Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    135.849
    Пол:
    Женски
    Озбилно го прави. Клањање на кумот е задолжително по влегувањето во ресторанот. Јас се изнаслушав како господ ќе не казни што не се поклонивме. Ова со лебовите и главата се поретко е. Бар овде се поретко го гледам.
     
    На Annath, WildMk, Sexybaby86 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    148.608
    Пол:
    Женски
    Ги заспав сите и се частам со елефант и павлака дур чекам машина да доврти...

    Толку грд ми беше денот денес што буквално ми се плачеше за дома....како да ја променам оваа проклета осетливост кај мене ?!
    Се на душа си ставам и наклавам...ќе пукнам ,бе луѓе!


    За адетиве сум слушнала...а и се применуваат кој повеќе кој помалку...
    Со леб под мишка и мед ме пррчека и мене свекрва пред 15г...ама уште истата вечер во друг стан си заминавме..:P
    Во куќава се вративме по 6 год...си велам важи магијата уште..:D

    Многу ми е мило шо те читам чупче @nena2010 :)

    @JuLleE среќно..заслужуваш нов срќен почеток!
     
    На Annath, V.odolija, flower30 и 24 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Нејќеш да знаеш во мојата работна средина какви работи слушам постојано.
    Од медицински лица.
    :headbang:
     
    На Annath, WildMk, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    6.727
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz како исти родители да имаме :) Татко ми отсекогаш ми бил повеќе за муабет, за се... И мајка ми е супер, ама е паничар малку и тоа ме распаничува и мене
     
    На Annath, WildMk, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    273.657
    Пол:
    Женски
    @JuLleE со среќа новиот почеток и само убавини да споделуваш!
    @nena2010 и @Sky-butterfly мило ми е што ве читам!

    И навистина @stetoskop ,a и @Val-Dim ми фалат!

    Некои од адетите и јас применив,пр;седнав в скут машко дете(кај нас тоа се вика скутарче),ама родив само девојчиња.Мислам дека и леб ми дадоа ,а други адети не се сеќавам Свекрва ми е селска жена,ама не инсистираше не некои посебни адети.Повеќе кај мене иамше такви работи,преку столче зетот да помине,на врата да плати за невестата...Иак јас адетите не ги сваќам како нешто лошо,едноставно се тоа дел од традицијата...

    Расположениево ми е никакво.Мислев сум поцврста ,ама потклекнувам.
    Пуштете ми среќа за утре ќе ми треба!
     
    На Val-Dim, bittersweet, anaja1 и 29 други им се допаѓа ова.
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    148.608
    Пол:
    Женски
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Јас ич нејќам да играм ора во двор/на улица. На туѓи свадби не го правам тоа, на своја па никако.

    Почитувам традиции и обичаи што ми одговараат мене, при тоа не гледам со какво потекло се :)
    Не припаѓам на ниту една религија, ама Велигден ми е фејворит празник, кој не го славам како "христијанин" и го славам по свое, и Халоувин сакам, и бејби шауер - а од друга страна повојници не сакам и како "адет" не почитувам.
    Знам дека секаде различно е повојницата, во Скопје барем, после 40 дена се купуваат пижами, бањарки, чорапи итн. за бебето, се пакуваат во кутија со проѕирен капак и се носат, и така сите посебно на повојница.
    Мене ми е напорно толку гости засебно доаѓање, па затоа би практикувала бејби шауер со време, а не да ми се збираат стринки и тетки. Без оглед што мојава желба е нели, америчка, попрактична ми е.

    Како и ние, и америте имаат глупави традиции, а и нашето не значи дека е арно само зошто е наше.



    Свекрва ми (смеам ли да ја викам така, оти мур немаме?) најверојатно утре си оди од болница, среќа се' добро заврши.
    Посериозно беше од што мислевме, ама добра е сега.

    На работа малку ме повредија, зошто сум се грижела за неа.
    Настрана сите приказни како после свадба наеднаш свекрвите стануваат чудовишта, мене жената навистина ми значи, 10+ години малтене секој ден се гледаме, не можам лош збор да кажам, навистина ми беше тешко низ што се' не помина, како би можела да не се грижам за неа? Денес прв ден не појдов, ама ја слушнав, знам дека е добро.

