1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    цел ден го ќутам ова ама ќе го кажам зашто сакам да знам како би реагирале вие...

    мајка и баба со детенце не поголемо од 16 месеци. На улица бабата става ствари у кола и и вели на мајката да го гледа детето. Таа овци брои и детево поаѓа по улицата накај колите. прави еден чекор -се скаменувам. прави втор чекор-престанав да дишам. прави трет и вриштам -детето!!! маш се стрча. конечНо дотична мајка виде и ја фати за рака ја повлече. добивме поглед -дали сме ние нормални? ми идеше за коса да ја фатам и цела улица да ја пројдам со неа. Како бе се остава дете на улица без да го држиш за рака??? абе на паркинг кога ми е колата го држам. крај краева зашо стоеше таму коа мајка и ставаше ствари? ? шо не внесе дете у кола. жими се кошмари ќе ми се вечер тие три чекори
    Како би реагирале во ваква ситуација?
     
    На Ane-Goki1, duffi, doubleg и 13 други им се допаѓа ова.
  2. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    153.812
    Пол:
    Женски
    Исто :), имам изреагирано, може не во иста ситуација ама генерално ако видам дете според мене во опасна ситуација писнувам одма. Со моиве може и претерувам, кога излагаме од влез нормално малово го држам за рака а на големиов како излага меѓу колите од паркинг (зборам за паркинг не улица) само брмчам, не оди додека не видиш дали има кола, сврти се лево, сврти се десно, многу ми е страв од излетување на улица.
     
    На Ane-Goki1, referentka, Milobebence и 9 други им се допаѓа ова.
  3. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    19.420
    Пол:
    Женски
    Добро вечер:)Само на кратко да ја поздравам @WORRIED.BT значи чистам генералка низ стан веќе трета недела и ете незнам повеќе кај терам:sweat::sweat:Затоа ме нема..Генералка во комбинација со луда сезона и плус јас ситничар и перфекционист => жива болест..]:)
    Денес ми стигна и ге то..Преѓе сакав да го фрлам од прозор кога сватив дека на овој темно кафеав материјал СЕ ќе се познава и собира секакви бели точкици(facepalm):@;(Се уплашив дека пак ќе ми се активира мојата опсесивност во чистење и пребришување (тоа го имав во куќата кај ех м кога на секои три мин.клекнував и собирав точкици од белиот тепих(facepalm):tmi::headbang:)Три години бев рајат во куќичката..сега сум убаво растревожена упм да фати..
    Преморена сум да читам..да средам СЕ па ќе почнам почесто да пишувам:)
    Добра ноќ:*
     
    На Ane-Goki1, duffi, referentka и 17 други им се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.234
    Допаѓања:
    277.396
    Пол:
    Женски
    Јас не само што ќе се стрчам по детето и писнам туку во тој момент на уплав највероватно и ќе и подвикнам и на мајката.Многу често сум се наоѓала во ситуација каде реагирам за недоволната или неправилната грижа на мајката за детето.Лани кога го видов едно дете со гипс на раката само што не им реков дека очекував такво нешто,ама кога се обидував да им предочам за можните опасности ми реагираа бурно...
     
    На Ane-Goki1, duffi, referentka и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.112
    Допаѓања:
    136.884
    Пол:
    Женски
    Знаеме дека е потребно овошје и зеленчук во што поголеми количини, непреработено, свежо ама треба локално и сезонско да е. Нема јагоди во зима, нема цреши, лубеници. Не е само дека се рекло здрава е нешто и мора да се јаде по секоја цена, а прашање е од кај е увезено, како е чувано, одржавано... Здраво е овошна салата со локално сезонско овошје. Ама дека цералките на Виталија се здрави чисто сумљам.

