Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.102
    Мислам дека Бургер Френдс имаат, а добра варијанта ти се и мини сендвичињата од Силбо :)
     
    На NarCis@, EuHenIa, Mr. Right и 5 други им се допаѓа ова.
  2. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.785
    Допаѓања:
    150.810
    Пол:
    Женски
    Читавте за таа што ја фатиле со 13 штеки цигари и 62л ракија, епа како нема да шверца бе за овие пари :D
    Ја цитирав и @WildMk за цената на елката ама ми се избришал цитатот, нејсе муабетот ми беше дека е ништо во споредба со таа јас што ја купив пред некои 8г. Немавме елка и тргаме со мм да бараме, очекував нешто накај 1-2000 да најдеме, одиме у гтц доле во подрум имаше едно кинеако продавниче. Гледаме елки некоја средна големина верувале или не некои 300ден беше, ај си викаме една зима и ќе јанфрлиме. Ене ја уште трае и топ е, тамам густина не многу тешка за местење и не се има изронето воопшто. Значи не сум толку егеец ама така ни се погоди :), за лампиони 3 пати повеќе потрошивме.
    Сакам да видам што пишала @Cka што ја бришеле, некогаш сум ептен сеирџија :D:tmi:
    Ај нека ми е среќен пат со автобус си одам дома
     
    На Skorpija25, WildMk, SV1911 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Што пие кафана? :dance:
    0df8f9a4c4d76d1b48dcf2cf73f2c93e1d285c95.jpg
    Имам за славење :dance:
     
    На elena.mak, Skorpija25, WildMk и 22 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    од ск беше така?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.793
    Допаѓања:
    94.236
    Пол:
    Женски
    @M&M среќен пат до дома со автобус:lol:
    Кај ја фатиле таа?Овде на граница.Ај цигарите,ама 60л ракија:drunk:
    Леле мајче моја талент,вчера ми вика -Леле сине мама маслинки че ти испрате(брат ми нели ке идат)
    Викам како бе мамо маслинки,виде дека има и овде,секакви:worried:
    -Аааа не,вакви немаше,сите маркети ги прошетав со татко ти,вакви “меснати” немаше:x

    Неќам ни да замислам како би изгледал куфер со арома на солило од маслинки:D

    @kravce жими се,денес те помислив дека те нема:).Арно не вика маж ми,секта8)
    За убаво нека е:f:
     
    Последна измена: 28 ноември 2018
    На Skorpija25, WildMk, SV1911 и 26 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.033
    Пол:
    Женски
    A што е неубавото во живеење во странство.
    Што е минусот?

    За Германија и Шведска читам доста по хрватскиве медиуми,во поголемите градови имаат проблем со овие мигрантиве што ги населија:x
    Шведска е на второ место во светот по број на силувања,кој во континуитет расте.
    Мене овие работи ми се доста битни.Стокхолм е рекордер по ова што имам читано,не би пуштила 16 год.керка навечер на излегување ,искрено.

    Низ призма на пари секако е исплатливо,но животот не го прават само парите,тоа ни е јасно.
    Друго,што ми е голема енигма, е враќањето назад во пензионерски денови.:^)
    Имам роднина која порасна тука сама со баба и дедо,нејзините цел живот на работа во Германија,и сега како пензионери се вратија:| таа мажена со свое семејство.
    Сега веке е џабе вракањето.Рестарт во животот нема..
     