    Дали не смее сега да ми биде блиска, затоа што со син и' не сме во фамозниот брак?

    Сфаќам правни работи, ама зошто луѓето дозволуваат да управуваат чувства со документи?
     
    Последна измена: 27 ноември 2018
    На senjorita-v, Dust, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.213
    Допаѓања:
    89.010
    Пол:
    Женски
    Мене па бејби шауер ми е ептен амерички ,ептен,тоа е кога носат подароци пред да се роди бебето?така?
    Не гледам ништо лошо во одење на повојница,јас многу сакам да купувам за повојница :l:,ко за мое бебе да купувам,со срце што би се рекло,а и ние ке бидеме тетки:makeup:
    На бејби шауер идната мајка е присутна,а на повојница не мора ,кај мене бабите чекаа гости/повојница одеднаш во кафана,од двете страни на два саата во кафана и готово.Никој дома не ми доаѓаше.
    Сега скоро бев и во Тетово ,таму ги викаат на мекици,исто собрани во еден ден ,однесовме подароци,торта и толку.
    @mareane
    :hug: се ке биде во ред,ке видиш.
     
    На Dust, Annath, V.odolija и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    135.849
    Пол:
    Женски
    Повојниците мене во денешно време не ми се глупави, најблиските само одат. Што секако ќе ти дојдат кога тогаш на кафе на гости. Само што сега прв пат го гледаат детето и поклон носат. Више никој не ни носи поклон. Се е пликце. Јас секаде плико носам. И не одам после 40дена веднаш. Минимум 3 месеци да поминат, освен ако не се блиски ептен и сами да инсистираат да се отиде порано. Баш минатата недела бев кај другар мој. Постојано одложував оти се некој беше болен,или јас или мм. Коа ми се запна другар ми дека ако секое кивнување го сметам за болест океј, значи никогаш нема да отидам. Видов - не видов, грабнав пликото и отидов. И не им се најавив дека одам на повојница им реков на кафе дали може да појдам, за да немаат обврска да ми прередуваат дочек.
    Океј не сакаш тетки стринки собирање, и ја не сакам. Ама па тргни од тоа дека зар тебе не ти е мило бебето на братучетка ти да го видиш? Епа и нејзе и е мило да го види твоето.
    Муабетот ми е дека не одат далечни роднини ко порано, туку тие најблиските.
    Бејби шауер-от ми е океј исто, ќе се види мама со другарки, ќе се поприкажат јер кој знае кога пак ќе седне со нив на раат. Од друга страна у такво стање зар му се организира на некој некое славје...
     
    На bittersweet, Dust, Annath и 22 други им се допаѓа ова.
  10. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.169
    Допаѓања:
    207.865
    Пол:
    Женски
    @mareane (fingers).Остарев и не ми е јасна потребата на луѓето да лажат,врзуваат,смислуваат сколободии,вреѓа тоа,те прави да се осеќаш будалетинка,а колку е убаво во очи да се кажи,па ако има потреба и решение ќе се најди,ама не бре,лаѓи и сплетки :@.Дали кажувате во очи дека сте свесни за лагата?Мислам дека ќе си кажам право и директно,затоа што еднаш беа опоменати,се надевам ќе имам ј,,,,а за тоа.@CameliaMiller правилно си постапила,мислам дека потписот не те ограничува за ништо што си направила,баш како треба си постапила:hug:
     
    На Dust, Annath, mareane и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Кај мене во речник повојница и одење на мекици се две сосема различни работи. На мекици се оди откако ќе се роди бебето, додека родилката е во болница. Најчесто се практикува нареден ден, пример денес е родено бебето, бабите нареден ден викаат жени на мекици. Откако мајката и бебето ке излезат од болница, најблиските роднини идат на видување, ама начесто недела-две, да се стабилизираат работите малку. Е веројатно повојница е одењето по 40 дена, тогаш одат и малку подалечни роднини. Вака напишано звучи ко строг протокол, ама навистина е згодно ваквото одење.
    До пред неколку години, жените одеа на мекици, а мажите во кафана. Кога ке се роди бебето, мажот ги собира блиските другари, кум, старосват во кафана, се опиваат до бесвест и кинат кошули и маици (сеуште не разбрав зошто :?:), а жените одат на мекици, дома кај бабите или кај едната баба, зависи колку се блиски и колку гости имаат. Денес, времињата модерни, па сите се собираат во кафана.

