Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    226.728
    Пол:
    Женски
    Турив штрудлата да се пече. Ми се гледа некоја опера дур спие дете. А од друга страна сакам нокти да средам зашто огромни ми пораснале и веќе ме болат кога готвам. За на раце зборам :D
    Дете спие. прошетано изиграно и изеде јаболка банана и киви со мед. ручекот му е спремен за кога ќе стане.
    Мака.. мака сите си носиме некоја. Тежина .. сабајле дур миев садови си поплачев на само. Па си излегов од кујна како нова. За нешто што ме боли 10 год. А сама сум крива. крива сум и за тоа што си префрлам што очекувам на 20 год да сум размислувала како сега а не сум. И не можам да си простам. А човечки е да се прости како и на други така и на себе.
    На мајка не ни простував никогаш. Се си го носев тоа со мене. Пред некој ден прочитав нешто во сдк од некоја членка што искрено не знам која е и буквално ме натера да и простам со тоа што го имаше пишано. и како товар да ми падна од грб. прости и си велам. не може сите да се совршени. сама знаеш дека ни ти не си.
    зборот најмајка ми е смешен. збор кој никогаш не би го користела. Ниту се осеќам како таква ниту мислам дека некогаш нешто би направила толку добро за некој така да ме нарече зашто реално. . не ни треба да постои таков збор.
    вие арни?
     
    На Sexybaby86, душленце, Skorpija25 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.496
    Допаѓања:
    139.186
    Вчера у веро џамбо се шетал тип со нож. Го виделе на камери и го пуштиле да си оди. Со маска на лице. Страв ми е веќе да одам каде било.
     
    На mal.ecka, LejlaD, mareane и 7 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    226.728
    Пол:
    Женски
    како што зашто? зашто го пуштиле да си оди? ? кое време?
     
    На LejlaD, Rebecca_R, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.590
    Допаѓања:
    273.093
    Зошто немаат што да му направат.
    Луѓе без оружје можат само полиција да викнат.
    Се надевам викнале.
     
    На Skorpija25, LejlaD, Mr. Right и 6 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Уште пред неколку години имам пишувано на темава, колку сме, да речам пасивни, како народ кога се случува нешто пред нас. Јас разбирам страв, затоа што реално во секој момент може некој да се сврти и да ти го забоде ножот во стомак, но ако не реагираме за некој друг, утре ден сме оставени сами на себе. За ова пишуваше и Камелија вчера, и се согласувам со неа. Премногу често ја вртиме главата, и тоа прави вакви лудаци слободно да се шетаат низ градов. И ќе си речеш, не е мое да изигравам херој, ама до кога?
    Читав така лани твитови од Сирија од луѓе што се уште беа таму, што молеа за помош и молеа да бидат слушнати. Тогаш сфатив дека истото да се случува кај нас, и нас нема да има кој да ни помогне. Ќе не срамнат со земја. И тоа е страшно, ама ќе си речеме, што па ние сега за Сирија да се фатиме да и помогнеме, има поголеми држави што може тоа да го направат. Така иде и со поединецот, ќутиме и чекаме некој посилен да се појави од крајот на автобусот и да го реши типот со ножот. Ама некогаш треба ние да сме тој посилен тип.
    Многу филозофирам м?
    Со кого сум најслична овде? Хммм, за различни теми би рекла со различни луѓе. Да ве анализирам уште малце па ќе одлучам :D
     
    Последна измена: 17 ноември 2018
    На Sexybaby86, bittersweet, душленце и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.496
    Допаѓања:
    139.186
    Околу 11. Млад дечко со качулка.

    Screenshot_20181117-143135_Twitter.jpg
    И јас морав да одам...

    А ова другарка ми ми го праќа и вика : а јас сакам да одам ама не одам. А јас си отидов. И после, те уби? Викам да, еве од пеколот ти се јавуам.
     
    На Sexybaby86, Skorpija25, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.603
    Допаѓања:
    161.211
    Имате ли на работа особа која во туѓите грешки е како зачинал, во се се меша, за своите е шуш буш на режим тивко никој да не чуе само со нејзиниот претпоставен да се испере?!
    И кога треба да истаста некого одма на само со претпоставените иако идејата е транспарентно се да се зборува, ама она секогаш ќутенката ќе ги собере во едно сопче сите да видат, а никој да не чуе што е фората?
    И секогаш со доза на надменост и ароганција. Секогаш одговорноста е на некој друг па и со тон ќе го каже, а не е исклучено да биде и премногу дефанзивно. Врска немаат од својата работа која е претежно техничка и утврдена со драфтови и се е со тракинг и не може да промаши, па и тоа што го прави не седнала да го прочита како што треба.
    Пола колеги ги шпионира кај еден од поважните луѓе во фирмата, а идиотското е што само јас го знам тоа и не знам како да одреагирам.
    Многу ме нервираат вакви луѓе. Ама многу!
     