    На Skorpija25, SV1911, Sexybaby86 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Имам другар со мк пасош ит професија, во Германија зема 4000евра плата.
    Се зависи каде живееш и како сакаш да живееш. Кога ќе прочитам дека тие таму само рмбале ден бел не виделе, ми се ежи кожа зашто знам кај све не отидоа по светов на одмори, а ние до Грчка у ефтина сезона уплаќаме. Не е за потсмев, убава е Грчка, ама и Виетнам е убаво да се посети некогаш :) Брат ми двособен стан со сметки го плаќа помалку од 600евра, на пола со девојка. Цената на храната е како овде, ако не и поефтино. Во ресторан да јадеш е поскапо, ама па и Скопје не е ефтино да јадеш во ресторан од тој стандард. Реално колку од нас може да си дозволат често да вечераат во ресторан во МК? И најбитното, здравството. Да не разглабам детали, ама како функционира и апаратура и третмани и опции и лекови и доктори...и се тоа бесплатно.
    Друго, пратете ме да поживеам таму да испитам па ќе раскажувам :D
    Ги добив резултатите од биопсија, добри се. Не знаете колку сум среќна. Да бевме сега заедно сите ќе ве изгушкав!
     
    На elena.mak, Skorpija25, Rebecca_R и 32 други им се допаѓа ова.
  8. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.181
    Допаѓања:
    207.980
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене.Ми падна камен од срце,денес прв преглед после операцијата и се е во најдобар ред :whew:,малку душа да ослободам оти престегната ми беше.Ве читам за елка и сеуште сум на два ума дали да ја ќитам или не,преклани ја накитив,ланска година не,декорации и слично само,и пак беше празнично.Вака со елката само прашина што ми бери,генералка пред редење,генералка по редење,мачно е,а и деца големи,еден не тука,другиов и тој веќе голем,се си велам да ја чувам внуци кога ќе имам:D.
     
    На Skorpija25, Rebecca_R, WildMk и 24 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене.
    Помина денов.
    Измрзнав.
    Сабота ќе китиме по дома и едвај чекам за да си го кренам расположението пак пошто и спласна деновиве.
    Ќе правам компир манџа со пушено месо за утре а за задутре грашок со пушено.
    вие арни?
     
    На Skorpija25, Rebecca_R, SV1911 и 18 други им се допаѓа ова.
  10. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.181
    Допаѓања:
    207.980
    Пол:
    Женски
    @Bubce38 не кажа дали ја натокми рибјата чорба :*.За странство пак сте муабетеле,прва сум да ја киднам,ама некој ми ги мрси конците,и тоа без да ме праша донесуваат решенија,ќе видиме и ќе се прашаме.Туку детево преку барата го мислам,имаат невреме големо,поплави,кај нив во двор водопади цели,се е под вода,а малку,тро повеќе и на долниот спрат им влезе:worried:.Мината недела дворот го светнаа,да ти е милина да го гледаш,и подома генералка,дека во ново преселени мерак им е,сега се јок,не знаат од каде да почнат со чистење,а и сеуште врни,таму ми е умот,ех да можев да ја летнам,ама визи и триста чуда не ти даваат да мрдниш,се мачи,и тешко ми е што не можам ни со прст да му помогнам:(
     
    На Skorpija25, WildMk, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.785
    Допаѓања:
    150.810
    Пол:
    Женски
    Наводно на аеродром требала да лета за Шведска :)
    Искрено многу им се чудам на некои луѓе што ги знам, да се разбереме не им се мешам во буџет кој како сака нека живее и троши, ама ми е чудно како успеваат со средна категорија примања да се секој втор ден по кафани, не да кошта тоа туку премногу, и тоа зборам за луѓе со семејство со деца. За држава со ваков стандард бааѓи се оди по кафани.
    Пијам кафе и се мислам да збрчам една томато супа за утре.
     
