаш.
     
    На Ane-Goki1, Bubce38, Sexybaby86 и 27 други им се допаѓа ова.
  8. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    107.183
    Пол:
    Женски
    Маж ми не е од оваа професија но и кај нив еден период поради немање на работници бидејќи добар дел ги избркаа од работа ги тераа ноќна на повик и ќе го викнеа на сат два до 4 по полноќ некогаш го фаќаше дома да дојде и сабајлето од 7 на работа до 20чнекогаш 21 е кога почнаа со незгоди на работа и маж ми имаше незгода е тогаш и тие што ги имаа беа на боловање и сега не се ниту способни за извршување на тие раб задачи па им текна да престанат со таквата тортура.Само во таа фирма имаше вработувања т.е има уште заинтересирани за раб во таа фирма па вработуваа нови работници кои патем мораа и да ги обучуваат.
    Стопати подобро ќе им беше да ги оставеа стариот кадар кој веќе беше обучен.
    Ама тоа е а за здраствово страв ме фаќа искрено.
     
    На Ane-Goki1, Bubce38, Esmeralda-MD и 18 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.129
    Пол:
    Женски
    https://www.migrationexpert.co.uk/uk-embassy/macedonia_(the_former_yugoslav

    Овде можеш да погледнеш

    Кај бе 1200 денари, пари ли се тоа.
    Најмалку 4000 треба да е од ден. Плус да не се плаќа данок на тие пари. За 3 дена во месецот, 200 евра минимум треба.

    Па со тие саати општ работник треба да земе повеќе дневница а не доктор, што треба да интервенира во брза помош.

    Тука колега за 16 саати смена, со 5 дена курс за медик зема 250 фунти дневница. Ама на зорт кога се, и 1 ден прва помош курс да имаш, ќе ти платат.
    Плус обично ништо не се дешава, па дремат наоколу цел ден на телефон.
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, Sesil и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.411
    Допаѓања:
    143.182
    Се гледа по тоа што само вие двајца редовно не дружите. Да бевте женети мислиш ќе беше така? :devil:

    А може и доста ќе бидат. Ќе остане ли некое дете тука за 5-6 години?!?
     
    Последна измена: 6 ноември 2018
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Алармантна е ситуацијата во здравството.

    Имам другарка која е професорка на медицински факултет.Кажува дека 9 од 10 студенти не си ја гледаат иднината во земјава.Кој ќе не лечи нас???Нема слободен професор по германски јазик,сите се зафатени со подучување на нашите лекари.

    Сестра ми беше на една обука надвор од земјава.И понудија работа во тамошна болница,веднаш да почне.Со секави бенефиции од државата и еден куп можности за надоградување.Плата неспоредлива со нашата.

    Овде треба да имаш еден куп врски за да добиеш приватна специјализација која сам ќе си ја плаќаш и парите ќе ги извадиш кога врбата ќе роди грозје.

    Чудеса од земја сме.
    Децава во школо немаат цело тромесечје наставник по предмет кој е доста битен,а како изгледаат работите,нема ни да имаат.Предмет кој е задолжителен,а за кој нема кадар.Затоа што нема студенти на конкретниов факултет која создава професори за да ги образуваат нашите деца.
    Не за џабе викаат:Ако сакаш да уништиш една нација,не треба атомска бомба,доволно е образованието да го уништиш.
    На добар пат сме.
     
    На Ane-Goki1, Bubce38, Esmeralda-MD и 27 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    Јас сум решена да фатам пат под нозе за Канада...уште мојот да го убедам|( него убаво му е тука, кај и да е за обичен преглед на забар ќе закажуваме 20дена однапред затоа што нема да има стоматолози, а не па за сериозни болести.
    Не знам што убаво гледа во земјава.. уствари еве Берово ќе го земам за пример како помал град ..
    Убаво е за живеење се додека си здрав. Од доктори има некој општ, стоматолози, гинеколог имаше (ама изгледа ќе го нема кај и да е, ако не го и снема веќе) и интернист.
    Има ртг, ехо и другото е мисловна именка..
    Дури и тука, во центарот за дијабет следниот слободен термин е 26 ноември. За интернист нема термин. Дали има сеуште доктор врска немам. Гледам од Кочани пратиле тим вторник и четврток за имунизација за сезонски грип, термините им се на 5мин арно ама никој не е заинтересиран. Да пратеа други доктори немаше да биде на одмет..