    Бејби шауер ми е ту мач амери стил, лично никад не би правела ваква забава. Тие што ми се блиски, секако ке сакаат да го видат бебето. Не гледам причина во 9ти месец да форсирам забави, кога за кратко ке имам нов член, и најблиските ке сакаат да го видат. Сега, ке му донесат алиштенца или пари пред да се роди, а откако ке се роди - така, со празни раце?

    Исто и Халоуин. Имаме 1ви април, чуму потребата од славење на сличен празник? Имаме и Коледе кога малите Коледари одат по куќи и земаат костени, овошје. Кога е за арно и убаво, нашиве празници ми се убави.

    Туку за ова за машко дете - скутарче ми ствара невидена нервоза. Демек ај да форсираме машко, женските помалку вредни, помалку битни се? :punch: :fubar: :@
     
    На bittersweet, LaSchtroumpfette, Dust и 26 други им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.782
    Допаѓања:
    150.754
    Пол:
    Женски
    Добро утро :)
    Уште не отворил никој дуќан :)
    Се тркалам накај работа, со тешко срце ама мора :D
    Чудни луѓе, а што ако ти е на пр некоја комшика па еве и некоја жена што работи во локален дуќан а со години сте си го имале муабетот и сте блиски, нема да се грижиш и нема да одиш? Ова само затоа што му е мајка на дечко ти и потенцијална свекрва демек будала си што ја мислиш |(. Кај нас знаеш како е сбекрвата по дифолт мора да не се сака па макар уште не земени, знам дека некој стварно си имаат мака со свекрви и со причина ама не е во секоја ситуација бре исто.
    Ме боли желудник по сабајле :doh:
    Ајде убав ден
    @mareane (fingers)
     
    На bittersweet, Mr. Right, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.729
    Допаѓања:
    116.592
    Пол:
    Женски
    Морнинг!! Ја вака накај работа
    некако ми одговара песнава со времето.
     
    На senjorita-v, Peco, doubleg и 14 други им се допаѓа ова.
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ако не беа повојниците ќе имаше жртви кај мене дома. Тогаш му викав на мм еве зошто си ги јадат животните децата, заради изолација. Ќере е родена во декември, еден гаден, загаден и врнежлив. Кај да ја шетам, кај да кршам глава. Безвезе зима беше, до пролет дома чмаевме. Јас баш и не сум некој "мама дома" тип, да не речам дека славев кога ми заврши породилното. Не дека не си ги сакам децата, ама си ја сакам бре и слободата. Отупев дома сама со бебе. Мама воли бебу, нани нани, бла бла. И така во зачаран круг, се додека еден ден не се разбудив како вукодлак, со 4 прста корен на коса, еден долг еден краток нокт и кругови од млеко и повраќаници на блузата, си размавав пар шамари да се свестам колку е саат и да одам да се уљудам. Не медаља, оскар на мм треба да му се додели што ја трпел три месеци таа "прелепотица" по дома, јас сама од себе се згнасив. Е кога почнаа да доаѓаат луѓе, ми се врати волја за живот. Се социјализирав од ново, добив желба да растам и дете, да бидам и сопруга а пред се', да си бидам своја за себе. Не зборувајте предвреме. ;)
     
    На Anarchy, JuLleE, Mr. Right и 29 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Наспана со ручек напраен да сработам нешто и да идам у чопинг ми е денес работа .
    Не поштуем туѓи традиции. бејби шауери хеловини и тенксгивинзи. Да живеам негде кај што е традиција тоа ок. Ама не живеам. Кај нас е мекици повојница и митровден . Нема што туѓо да славам. Јас па уживав на породилно. изолација максимална со сите нишани ко што вели елена. Се осетив дека затуцав и јас. друкше реагирав на работите и проблемите ми изгледаа огромни додека сега не е така. Ама искрено да можев уште ќе седев. Мене па ме исполнува тоа. ..
    Вие арни?
     
