Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    излегов на пауза. дете не заспа и збрлаена сум. Си зедов кристштолен и чај и медитирам. машини вртат. Па да бањам дете.
    За загадување не зборам се е кажано. вчера до едно џамбо и притисок ми падна.центар го избегавам максимално. страшно ми смета воздухов. А коа ќе ми текне ко деца под железничка кога чекавме автобуси. ..кај најотровноно.. ама па не ми сметаше тогаш..
     
    На Ane-Goki1, Annath, Sesil и 16 други им се допаѓа ова.
  2. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    212.604
    Пол:
    Женски
    Ние во селово наше повеќе ни на шкрги не дишеме,не да е загадено,сите како од пипката ќе доиспопаѓаме кај и да е:worried:.Имаше еден предлог на фб. наместо спортска,да типуваме меѓу Скопје,Битола и Тетово во кој сат од денот кај е поголемо загадувањето:tmi:
     
    На Ane-Goki1, Annath, Sesil и 18 други им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    145.269
    Хелоу!:hai:

    Прошетани, ручани, наспиени и се по ред. :wasntme: Бебето спиеше кај баба му. Маж ми што би рекол имаше слободен викенд.:D

    Вака читајќи за маџунот да се замислам дали да дадам на бебето, а бев загреана да најдам за него кобајаги некој ,,поквалитетен,, . Ама после ова убаво ќе размислам. Се трудам околу неговата исхрана колку можам повеќе. Сакам да јаде домашно и зготвено. А продуктите кои ги купуваме колку се здрави, е тоа е знак прашалник. И свое да садиш, воздухот е загаден...

    Купувам од Тинекс едни ,,органски,, домати. Беа вкусни вистина, сега купив пред некој ден пак, еден бљантав киселкаст вкус. Заникаде. Маж ми што вели што очекуваш органски домат во Ноември, се знае кога му е сезона, и во право е.
    Едно време се знаело кој период од годината што се јадело, заради тоа и се ставале зимници и туршии. Сега во секое време има френка, краставица и се што ќе ти текне.

    Вчера купив и канче јагоди. Знаејќи ги какви се. Оти не е можно да се арни. Ама наредени убаво, црвени, големи, ма ќе ти проговорат.
    А вкусот знаете веќе, пластичен.

    Се сте кажале убаво за ,,здравата,, храна. Најлошо е дека ништо не превземаме и се труеме и покрај се.

    Ете ние како земјоделски крај, сите кои садат за продажба си садат посебно, а за нив лично засебно. Е тоа зборува многу за жал.

    Имаме толку плодна почва и прекрасна клима, а ја труеме со куп штетни материи. Ни требаат промени од корен за се.
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Sexybaby86 и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.660
    Допаѓања:
    140.872
    Факт е дека е загадено, ама место шеќер подобро е маџун или мед. Место пржено, варено. Место џанк фуд, зготвено. Место похованици, салата предјадење. Место торта со маргарин, туфакија. Можеме да влијаеме колку толку. Да не се вадиме дека се не чини, па ај мора вака.

    Испеглав еден тон алишта, дете и јас за цела недела опремени. Маж у тренерки. Салата и ракија на мени прес нас, дете поспано.
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.836
    Допаѓања:
    173.267
    Пол:
    Женски
    Помина денов... малку шизик на ризик изигрававме денес.
    Многу неубави вести слушнавме за наше другарче, 36-7 год има.. :( чувајте си го здравјето, џабе ви е се органско кога ќе ни дојде редот..
    Еднаш пишував тука, ама ајде пак..
    Квалитетот на добиеното сирење зависи од пашата (местото каде што пасат овците/кравите/козите)
    Масленоста на сирењето зависи од масленоста на млекото, масленоста на млекото зависи од храната која што ја конзумираат..
    Нашите овци пасат на 1100-1300 мнв, најблискиот пат е 4км, од таму нагоре или јак џип со добри гуми или пешадија..Зелено е и ден денес на некои места горе, иако е скоро средина на ноември.
    Сите овци не даваат исто млеко, макар и да пасат иста трева. "Селските" овци кај нас се најчесто од автохтоната раса Праменка, тука спаѓаат Овчеполка, Шарпланинска и Каракачанска. Од последниов вид има и автохтона раса на кучиња, наменети за по овци најчесто. Овој вид на овци даваат малку млеко, 40-55 литри годишно, млекото е масно и погодно за буламач во малешевијата...
    Кај нас во МК има и аваси, асаф и источнофризиска. Даваат повеќе млеко, 200-300+ литри годишно и претежно млекото го откупуваат млекарите. Ретко кој се нафаќа да го сири, масленоста е помала а со тоа и квалитетот е друг..а во млекара во состојба се и од вода да направат сирење:lol:
    Најчесто овие овци не се носат на паша, поради тоа што им се става и јака прихрана за да се добијат тие литро ипол две на ден
    Правилниот начин - се дезинфицира просторот за молзење, се дезинфицира вимето на овцата, со чисти раце се молзи во иноксни садови. Од тие садови се претура во голем иноксен сад, се загрева до 70 степени, се лади до 36-7, се додава маја/сирило и се работи на сирењето. Се собира во чиста газа, се потиска со нешто тешко. Се собира и цвикот т.е сурутката. Од неа е најдобро солилото да се направи, ама некои го прават и од обична вода и сол за сирење..

