Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.980
    Допаѓања:
    273.767
    Пол:
    Женски
    Значи врти сучи и овде и таму ако немаш некаква основа и помош или станбено нешто наследено нема многу да постигнеш освен ако не си во некој ептен платен сектор.
    Инаку овде не само што не ми останува нешто туку секој месец сум само во поголем минус и минус...
    Па македончето е познато дека кубурот го чува за лоши денови...
     
    На NarCis@, kuc, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.034
    Пол:
    Женски
    Има знам ,имам школска која на 40 сега го женеше синот од 21 год,чекаат бебе.Јас мудро си молчам,незнам што може да не снајде.
    40 се години кога можеш да станеш и мајка и баба.:whew:
     
    На NarCis@, SV1911, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.331
    Реално да збориме се претерува кога се зборува за странство. Од крајност во крајност. Од леле тука мед тече од чешма до сто души у 20 квадрати загреота се, ринтаат.
    И стандард муабетите - мене тука ме засакаа газдите/менаџерот/директорот и сега добро ми е или јас да одам таму пари ќе тепам, ама нејќам.
    Секој со својата среќа.
    Само еден е фактот - ИТ се оние кои владеат со пазарот на труд, се останато е црнчење.
    Зошто? Зошто имаат избор и слобода те слобода во изборот. Можат да живеат и тука и да им биде одлично. У странство поодлично.
    Имам еден таков по дома. И да, животот му е луна парк.
    Имаат бенефиции еден куп. Пример фамилијарно лечење во систина и хоспитализација и породување на жената, нетфликс картички, теретана, попусти, обуки, семинари...
    Сите останати како да кажам џабе веземе. Нема професија која ИТ може да ја надмине во моментов. Дури ни докторите зошто нивното бара екстра голем напор и уште поголема одговорност.

    Тоа е.
    Ненадминливи се во моментов. Се останато е црнчење дури и да е професија од љубов.

    Не се трудам да им влезам во секторот, но учествувам во развој на софтвер во мојата професија во моментов и можам само да им завидувам за сериозната ноншалантност, никаков стрес, а работа со ефект, отвореност, ама и другарување покрај работење.

    Дали тука или странство, само ова проаѓа под идеално. Се останато... кому како.
     
    На mila89, NarCis@, Sky-butterfly и 18 други им се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.785
    Допаѓања:
    150.811
    Пол:
    Женски
    Едни пријатели на моите на свадба од синот си држеа и бебче во рака, нивно не внуче :)
    Кој ми е крив што касно раѓав :)
    @Peco немој бе вака :(
     
    На NarCis@, mal.ecka, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @malerozna мене ме интересира колкава е каматата за станбен кредит, ако можеш да ѕирнеш по банките информативно :)
    Да ви кажам една особа постојано истото ми го прави и се прашувам постојано зашто уште ја држам во потесен круг и се осеќам како права будала. А сакам да правам убави работи за неа, да ја правам среќна и се што сакаш да му напраиш на твој човек, ама со некои постапки како да ми сере на вниманието, со извинување на речник. Имате ли некој што стално ве повредува, ама не можете да се откажете од него? Дајте дијагноза упм
     
    На NarCis@, kuc, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.034
    Пол:
    Женски
    Ит овде се меѓу 1500-2000 може и повеке.
    Но Лилит дека им е работата без стрес,не е баш така,плус ит сектор без постојана надградба и учење е џабе,многу труд уложуваат во постојано учење.
    Еден што го знам фриленсер работеше за америчка фирма,сега плус и работи и на постојано работно место како софтвер инжењер ,пун е ко брод ама нон стоп учи,ден и ноќ.
    И нема секој кликер за таа професија.Мене не ми фака паметот во таа професија.
     
    На NarCis@, WildMk, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.407
    Допаѓања:
    174.945
    Пол:
    Машки
    Извини

    Дајте ми и мене дијагноза.
     
    На NarCis@, kuc, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Ринтаат и живеат по 4ца во соба, точно е. Ама месечно заработува над 2200 со ринтање, а сметки ни 700. Знае зошто ринта. Оти за 3 месеци дома ќе однесе 5000 евра.
    И после баш ќе му е гајле дали 3 месеци не живеел кога 9 месеци ќе живее дома.

    Да не зборам за градежници, мајстори, ако знае да си најде сам работа. На другарка маж почнал со 1200 пред 5 години, сега зема 3500.

    Факт е дека во странство се заработуваат пари, ама и се трошат. Ако не те подучи некој како, ќе ти бегаат парите. Сега со интернетот е полесно де. И лесно работа се наоѓа. Ако сакаш да работиш, секако


    @kravce за ќотек си и ти ко мене. Тоа ти е дијагнозата.
    И јас имам понекои личности со кои уште комуницирам, иако ми креваат притисок понекогаш. Ама ќе видиме уште колку ќе потрпам.

