Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.365
    Допаѓања:
    148.572
    Пол:
    Женски
    По струка и образование сум одд.наставник,без ден раб.искуство во истата..

    А сум работела и продавачка,и оператор во кол центар а сега административен работник и тел.оператор во приватна фирма во Бт.
     
    На SV1911, Annath, Thallia и 15 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267

    Знам дека е тешко, посебно денес.. и за одделенски, а и за било каков наставник.
    Деца нема...

    Ни треба попис и регулирање на кадрите и правење стратегии за во иднина. Ко вејки сме вака.
    Никогаш не се правело стратегии врз база на предвидувања и анализи на движењето на демографијата и економијата. Се' така е пуштено во лер. Ајдее секоја година не знам.. 300-500 наставници, или економисти или не знам што. Мора квотите на факултетите да се подесени да одговараат на потребите на државата и демографијата.. Нормално е да има после суфицит од кадри, кои немаш кај да ги вработиш..

    Пример, со докторите. Не може да се толку лаици и да не прошират квота на студенти на медицина, кога ова со исселувањето се случува деценија уназад. Никој не мисли. Затоа после се доведуваме во вакви ситуации.

    Во Шведска е задолжителен Кинески во основно.. Молим те! Следат глобални економски трендови, и знаат дека пазарот на Кинезите се шири, производите им се пласираат секаде, и деца од сега спремаат во иднина да можат да се пласираат на таков пазар... Ние со што се расправаме?? Дали Алексо бил наш, или не бил!??
     
    На LaSchtroumpfette, SV1911, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  3. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.455
    Не се каам за тоа што го студирав пак би го избрала истото само сега би сакала едно ниво повисоко......
    Многу сакав/м историја и јазици, мислам дека и јапонски ќе научам само не сакам математика и медицина (освен аптекарка) Оти сум емотивна и мразам крвишта. Дедо ми како мала ми викаше да учам судијка да станам,кога одев кај нив ја суден баба ми оти беше мрзлива.:$:D:^)
    Докторите кај нас се или стварно доктори што прво се психолози знаат да смират и ислушаат пациент и да го пронајдат проблемот или такви кои за жал мислат дека се богови и ние треба да ги молиме за помош а нашето здравје зависи од пУлитанка,кофа сливи,вино од Азербејџан марама од Турција....
    Секоја чест :bow:на оние што останаа во Мк и покрај тешките услови за работа слабо платени и ценети И неразбирливите пациенти кои се лечат со свашта и после цацко и е крив :@ а знам ги има во голем број.
    Јас кога ја читам алишан мислам треба медал да и се даде на жената:cash:
    Многу сакам и во библиотека да работам една пријателка од тука со која кратко се знаеме ми вели “ти кога ќе видеш нова книга ти светуваат очите” :?:
    Незнам каква и да е работата кога ќе прочитам тука некоја работи и до 12 часа ми се слошува и си викам од што се луѓето.
    Многу кажав се познава дека сум у ПМС
    седевме со дм и пријатели во бар ме изнервира една негова постапка и одма поминавме у еден мол он гледа ракавици јас му носам кошули како која боја му стои и коа му треснав една (со кошулата) :devil:(facepalm):$ не му е ништо малку да го Ујачам
    Добра ноќ.. јас ќе си поседам ме врти нога
     
    На WildMk, Annath, Bubce38 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.096
    Допаѓања:
    269.048
    Мајка ми на стари години нов факс учеше, за она што го работеше веќе 20 години, ама без соодветно образование беше на раководно место во приватна фирма, ама беше донесен некој закон, па за да остане така, мораше нов факс да учи.

    Инаку, во младост завршила и таа за одделенски наставник, а како таков нема ни 1 ден стаж.
     
    На WildMk, Annath, Thallia и 10 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Е тоа е тоа.. наместо прогноза и стратегија унапред, отпосле ќе прилепуваме и ќе моделираме кадри..
    Абе наопаку сме целите.
    Се чудам и како постои државава. Се коси со сите природни правила.
    Иначе.. и економските закони се базираат на природни закони (физика).
    Нашето постоење е парадокс :D
     
    На LaSchtroumpfette, SV1911, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  6. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.627
    Пол:
    Женски
    Како што гледам еден куп несудени учителки има тука. Многу неценета професија е. Порано им се тресевме на наставниците, а сега родителите се прават попаметни од нив. И после лоши биле младите генерации. Па нормално.
    Во врскаџиска држава се е лошо. Ако имаш врски ќе те вработат, ако немаш, ќе седиш дома, работиш друго или фаќаш странство. И после сите нервозни и болни уште на млади години.