    Немам ништо против здрава храна, нормално потреба ни е на сите. Уствари ниш не ми смета освен претерано форсирање и потенцирање нешто.
    Мислам се подразбира дека потребно е здрава храна, свежо овошје и зеленчук. Што помалце благо и мрсна храна.
    Јадам овошје пред оброк, за да изедам што повеќе овошје и да има што помалце ,,место'' за готвена храна. Во последно време и место некоја грицка, на маса имам сецкано овошје за да подапнувам. Паштети, виршли, нарезоци, чипсови не јадам. Воопшто конзервирана преработена храна избегнувам. Е коа имам преголема потреба од блачко каснувам колку сакам без да осетам грижа на совест. И тоа гледам да е што поприродно, па така увек имам спремно мед со јаткасти плодови, микс сомелен и измешан со мед. И не гледам потреба да го потенцирам ова, мислам дека е нешто што секој го прави.
    Е ама ми се потповраќа коа ќе земе некој да ми труби дека денес изел едно јаболко, па слика со смути и хаштаг хелти фуд, здравје у чаша и шо ти ја знам. Мислам дај изгасите цигарите па да поправиме муабет на тема здрава исхрана, здрав начин на живот.
    И движење треба, ама многу движење, коа се има можност и надвор од град. На факултет, на работа, било кај пешки одам цел живот. Кола коа ептен мора некаде на време да се втаса. За мало место ко село моје не ни треба кола за 20 мин си било кај ама секој има кола, плус куп такси компании кои успешно функционираат со по еден куп возила.
    Оди речи на родител ај да шетаме некаде надвор одма ќе ти речат ај поарно во некој ресторан или ај во игротека оти во природа ќе настине, ама во игротека, затворен простор, со куп деца ништо не му е ;)
    Па уште и будала ќе те напраат дека не знаеш како е со мали деца.

    Маркетингот не сје*а ко ништо до сега. Само за пример ќе го земам маџунот, а сигурно има куп други такви прозиводи кои многу е ,,здраво'' да се јадат. Од заборавен рецепт наеднаш воскресна и стана задолжителен додаток во исхрана, се се лечи со него, од цироза, анемија, па до јачање имунитет. Oвде се прозиведува на велико, па во други градови се праќа по карго. А колку само шеќер ставаат прозиводителите, во ни едно благо што ќе го напраите дома нема толку шеќер колку во тегло маџун. Е ама демек ,,поздрав'' е дури и од медот. Па и доктори го препорачуваат :puke:

    @LiliBoz сум се нашла во иста и слична ситуација и поарно ми е да верувам дека јас сум не токму.
     
    На Ane-Goki1, duffi, referentka и 23 други им се допаѓа ова.
  6. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    119.152
    Пол:
    Женски
    Исто би изреагирала како тебе.сум се нашла во иста ситуација и исто реагирав. И секогаш исто ќе реагирам иако не сум сеуште мајка.
     
    На Ane-Goki1, referentka, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    90.466
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не сум пробала маџун,а ни моиве деца,ни мм.Читам дека се користи многу и за детски кашички или може го знам под некое друго име.
    @LiliBoz
    Јас викам,детето ,пази!!!
    А има гугувки во телефон гледаат ,а дете на улица им трча.
     
    На Ane-Goki1, kuc, duffi и 15 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    не знам дечки.. Ми идеше стварно да и ја бапнам една ... само знаејќи се дека мн ломотам кога сум 'под гас' се спречив. Се тресев срчка ме фати. одиме со маж и дете и ќутиме. крвта му заледи. Што е најтрагично прометна улица е. Јас ќе го носев на душа зашто го видов а да не свикав. . страшно значи. може ќе згрешам али
    . .. И господ некад не гледа каде дава.
     
    На Ane-Goki1, kuc, duffi и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    90.466
    Пол:
    Женски
    Мене пред некоја година инфаркт ке ме стрефеше.Иде една баба со бебе од околу7- 9 месеци во количка,и приметувам не е врзано,кога и слизнува низ количка и паѓа,таа почнува да плаче,бебе вришти јас го држам во рака,се собираат луѓе и го носат во болница да видат дали му се скршени нозете..
     
    На Ane-Goki1, duffi, referentka и 15 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    153.812
    Пол:
    Женски
    Ме насмеа од срце :D, да не му се мислам што одамна немам купено маџун :D
    Абе да тргнеме од себе па да им наметнуваме на децава, пред се треба ние да не јадеме благо и да не грицкаме глупости па да им збориме на децава дека не чини. Се паѓа у вода кога те гледа тебе како јадеш, ај дур се мали ќе ги лажеш немој не е ова за деца, љуто е гадно е ама оди излажи го после 4,5г да те видам.
    Спиете? Нит филм изгледав ништо, не ми се погоди. Кога виде мм дека не гледам вика што не кажа дека до толку не ти се гледа филмов ќе пуштев нешто друго, па кажав (facepalm) а он уште ме убедуваше. Може да се загледав и ќе ме заинтересираше ама не ме влечат вакви филмови и не ми се ни почнува да гледам.
     
