Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.030
    Пол:
    Женски
    Па ниски се,јас не би одела.
    Плус ме нервира што една плата даваат за дојденци,друга за нивни државјани,баш поради таа политика на вработувања преку нивните агенциите за привремени вработувања. Ми кажуваше еден инжењер ,му дале договор на 18 мес.после тој договор,му понудиле нов во друга сестринска фирма ама во друг дел на Германија.Е вика ако си сам е океј,ама ако си со семејство,е тешко.
    Јас не ни барав за мене,не сакам таму.
    Канада да речеме има куп огласи за илустратори за 7000 канадски долари месечна плата,ама појма немам дали е доволно,едно е плата друго се трошоци.
     
    На WildMk, SV1911, NarCis@ и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.442
    Допаѓања:
    172.232
    Пол:
    Женски
    Редно беше да ни дојдеш во темава :hai:

    Ама има "правило " овде . Кафенце да се свари. И нешто блачко .
    За мене може една крофна :mm:
     
    На WildMk, NarCis@, Heartagram и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.766
    Допаѓања:
    173.052
    Пол:
    Женски
    Платите за докторите не се точни ..да не речам не се возможни. "Зетко" од блиска другарка работеше како гинеколог во Германија а сега е во Австрија и тврдам дека платите не се овие горенаведените. Па дежурства па прекувремено..ехее

    За хигиеничарка, шанкерка...сериозно велите оти се малку?
    На такви позиции не одат 40год жени со фамилии, одат тие што се сами. Освен ако не е во таква криза за да го остави детето на мажот а таа да оди да печали.
    Платите пишани погоре се после одданочување..така да нема потреба да викате оти се малку ..
    Згора на се ретко кој оди во голем град, па да плаќа кирија 1000 евра. Претежно одат во помали места, кириите се 400-600 евра ..а неретко делат стан па и соба.
    Храната им е како во МК а некои работи дури и поевтини се.
    Облеката исто така ..
    Со тие плати како самец ќе ви остане месечно една добра натпросечна македонска плата.
    Ако работи и партнерот, 3500-4000 евра па и не се за потценување дури и за 1000 евра кирија..

    Прво одземи си го данокот па после сметај колку се..

    Доволно дали е..се зависи од животните навики и животниот стил
     
    На Skorpija25, WildMk, SV1911 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.737
    Допаѓања:
    322.973
    Нека се јави некој од ,,таму,, нека пише колку е средна кирија и средни сметки и цена на градинка за две деца.
    Па грубо еспот ќе го сториме.
     
    На WildMk, NarCis@, Alishan30 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.259
    Допаѓања:
    136.711
    Сеа че проверам на фб дали ја накитиле мојата елка. Арно ми текна.

    И со време да ви кажам, бан ќе јадам за мислењето у пораѓај, ако ме нема да знаете.
     
    На Skorpija25, NarCis@, WORRIED.BT и 8 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.098
    Државјанин на Шпанија, роден Шпанец, доктор на науки, 1200 евра плата.
    Државјанка на Бугарија, родум Македонка, докторка, 1500 плата.
    Барселона.
    Кирија 800 евра, во некој "гето" кварт, како што кажуваат.

    Знам дека им е тешко - и е, реално. И ваљда не ме лажат, блиска фамилија се.
     
    На WildMk, NarCis@, Alishan30 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.702
    Допаѓања:
    104.819
    Пол:
    Женски
    Па мислењето ти е сосема на место!
     
    На NarCis@, simona_baby, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Разликата од Мкд до странство е тоа што, во Мкд сите веќе имаат живеалиште, обично од родителите. На максимум 24 години веќе завршуваме со факс и сме спремни да почнеме со работа, факт е дека сеуште живееме во родителскиот дом.