    За кредит
    Www.zoopla.co.uk
    На секоја сума, во зависност од депозит, имаш пресметано рата месечно со сметки.

    На пример,
    Куќа од 550 000 фунти, со 10% депозит или 55 000,земаш кредит на 25 години и рата од 1980 фунти месечно.
    Сметките се околу 300 и кусур за куќа, вода, струја итн.
     
    На NarCis@, SV1911, vitamina и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.331
    Не си ме сфатила дека не констатирам туку кажувам од што до што се коментира, те двете крајности на македонштината. Кажав дека се претерува. И ринтачите некогаш тврдат дека им е супер, а душа им плаче и на оние што им е супер глумат бесни глисти како им е тешко и сите можни смерови на ширење приказни, но секогаш е засебно и посебно уникатно искуство на себеснаоѓање. Не можеме да базираме констатација на генерална состпјба од сублимат на изолирани и одделени случаи па згора и во различни средини и професии .Но ајде нека ти.
    Она што констатирав е дека само едно е сигурно, кој како, само за ит е сигурнп дека секаде им е супер, се останато е релативно.
    А ако веќе се коментира има такви што 5000 заработуваат во еден месец.
     
    Последна измена: 28 ноември 2018
    На NarCis@, CameliaMiller, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.793
    Допаѓања:
    94.236
    Пол:
    Женски
    @malerozna а што е со данокот на имот?
    Овде купениот имот е под вечна хипотека,оти годишниот данок е 33%,што е премногу.Знае да држи конци државава.

    Во право е Лилит за ИТ сектор.Другарка ми зима 1500 е,QA и е позицијата мислам,и често и нудат работа од ЕУ ама со Мк пасошот трт-тешко е да и средат работна виза и престој.
    Се повеќе и повеќе студенти се запишуваат на електро,си мислам дека во догледно време ке се презасити и тој пазар.
    Некој мора и да црнчи,шо праиме ако седат во фотеља сите.
    За физичките работници не е страшно,таквите се иселувале од секогаш,ама такнаречениот “brain-drain“ што и се случува на Мк,ич не е на арно.
     
    На NarCis@, WildMk, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Секој различно си раскажува за своите примања. Многу луѓе не сакаат својот буџет јавно да го споделат. Некои наддаваат, некои кажуваат помалку. И јас со колегите не споделувам за плата. Македонштина не е, сите се такви. Иста работа, некои повеќе заработуваат, некои помалку. Кој како ќе се продаде на интервју.
    Еден колега отворено си кажува дека многу компании не можат да си го дозволат. Си има искуство и цв, и си бара барем 250 дневница. Фриленсер е.
    Македонштина не е, сите се такви.

    @dunika Не знам како стојат со данок на имот. Како што кажав, немам уште имот тука и поима немам.
    Ама секој стан, куќа, било какво живеалиште, плаќаме данок. Зависи и големина и каде, за мојот стан е околу 130 месечно. Годишно 1400 фунти фрлени во вода.
     
    На NarCis@, SV1911, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.331
    Па начин на регрутација во ит е со давање бонуси за донесена глава во фирма... тоа кажува се за состојбата на пазарот.
    Абе едноставно им е гајле, тн пасивни активни баратели на работа. Посебен тип на луѓе се, па и треба многу внимателно зошто нијанси ги задржуваат во фирма, а тоа никогаш не се пари...

    Не е само до парите. Повеќе фактори се за квалитетот на живеење.
    Ама тоа лажењето негативно или позитивно, никој не вика да се каже колку се зима, ама леле луѓе... се претерува. Чудни створови сме.
     
    Последна измена од модератор: 29 ноември 2018
    На NarCis@, kuc, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.793
    Допаѓања:
    94.236
    Пол:
    Женски
    Знам @Lilit и доста ги разгалуваат,бенефиции еден куп,шо викаш картички,поклони,масажи,кетеринг секој ден,импровизирани барови во канцеларија,папучи за да се осеќаат ко дома,абе уште еднорози им фалат.Неколку фирми смени другаркава,и сите ја плаќаа повеќе од претходната.
    За донесен вработен добиваат по 500 е еднократно мислам,ми рече пред 3-4 год-ајде дојди,ке те научам ја се,треба само да тестираш багови.
    Јас едвај ексел и ворд ги владеам:x
     
    На NarCis@, Lilit, SV1911 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.256
    Допаѓања:
    140.649
    Мене ми е убаво тука, ама прв пат сега добивам желба за странство. Поради образованието и здравството.

    Главен проблем во моментов ми е образованието на децата. Нема ден да не се напнам затоа што нешто не сфатиле како што треба. Со глупости се оптеретуваат, ништо не разбираат, ниту пак размислуваат.

    Цело време се по активности за да научат нешто што би требало да го учат во школо, ама ете не го учат.