    На Ane-Goki1, kuc, duffi и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.112
    Допаѓања:
    136.884
    Пол:
    Женски
    Кога пишам на темава за родителска не грижа одма има реплика од некој да си ќутам јер не знам како е од другата страна, и дека не е се така ко шо изгледа коа е дете во прашање ама ипак ќе пишам :P :emo:
    Коа глеам како некои мајки се ,,грижат'' и реагираат за децата се прашувам зошто воопшто родиле дете.
    Излегува мачка од контејнер, детето ја зема, гушка, гали, јас узбуна кревам, мајката мртва ладна ,,де, де, ништо не е,,
    Дете пука со пиштол на дијаболи, и сите упорно му викаат да прекине јер и други деца има наоколу, освен мајката па уште увреѓена дотичната шо само по нејзиното дете се викало, зар другите цвеќиња за мирисање биле ]:)
    итн итн

    ич, поарно мед купи си :emo:
    Screenshot_4.jpg
     
    На Ane-Goki1, kuc, duffi и 19 други им се допаѓа ова.
  12. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.234
    Допаѓања:
    277.396
    Пол:
    Женски
    @Val-Dim изгледа ни е лута што не се потпишавме на јубилејната страна штом не ни пиша вечерва.:wasntme:
    А јас цело време го чекав нејзиното вечерно кафе.:*:hug:
     
    На Ane-Goki1, kuc, referentka и 16 други им се допаѓа ова.
  13. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    212.604
    Пол:
    Женски
    Маџун имам дома правено,еднаш и никогаш повеќе кога видов колку шеќер ми влезе.Слична беља ми се случи вчера на пешачки,стојам со колата да поминат пешаци,си врват луѓето,од едната страна на улицата чекајки заприметив жена со чупенце некаде околу 8-9 г,си зборуваат малку подалеку од пешачки,никаква најава да преминуваат.Кога луѓево до преминаа што ѓи чекав,а ѓи имаше повеќе,тргнав да возам,во тој момент од никаде чупево претрчува баш пред кола,не знам како закочив,срце ми слезе во петици.Мајкава ваљда мртва ладна и довикнува кога ке стигниш дома јави ми се.Како ми беше отворен прозорецот и довикнав,дали гледа што можеше да се деси,ми направи со раката знак дека сум улава.Што да речам повеќе:tmi:,ме направи мене будала,неа ,мува не ја лази,недај боже можев да го изгазам детето
     
    Последна измена: 11 ноември 2018
    На Ane-Goki1, kuc, duffi и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.814
    Допаѓања:
    61.895
    Здраво друштво canstock3206382.jpg

    По пола ден поминат во кујна, вечерва решив да одморам со Фемина... И концертот на Здравко сакав да го гледам на ТВ, ама мм бокс пуштил! Не оти толку е по боксот, мислам дека и по 30 години памти дека ми беше симпатија од младоста ]:) :rofl:

    За здравата храна... Почвата и воздухот се загадени, се е третирано со триста хемикалии... постои ли воопшто здрава храна во денешно време?
    И во времето кога бев дете беше загадено, ама тогаш не се мереа штетните чесички во воздухот... само се чувствуваше лошата миризба од ОХИС, се гледаше белиот прав на покривите во Усје и чадот на оџаците од фабриките! И никој од нас појма немаше дека во некои скопски населби не е здрава водата за пиење... „открија“ по многу години! А живеевме во Југославија, која, сите на цела уста и ден денес ја фалиме (facepalm)
    Денес барем сме информирани и знаеме од што се повеќе и повеќе луѓето се разболуваат...
    Во недостаток на идеално здрава храна се трудам на трпезата да има што повеќе сезонско овошје и зеленчук... Месо, јајца и сирење секогаш кога можам набавувам од деловите во МК кои што сеуште важат за понезагадени... И готвам, домашното е секогаш подобро!!!