    Кога одиме во странство, нови сме и немаме ништо. Станот е најскап.
    Еве во Лондон во 5та зона, стан со две спални, дневна, кујна и бања, со сметки, чини околу 1500 фунти. Ама во 2ра зона е 2000. Центар не ни сакам да гледам колку е.
    Јавен превоз месечно зависи кај ќе работиш. Ако е во центар работата ќе е 300 месечно за 2ца. Ако работиш близу некаде, можеш и со автобус, значи 160 за двајца.
    Храна, ако си готвиш дома и носиш на работа, месечно храна за сите нема да е повеќе од 300.
    Ако си мрзелив како малерозна, сам ќе трошиш барем 300 месечно само за храна на работа :rofl:
    Здравството е бесплатно, ако сакаш на приватно, поефтино ќе ти е во Мкд да појдеш и на приватно да се лечиш :?:
    Градинките не знам колку чинат, немам деца а во скоро време не ни можам да си дозволам да имам :shake:
    Нафтата е исто како кај нас, ама при златен јавен превоз зошто некој би земал кола?
    Значи, 1500+300+300, значи 2100 за стан превоз и храна. 100 за два телефона и нет дома, 2200.
    Ако сте и двајцата факултетски образовани, со супер англиски, една плата ќе ги покрива основните трошоци. Втората за луксуз ќе е.

    Ако живеете некаде надвор од Лондон, стан со сметки ќе е барем 500 помалку, значи 1100 максимум. Наместо јавен превоз, за кола ќе се тие 300. Другото нека е исто. 2000 за пристоен живот се повеќе од доволни.

    Ама како што кажав, во странство идеме ''со празен џеб'' за да го наполниме.
    Ако некој е храбар дома да продаде станот или куќата, со парите да уплати за куќа тука, ќе си живее кралски со тие приходи. Со депозит од 100 000 во Лондон се купува куќа.
    Ама секаде, секое почнување од нула е тешко. Многу тешко.
     
    На WildMk, SV1911, NarCis@ и 24 други им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.442
    Допаѓања:
    172.232
    Пол:
    Женски
    Ние 20 пати месечно седнуваме во кафанка . Некогаш ручаме ,некогаш вечераме ,некогаш само салатка , некогаш на нешто блачко и пивце /винце . Важно скоро секој ден сакаме да седнеме некаде . Имам израчунато ,околу 20.000 месечно ни одат за овие луксузи . Платата на мм ни е доволна. Зеленчук ,овошје ,месо и млеко не купуваме ,скоро се имаме домашно . Сметките ни ги плаќаат старите во знак на благодарност што ги "гледам" :)Во странство не верувам дека ќе можеме вака да си животареме ,па колку сака нека зима плата .
    Е добро ,ако го запотам и јас мојО г*з мош ќе може и таму . Ама сепак не верувам .
    Јас никако не би можела да се замислам да живеам во странство , далеку од моите ,од роднините и пријателите овде
     
    На Skorpija25, WildMk, NarCis@ и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.030
    Пол:
    Женски
    Секој си има приоритети,една што ја знам заминаа за Германија,маж и електричар,занаетчија и овде добра пара вадеше,заминаа,тој добро заработува,од јутра до сутра на работа,таа со завршен мак.јазик седи дома,зема додаток за децата и толку,јазик знае колку да се разбере,не работи.Незнам што да кажам, се е до приоритетите и до желбата за личен развој и сл.Јас странство земам во обзир само со добра работа,не со црнчење или вртење плескавици што рече Цка.Тоа е печалба ,не кариера,за второ се оди,за првово на крај се жали.
     