    Кај мене в школо имаше и педагог и психолог, ама бадијала. Во 8 години основно, само 2 пати ни држеа предавања. Во средно само педагог имаше, ама иста приказна. Идеа на работа само по платата. Математика цели генерации сме унакажани, оти се мислеа професорите дека го фатиле Господ за таквото и само редеа ниски оценки. По пола од предметите ни предаваа партиски полтрони. Германски не сакам ни да зборам. 4 години ништо да не нѐ научи.

    Имав професори кои со внимание ги слушав и сакав да ги слушам. Историја ми беше омилена, како филм да ни раскажува, ептен ја биваше жената.

    Ама дури се опозиција сите знаат што фали, кога дојдат на власт само за гласови се борат и се пропаѓа во вода.
    Изгледа јас сонувам за утопија.
    И тука не се цвеќе за мирисање. Не знам што учат во школо, ама ни историја, ни географија, ни пак нешто од општа култура да се знае... А што фајде и да знаат де :rofl:

    Си зготвив паста за утре. Не ја пробав оти ќе ја изедам пола :wasntme:
    Обожавам да готвам, а се поретко да фатам да си направам нешто, се глупости јадам. Да имав време утре едно печено коковче да направам, да парирам на америте за тенксгивинг. Ама само будала како мене може 20 и кусур саати екстра неделно да работи (facepalm)
    Арно сум жива (facepalm)
     
    На SV1911, WildMk, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  7. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.153
    Допаѓања:
    207.628
    Пол:
    Женски
    Добро ви утро и имајте убав ден.Чајче со гумбирче,па после кафенце, да испратам дете прво,дрва да наложам,терапија да поделам па на ред :coffee: и :smoke:.Сакам повторно да работам,ама со ова темпо 24/7 не сум сигурна дали би стигнала на секаде,вака како не вработена ми завидуваат пријателките-лесничко ми е подома цел ден,а тоа што кафе некогаш немам време да се напијам е друга приказна.,најбитен момент џеб празен.За подобро не се ни надевам,овде каде што сум,отиде градот јабана.За ручек се думам што,нешто лесничко оти некој не смее се да јаде,а не сакам да му мириса зготвено
     
    На SV1911, WildMk, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  8. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.204
    Допаѓања:
    84.259
    Пол:
    Женски
    Добро утро:sun:!!!
    Сонце од сабајле и ведро небо како мај месец да сме,но во секој случај убаво е времето,не само да се жалиме.
    Станата од рано испратив дете на системацки од школо ќе ги носеле и сега дремам не е времево да легнам а касно си дојдовме од имендени,па ќе дремам денес.
    Не е лошо кафе да си сварам,ајде убав ден да имаме!!!
     
    На SV1911, Annath, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.365
    Допаѓања:
    148.572
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Енергија дава сонцето од сбајле...
    Да спастрам куќа,па малку во двор да се проврткам ако е топло...
    За ручек пица ќе стуткам...ми снема идеја за друго...
     
    На SV1911, Annath, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.227
    Допаѓања:
    136.352
    Денеска имам 4 состаноци, не знам колку дописи, десетина предмети...
    Ручек ќе правам мусака.

    Многу ми е глупо дека 6 дена работам и седмиот немам време да стасам со ништо, и сум напната со тоа. Пу.
     
    На Annath, Bubce38, LejlaD и 13 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.645
    Допаѓања:
    104.510
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро!

    Се каам најмногу на цел свет за факултетот. Не е дека си ја мразам професијата, си ја обожавам, ама да ме зеза мене некоја глуперда за бедни 12 000 денари плата, е нече мочи. Велам бедни а не се бедни реално, одлични се, ама за почеток а не за после 7 години работно искуство. Мојата струка е таква што за година дена пауза веќе не вредиш ни пет пари, а јас имав скоро 3 години пауза и иди да те видам, да земам одново да упишам факултет.

    Искрено многу ми легна на срце цвеќето, тоа би работела ич без око да ми трепне, имам најголема желба за цвеќара и мислам дека еден ден ќе си ја остварам, само да оставам малку време да пркнам финансиски. И муж е на ниет да отвараме приватно, нему му се мотаат триста бизниси низ глава. Ама да застанам на нозе малце, да родам бар уште едно и после може.

    Сега да сум не би упишала факултет, или бар не толку тежок, ќе упишев нешто полесно колку да не сум без школо и ајт. Полесно е да најдеш работа без школо отколку со факулет. Идам за административен работник во една фирма и ми вика а ти си со јак факултет ќе ми избегаш одма, отидов до таму и во Кам да аплицирам, исто ми го кажаа, на уште две места добив ваков одговор. И?