    На ♡BuBaLe♡, LejlaD, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.903
    Допаѓања:
    152.581
    Пол:
    Женски
    Сварив кафе и извадив еден куп алишта од шифоњер да правам чистка. И сега бленам во нив, значи најомразена работа на свет ми е ова. Ќе частам вечер ако успеам бар пола да средам.
    Камелија ме потсеѕи со муабетот за дечкото во автобусот на онаа снимката од србија каде што го малтретираше еден манијак едно девојче, ама буквално легна над неа и никој не изреагира, ми се повраќаше додека гледав. Знам дека на луѓе им е страв да реагираат за они да не настрадаат ама сепак е премногу нечовечки.
    @LejlaD се надевам дека се добро се заврши, да оздраве побргу а ти малку да здивнеш :hug:
    Ај да фатам купов :envy:
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  9. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    94.783
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво:)

    Почна официјално сезона на затварање дома и под ќебенце,класична есен,ама и редно е,доста се брлавееше времето.

    Нигде веќе не е безбедно,нема такво нешто како слободна маалска игра,бар еден возрасен мора да надгледува.За жал.
    Колку само случаи на детска педофилија имаше низ Мк пред година две.

    Овде пред некој месец излезе скандал со вработен во градинка во Берн,го снимал детето голо и ги пуштал снимките по не знам какви педофилски сајтови:x.Го осудија 40 год затвор мислам,доби пресуда по многу основи,и плус од родителите приватна тужба.
    Мене во договорот од работа во посебна ставка ми стои дека не смеам со приватен тел да сликам деца,инстант отказ добивам.

    Низ населбава децата се движат сами од кај 6/7 год,гледам внимателни се по улица ептен,а нејчесто се со тротинети и точаци.

    @SV1911 same here:hai: плус Јарци сме:angel:
    Се слагам во ставови многу и со Камка,Бека со смутито,Сесил...горе-доле генерација сме,има влијание и тоа.
    @referentka толку многу ме потсетува на мајка ми,од ставови,филозовии,па се до ракијата и салатата пред ручек,што понекогаш превртувам очи дур ја читам|(
    :hug:

    @Alishan30 ако сте решени дефинитивно да заминете,ти ја посакувам цела среќа на светот,од :l:
    @CameliaMiller нз зашто ми е увртено у глава дека ја гледаше The Sinner.Ако да,има нова сезона,уште поопасна од првата:)

    Ајде чао,имав уште за пишење ама ке ме скокнете]:)
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, Sexybaby86 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.590
    Допаѓања:
    273.093
    Се' се'... ама дете бре малтретира.
    Не знам како луѓе со свои деца гледаат и не прават ништо.
    Па твоето дете се вози во истиот автобус побогу.
    Еден куп млади мажи, способни една чврга да му мавнат, детиште 18-19 години бил.

    Случкава ме потсети на една ситуација од многу одамна, прва или втора средно бев.
    Завршуваат часовите и во автибус гунгула.
    Со мене се возеше еден познат насилник од трета.
    Влезе една баба, баш стара, и застана до врата и се држеше за шипката.

    Само како инфо, јас кога бев средно беа старите автобуси, како длабоки скали што имаа, не беше лесно за качување и симнување ако си стар.

    И сега фраеров и се пушти на бабата да ја гура и да ја навредува, зошто тука стоела, знаела дека полн ќе е автобусот, им сметала итн.

    Полн автобус деца, возрасни... ќутат бре!

    Јас го нападнав физички... може не најпаметен потег, ама, имајте на ум 14-15 години имав. Овој се изненади, сите му се плашеа. Па зема со мене божем да се тепа. Тек тогаш повозрасни мажи изреагираа, и овој "сардисан" мораше да се симне.

    Може сум јас, ама мислам дека не сум само јас, сум гледала и други како "скокаат", ама да видам некој немоќен и да стојам на страна не можам.

    Не е тоа намерно, посилно е од мене.
    Ме облива лутина, бес, не се препознавам сама себе.

