Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.735
    Допаѓања:
    322.945
    Си мислам, што да направам за НГ а да ни биде интересно (на храна се мисли:D...кој за што, Рефа за храна).

    Руска-НЕ:shake:
    Свински бут печен- НЕ:shake:
    Торта од Канела-НЕ:shake:

    Е што?!

    Лани до последен момент се лажев сама себе дека ќе купам бадеми, лешници, индиски и дека со вино ќе си мезиме:?:
    Пак печев, месев, сецкав, и пак цела недела дојадувавме салати и салатчиња,мефциња, кифличиња..
    Се убив од работа:headbang:
    Ќе ми престане ли тоа лудило-незнам:envy:.Има ли потрба од толку готвење, како да нема утре?
     
    На do-re-mi, WildMk, Dust и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.251
    Допаѓања:
    140.586
    Јас во Визус ја носам. Што знам, некогаш ми делуваат несериозно, ама па правеше и на клиника контрола, рекоа добар диоптер дека и дале во Визус.
    Е сега докторката што работи со деца само прва смена работи, и тоа до кај 2 ако не беше, што ги комплицира работите.
     
    На WildMk, M&M, Esmeralda-MD и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Natasa87

    Natasa87 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2018
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Ај тоа :D Ја што да кажам работев во маркет за нова година беше лудница како утре да нема ден :D се купуваше на големо дека другиот ден е неработен :!:
     
    На WildMk, Peco, Esmeralda-MD и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Natasa87

    Natasa87 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2018
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Оваа нова година ние дома ќе си бидеме кај ќе одам со толкав стомак :D , а и другата со бебе каде и повеќе сакам во домашна атмосфера него на плоштад да се мрзнам или во некоја кафана со пијаници и што не се диши од цигари :D
     
    На WildMk, Mr. Right, Peco и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    89.001
    Пол:
    Женски
    Da od 10-14 h ,raboti Dr Sofronieva.
    Malku komplicirano,da
     
    На Esmeralda-MD, CameliaMiller, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.199
    Допаѓања:
    259.787
    Пол:
    Женски
    А новата Деница, @Annath. Знам многу деца кои одат таму.

    За НГ маж вчера вика да сме оделе негде...нејќам кафана ако има некој кафич може да ме прелаже.
    Ме фати дожд без чадор седнав у првата кафана на кафе :)
     
    На bittersweet, WildMk, Dust и 20 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.735
    Допаѓања:
    322.945
    Епа докторката С.Андревска од Деница после прегледот топло ми препорача да си одам на клиника.
     
    На Esmeralda-MD, mareane, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.169
    Допаѓања:
    207.864
    Пол:
    Женски
    Секоја година иста песна околу новата година терам,прво не готвам ништо,после домашниве желби ,,музички,,ќе јават и пак во кујна ќе останам.Дома сме години наназад,неоти се јади нешто кој знае колку,дете со друштво,старите во 21ч во кревет,ние двајце остануваме да си ја чекаме новата,ако не студи многу можно е еден круг низ град да се истера,па снег ако има со уживање би шетнала.Мени уште немам смислено,добро би ми дошле предлозите кои ги давате:D
     
    На WildMk, Mr. Right, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    135.849
    Пол:
    Женски
    Ја би вака
    Уместо руска - пилеќа
    Место бут - некоја плескавица со многу кашкавал
    место торта некое лесно блачко, макар и така 2-3 чоколада ќе искршам во некое тањирче и толку од блачко
    или ,,секси салата'', ем здраво ем блачко, ореви или микс од јаткасти плодови и мед

    Туку прво друго мени имам за спремање, на мм се ближи роденден. Мажите од негова страна што и да направам јадат и тераат жени рецепт да пишат, јас иако мразам вакво величење на домаќилнак, се дувам ко паун |(:tmi: Па послето ми фрчат пораки со слики дека и тие исто направиле.
    А смешки е ако ви кажам лани што имав. Копања печени во кесе со зачини измеѓу остало. Свекор ми коа се запна леле како се погодени зачините, си ја погодила количината, леле колку е меко месото колку време го вареше. Леле, леле си мислам во себе, кој зачин, кое варење :tmi:
     
    На do-re-mi, bittersweet, WildMk и 25 други им се допаѓа ова.
  10. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.125
    Допаѓања:
    40.336
    Во систина можеш во било кое време да отидеш чим е итно.
     