    Сума сумарум тоа е, како ќе ти биде среќата, не е до нас секогаш.
     
    На SV1911, WildMk, kuc и 24 други им се допаѓа ова.
  12. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.365
    Допаѓања:
    148.572
    Пол:
    Женски

    И јас исто...
    Неделата ми е се само не слободен ден..
    Не мислев оти сабоата како слободен ден толку ќе ми значи...
     
    На kuc, Annath, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.227
    Допаѓања:
    136.352
    Е да, заборавив... доека чекам да влезам на состанок...
    Да можам сега да студирам, би одбрала нешто што може да се работи низ цел свет, не само кај нас. Би одбрала ИТ, ми фаќа кликерот за тоа.
    Ако имам нешто приватно, би било хотел, а јас да готвам. Обожавам да готвам.

    Животна желба ми е ( а никогаш нема да се оствари) да организирам олимпијада :) Обожавам организација.

    Сега барам работи што ќе ме релаксираат. Се мислам меѓу плетење, цртање и месење. Не знам што е најевтино.

    И плус барам втора работа онлајн.
     
    На WildMk, M&M, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.734
    Допаѓања:
    322.914
    Леле џ'е ме наЏе:D
    Еве ќе ушествувам со основачки влог.
    Јас ќе чистам по собите и ќе аранжирам низ хотелот со цвеќе, бонбони и ќе внимавам на хигиена:)

    Е неостварен сон ми е, а и нема да се оствари.
     
    На WildMk, kuc, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.227
    Допаѓања:
    136.352
    Па така де.... ем ќе вложиме, ем ќе работиме. Ако треба и ќе копам низ двор. Не сакам да бидам газда шо само ќе меле шотреба, туку ќе фати да работи. А ноќе ќе потпишувам фактури :)
     
    На M&M, Annath, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.734
    Допаѓања:
    322.914
    Ова ко вицот на Бубо во к-15 што ке си отвореле јавна куќа..за почеток прво жена му и ќерка му ќе си работеле додека да се разработи бизнисот, па после и ќе запослеле жени:D

    Јас математики ќе водам, а ти ќе исправаш правни работи дали се ОК.
    Се тип-топ ќе биде.
    А каде ќе го градиме хотелот и како ќе се вика ?
     
    На kuc, M&M, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.245
    Допаѓања:
    140.453
    Хотел може не, ама апартмани ќе издавам сигурно. Во Хрватска, за 15 години.

    Добро утро лејдис енд џентлмен!

    Денеска сум расположена за правење убави и важни работи :)

    Есен е годишно време во коешто поради нискиот притисок, едноставно не можам да се расонам. Ај, за некој месец. Во меѓувреме, да се напиеме по едно
    315D1107-1727-4540-A881-3D94F37EE935.jpeg
     
    На kuc, Annath, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Јас средно стучно тука завршив. Одевме на школо и саботи сега ко ќе ми текне..
    Професорите беа одлични пред се психолози. После часови се случуваше и да ме изгушка професорката по италјански од што жената остануваше со мене волонтерски да ме учи јазик тоа беше на почеток. Одев плус на курс плус на почетокот соработував во клупа со албнка жена што беше пратена за мене.

    Со добра воља и труд од обете страни за 1 година солидно усовршив јазик.

    Ај сега добро утро. Го нема сонцево..
    Се облеков пијам кафе и ќе одиме во општина сите комплет за интервјуа за л.карти.

    Убав ден.
     
    На SV1911, WildMk, kuc и 23 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.227
    Допаѓања:
    136.352
    На велешко езеро, 1 евро квадрат е земјиште. Тука ќе градиме година и пол две, плус велешани се вредни, ќе ги вработиме за добра плата, ем има езеро, ем лов и риболов, ем зеленило, ем мирно... Храната локална ќе биде, свежо зајачко, сомови од езерото...

    Е сеа како да се вика ---
     
    На WildMk, M&M, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.109
    Допаѓања:
    225.652
    Пол:
    Женски
    Да не ви треба некој за на рецепција во хотелот? еве ме ја 8-| знам да сум лизни мазни таман за таа работа.
    ај добро утро. тешки муабети правам од сабајле. Ми викат ела у норвешка ама извади бг пасоши. Како да извадам бре? еден извод не можам да извадам без врска а не па бг пасош..
     
    На WildMk, kuc, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.