    На WildMk, NarCis@, Alishan30 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Hello :hai:

    Од минатиот викенд се мислам на елката да ја китиме, имавме некои обврски, ништо не стигнавме. Се надевам викендов ќе успееме :) Не е голема, 130цм (мислам :angel:), ама здравје следната Нова година поголема ќе може. Во многу поголем простор :) Ќе ја сликам ако не заборавам :D

    Платите мислам дека се отприлика толку. Со оглед на тоа дека овде се за одреден процент повисоки, логично е во Германија да се толку. Мислам дека со тие плати не само преживуваат, туку може и да заштедат нешто-доколку и двајцата партнери работат и трошат нормално, без премногу ститскање и без непотребни трошоци. За добар живот имаат. За разлика од Германија, овде храната е драматично поскапа, така да поголеми се трошоците од старт. Облеката горе-долу исто.....еден куп германци се доселуваат овде, која им е пресметката не ми е јасно :|

    Овде кириите се околу 1000/1500/2000 евра, многу зависи колкав е станот и каде се наоѓа. Помладите кои не се во озбилни врски и живеат сами, делат кирија со други, па многу поевтино им доаѓа. Месечна карта за јавен превоз е 90 евра, студентските се 55 евра. Ние за храна како 3-члено семејство трошиме некаде 800 евра. За ручек на работа често спремаме и носиме од дома, ама се случува и надвор да јадеме. На тоа сигурно ни одат уште по 100 евра на двајцата. Градинката за малиот е нешто повеќе од 100 евра за нас со нашите приходи. За бензин не трошиме многу, мислам дека 50-60 евра отприлика доаѓа за гориво. Ама кола палиме евентуално за викенд, се случува и да промашиме викенд да не отидеме некаде со кола, па да биде уште помал трошокот за бензин. За мојата претплата на телефон само плаќаме, додека одев на часови фатив студентска понуда и плаќам 10 евра :D мм има службен уште oд првиот ден, му плаќа предузеЌе. Е сега, секој месец излегуваат разни трошоци, па секогаш оди уште по некоја стотка.
    Мислам дека во овие 4 и пол години ниту еднаш не се случило да останеме на нула со платата. Секогаш, буквално секогаш останува. Така беше и додека само супруг работеше, за сега од кога и јас работам нема потреба да се кажува. Трошиме нормално. Не си ускратуваме задоволства, ама не трошиме за без врска и непотребно.
    Ние не дојдовме со 0 на сметка, имавме одредена сума па продолживме на неа да додаваме. Не донесовме многу пари, за овде тоа беше безначајна сума :) Ама искрено, секојдневно ми се докажува дека не сме можеле да донесеме подобра одлука. Македонија не ми фали, ми фалат моите најблиски, тоа е јасно. Ама среќа има авиони па се гледаме :) Такви притисоци и гушења како таму, не фала, ги имав доволно за 3 животи. Овде дишеме :) и буквално и преносно. А тоа со ништо не се плаќа, а чини сето богатство на светов.

    @Bubce38 , со 20 пати седнување во кафанка ни две плати не те спашаваат :D Една порција е минимум 15 евра, плус пијачка.....па пресметај како би дошло :D
     
    Последна измена: 28 ноември 2018
    На Skorpija25, WildMk, SV1911 и 29 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.737
    Допаѓања:
    322.973
    Ама работава не е да се отселам таму и да црнчам, бел ден да не видам.
    Човек си.
    Сакаш и да прошеташ и да видиш каде си, и да седнеш на ручек, и да си купиш да се дотераш, козметичар, фризер исто, деца сигурно си бараат свое.

    Спремна сум на штедење, ама ако заштедам 100 евра и ако за цела година соберам 1200 а со нив неможам ни одмор да истерам, тогаш и тука така се може:D...бар до мамИ ќе си бидам:D.

    Реков дека ќе работам, не дека не, ама само РЕКОВ.
    Добро, малку сработив, ама осетив потреба да не ја купам црната блузичка и затоа вака сум распишана:lol:

    Не бидува ништо денес од печалење, ама пак затоа за трошење ме бива да си и*ам векот:lol:
    Дарба е тоа.
    И кафе во Циту Малл ќе си пивнам и ќе си купам друго нешто, еве црната блуза не ја заслужив:tmi:
     
    На Skorpija25, WildMk, Sexybaby86 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.030
    Пол:
    Женски
    Добро 15 еура порција на колку плата просечна ?
    Па и не е многу.:^)
    Односно ако сфатив добро ,за трошоци ,кирија,сметки за семејство оди една Шведска плата,па и повеќе.?
     