    Затоа викам може не е најпаметно и најпромислено, инстиктивно и афективно е.
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, смути, кафе. обврски. :coffee:

    Гледам често спомнувате работа и слободни викенди, па ако до сега немам пишано, еве сега да си пишам дека работам секој ден. Буквално секој ден. Од кога почнав да работам, секој ден имам работа. Е сега, работата не е 8 часа во канцеларија или на терен, некогаш имам 1-2 работа, некогаш 10 часа во текот на еден ден, некогаш расцепкани, некогаш не мрдам од пред лап топ, ама се додека е добро платена - не се жалам. Сум работела и на одмор, значи се враќаме од плажа, се бањаме и палиме лап топ. Ама па да не беше работата немаше да ни се укажат толку прилики. Оваа година не работевме, ама лап топ носев, не ни е во корист да ја оставиме работата дома.
    Не ми е тешко да работам, тешко би ми било да немам пари. Сум кажала веќе, за добра пара би работела било што. И за селењето во странство, пари и удобност се едни од одлучувачките фактори.

    Не реагирај никако. Барем јас не би. Сите сме возрасни, да не речам, големи сме, секој нека си ја гледа работата. Тужибабите се најгрозните од сите можни типови на луѓе, ама ги има и тоа е што е. Да се спуштиш на нивно ниво не иде, ама кој си ја работи работата според правилата, чуму драми?

    :wasntme: Сејм хиар. Сериозно, не знам дали е до годините или едноставно до карактерите, ама со девојките кои ти ги наброја често имам ист став. А ставовите на повозрасните членки ме асоцираат на ставовите на моите родители.
    Не за џабе не обвинија мене, Ками и Мања дека сме иста личност. :lol:

    На тема љубомора, морам да кажам дека никогаш не сум била. И нема да бидам. Сме имале, јас колеги, он колешки, убави, згодни, ама очите се за гледање. Никогаш го немам 'проверувано' а ниту допрва ке одам во инспекција. Едноставно не сум таков тип на човек, сите овие години заедно, сето тоа што го имаме поминато и она што го планираме и правиме за иднината ми е доволен показател на што сум. Го знам, и да погледне некоја, ке ја гледа јер е згодна, а ако решил да ја онади, јас не можам да го спречам.
    Да не заборавам, ние всушност заедно гледаме и коментираме згодни луѓе, без задни намери, едноставно гледаме и коментираме ако некоја цура или дечко се згодни и убави, убаво облечени итн. (hollest)

    На тема игнорантност кон насилство и малтретирање, не се осудувам да направам ништо повеќе од бирање на 192. Штом некој нападнал некого, сигурна сум дека не е со сите во главата, па ако се вмешам, постои голема и реална шанса и мене да ме нападне. И да се вмешам, не сум сигурна дали физички ке можам да одговорам, ама ако има оружје... Себична сум, ама моето здравје ми е побитно од здравјето на некој странец.

    Кој е за кафе?

    [​IMG]
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, Sexybaby86 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    176.128
    Пол:
    Машки
    Од досегашниве муабети, небитно дали се сериозни или се работи за хумор, би рекол дека најслични размислувања и ставови имам со @M&M @Ariel и @Annath
    Разликата е што јас пишувам пократки постови и не заглабам проблематики на сите теми, па така вие не ги знаете сите мои размислувања и ставови :)
     
    На ♡BuBaLe♡, Ariel, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    @Peco ти си мистериозен Пецо 8-|
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Peco и 8 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.663
    @dunika ти превртувај си очи, ама ние си уживаме:D.
    Темава е со наслов 40 +/- и не се чудете за застарени сфаќања зашто само така ви се чини:).
    Ќе дојдете сите на 50 години па ќе видиме како ќе размислувате.
    Да сме здрави и живи само.
    Ќе се сетите на овие муабети еден ден:).Ама сега џабе е и да цртам дека некои работи пре-оптимистички се гледаат во 30-тите години:)
    Не бев различна и јас.Не ми се докажуваше:D.Не легнав на брашно, туку сама се уверив ама криво ми беше што го пројдов потешкиот пат.

    Муабетов погоре игнорирајте го.
    Се ќе си разберете во точно определена декада од животот:).

    Си купив два футани.
    И два пара салонки.
    Радосна сум.
     