    Секој ден вака ми поминува. Наместо да разговарам со децата за симпатии, амбиции, соништа и искуства, јас секој ден ги испрашувам. А не можам да ги оставам на (не)милоста на образовниот систем.

    За здравството не ми се збори.
     
    На NarCis@, SV1911, WildMk и 16 други им се допаѓа ова.
  15. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Ма каков ИТ сектор, еве кај се парите

    https://www.independent.co.uk/news/...t-paid-richest-forbes-list-2016-a7458441.html

    Lilly Singh is a classic example of this. Known by her moniker of “Superwoman”, the YouTube star who was the highest-paid female YouTuber of 2016 and earned $7.5 million, works all the hours of the day to build her empire.

    Ако некој прави големи пари со никаква инвестиција, се јутјуб ѕвездите.
    Имам гледано видеа од прцлава, стварно е забавна, ама милионски суми да зема за комедично ругање на индиските традиции е стварно врв.

    Животот на тацна, правење влогови за личен живот, коментирање на разни настани и те како носат пари.
    Изгледа ние не знаеме како :D
     
    На NarCis@, Skorpija25, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.766
    Допаѓања:
    173.052
    Пол:
    Женски
    Точно е. Има административци со факултет и постдипомски. Не викам не. Само мислам ако се земе просек, тие се многу малку. Затоа и ги спомнав. Без навреда Цка, ама при толку луѓе што едвај средно завршија во државна администрација, вие со високо образование сте потценети бидејќи сте во исти кош со другите што едвај научија маус да држат на времето.

    Реди ја. Јас гранките ги наредив, сега кога ќе стигнам ќе местам сијалички и лампиони. Малку нерви бара, 3 саати местење и разгранување...ок де со паузи:lol: ама јас сум човек што нема многу нерви за такви работи


    Надвор-е-бело:!: снегот стигна по втор пат.
    Ќе излегувавме во некој кафич ама мојов задрема на тросед, јас си легнав во спална.. иде кај 9 и ми вика - ајде да одиме. Ааа Алек, сега не работи тој маркет, оној маркет...:D
    Абе на топло чоколадо ќе одиме, станувај:!:
    Ама јас сакам и до маркет и до кафич со едно излегување:rofl:
     
    На NarCis@, SV1911, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    61.499
    :hai: Кога ме нема по десетина дена на темава се чувствувам како нова...
    Немам поим за што сте дискутирале, на кого му бил роденден, кој имал слава, кого треба да прегрнам :)
    Ааа... новите треба да почастат кафе

    Good-Morning-Animated-GIF-Wallpaper-Cup-Plate-Coffee-Heart-By-Smoke.gif
    Кај мене се по старо... Работа, дома, кујна, пак кујна и по некое кафе со другарки :tmi:
    Дечките си тераат свој живот, со мм сме се почесто сами дома. Си заличуваме на стар брачен пар, што во суштина и сме... За некој месец ке ја заокружиме 30-ката :)
    Се ближи декември, а со тоа и највеселиот период од годината... Уште од сега се радувам на украсувањето на домот, на елаката која што сама си ја китам и сама си ја приметувам дома... Сите биле големи, па немало потреба од елка и украси :^) |(
    Ааа, пакетчиња под елката можело, не ми ги одбиваат ]:)
    Годините немаат врска со убавите празници, со создавањето на убава атмосфера, со преслатката трпеза, со претоплите и искрени прегратки... Годините се само години, а убавината на животот е секој момент да си го исполниме со среќа и насмевки :)

    Незнам дали утре ке пишам на темава или можеби пак по десет дена... Нооо, сакам да знаете дека Ве мислам, Вие сте ми многу блиски другарки, Ве гушкам сите :hug:

    ПС Уште нешто...
    Овде, на +/- 40, темата каде што ја запознав, сакам да ја гушнам @galapce :hug:
    Многу се израдував кога прочитав дека трансплантацијата е успешна.
    Мамичке Галапче, илјада пати се уверивме колку голем борец си ти... Со нас на +/- 40 ги делеше своите тешки и убави моменти, со нас се вртеше на шипка, и тоа трудна, со нас играше чочек на маса, со нас маАбетеше за Кока-кола, со нас патуваше низ светот... Мислам дека беше и некоја министерка :D
    Во иднина ти посакувам само среќни и весели моменти со твоето синче :hug:
     
    На Tajnaotrovna, NarCis@, Skorpija25 и 33 други им се допаѓа ова.
  18. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    @Bubce38 повели кафе и крофна:)
    coffee.jpg
     
    На WildMk, kuc, CameliaMiller и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.199
    Допаѓања:
    259.798
    Пол:
    Женски
    ^ не ноќе!
    За доручек остај крофните Бубче ;)
     
    На Peco, WildMk, kuc и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    Ќе остави нешто и за доручек.:)
     
    На WildMk, kuc, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.