    На WildMk, NarCis@, Alishan30 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @referentka , за 100 евра месечно ни ние немаше да помислиме на доаѓање :) И сосе козметичарот и фризерот остануваат многу повеќе од 100 евра :nod: Зборам од мое искуство, во туѓ џеб не се мешам.

    @Cosmi , просечна плата е 2200 евра нето. За неколку пати месечно е ок, ама за 20-тина пати секој месец не е малку :)
     
    На WildMk, NarCis@, Mr. Right и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.442
    Допаѓања:
    172.232
    Пол:
    Женски
    Во една Грција за скромна софра плаќаме некои 60 евра . Овде истото го плаќаме не повеќе од 20.
    Можам да замислам у Данска или Англија пр колку ќе не коштаат .
    Многу ме интересира @malerozna да ми каже грубо колку би платиле за :
    - пет уза ( или некој локален жесток пијалок ако немаат узо )
    - две пива
    - флаша кисела вода
    - Цезар салата
    - шопска салата
    - 2 порции свински ребра ( или увијачи )
    - помфрит
     
    На NarCis@, LejlaD, Sesil и 5 други им се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.755
    Допаѓања:
    145.216
    Хај!:hai:

    Бебето заспа. Јас се оптегнав до него. Толку кратко спие што за тоа време не се ни обидувам да средам нешто освен блендерот, оф корс.:D

    Тотално исто се осеќам како @Sexybaby86 за седењето дома. Наречете ме лоша мајка ама со душа чекам да почнам да се мешам со народ. Макар управувала криви дрини. Очајно ми треба социлизација. Мислам дека дома со таа една иста рутина секој ден сум по уморна отколку да одам на работа и да менувам средина.
    Навистина мислев и планирав да седам дома бар до 2 полни на малото, ама тешко дека ќе изджам.
    Ете си се пожалив. :whew:

    Јас мислев дека сум дифтар ама читајќи ве вас, не сум била до толку. :D
    Од прва постава јас сум ,,дотка,, . Се дружиме , ги советувам и учам. И состави пишувам.:D Малата пд тетка ми луда е за бебето. Барем два пати неделно доаѓа да го игра. Колку многу го занимава, смислува игри, мерак да ти биде да ги гледаш.
    Во принцип ние сме блиска фамилика, а многу сме, не сме малку. Нема ѕрнкања секој ден, штанцање пораки и слично. Ама за добро и лошо, секогаш сме тука.
    За повојница ми беа најблиските и пак сме многу. Ама немаше некој далечен кој дошол ради реда. Тие кои се чувствуваа како такви имаа донесено ,,поголем,, подарок на мекиците.
    Јас не можам да замислам тетка ми да не дојде да го видо малото кога она практично нас не израсна. Баш ми е криво што нема да можат да си дојдат за роденденот на мали. Ќе ми фалат многу.

    Само едни непожелни гости упорни ни се најавуваат, а никако да дојдат. Нема ни потреба. Бебето годинка ќе прави, они на бебе ќе дошле.(facepalm)
    @Dust убава е елката ама кај нас во Хоум Идеа беа поубави. И бојата, а и гранките како на борче. Многу погусти. Пред некој ден гледав од 2.10 ама маж ми ме пресомислува оти годинава е ризично да имаме елка. И во право е. :D

    @Viktorijaaa5 Да го наполните домот со многу љубов и куп дечиња!:hug:


    А зошто мислите дека во странство само ,,црнчат,, и никаде не шетат?
    Јас од тоа што гледам далеку по прошетани се од нас.
    @green.eyes мило ми е што си тука.:hug:
     
    На Skorpija25, WildMk, SV1911 и 25 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.678
    Допаѓања:
    202.267
    Пол:
    Женски
    Не е лесно во странство, ама мислам дека ако сака човек да работи и ако го бива, може да успее.
    Од овде би избегала оти сме несредена држава, со загаден воздух и селективна примена на закони, поради лошото здравство и образование. Шетање, фризери, кафиња, мафиња, шопинзи многу немам ни тука, во странство не дека ќе ми фалат. И тука рмбам по цел ден за мизерна плата, во денот минимум 10 саати сум надвор од дома. Па каде ми се исплати повеќе? Ама тоа е, што е, засега. За понатака не знам.

