Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.624
    Допаѓања:
    174.865
    Пол:
    Женски
    СедеЈте си тука бе дечки , кај ќе одете :)

    Ај Добар ден
    Гравче се вари за сите , за мене маж ќе донесе хамбургер . Со многу ќечап и мајонез :tmi::emo:

    Не оти има што да кажам ама па да се пријавам дека и јас сум од пасивните како Рефка .
    Убаво ми е овде , од никогаш не сум сакала да заминувам од Мк . Да прошетам да , и фала богу колку толку сум прошетала низ Европа . Ама за живеење овде си сакам,убавко ми е .

    Да живее Македонија ! :D:rofl:
     
    На Ane-Goki1, M&M, LejlaD и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.793
    Допаѓања:
    202.760
    Пол:
    Женски
    @referentka зборам генерално, не ми беше намерата да се најдеш прозвана или навредена. Така сме сите воспитани. И тоа е лошото. Темелот на кој е градена државата не чини, ама никој не сака да го промени тоа. Да мрдне со прст за да се смени, оти факт е дека ќе требаат години. Децении можеби. И сите се плашат. И да има некој по политичариве што сака да ја опраи државава, брзо е претопен од тие околу него.

    @doubleg свесна сум за тоа, ставам на кантар за и против. Ама не сакам утре да ми префрлаат што не сум обезбедила подобро ако сум имала шанса. Секогаш има каде да се вратиме.
     
    На Ane-Goki1, evangelina.ina, душленце и 23 други им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Леле, се напнав денес али, заради фини ствари беше. Затоа и простено ми е и простено му е на универзумот. :bug::D
    Добри дан, привет, здрасти, туј и онуј. :$
    Изгледав едно бугарско филмче на HBO. Вчера или завчера тоа. Љубов.нет или нешто така беше за некој дејтинг сајт кај шо осамените си бараат други осамени:D и, жената го фаќа мажот, како цела деценија или така нешто киснел на дејтинг сајт. Жената прекрасна. Другите калаштури. Т'панара (глупакот) дури си ги зачувал лозинката и јузерот за сајтот и така и му влегла. И..место скандали и чуда, си направи и она профил и почнаа да се допишуваат и се вљуби човекот, повторно и така. После ваљда среќно си живееја. Кој да ги знае:rofl:
    Уствари, други ствари се дешаваат, други ствари треба да се раскажат, али...многу меџу нама нису наши па:bandit: ште си м'лчА! :P
    Адју пусикетс.
     
    На Ane-Goki1, WildMk, душленце и 20 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.591
    Допаѓања:
    273.105
    Рефке, не е дали е човек задоволен или не.
    На пример, јас сум задоволна од мојата лична живеачка, онаа дома што ја имам, од она моите што ми го пружиле, од она што сама го стварам и дм што го ствара.
    Можеби е затоа што секогаш сум имала малкуцка повеќе од другите, па кога сум се споредувала со светот околу себе сум си викала - добри сме ние.

    Но, кога ќе погледнеш подалеку, сфаќаш дека не сме добри ние.
    Не е дали береш туѓо гајле, туку свесноста дека “туѓото гајле“ утре веќе нема да биде туѓо, туку твое.

    First they came for the socialists, and I did not speak out—because I was not a socialist.
    Then they came for the trade unionists, and I did not speak out— because I was not a trade unionist.
    Then they came for the Jews, and I did not speak out—because I was not a Jew.
    Then they came for me—and there was no one left to speak for me.
    Martin Niemöller

    За мојот светоглед, ова е најголемата вистина.
    Ако не постои солидарност, нема да постои човештвото.
    Ако гледаш само за себе, утре нема да има кој да ти помогне, кога веќе нема да можеш да гледаш за себе.
    Човечкиот живот нема смисла без солидарност.
    Од причина што човек сам не може. Му треба општеството во целина за една единка да живее.

    И не станува збор за бунт - како активно бунтување.
    Посебно е важно секој дома, на тоа микро ниво, да работи кон подобар свет.