    Значи рековме...додека сме здрави. Позитивно е што имаме барем возила за б.помош да те префрлат до штип ако си пред умирачка...пошо порано нема. До крај се чека.
    Мало место, децата културни, воспитани.. Знам ќе речете дека домашно воспитување е тоа ама тука нема дете што нема да ти рече добар ден, група деца што не ме познаваат лани одејќи по улица ми викаат - добар деееен дадичке... ме фатија неспремна:tmi:
    Во Скопје дете од населба на другарка ми и се сврти и и рече - леле ама си дебела, како свиња:!: ај не се запрепасти(facepalm) не е едно такво дете со тој речник..
    Добро или лошо, тука гледам дека поинаку си ги воспитуваат децата.. Ете тоа во позитивна страна.
    Има чисти области и ако сакаш можеш да си имаш бавчичка.. или барем да купуваш производи од локални производители... уште една позитивна страна.
    Работа има ама за некои не е доволно платена, а за други не е фотеља.. Сори бро... кога едвај средно си завршил, каква фотеља сакаш, кожна или платнена?
    Реално тука работа има по фабрики, малку по продавници и угостителски објекти и државна администрација. Толку.
    Фабриките плаќаат по 18.000 па и 22000, се останато секако 12000 ..
    И ајде не фати усвет од тука...
    Зошто тука да работи 9 саати за 12000 кога некаде далеку ќе работи 9 саати за пристојна плата од која може и да се заштеди.


    Во склоп на муабетот за здравство..
    Мајка ми пред 2 недели ја натерав да бара второ мислење од доктор.. не може - НИШТО НЕ ТИ Е- а жената едвај да оди...
    Со тешки маки закажала на ревматолог, таа и рекла ртг на колена, колкови, дланки, стапала и не знам што таму, плус кардиолог..
    За ртг требаше да чека до 23 ноември ееејј... месец дена(facepalm) па си се истегна приватно..
    За кардиолог и рекле во средина на декември(facepalm) ај ќе речеш не е толку хитна сега, ама има луѓе на кои животот им зависи од тој преглед на кардиологија ... што со нив?

    Сериозно ќе почнам да ги молам докториве да се иселат од Мк. Може тогаш ќе им стане јасно на нашиве дебили во влада дека држава НЕ можеш да си играш.. можеш да ја водиш како што треба или да ја баталиш. Ако ја баталуваш барем остави народот нека избере други место тебе..
    Не да се чукаат во гради дека направиле нешто, а уствари први би избегале од МК ако немаат 1000+ евра плата и кафани на државна сметка. За тие пари и јас ќе си играм држава 4год. Каде да потпишам, па ќе потпишам и за доброволно издржување 4год затвор после тие 4год власт.. жими се.:!:

    Се испукав...сори 8-|
    Ептен ми е смачено
     
    На Ane-Goki1, LaSchtroumpfette, Ava.84 и 33 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.763
    20181106_205031.jpg
    Мала релаксација после напорен шопинг.
    Чизми до над колена.
    Два пара салонки.
    Едни кратки ама со шИкла.

    За здравството.
    ...ми се чудат на умот што не одам на лекар и кога треба да одам.
    Секоја чест на исклучоци ама доктори НЕМА.
    Тие што ги има немаат воља зашто се платени помалку од чистачката каде што на пример работам јас.
    Поразително.
     
    На Ane-Goki1, Bubce38, Esmeralda-MD и 21 други им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.217
    Јас многу сакав да останеме во Мк. Куќа во Охрид, викендичка на планина, ама шипки. :D
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    Не ти бега Македонија.. кога сите бродови ќе ти потонат, овие тука невреме не ги фаќа(facepalm)
     
    На Ane-Goki1, Esmeralda-MD, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  16. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.714
    Допаѓања:
    213.582
    Пол:
    Женски
    Какво здравство во нашава мила,никакво.Месец дена се влечеме по доктори,една дијагнозата ја утна,џабе лекови примаше,за Ск врски требаа,оти хитна беше работата,а ваму чекање повеќе од месеци,ами дотогаш жив човек дали ќе остани,одговор барајте си чаре приватно,е ама и за тоа што ни требаше приватното пребукирано,најмалце недела две да се чека:tmi:,значи и да платиш пак да се чека.,а за чекање не е.Нејсе,бидна,ама уште треба лечење,и пак повуци потегни.Како и за се друго овде се игра со државата,со лугето и со се друго.Важно платени,над платени,со трошоци,патни и се друго,тие кои треба да ни ја средат државата,арно ама си се средуваат самите себе па немаат време со држава да се зафатат.Кај мојата матична има нова др. вработена,е арно ама рецепти не можела да пишува оти еве уште печат или што треба си чека,а пациентите ами?После ни бегале луѓето,се селеле,еми што да прават,секој чаре си бара.Не ни мириса на добро работава во ниту едно поле,и не ги окривувам оние кои си заминуваат.Нашава болница е хаос,тешко тој што има мака,клиничка е,а луѓево одат Охрид,Струга,Скопје е пребукирано,еми не може сите да не искрепи што имаме мака.Нашиов град полека станува град на пензионери,за некоја година слободно на влез може да стои пензионерски дом БТ.Оти само тие ќе останат,дел од млади што сме тука се повеќе болести тешки имаме за жал.Се примаат луѓе во државна администрација,и порано и сега по партиска линија,ама прашање ми е како мисли тој државен апарат да се издржава,кога работно способно население ни се иселува,од пензионерите ли,од што плати во државна администрација ќе се делат,ако пример како кај нас се повеќе приватни фирми се затвораат и луѓето фамилијарно заминуваат?Деми даноци,и други давачки од приватниот сектор одат во државна каса,ама тие приватници фаќаат пат под нозе надвор.Еве не сум доволно образована,па можеби грешам.
     