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.438
    Допаѓања:
    172.153
    Пол:
    Женски
    Ај елате кај нас .
    Фламинго има добар пеач за дочекот .
    Влез слободен ,вечера има , пијачки има .
    Само по 10 евра ќе мавнеме на машините јас и маж ти , за зар :)
    Ти со мојО ќе се прошеташ до барО за тоа време :mm:

    Ај добар ден.
    Немам ништо да кажам ,нит паметно ,нит глупаво :)
    Важно имав преубав викенд :clap:
    Батерии полни до максимум .
    Изгледа само јас немам никаква елка . Само едно украсче имам . И едно чаршавче за ручање . Толку :worried:.
    Лани сакав бар сијалички едни да земам ,ама ете не земав . Не верувам ни годинава да купам нешто .
    Поважни ми се прославите околу НГ :). На десетина прослави одиме. Треба уште некоја кошулка да се купи , и за мене и за маж :o


    Ај убав ден :f:
     
    На bittersweet, WildMk, Dust и 23 други им се допаѓа ова.
  12. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    21.013
    :D:D:D:D
    леле како ме изнасмеа
    Ко свекор ми...Ми вика снашкеее а бе ова ко од Храна и вино изгледа а на вкус многу убаво :rofl::rofl::rofl:
    да си бидам искрена и јас си се дувам ко паун кога ќе ми прашат рецепт за нешто што сум спремила, ама кога прашуваат кога апла гледаш дека им се допаѓа, а не онака ...Па и да прашат рецепт ти као им кажуваш а они со пола уво те слушат...и такви сум имала
    Не е битно.
    За Офталмолог за Роберт Ристовски и јас сум слушала пофални зборови, ама видиш нема термини,

    - За јадење за Нова година - далеку ми е да измислам
    - За китење- деновиве ќе биде.
    За бозелот- мислам дека е некој мит за машките, а можда и има нешто. Машките од мојата фамилија беа претплатени на сок од бозел од баба ми, ама баш онака машко пиење на екс,,,па не се покажа кај нив негативно по основ на машки стерилитет.
    - За новогодишни колективни прослави- уште никој ништо не збори
    - За дотерување- се подновив - доста е годинава :?::?::?::?:
    - За сонувањето...а бе нешто без везе и јас сонував и "арно " се раскашла малата па се разбудив. та дури и си го кажав тоа сабајлето ко се разбудив. Сонот- нешто ко во траинспотинг филмот влезена. Фркица шо би рекле зависниците...јао.Непријатно...
    И така
    Дождливо, полудождливо, па срамливо сонце, па облачно и се така.
    Убав ден ви пожелувам.
     
    На do-re-mi, WildMk, Dust и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Во стилот на Еспадрила: :)
    -За колективни новогодишни
    прослави немам желба а и треба за Ск (дека ск.фирма) да одам па така си кажав(ме) , веќе беше тоа на дневен ред кај нас, дека не сум во можност.
    -За нг мени далеку е ама нема да претерувам со спремање, ние генерално не јадеме многу.
    -За дотерување- треба да се фарбам деновиве, порано не се фарбав вака често, сега на 3 недели морам, имам бели влакна.
     
    На do-re-mi, WildMk, Dust и 21 други им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.011
    Допаѓања:
    68.330
    И мене ќе ме префати новогодишното расположение од вас, заразно е. :D Ко мала мечтаев да славам Нова Година на некое топло место, dreams do come true. (fingers) Не ја имав државава на ум тогаш, ама изгледа сум требала да бидам попрецизна со желбите. :D

    Сега сакам на планина со куп снег, таков дочек никогаш не сум имала. :) Ќе биде. (fingers)

    Мачките ја обожаваат елката, не знам што толку ги привлекува да се бутаат во неа, покрај сите играчки, кутии и не знам што што имаат низ целата куќа. Најмногу поради тоа не ми се става елката, морам цело време да пазам да не ја превртат. Сега со малово мачорче уште повесело ќе биде. :D Мало, немирно, две секунди не седи на исто место.

    За готвење еднаш пишав дека нема да се замарам... Ама... :!: ќе видиме. Може маж ќе биде на пат тој период, па сама ќе си славам. Ако бидеме заедно, сигурно ќе приготвиме нешто интересно и вкусно. :) Кога станува збор за готвење, доста сум креативна и хаотична, често менувам ингредиенти и зачини, па сега ич не ми текнува што сме готвеле за дочекот на минатата нова година. Рецепти ретко запишувам, освен за палачинки бидејќи таму немам луфта за експерименти. :D

    Дома да дојдам, па ќе направам крем супа од леќа.. Вчера сварив цело кило леќа, за да после можам во се и сешто да ја ставам. Домаќинка. :D Ама најпрактично ми е така, не секој ден да чекам сто саати да се свари.

    Леле, која гужва.. денес патувам по друг пат, милион коли има.. (facepalm) Градов се шири се повеќе и повеќе.. официјално има 16 милиони жители, ама уствари се многу, многу повеќе.. накај 30ка, ако не и повеќе.
     