    За физичката активност... Секој ден пешачам два пати по два километри до работа. И супер ми е :)
    ...
    Морам да скратам... @mareane ме прозва за вечерното кафе :hug:

    Пак ја пропуштивте? :^) |( (facepalm)
    Ај, овој пат ке Ви прогледам низ прсти... оти сте ми другарки :hug:
     
    На Ane-Goki1, kuc, duffi и 24 други им се допаѓа ова.
  15. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Маџун имам дома, дадов 2-3 пати на дете и не го бендиса, а демек како природен. Гледам сега карамеризирал, ќе го фрлам утре.
    Овошје давам многу да јаде и гледам да е тоа што го има во наше поднебје, како на пример јаболки периодов. Ореви, лешници си јаде исто па дури и сам бара.
    За зеленчук давам во салати, а во манџите не знам колку останува при варењето. Запршки не правам, згуснувам со компир или палента.
    Е сега благо јаде, пица знаеме да порачаме па и тоа јаде, во кафани/ресторани исто јаде месо ама неможам да забранам кога и ние јадеме.
    Не знам што е паметно веќе кога и тоа што се смета за здраво излегува дека не е, како на пример сега со рибите последно што беше.
     
    На Ane-Goki1, kuc, duffi и 20 други им се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    95.144
    Пол:
    Женски
    @sunshine2015 не го фрлај,стави ја теглата во сад со топла вода,ке пушти.И медот кристализира,не значи дека ги губи својствата.

    Комерцијалниот маџун е полн со шеќер,така да внимателно со него,особено на деца,а гледам мајките го ставаат во каши бебешки.Ја не би.
    Многу е тешко и мачно да се направи автентичен маџун.Мајка ми свари лани,цел ден се фати во грбот мешајќи,а од 100кг грозје и излегоа 10 тегли маџун.
    Шеќерот дава поголема количина,затоа стaваат и им се исплати да го препродаваат.


    Лили ја ке сум ја спукала и мајката.
    Пискам и лелекам многу во такви ситуации,разбирам дека не се допазува секогаш,ама на улица треба да го држиш до себе оти секунда фали да си го жалиш векот.
     
    На Ane-Goki1, kuc, duffi и 21 други им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.176
    Здраво! :coffee: :sun:

    Убаво си изреагирала @LiliBoz. За жал што и да им кажеш на тие што се со детето џабе ќе биде, толку им чука. :|

    Во Мк не сум наишла на такви ситуации, ама тука многу пати, секој ден речиси. Луѓево овде мува не ги лази за нивните деца, ама ич. Синоќа мислам беше, одминавме една кола во која имаше еден куп деца од позади, прозорите до доле спуштени, едното дете со кеса на глава!! После уште еднаш ги претркавме стотина метри понатака, од другата страна мало дете со главата надвор. И вакви ситуации од кои крвта ти се заледува има секој ден.

    Еднаш, одамна беше ова, на мотор родители со дете, кога таткото возејќи со едната рака , со другата го зима детето од мајката и го става напред пред него, не запирајќи воопшто! Никогаш нема да заборавам ова, тогаш мислам дека заборавив да дишам. А не можеш ништо да направиш, скроз си беспомошен. :|

    На лидерите тука им одговара вакво неписмено население, така да никој ништо не превзема за безбедноста на патиштата, за едукација на тоа како треба да се однесуваат во сообраќај, покрај пат, во прометни места.

    Овде сообраќајот е на левата страна, исто како и во Англија, па секогаш пешаци кога одат по улица, детето е на левата страна, блиску до колите, а луѓето со него се блиску тротоарот. (facepalm) Иако градов е огромен, со многу транспорт низ улиците постојано, децата сами ги пуштаат да шетаат, воопшто не пазат.

    Но има и друга спротивност. Тие што се средна накај средно-богата класа, децата не ги пуштаат никаде. Школо-дома-трговски, евентуално кај роднини на гости, и сето движење е со коли, од врата до врата. Тие таквите исто не пазат на децата нешто посебно. Никогаш немам видено детско седиште за кола овде, кај никого, појас исто не ставаат, машките деца во скут напред кај возачот или совозачот и ред други работи.