    Да ти кажам прост пример.
    Јас не верувам во никакви надрилекарства. Мајка ми не е информирана колку мене околу таа тематика и често знае да прочита нешто на Фејс на пример, и да ми каже - прочитав дека варова вода излечила 50 луѓе од рак.
    Јас ѝ објаснувам зошто тоа не е така, зошто тоа не е вистина, зошто се тоа лажги итн.
    Ако утре таа се најде во ситуација да биде прашана, веќе и сама знае што е вистина, а што не.

    Дали светот ќе го сменам со тоа што мајка ми знае?
    Дали шарлатаните ќе престанат да постојат?
    Нема.

    Ама локалното станува глобално.

    Јас сакам да гурам туѓи коли кога ќе изгасат.
    Затоа што и мене еднаш ми изгасна, па 40 минути киснев на дожд и сама се трудев да ја гурнам.
    40 минути секој си ја гледаше својата работа.
    На крај, еден, само еден застана.

    Се надевам дека ако на некој јас му помогнам да ја гурне колата, утре тој ќе застане за некој друг.

    И сакам активно да придонесувам кон таквиот свет, свет во кој нема да бидеме себични и несолидарни.

    Не е ова обвинување или карање на некој, чисто споделуваме гледишта.
     
    На Ane-Goki1, joy1, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.664
    Тамам работа да се обвинуваме.
    Секој со своето размислување си функционира и не верувам дека со мојот став ќе сменам некого ниту пак некој може мене да ме смени, може само да ми отвори нов правец на размислување, ама за промена-тешко.
    Не сме ние во период кога може да се менуваме зашто некои работи веќе се врежани.
    Профилиран е карактерот.
    Но, мене лично, убаво ми е да слушнам различни мислења и гледишта.
    Нормално, сакам да не навредам никого, па бирам зборови за да го искажам мојот став и притоа да не биде некој загорзен.

    Солидарноста е широк поим, ама заедничка основа на секој крак на солидарноста е дека се работи за взаемна соработка меѓу поединци или групи.

    Мојата солидарност е до граница каде нема да биде нарушен мојот интегритет или интегритетот на мојата фамилија.
    А тоа сликовито вака би го објаснила (извини Каме, морам да искористам ,,жив,, пример, па те цитирам)
    И јас ќе гурам туѓа кола и по дожд и на -20 , ама под услов да не задоцнам да си го земам детето кое ме чека на дождот само....или, под услов да смеам да дигам тешко или да буткам....или... (да не бројам, мислам дека сфатливо е).

    Значи, солидарна сум и ќе бидам, се додека не осетам дека се нарушува ,,тактот,, на најблиските.

    Или пошироко земено, ако е во прашање :
    -моја работа од која егзистирам и јас и фамилијата
    -мое здравје или здравје на блиските
    -опстанок на фамилијата
    -нарушување на односите во фамилијата поради мое солидаризирање..
    ...во такви случаеви, прво ќе си ја завршам ,,домашната работа,, па после ќе се солидаризирам...ако дозволи времето или ситуацијата.
     
    На WildMk, M&M, LejlaD и 17 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    226.729
    Пол:
    Женски
    Не се доискажав преска во гужва бев. седнав сеа дома со кафе дур дете спие да се доискажам.
    Ако решиме да правиме куќа ја затварам вратата странство. Не сум човек кој пу пу не важи прави. посебно не за битни прашања. Затоа цело време викам ќе одам нема да одам.
    За работа би работела што било не мора да е по струка. Јас гледам приход. Не што работам. Реално и сега ми е така.

    А сакам утре дете ако ми рече мамо сакам да сум пилот да има кај да учи за тоа. А не -сине не постои тоа во нашата земја..

    ова од преска.

    сакав да ви кажам за еден колега. Ама не можам мн да навлегувам во детали . лонг стори шорт демек у странство ќе успееше. Јас се разочарав тогаш. Си велев ако странството прима такви како него јас не сум за таму. На крај испадна не се снајде он. жена му со децата остана и успеаја. А он .. он прво се понашаше ко тинејџер коа се врати. демек слободен без обврски 3 деца не му се на врат. сеа ко сокапан. прашува како иде со алиментација тоа.
    велат ни на душман ова не се посакува...
     