    На Ane-Goki1, NarCis@, Esmeralda-MD и 21 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Знам дека земјата ни е дно дна. Го дупчиме и дното.
    Само не ми е јасно од кај на луѓето пари секојдневно за гаги и фешти, од кај пари за славење на гигантни родендени што тука се мисловна именка
    Тоа од секогаш не ми било јасно и ми е за чудење
    Има исклучоци и тоа многу и да жално е
    Се што зборувате е жално и страшно и не смее така са биде ама кај е правдата ќе не стигне ли некогаш?!
    Многу прашања без одговори
    Да фатат отров у влада да стаат глуфците да ги онесвестат сите од прв до последен најарно ќе е
    Ама нема ни тоа
    И јас како @Dust сум револтирана

    Се повеќе како држава наликуваме како племе некое од африка и тоа е вистината дал ни се допаѓа или не

    И тука термините се чекаат по 2 3 месеца па и повеќе
    Ама ако е итно брзо најбрзо се реагира
    Јас имав искуство за термин после 3 4 месеци ама му спукав на докторот дека итно беше и ми закажаа за 3 4 дена.
    Значи сакам да кажам дека ако е итно навистина имаш веднаш термин ако не си чекаш со месеци, знам дека така е и англија и германија за други не знам.
    Од овдешното здраство сум била презадоволна не задоволна, имав матичен што пред се беше психолог а после матичен доктор. Ќе те ислуша и ќе ти направи муабет 40 минути до саат. И крвна слика ќе ти направи и све.
    Сега ќе видиме тука како ќе е.

    Во англија кажав не сум задоволна од здраството сем пораѓајот што ме третираа ко краљица.

    Македонија кога одам кај матичниот ме прекарува за 2 до 5 минути а во тие минути улагаат секакви за упути и печати и не знам што и немаш ни и од интима како хотел небаре да е
    Не можеш нити да се сконцетрираш нити да кажеш што е проблемот
    Катастрофа
    Па секогаш со докторот разговараме на кафе за проблемите
    Апчиња од рака така што сакам тоа ми дава
    Некогаш знае да биде добро тоа да си имаш при рака за не дај боже ама знам совршено дека тоа не е океј ама ич.

    Си одам и баш ќе видам каков ли ураган го однело моето место уште повеќе од што беше
    Тоа е реалноста

    Последен пат се запрепастив од тоа колку само има ѓубре и колку сме загадени ама кој не праша нас?!

    Што вика даст тоа не е држава туку си играат држава и лапаат од кај стигнат немаат осет и усул тоа е страшното.
    И не не им гајле за никого се дури си се во фотеља на нив им е гајле за милиончињата.

    Ај добра ноќ.
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, Ava.84 и 21 други им се допаѓа ова.
  18. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    со здравје да си ги износиш ,наздравје пијалок релакс :d::d::d::d:
     
    На Esmeralda-MD, душленце, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    И народот ни е за никаде... Да беа проблем само политичарите, ќе ги решевме до сега... Ама не е само до нив... Сето е гнило, од темел, до чатија.
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    @vitamina
    Ама витаминке ајде ОК е да не е итно па да чекаш 3 месеци..
    Уствари и да е итно не е хумано да чекаш 3 месеци! Сериозно? Од мојата плата 3000ден одат за здравствено осигурување. Кога паднав во Скопје ми бараа 16.000 ден за да ме донесат до Берово затоа што ете - за Берово не возеле. Мислиш редовна линија на Берово транс барам, па дали возат..
    Беровската брза помош ме донесе за 6000ден... после по 3000ден за секоја контрола во Штип. Па да ти се плукнам во здравството што ем го плаќаш секој месец ем на крај ќе се искешираш како да не си платил ни денар.. Не ми следувало боледување, не ми следувале штаки од фондот...за специјалниот стегач да не збориме. За корсетот па ич, 9500 на гладно.
    За тие пари што ги плаќаме, треба да добиеме некаква услуга. Не е само матичниот доктор - доктор. Треба и по други доктори да одиме и да добиеме третман како луѓе.


    Еве да ви кажам, подобро е да си крава во Македонија. Ветеринарот ти доаѓа на лице место, ти не ја носиш кравата кај него:D
    Кога ќе ми дојде матичен за вакцина во домашна посета, ќе прајме муабет.:lol:
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, Bubce38 и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.