    А да не почнам да ви раскажувам како ги пуштаат по фуд кортот низ трговските масите да ги лижат. :puke: Ова за средната и средно-богатата категорија на луѓе пишувам. :D

    Во Мк, деца на луѓе со кои што се дружев ко мала, во коли се без седишта, стојат при возење. Видов слики, видеа дури. :| Не знам дали тие луѓе воопшто се замислуваат што може да се случи ако закочи појако, не дај боже нешто посериозно?! И ова го прават млади, образовани и прилично нашетани луѓе. (facepalm)

    Имам многу за пишување на темава, од такт ме вадат вакви работи. :|

    За денес имам фотографии за средување, можеби и ќе учам немачки, ќе гледаме филмови и тоа. Треба и за јадење нешто да се зготви, неќе само. :D Ја можам само на салата, ама мм тоа го рачуна како апетајзер. :D

    Имајте убава недела! :f:
     
    На Ane-Goki1, kuc, Val-Dim и 20 други им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.354
    Допаѓања:
    183.079
    Пол:
    Женски
    Добро утро :hai:

    @Sesil баш вчера со мм бевме во Рамстор и гледаме јагоди. Се зеза: донеле сезонски јагоди, а јас му викам: овие се восочни декоративни :) Ама за право многу убаво мирисаа, а верувам дека на вкус се пластични.

    Инаку не знам дали ми се има случено ситуација како таа на Лили, барем не се сеќавам. Ама верувам дека би изреагирала исто. Некогаш инстинктот те тера да викнеш.

    Пијам кафе, деца спијат, а маж од рано рано на работа. Се прерадував дека утре ќе има слободен ден, ама јок. Ќе го земел во вторник. И таман да почнам да се радувам пак, ми кажа дека имал друга работа, па затоа земал ден |( Не е битно, ќе се забавувам сама, само времето да е ок.
    Да станат децата, да ги средам и ќе ги носам некаде, оти дома ќе полудиме. :hai:
     
    На Ane-Goki1, kuc, Val-Dim и 20 други им се допаѓа ова.
  19. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    153.812
    Пол:
    Женски
    добро утро :)
    Вчера легнав со милион планови а станав како тепана. Втор ден циклус не знам што очекував. Среќа мм е многу вреден недела сабајле секогаш, после ручек не го рчкај, влегол у кујна средува и рече ќе усисал он, јееее. Јас купатило да фатам и алишта да средам. Гледам сонце надвор а и почисто ми личи нека стопли па малку и да извадиме деца да шетнеме.
    Па ја за маџунот, една жена од кавадарци баш ми збореше дека нема шанси добар маџун да е испод 500д тегла бидејќи е многу тежок за правење и се што се продава по дуќаниве нема врска, еве исто и ти како што кажуваш. Јас купувам во последно време едно како маџун од урми за во чај а јас и така го јадам, не знам колку е природен демек е 100% урма ама мене ми е мн убав. Мед обавезно се има исто за чај не знам од каде да најдам домашен природен и најчесто купувам од жито не знам на која фирма беше и секогаш кристализира, а нели демек мед што кристализира е природен. И да не е што знам од каде и да купиш не може да си сигурен.
    Вика должност убав ден :hai:
     
    На Ane-Goki1, kuc, Val-Dim и 19 други им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.176
    Црева ми се превртуваат од муабетите по ватсап помеѓу русиве што живеат во градов. Не се нормални навистина. Јас разбирам религија, па менување и не знам што, ама до толку да се внесуваат е тоа не разбирам. :x

    Да ви пренесам дел од муабетите:

    Да се дружиме во името на Алах!
    Стварно? :^) Да не беше тоа немаше да се дружите, а? :rofl:

    Па за добро утро следуваат молитви, цитати, секој втор збор им е религиозен.



    Па кога ќе се зарчкаат за нешто.. :sweat:

    Од една страна сакам да ги отерам у :swear: :swear: :swear: и да излезам од групите, ама ме кочи тоа што живеам тука се уште. Дволична сум станала. ]:)

    Како би изреагирале на мое место? Може би требало да игнорирам.. ама ги игнорирам веќе долго, преку таквото ми е од нив.

    Во живо се помалку религиозни, ама преку пораки стварно ми идат на нерви. Па уште некои од нив ми пишуваат мене лично такви содржини, а религиско перење на мозок не трпам.

    Плус има неколку што толку се дружељубиви да за сите сѐ знаат и оговараат само. Ама со таквите лесно е да се справиш. :nod:
     
    На Ane-Goki1, duffi, LejlaD и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.