    На WildMk, душленце, M&M и 14 други им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.295
    Допаѓања:
    182.501
    Пол:
    Женски
    Ве читам :hai:

    Иако имаме желба за странство со мм, сѐ уште не дошло до таму да бараме работа и да се исселиме. Уствари, ќе мора нешто ново да учиме, пошто со наша струка тешко. Е сега, некогаш си мислам и тоалети ќе рибам, ама па од друга страна, толку време е вложено, труд, нерви, финансии во тоа што сме го учеле, не сакам така да пропадне. Плати солидни, прилично стабилна работа, може ова е моментот поради кој не се одлучуваме на таков чекор, што вика мм, не ни зажежило под г*з.
    И ќе се сложам со @referentka , солидарна сум до тој степен, каде нема никој од нас да трпи. Еден е животот и не сакам никој од нас да трпи ако нема потреба, особено не децата. Пак тешка тема.
    Вечер сум на "службен состанок", а јадев лепче со охридско макало. Смислив тактика, а и боди ленгвиџот да не остава знаци на несигурност :rofl: Џвакање неколку мастики истовремено, е секако неизбежно :!: Нешто ново- старо?
     
    На WildMk, M&M, LejlaD и 19 други им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Хај!

    Пак странство на репертоар. :D

    Јас сум за прва прилика и фаќање магла од тука. Се повеќе личиме на циркус држава. Се тоне , додека политичарите си играт држава и си ги полнат џебовите. Супер, нека ги полнат ама нека фрлат нешто и на обичнот народ. Не можете да ми кажете дека е нормално еден град да го ,,држат,, неколку бизнисмени!
    Центар на државата е Скопје, во останатите градови просто и да нема никакви инвестиции.

    Да ќе ми фалат моите, и се што ќе оставам овде. Ама ако го ставиме на кантар што губам , а што добивам, секако натежнува второто.

    Од аспект на удобства имаме тука се.
    Ама сега со дете и кога гледам што тука можам да му понидам, испаѓа едно големо ништо.
    Тргнувам од најосновното, педијатар, нема асален. Во тмурно време јас нема каде да го изнесам. Нема затворена золошка или нормална игротека. И ова се ситници кои мене многу ми значат. А тек за поголемите работи ич да не ги редам.

    Претходно и не мислев така. Сега сме се повеќе ЗА за странство. Кога гледам мпи удобвства ги уживаат, како бираат и менуваат работа, тука ние може да сонуваме само за тоа.

    Дури и маж ми почна да е согласен.
    Имаме и една понуда таму каде што сака Лили ама уште ништо конкретно.

    @Annath малите на тетка ми ги однесоа ете поголеми, беа тргнати во школо. И они побрзо се адаптираа од тетка ми. За една година го усовршија јазикот и се вклопија во редовно училиште. Сега да ги прашаш што ви фали и дали сакате назад едногласни се со НЕ.


    Море чек да се пофалам. Ново правосмукалче имам.(poolparty) Ми вика вчера маж ми да ги пречекам дечките од фирмата дека ќе ми донесат нешто. Си викам гарант телефон е.:rofl: Ама не било, он заклучил дека за менување била.:smirk:
    Ќе си брмчам сега по дома.
    Само детето многу се плаши.:|

    Да пречекам маж ми , па да ручаме. :mm:
     
    На Val-Dim, TeddyGrey, joy1 и 27 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.591
    Допаѓања:
    273.105
    Те разбирам, но ајде вака.
    Тебе ти гаси колата и немаш начин да стигнеш до градинка на време.
    А секој еден има свој живот.

    Опција е - или ќе најдеш некој да го земе детето (и со тоа да го наруши својот ред) или ќе ја замолиш воспитувачката да остане екстра пола саат додека се снајдеш (а со тоа таа ќе го наруши својот ред).

    Секогаш кога некому помагаме нарушуваме свој ред. И за ситни и за покрупни работи.

    Ако на пример јас строго следам кога треба да си ги испијам апчињата, многу пациенти ќе треба да ме чекаат, затоа што ете, државата, болницата, системот не создал услови да не се нарушува работата и јас да одам на пауза.