    На WildMk, SV1911, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.039
    Допаѓања:
    135.935
    Пол:
    Женски
    Од Гари доле во ГТЦ шо е? Мислам уште постои. И мојата е од таму, 350ден - 150цм. Од мерак. Сеа не е ко Колорадо густа ама со куп лампиони ко шо е накинџурена ехеее не се ни гледа празнина :D
    Првата година од брак ја купивме тaa, кој ја види ни порача. Замина маж на пат за ск и се надига елки, дома бесен се врати за да не извиси никој, едната елка колегите во скут ја држеле :D

    Јас многу се живцирам коа некој ми споредува кафе или салата како мерило за животен стандард. Шо фајде дека ќе пијам кафе у елитен ресторан сред центар коа нема брза помош да ми пратат ако ми се крене притисок до бескрај или припаднам таму.
    Шо фајде ако секој ден шетам дете некаде коа детето отров дише.
    Шо дека ќе го стокмам ко кукла за на школо коа од таму ни азбуката нема да го научат да ја ,,пее''

    Koj сака повеќе пари и тука работи прекувремено. Еве сопругот го глеам 2 саата максимум дневно. Дома јаде и се прсоблекува само, остатокот од времето коа е дома спие. Зборете ми за црнчење по странство за да се допре до повеќе пари.
     
    На Skorpija25, WildMk, SV1911 и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    Ќе биде и кафенцето и блачкото и две крофни за тебе :) а у меѓувреме благодарам на топлиот пречек.
     
    На WildMk, Annath и Milobebence им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.766
    Допаѓања:
    173.052
    Пол:
    Женски
    Што е поразлично во Барселона со 800 евра кирија на 1500 евра плата од Македонија со 500-600 евра и 300 евра рата за кредит?:^)
    Да не зборам дека Шпанија е лоша со плати, ако некој се сели за печалба се сели по скандинавија, Германија, Австрија... не оди во Италија или Шпанија. Таму се оди за животниот стил кој го негуваат, не за станување милионери...
    ------------------


    Логично е ако сакаш кариера да ствараш, да одиш кај што ќе те ценат и платат. Ако сакаш да смениш животен стил одиш на друга страна..


    Треба да се разграничи печалба со градење на кариера. Ајде реални да бидеме, каква кариера ќе гради еден административец од Македонија? За кариера ти треба и професија, доктор, новинар, финансов/маркетинг или некој друг менаџер, графички дизајнер, моден дизајнер, арт директор, готвач итн итн итн..

    За каква кариера збориме ако работиш како касиерка, агент во кол центар, благајник итн? Ќе станеш шеф на касиерите? Јака кариера.
    Не сите во животецов имаат кариера, ниту се борат за неа. Јас немам кариера. Се борам за пари, за утре кога ќе се дотепам да можам да лежам 3 месеци во Систина и да не ми чуе. А не да се тресам дали имам да платам 1500 евра за операција на слепо црево или некој стент што не сакаат државно да ти го стават затоа што си бил многу стар, што ќе ти е да живееш..
    Како и да се свртиме, работиме за пари. Дали ќе работам како шанкерка на брод или по скандинавија за 2500 евра или ќе работам по струка за 1500 евра ич не се замарам. Кариера во МК секако не можеш да изградиш со моето образование. Да не станам министерКа за внатрешни случајно? Или некој хедхантер што ќе го брка Гвујо за пари? Сигурно нема..
    Се додека можам да работам и заработам доволно за мојот бизнис да го развијам до степен да ако легнам дома и не мрднам со прст можам да исплатам се, па и друг да работи за мене - нема да застанам.
    Утре (на 50+год де:D )ако ми се сака ќе легнам на лежалка и друг ќе работи за мене, а јас ќе го платам.. Е додека не стигнам до таму, ако треба и шанкерка ќе се сторам..
    Толку на тема странство.
    Прилично густа е и оваа, има темно зелена боја како елките. Скоро речи и да не се гледа низ неа:D
    Прво видов едни со снег на нив, не оние со бели врвови туку ептен како натоварени со снег..кога ми текна колку бело ќе падне од нив, одма се откажав:D
    20181128_181844.jpg


    П.С... уште не можам да си дозволам 20000 месечно за кафана:D ок летоска поради сплет на околности и повеќе отидоа ама тоа е.. не е секој месец. А богами и не можам секој ден во кафана па колку сака нека е практично..
    Ете тоа ќе ми биде мерило од сеа па натаму:lol:
     