    На ♡BuBaLe♡, Espadrila, WildMk и 25 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Добар ден! :coffee:

    Го пратив маж ми во кафана, изрази желба да оди после сто год и се израдував.:D
    Ама и јас само што се вратив од ручек со друшките. Бебето беше кај баба. :P
    Ние гра-гра до 101 и назад. Вакви денови ме полнат со енергија.

    Ако дојде свеки до после, може да фатиме после со маж ми на некаде.
    Имав едни најаврни гости ама ги нема.:^) Ѕвонам не креваат.

    Една друга ситуација ме вади од колосек. Оти сум толку осетлива и се ставам на срце.:punch:
    Мисли ли некој толку на мене се прашувам.

    Како за сабота многу сте разборени. Се гледа дека почнува сезоната на затварање дома.:(

    Во наше време беше далеку побезбедно. Од мали сами одевме во училиште, игравме на улица. Бевме далеку по самостални. Од друга страна денес дете на улица нема, сите се зависници од технологијата. Е тоа не ми се допаѓа, воопшто!

    Низ маж ми минуваат толку многу луѓе со кои е во чест контакт професионално. Згодни менаџери и менаџерки на локали и што ли не. Искра која ќе копка секогаш има. Му верувам, доволно. Никогаш до сега не ми дал повод за спротивното. Патува често, телефонот секогаш титка. Некогаш се шалам со него оти ако беше некоја љубоморна жена до сега ќе го оставеше.]:)

    Впрочен овој период пред ехее години, се почетоците на нашата врска. Секогаш кога ќе се сетам ме огрева насмевка!:inlove:

    Масажерката ми замина странство. Бев кај друг ама не ме бендиса. А ми се плаче некогаш од болки. ;(
    Ме предупреди и физијатарот ми, второ дете не додека не ја средам сколиозата. И самата го знам тоа.:( Не сакам пак по тие врати.

    Со секој се согласувам со по нешто. Генерално најмалада сум тука. Паметот ми лета уште и свесна сум за тоа.

    Убав остаток од викендот!
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, Sexybaby86 и 26 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.333
    Допаѓања:
    89.986
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се сложувам,само ке те корегирам тоа не се застарени сфаќања туку искуство.
    И јас превртував со очи,за многу работи имав став кој потоа па го сменив,многу мои филозофии си ги заменив,и тоа доаѓа со стекнатото искуство....
    Едно беше мојата теорија,а друго пракса, се во свое време..
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, Alishan30 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Со повеќето, најчесто со @Dadusicka и @WildMk. Пред сè сакам и почитувам искрени луѓе. Напишав уште една реченица, ама ја избришав.

    Љубоморен не сум, ниту би бил. Очи се за гледање. Сите загледуваме луѓе и тоа е природно, па и сме ги посакале. ;)
    Дојдов внучка да ја чувам. Мајка и и татко и у провод ќе одат. Зет ми му вика на еден другар да ја донесат и нивната ќерка тука да си играат со мојава. Го слушам и молам Бога да не ја донесе. Не можам и неа да ја забављам и пазам. |( Внука вика со мене дека ќе спиела. :sun:
    И то. Денес со дете сум, а се надевам дека нема да бидат две. :envy:
    Убава вечер. :f:
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, Sexybaby86 и 22 други им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Јас не сметам дека мислењата @referentka ти се застарени :) Искуството низ животот не обликува во луѓето што сме денес. И јас тоа што бев пред 10години не сум денес и нема ни да бидам после 10години. Мене ми е мерак да те читам :) и тебе и мареане и луничка, и сите без разлика на возраста. Може ќе се согласуваме на некои теми, на некои не, ама во глобала сте фини луѓе и баш е интересно да се чита за различните секојдневиа што ги поминувате. Или исти секојдневиа што различно ги перцепираме.

    Снег на планиниве, а до завчера 20степени. Ќе си цркнеме кој од што, од време и воздух. Пмсов ме поправи мислам 10кг, лежи и јади :|
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, Sexybaby86 и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.344
    Пол:
    Женски
    Да ти донесам уште други две:D
    ..мирни се..дај им компјутерот, чипс и смоки:!:

    У наше маало ништо ново, уствари нов центар Лиса:nod:
    Ќе одев да видам што има, ама остаив за утре:nod:

    Во најава кафе дружба, па ќе видиме што ќе излезе:emo:
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, doubleg и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    И ти ли ќе шврљаш? :^)
    Па и јас имам душа. |( :D
     
    На ♡BuBaLe♡, Sexybaby86, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.