    Можам да речам - министерот е крив и да станам од столче, кој ќе ми забрани?
    Ама почесто тој дедото што му се тресат нозе го ставам пред навременото јадење и пиење лекови.

    Значи одмерувам и може дури и да личи дека сум неправедна - ако знам дека тие што ме чекаат се океј, ќе го терам својот ред.

    Не мислам дека сум безгрешна, мајка Тереза или дека светот ќе го сменам, ама верувам во ситните победи.

    Јас ќе го ставам дедото пред себе во тој момент, но после во лифт, автобус, аптека, кај матичен... веројатно нема.
    Така гледано ни мојот "гест" нема смисла и ништо посебно нема да промени, ама ако успеам некому бар малкуцка да му го подобрам животот, со тоа што ќе го подизместам сопствениот ред и потреби, нека биде.

    И онака светов е сурово место, бар 10 минути позитива секому значат.

    Мене ни домашните не ме разбираат и ми го зборат истото што и ти :)
    Патем, не мислам дека сум нешто посебно добра особа, само се однесувам со луѓето онака како што сакам и очекувам да се однесуваат со мене.
    Можеби само еден ќе променам, а и тоа е добивка :)

    П.С. 40 минути киснев зошто сите мислеа дека ќе застане некој друг :)
     
    Последна измена: 16 ноември 2018
    На TeddyGrey, WildMk, душленце и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Ве читав од компјутер додека јадев, зачував цитати неколку и сега од мобилен не ми ги дава.

    @LiliBoz ако сте едногласни со маж ти мое мислење е да си ја побарате среќата на друго место.
    И јас сум за странство. Тука им е убаво на тие што имаат и што се со висока плата. Образование, здравство, држава - ништо не чини. Ништо. Имам и јас роднини во странство, ама исто како Лили - џабе ги имам. Ниту пак рекле дојдете на гости, а камо ли за преселување. Чувај Боже. Освен од финансиски аспект би се преселил и поради простоклукот на нашиот (не)народ.

    @LejlaD само позитивно. :)
    Се најадов и сега капучино ќе правам. :coffee:
     
    На TeddyGrey, M&M, LejlaD и 18 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.591
    Допаѓања:
    273.105
    Си го купив капутот, па сега до плата од милостина ќе живеам :D
    Поскап беше од што помислував... ама еднаш се живее де... :D
     
    На TeddyGrey, joy1, душленце и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.269
    Допаѓања:
    260.745
    Пол:
    Женски
    Дај да видиме 8-|
     
    На душленце, M&M, LejlaD и 11 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.591
    Допаѓања:
    273.105
    Сачекај мало до вечер :)
    Спакуван е... а јас во кревет за спиење се спремам :)
     
    На душленце, M&M, LejlaD и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Natasa87

    Natasa87 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2018
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Тука сум и јас :hai:
    Кога веќе зборите за странство и јас сум за, барем да пробаш да се вратиш секогаш можеш, мене маж ми ми викаше за германија ама ќе видиме :)
    Едвај чекам вторник да дојде да ја скратам косава на нерви ми оди :D
    Свекрва части ручек чекам да донесе :D
     
    На WildMk, LejlaD, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  15. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    78.013
    Пол:
    Женски
    Секој кој што сака, може да појде во странство. И да успее таму, ако сака да успее.
    Се друго се изговори и самосожалување, нешто што и јас го правам.

    Денов долг у пм. Изморена сум за сите пари. Абе да плаќаа за мрчење милионерка ќе бев.

    Сакам да се врати времето, едно 25 години назад. Кога најголемиот проблем ми беше тоа што ми беше досадно во школо.

    Камелија ни ги претставува младите амбициозни личности, кои даваат се од себе за општо добро.
    Рефка ни ги претставува повозрасните, веќе искусни личности, кои сфатиле како функционира светот.
    Јас, за жал, се повеќе размислувам како Рефка, но правам како Камелија. Сеуште.
    Тоа е таа социјална апатија тука. Ќе паднеш нема кој да те крене. Секој си ја гледа "својата работа" и си вика, зошто јас да застанам?
    И можеби се во право.
     