    Последна измена: 28 ноември 2018
    На NarCis@, WildMk, SV1911 и 23 други им се допаѓа ова.
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.785
    Допаѓања:
    150.810
    Пол:
    Женски
    Да од таму беше, добро не сум била единствена :) , ама топ е нели :)
     
    На NarCis@, WildMk, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.407
    Допаѓања:
    174.945
    Пол:
    Машки
    Ме потсети на ова видео :rofl::rofl::rofl:

     
    На NarCis@, WildMk, SV1911 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Го читнав листот на @Cka за во германија.
    Маж ми зема скоро па дупло овде од наведената струка односно работа прикажана на листот.
    Плус за фамилија плус 13 и 14та плата.
    Кирија плаќаме 350.
    Дали се исплаќа?
    И тоа како.

    Но, имало времиња кога не се исплаќало.
    Се зависи до среќата, снаодливоста.
    Во странство можеш да правиш многу пари ама можеш и да си статус кво. Тоа за тоа.

    Дискутабилно е.
     
    На NarCis@, Skorpija25, WildMk и 21 други им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.039
    Допаѓања:
    135.935
    Пол:
    Женски
    за таа цена 5ка е
    Screenshot_16.jpg
    Сакам голема од 2.10 ама засега помала мора ради просторот.
     
    На NarCis@, Skorpija25, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.033
    Пол:
    Женски
    Ете секоја приказна од животот во странство е различна.
    Многу од луѓево зборат у Италија мали платите,кај вас дупло од Германија,секој со своја среќа.
    Да работиш и ти би ви било ептен исплатливо.
     
    На NarCis@, WildMk, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Здраво женски
    Прелетав само низ странициве,многу теми сте свртеле.
    И јас имам елка како на Даст.
    И многу е накитена,ама па елка е,не ја личи гола.Пред некој година ја купивме и навикната сум за монтирањето,а последниве години децата ја китат и ја местат.Многу е густа и висока,преку 2 метри.
    Мене ми е многу рано за китење,таму некаде после 10-ти декември планирам.

    Јас имам доста луѓе во Немачка.Можам да кажам дека професии во кои е многу инвестирано,се доста платени,премногу за наши услови.Доктори,фармацевти,машински,електро и градежни инженери,се супер платени.Исто и од ИТ секторот.
    Тоа се доста перспективни професии и кај нас,платите се едни од повисоките.Една од овие професии е моментално платена околу 8000 е.Стручност е стручност,некои земји ги препознаа и ни ги собраа најдобрите кадри.

    Е сега,има и такви кои се отидени за да заработат,купат кола,по можност БМВ и да ја прошетаат во село.И кога ќе дојдат да кажуваат колку ја сакаат Македонија и како е во белиот свет,зашто нели ние не знаеме.

    Јас се разболувам,бронхит у најава.Утре знам што ќе ми кажат на лекар ако отидам.Ме плаши само што осеќам грчеви во градите и грбот.А само што се вратив од вежбање,уште тоа ми фалеше.За да си ги вратам изгубените калории,лапнав неколку кифли,толпли се уште.
    Ништо немам да кажам периодов.Сакам за Нова Година да уплатам некаде на планина,по можност Србија,ама децава не сакаат,а не ми се оставаат сами за најлудата вечер,во најлуди години се сега.Посебно па таа вечер кога се собираат до ситни саати и се осеќаат големи.
    Викам периодов да фаќаат книга.Реченица која секој ден ја употребувам е:,,Ене го кај е полугодието,уште еден месец и распуст,фаќај книгата’’.

    Ај да видам што има ново на форумов,во последно време ве читам во кола насабајле додека патувам 2 км за 40 мин,т.е.повеќе седам во кола отколку што возам.
     
    На NarCis@, WildMk, SV1911 и 27 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.