    На do-re-mi, bittersweet, WildMk и 26 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.679
    Допаѓања:
    253.188
    Која случајност, таман комшивка за кафе и дружба на малите :).

    Конечно се распакував иако имам уште една тура ствари, ама и тоа деновиве. Станав доцна, едвај се наспав. Имав бурен период од многу прослави, но и една неубава работа;(. Живот. Па и селењето и плачев за кревет:worried:.

    Тренерки немам и не носам, хеланки носам. И јас на мали купувам претежно сиви тренерки оти ги перам често и само на сивите не се познава дека избледеваат:D. Тегет или црни, за еден месец се бели.
    Такви и си порачувам кога ме прашуваат за поклон, сиви:D.

    Овде има повеќе феминки, со Бошка се упознавме, инаку она е втората феминка која ја знам лично.

    @Annath јас сум презадоволна од Систина, имаат специјален кат за деца, го носам кај др.Филева ама на трудничко е, ама и замената и е добра. За апарати мислам дека од кај нив подобри нема.
    Ја фалат и Турската. Кај др.Ристовски и јас не најдов термин.
    Систина веднаш ќе ти закажат.
     
    На bittersweet, WildMk, Dust и 24 други им се допаѓа ова.
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Еве ме скоро 6 години покасно, мажена со 2 деца без ни еден адет. :rofl: Уште па да ме видиш со целата моја "маленкост" од скоро 180 цм и 90-тина кг, сликата ќе ти биде уште посмешна. :P
     
    На do-re-mi, WildMk, Dust и 21 други им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, банана, кафе, обврски. :coffee:

    Каталозите со попусти разгледани, утре ке одам во шопинг. Нема да купувам облека, ами козметика, производи за лична хигиена, а ми требаат и црни фармерки. :D
    Тренерки имам секакви, и сиви - се подразбира. Инаку црни имам неколку пара од оној свиленкаст материјал, адидас и најк и одлично се покажаа, само памучните губат боја. Всушност, имам и едни црни од пазар, памучни, маста им ја извадив, како нови се. :D

    @JuLleE добредојде во големиот град, кога те читам имам впечаток дека ти за тука си родена. :hug:

    Нова година кај нас без мајонеза, кифлици и филе - не поминува. Се прави и торта, годинава ке ја убедувам мајка да правиме југославија. Мерак ми е да спремам за празниците, се што е направено се јаде во рекордно време од неколку дена. Додека има мајонеза (руска што велите вие) и кифлици, јас и брат ми тоа јадеме. Плус и сувомеснато има, и тоа се јаде. :D Изгледа големи јадачи сме. :D
    За елка рано е, новогодишна еуфорија сеуште не ме фатила. :rain:

    Kој е за кафе?

    [​IMG]
     
    На bittersweet, WildMk, Dust и 23 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Кажи дал бар едно машко роди, да не те мислам :rofl:
     
    На WildMk, Mr. Right, Esmeralda-MD и 9 други им се допаѓа ова.
  19. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.455
    Вчера после долгооо време си направив кафе,турско Оти си го поминав цел викенд со главоболка и низок притисок. И погодите кој синоќа не можеше да заспие. |(Сабајле како трактор да ме згазил.бев да купам карта гледам уште 2мин иде трамвајот додека го забиколам отиде. :envy: Ако времето остане вакво со задоволство ќе одам и ќе се враќам пеш 20мин у еден правец и нема да ме престегуваат фармерките.(fingers)
    Го чекав дм од работа за ручек еве го у купатило морал да иде некаде.|(
    Гледам и други пишале како е тешко коа ќе се разделиш од кучето. Може имам пишано и порано јас кога дојдов тука моето се разболе од тага. Моите не ми кажуваа па дознав случајно дека не е повеќе дома одма се јавив дома и Мама ми кажа дека почнал да “вие” како да плаче од тага и несакал со никој да се гале. Душле.;(се убив од плачење.Уште ми фали.:u:
    Сега имаат моите ново куче ама не е како претходното. Тука и зборувам на сите кучиња.:lol:
    Тука врнежливо само за под ќебе и паѓање во кома.:rofl:
     
    На WildMk, Dust, M&M и 18 други им се допаѓа ова.
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Родив ама второ, јебига. Првото девојче е, дека не го внесов машкото со сите салтанати наведени. :rofl: Среќа и свеки се опамети, па престана со "народот", иначе мислам дека сите можни контакти ќе ги прекинев. Да не зинам за црвени конци и метли под душек кога се родија децата, ќе се подмочаш. Секако дека НЕ ставив, направив или дозволив некој ху баба ху да им прави, јадните вчера го виделе прв пат светот, денес некој да им мафта метла пред нос од причини кои не сакам да ги знам :rofl:
     
    На do-re-mi, WildMk, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.