    Сирењето зависи од тие што бачуваат (молзат и преработуваат) .. ако овците се здрави и околината за работа е чиста, притоа се постапува според "правилникот", тогаш и сирењето е здраво за конзумирање.
    Има луѓе што молзат со нечисти раце, го фаќаат сирењето со неизмиени раце а пред тоа не сакате ни да ви кажам што фаќале, не ја собираат косата па имате екстра влакно во цената.
    Затоа има сирење и сирење..

    Во фабриките немојте да мислите дека е многу почисто. Пола од нив капи не носат на глава а не па друго.. нема уште толку автоматизиран процес што од молзење до вакумирање нема да е вклучен човек. А се додека е вклучен, секакви работи можат да се случат. А што се па додаваат внатре...ехее

    Знаејќи како се прави маџунот, не би го јадела а уште помалку би го давала на дете. Не органски, 10 етикети нека му залепат, џабе е.
    Дури и мед се премислувам два пати кога јадам. Иако земаме од проверено место..


    Извинете за замарањето со долгиот пост:D
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Sexybaby86 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.234
    Допаѓања:
    277.396
    Пол:
    Женски
    Aj заблажете се :ќерка ми нешто експериментира,ама навистина вкусно е!

    [​IMG]
     
    На Ane-Goki1, WildMk, mal.ecka и 27 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.786
    Допаѓања:
    323.718
    @mareane ќути и јади:)
    Нели е волку вредна, само фали ја за да не изгуби воља:)
    Незнам колкава е, ама се гледа дека има "фат":)
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.234
    Допаѓања:
    277.396
    Пол:
    Женски
    18 има
    Кутам ,бришам по неа и по малку фалам.Гледа некои видеа на јутуб и ја фаќа мерак.
    Нека се занимава!
     
    На Ane-Goki1, WildMk, mal.ecka и 24 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.836
    Допаѓања:
    173.267
    Пол:
    Женски
    Браво за женската @mareane :clap:
    И јас правев ваква едно време, ама сега така ме здомрзело|( плус само за двајца не се прави се и сешто. Пред 10тина дена направив колач, перфектен излезе ама пола едвај изедовме еве утре ќе го фрлам. :envy:
    Ќе почнам по пола или третина доза да правам|(

    Сакам тиква печена ама тука не можам убава тиква да најдам...село весело(facepalm)
    Ќе запалам колата и во Благоевград ќе одам по намирници како што тргнало...
    Во Кауфланд имаат едно убаво лиснато тесто за дома да си го доработиш....мераци. Не да се мачиш пола ден да го правиш, луксуз е тоа за мене..сакам да јадам ама немам нерви за лиснати работи.
    Ова кај нас во МК што го имам начекано ми е мнооогу мрсно..

    Резервирав хотелче за црни ПеТко на 23ти во Софија.. му викам на мојов да тркнеме и до Банско на враќање:wasntme: гледам како да му се бендиса предлогот:lol:
    Синоќа никаде не најдов точно ски опенинг кога е.. имам трпение, ќе чекам..

    Имам многу гајби јаболка..не знам што да им правам:|
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    153.812
    Пол:
    Женски
    Мммм преубаво изгледа, масрафот одозгора е од тиква? Пробај па пиши како го направи, тестото одоздола од што е?
    @Dust колку добро и стручно ни објасни :). Е колку и каде се практикува правилниот начин само тие што имаат директен пристап до таму знаат. Во контекст на муабетов баш преска се изнервирав, синко најмногу го сака осоговски мешан кашкавал, се осеќа разлика на секое купување дека не е ист ама овој денес што го купивме заврши цел во канта, горчлив пелин :puke:. Мм вика веќе не купувам наши производи не знаат да да држат до вкус а па да не збориме за квалитет:envy:. Сакав преска од кораб да земам кашкавал ама се предомислив дека имаше само овчи па не знам дали ќе ми го јадат, поарно од таму да земев некако ми се нај ок со месо а и сирење што имам земено се погодило.
    Деца у када лудуваат, класика недела приквечер, па да видиме кога ќе заспијат. Само вака си играат иначе нешто во последно време 5м не се трпат без да се раскараат и размаваат.
     