    @Cka многу убаво си кажа во темата, оти да те банираат? Јас ич не сфаќам како до фризура и шминка им е дојдено. Најбитно ми беше да биде се во ред со бебето и со мене, и одвај чекав дома да одам. А како изгледав, ич не ми беше гајле.
     
    На Skorpija25, WildMk, TeddyGrey и 23 други им се допаѓа ова.
  18. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Пијачките се просек по 5 фунти, ама 0.25мл. Значи 35 за узо и пиво.
    Водата 3 фунти барем.
    Цезар салата 8 фунти
    Ребарца по околу 12
    Помфрит 5

    Околу 80 фунти со сервис чарџ :D

    @referentka продај станот и елајте со 80 бона кеш. Во Бирмингем има стан со 2 спални за тие пари, одма твој ќе е.
    Сметките се 300 максимум за станот интернет и најнови телефони 120 месечно, храна 500че, за кола 300, облека и шетање кафанки 1000че месечно, со платата од 2200 покриено за сите луксузи, твојата плата од 2200 чисти на сметка.
    26000 заштедени во годината.
    ;)
     
    Последна измена: 28 ноември 2018
    На elena.mak, WildMk, wannaBeMomma и 19 други им се допаѓа ова.
  19. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.793
    Допаѓања:
    94.236
    Пол:
    Женски
    Пак ли странство:smirk:
    Нз дали да почнам со цифри,тиха језа ке ве фати,безобразно скапа е земјава,но и стандардот е добар,да не мрчам.
    Просечна плата е околу 3500-4000 евра,стан ние плаќаме околу 2000,зборам за 3,5 собен 80м2,сосе паркинг и сметки,плус здравство,животно о. лизинг,телефони,гориво,месечна карта за мене,данок и +\- некоја смета иде секој месец,околу 4000 грубо ни се с-ки.
    М.м работи 100% плус прави доста прекувремени,а јас 50%,значи една ипол плата ,со тоа што неговата е солидна,па и мојата не е лоша ко што сум без тукашно школо.
    Храната е доста скапа,но се навикнав,месечно ни одат околу 800 е на маркет,плус 3-4 пати ручаме надвор кога е убаво времето,
    Јас имам оброк на раб,а м.м некогаш носи,некогаш купува.
    Цигарите се исто скапи,8 евра,м.м пуши кутија дневно,јас една неделно.
    Кога се вселивме во станов дур го опремивме отидоа доста пари,сега е полесно и заштедуваме одредена сума секој месец.Јас сум скромна,ама м.м си троши,навикнат е на убава кола,облека...
    Бебе е луксуз тука,до 4 год се само приватни градинки,со по некои субвенции од градот,кај мене конкретно,месечно е 2500е.
    Над 4 год,формалното образование е целосно бесплатно.
    Секое дете до 18 год добива околу 200 фр месечно од државата,и плус на плата има толку секој родител,по дете.
    Тоа е тоа,низ призма на пари е исплатливо,јас лично се осеќам растеретено.
    Споредби со Мк ми се бесмислени,оти друга е динамиката на живот,овде не е репер за квалитет да седиш на кафе или ручек со саати,кај нас тоа е врвот.

    Имам уште за пишување ама цел роман ке излезе:D
     
    На Skorpija25, WildMk, TeddyGrey и 25 други им се допаѓа ова.
  20. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Хелп девојки и момци.
    Ај да ви се убацам во муабетот. Каде да нарачам мини хамбургерчиња? За во игротека ми требаат.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.