    На TeddyGrey, душленце, Mr. Right и 22 други им се допаѓа ова.
  16. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.455
    @M&M ако ти е од стрес земи витамин Бкомплех мене ме смирува така малку или психички е.
    Решив да пешачам и сега за сега ми е добро ок втори ден малку снег супер е2 степена.Кога ќе дојде под нулатааа ќе купам карта.
    Правев преглед на очно пред 1год и не носев наочари сега осетив дека требало да носам па деновиве ќе закажам термин на очно. Еден заб од ладното ме заболуба чат пар и треба и него да го проверам,а мразам на стоматолог одење.
    Имаме ученик од Индија го прашаа каква е зимата кај вас вика 25степена а лето, летото 34/40.Сакав да кажам дечко вие немате зима. Сакам да го прашам зошто кога зборуваат маваат со главата не знам дали добро објаснив.
    Убав ден на сите
     
    На Mr. Right, Peco, Dust и 17 други им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Нашите празници, адети ми се допаѓаат на мене. Забавни се, ко групни игри на пошироката фамилија или потесната :)) моменти коа коа стринки и тетки анимираш и правиш да се осеќаат ко да придонеле со нешто, ем продолжуваш традиција на мајки, баби, дедовци. Не е океј да човек се внесува премногу и да верува. А, вакви будалаштини има меѓу сите народи и дури и тие фенси-шменси луѓе ги тераат.
    Е, сега, магиите се друга тема :))
    Гутен морген. Без кафе и без какао сум утрово. Чувство дека некој ми буши во глава. Муабети за преселби, шетанции и празници у тек. :bug:
    |-)
     
    На JuLleE, душленце, Mr. Right и 22 други им се допаѓа ова.
  18. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    @JuLleE Среќен почеток во Скопјево добре дојде!!!
    Добро утро одамна не сум пишала.
    Како се ближи НГ.Некоја еуфорија се буди во мене,не дека нешто ќе се случи,или ќе одам незнам каде,вероватно дека сум декемвриско дете.Китењето елка секогаш ми претставувало задоволство,и сите тракаташки кога ќе ги наредам по собите, ми се полни душата.Секоја година ќе си поткупам по некој украс.
    Колку го мразам дождов,да носам чадори.
    Ајде останете ми со добро имајте убав ден.
     
    На Mr. Right, Peco, Dust и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.441
    Допаѓања:
    172.180
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Врне ли врне :rain:
    Убаво ми е на душичката . Нека потрае :l:

    Во план баница една да осукам .
    Ама ако дојде свекор огинот да ми запали . Се успавме утрово па маж немаше време . Лежам под ќебе и чекам тате :) да дојде 8)

    @JuLleE среќен почеток да имаш во Скопје-то :f: Одма се гледа дека ти прија . Браво :clap:

    Ај се читаме подоцна :f:
     
    На JuLleE, Mr. Right, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  20. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.204
    Допаѓања:
    84.260
    Пол:
    Женски
    Добар ден!!!
    Само сум ве читнала малку ама сега ќе ве исчитам на раат.
    Од обврски и трчање човек да неможе да седни ,а денес полабаво е и на работа но не се жалам камо секогаш да има.Вчера брат и снаа на гости ама убаво сме си поминале и салам поседивме денес сум на заболекар уште оваа пломба и ги средив забите.
    За тоа адетите има и кај нас уште што прават ама ми се безвезе исто како и дете до 40 дена да не го изнесуваш.Многу јасно дека нема во кафич да го носиш но ако е убаво време воздух да го фати.
    Од тоа адетите ништо не правев па и немаше некој да изрази желба за правење.
    Ајде убав ден да имаме користете топло уште два дена па ќе студи.
    @JuLleE Среќен почеток;)
     
    На bittersweet, JuLleE, Mr. Right и 22 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.