    На TeddyGrey, душленце, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.820
    Допаѓања:
    94.796
    Пол:
    Женски
    Гутен абенд:hai:
    Ете ви чекор поблиску до странство,ке ви уфрлам по некое зборче(facepalm)

    Јас не планирав нит желба имав да се селам,ама ете се случи.
    Америка,Австралија не би,далеку ми е и незамисливо да си одам еднаш во 5/10 год,сега на неполни 2 часа лет сум од дома,па не се ни осеќам во туѓина.
    Не можам да речам ни дека се измачив нешто особено,неблагодарно е,дојдов на послано буквално,свекор ми ми плати школо да учам јазик,од мене се очекуваше само тоа,и да самоинтегрирам.
    По природа сум борбена и амбициозна,научена со тешко и труд во Мк,овде релативно брзо се снајдов.А и кога нема друг избор човек,а системот е јак и те притиска,едноставно поинква е борбата.Мораш,нема не можам.
    На Балканот поради трулиот систем се апатични луѓето,бар мое мислење е тоа.

    Маж ми е донесен овде после 3то,и почнува редовно директно во 4то,без проблем се адаптирал и јазик одма научил.Девер ми во пубертет,со завршено 8мо.Многу тешко поминале со него,бунтовност,кавги,затварање во себе,депресии,желба за назад..


    Се согласувам и со Рефка и со Камелија,човек треба да е спој од двете за идеално,ама нема...

    Тоа,да сме живи и здрави,кај и да сме,ама кој може,нека му ја кидне без размислување:)
     
    На Val-Dim, WildMk, душленце и 23 други им се допаѓа ова.
  17. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.483
    Допаѓања:
    176.169
    Пол:
    Машки
    Јас сум тој десно.
    [​IMG]
     
    На Val-Dim, anaja1, душленце и 22 други им се допаѓа ова.
  18. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    78.013
    Пол:
    Женски
    IMG_20181116_175941.jpg

    И сабота, и недела. :P:wasntme::party:
     
    На Val-Dim, душленце, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    101.072
    Пол:
    Женски
    Се шишав.
    Купив 2 пара чизми+2 блузи.
    Што ми стана не знам како некој друга да беше тоа ,а не јас.
    Ова што зборувате за странство се држи вода.А јас некако слепо се надевам дека ќе се појави некоја група луѓе кои ова .парче земја ќе го оправи некако.И затоа може и не се гледам надвор,пред се и причина што имам родител за кој се грижам,а таа обврска нема со кого да ја поделам.Второ ,веќе сум во години кога ми се чини и стара сум за нов почеток.
    Децава ако решат нема да им бранам иако мислам дека ќе се разболам по нив.За мм и мене е доцна.
    И пак ќе кажам,како успеавме сами да се закопаме вака,за никаде да ни е образованието,од каде што се потекнува.
    Никој не ни е крив,самите сме.Се согласувам во тој поглед со @Annath и @WildMk ...
     
    На Val-Dim, TeddyGrey, WildMk и 22 други им се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, смути, кафе, обврски. :coffee:

    Странство за нас е опција само ако дојде 'нож до коска'. Сега за сега ни е фино, но доколку во некој момент ситуацијата се смени и околностите не ми/ ни се допаѓаат, би си заминале. Ние сме од онаа помлада генерација, живееме и размислуваме сосема поразлично од родителите (а нашите родители се генерација или година +/- како некои од вас) и поотворено гледаме на заминувањето. Не сум сигурна дали би заминала во Америка или Австралија, ама Европа или работа на Блискиот Исток секогаш се опција.

    Сепак, како и за секоја одлука, треба да имаш амбиција и стискавец. Многу, ама многу е тешко да се излезе од зоната на комфор. Куќа, семејство, работа, навика, итн итн, сето тоа се само изговори. Не дека не се доволно добри, ама факт е дека ако имаш драјв, желба и потреба, ке оставиш се позади себе и ке си заминеш. Е сега, ако некој не се чувствува кадарен, океј е, не сме сите исто скроени.

    Couldn't agree more. (y)
    Туку вчера ме пресмеа со она 'опуштете се и ке биде'. :rofl:
     
    На Val-Dim, zhap4e, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.