    На Ane-Goki1, Sexybaby86, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    Исто би реагирала и јас иако ваква ситуација е нож со две острици - од викањето на непознат по улица може и детето да изреагира и се уплаши и уште повеќе да затрча пред коли или дури и да не било моето викање причина а да се деси нешто недај боже, би си носела грижа на совест и можно обвинување од страна на родителите, ако пак само останам нем сведок пак би се обвинувала... безвезна, тешка ситуација.
    Прошлата недела бевме на патронат во домот на култура, гужви хпл и кај шо стоевме на балконот до нас си трчкаше едно моме, максимум 2 годишно. Неколку пати помина до нас и забележав се расплака, и пријдов и ја прашав каде е мама или тато и уште посилно заплака. Ја фатив за раче и одев по луѓето прашувајќи дали е нивно. На крајот кога ја најдов мајка и добив од жената таков поглед ко да сум и го киднапирала детето и буквално ми ја грабна од раце па се заврти кон очигледно бабата на момево и и рече " амор ти реков да ја гледаш" |(
    Уште еднаш си добив лекција да не се ни трудам да правам нешто шо го сметам за добро дело (facepalm)
     
    На Ane-Goki1, Sexybaby86, Annath и 24 други им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    153.812
    Пол:
    Женски
    И пак да налеташ на таква ситуација исто ќе реагираш, тоа што жената била проста и наместо да ти каже фала ти превртела очи препиши и на простоќа.
     
    На Ane-Goki1, Annath, душленце и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Natasa87

    Natasa87 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2018
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Добровечер и од мене :)
    Маж ми замина на пат, ми е чудно навикнав да е дома 5 месеци се осеќам депресивно,како дел од мене да ми фали :)
    Ноќеска ме болеа бубрезите мислев дека ќе умрам од нив само во вц одев :)
     
    На Annath, duffi, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.234
    Допаѓања:
    277.396
    Пол:
    Женски
    Тестото е она путер тесто:брашно,путер ,1 жолка ...а згора е тиква пасирана,3 јајца и кондензирано млеко.Незнам точно се како ,сама гледа видео и прави...ја само помагам.:wasntme:Некако сложено ми се виде,со чување во фриз,печење прво тестото па со филот пак...
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    тестото е уствари ко бисквит. мора да стои во фриз прво. Па се пече само тоа па потоа со фил :) превкусно е. На здравје :*
    одам да спијам јас :*
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  16. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    212.604
    Пол:
    Женски
    @mareane браво за девојката твоја,одлично изгледа благото (y).Иначе се осеќам како на некој натрпевар,се надмудруваме демек,односно се трудат да ме надмудрат де,сто пати сум пишман што не сум без чуствително створење,што не створила мајка природа уво да не ме боли за некои луѓе,не можам,се би направила,е после ме боли душа,нека ме боли па нека се пукни,ко сум будала.Куп се испегла,не сам разбира се,сега туш да се мавни,а ваму кафе ми се пие ми се плачи.Прашање ми е,дали можете да пресечите кога гледате дека ве прават будала?Како да се одвикни човек од тоа да подава рака?,Ете тоа никако во главава да научам.
     
    Последна измена: 11 ноември 2018
    На Ane-Goki1, Annath, duffi и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.271
    Пол:
    Машки
    Френка беше пиперка? :wasntme: Ако тоа е френка, тогаш чушка што е? Никако да ги запамтам. :D

    И ја би негде да заминам на пат и да не се вратам, ама нема. :D
    #ништоважнонекажав
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  18. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    151.331
    Пол:
    Женски
    Да се потпишам на крај на викендов.(.жими викенд од еден ден)

    Стандард неделен ден..метла ,бришка,ручек за два дена,пегла и капење..утре јово на ново...

    Вчера импулсивно со маж на блиц шопинг по ситни кујнски апарати..
    Се подновивме малку со неколку пачиња што се испорасипаа со тек на време..

    Алишта почнав на спратот да спростирам...синоќешните ги преперував...смрдеа на чад..
    Штипе за очи од што е загадено..а сеуште не е почнато греење и зима саглам...
    Ќе исцркаме дур пукне пролет
     
    Последна измена: 11 ноември 2018
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Sexybaby86 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Френки се домати, а чушки се пиперки :)
    Бонус: фасуљ е грав :)
     
    На Ane-Goki1, WildMk, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.271
    Пол:
    Машки
    Знам за фасуљ. Во Кочани и боб го викаат. :lol:
     
    На Ane-Goki1, WildMk, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.