Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.200
    Допаѓања:
    259.817
    Пол:
    Женски
    Околу муабетот за елките, мачките и децата
    https://www.crnobelo.com/zabava/diz...hna-elka-za-lugjeto-so-machki-i-mali-dechinja

    Добро утро! Јас сум ненаспана а мислев денес да сум вредна...
    Најпрво некој инспирација за ручек да добијам а и цвеќињата да ги приберам толку од есента ќе да е. Да направам уште едно кафе со првово, ќе ми се брои ко едно (fingers)
     
    На Mr. Right, TeddyGrey, Milobebence и 20 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ти уште не сфати дека на форумов све сме собрани што сме нај нај, најкултурни, најфини, највредни... :D Пола шала пола вистина. Сите демек не правиме, а ваму кај и да појдеш таков човек ќе начекаш. Само на фемина изгледа сме собрани нај нај што сме :D
    Добро утро. Рано легнав, рано станав. Последен петок дома. Едни проблеми заминуваат, други почнуваат. Тибам кругот на животот :drunk: Да знаете колку пцујам деновиве...
    И јас сакам да китам викендов
     
    На Mr. Right, Skorpija25, TeddyGrey и 28 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.741
    Допаѓања:
    323.002
    Добар ден, убав ден

    Се спремам викендов да украсам дома.Решив да не трупам многу, мачно ми е за бришење прашна после.
    Некое по практично украсување ке направам.
    Сакам сите украси да ги премијам , така да викендов ќе бидам зафатена со убави обврски.

    Ми се потврди онаа старата ,,што се сака , се може,,
    Ама треба да се САКА.
    Ако пробаш да мрчиш, да се неќкаш , да се двоумиш, да цепидлачиш, тешко дека ќе бидне.
    Треба само доверба во сама себе.Во други доверба-тешко.
    Само храбро, промислено и со сигурен чекор.
    Ако имаш знаење во некоја област и ако се надградуваш редовно, тогаш нема зима.

    Падна муабет дома за НГ.
    Да сме оделе во Бг.
    Па не во Бг, во Гр...
    Кога се сетив на границите и гужвите ми се одмиле патувањето.

    Денес ќе си дадам плата:)
    Бидејќи е петок, бидејќи доаѓа викенд, бидејќи сакам да купам нешто за внуците...
    Наредниот месец ке си дадам и 13-та плата:cash:
    Моја фирма, мои правила:nod:
     
    На Dust, kravce, Skorpija25 и 29 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.119
    Допаѓања:
    269.128
    Добро утро убав народе :coffee: :yawn:

    Кафенце на мени, би било убаво и цигарче, ама ептен не смее во болница да се пуши, иначе.. :smoke:
    [​IMG]

    Тоа е таа љубов :l:


    Денес во подобро расположени сум, ама рано е, има време некој да ме нанервира :wasntme:
    Сепак, петок е, мора да е добар, два цели дена ќе заборавам дека имам работно место, ќе излезам слободно, на роденден кај бебушко сум :)

    Оваа година многу беше без врска со празниците, пред 2 години мислам беше кога буквално секој празник - споен викенд ни беше. Годинава дури и Нова Година во понеделник е, Бадник е во недела...

    Пред 2 години ако не се лажам, четврток падна, што убаво 4 дена, па и сите други така паѓаа. Освен 1ви мај и Велигден кога се погодија во ист ден... значи... лошо. :!:

    Програма на неработни денови за 2019 година
    Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019 година неработни денови се:
    За сите граѓани на РМ
     01 јануари (вторник), Нова Година,
     07 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
     29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
     01 мај (среда), Ден на трудот,
     24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
     04 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
     02 август (петок), Ден на Републиката,
     8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден,
     11 октомври (петок), Ден на народното востание,
     23 октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
     8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

    За граѓаните од православна вероисповед
     06 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
     19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
     26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
     14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
     28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).



    За граѓаните од католичка вероисповед
     22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
     01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
     25 декември (среда), првиот ден на Божик.

    За граѓаните од муслиманска вероисповед
     11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

    За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
     22 ноември (петок), Ден на Албанската азбука,

    За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
     27 јануари (недела), Свети Сава,

    За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
     08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

    За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
     23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

    За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
     09 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
    За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
     28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,
    За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
     21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

    Вака гледајќи го, не е лош, за разлика од 2018, сѐ утнати продолжени викенди :) Да се разбереме, јас живеам за викендите :D

    Во духот на празниците и на републиката, убав ден да имате сите :inlove: :*
     
    На kravce, Mr. Right, Skorpija25 и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.338
    Допаѓања:
    104.404
    Пол:
    Женски
    Добро ви утро, уште ви поубав ден и лесна работа!

    И јас бев Титов пионер само што откако се заколнав дека ќе го чувам суверинитетот и интигритетот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија таа за неколку години се распадна.
    Бакзуз сум се што ќе ветам не исполнувам.
    Да знаеше Тито бог да го прости забрана ќе ми ставеше да бидам пионер.
    Море убави времиња...:inlove:

    За влегување преку ред скоро ич.
    Ова скоро е секогаш кога сум сама три дена оставиме ќе ме најдеш после три дена на исто место непомрдната.
    Со маж он увек ќе најде некој пријател да ни заврши некоја работа.
    Искрно имаме роднина која работи во лабараторија и ни има кажано не оставајте книшка на шалтер влезете веднаш и ќе ви завршам работа но,јас сметам само кога е нешто ептен итно кога во ист ден имам да појдам кај еден куп доктори инаку не,маж не мисли така.

    Бремени жени пуштам на шалтер,болница и стари лица кои не се нападни а ги гледам едвај стојат но молчат и чекаат е нив ги пуштам за другите се правам на тошо.

    Денес на мени гравче омиленото му јадење на маж.
    Викенд пред нас но тешко дека некаде ќе се оди ладно тмурно поарно да се седи домче.
    Поздравче :hai:
     
    На Dust, simona_baby, kravce и 24 други им се допаѓа ова.
  6. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.205
    Допаѓања:
    84.284
    Пол:
    Женски
    Добро утро!!!
    Јас не бев Титов пионер млада сум што би се рекло:D но со задоволство ги слушам кога ќе кажуваат од времето на Тито.Сите среќни и задоволни,прошетани,најадени ,напиени и што е битно живееле во мирно време.А,не денес да ти е страв дете да пуштиш само оти само педофилијава кај нас функционира.
    Арно некој ќе кажува за Тито ние за кого ќе кажуваме за Николче и Зоранче(facepalm)
    Кафе се пие и планирам да се зафарбам и исфенирам и нешто да средам,јас не планирам од сега да украсувам треба прво генералка слава и именден имам.
    Ај убав ден!!!
     
    На kravce, Mr. Right, Bubce38 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене :)

    Петок конечно :party: Едвај чекам утре да китам, вчера бев конечно во Џамбо и се изнакупив тракатанци. Три големи ќеси довлечкавме дома. Маж само одеше по мене и ме прашуваше дали сум готова со купување, а јас го игнорирав :D Купивме и нови играчки за бебка, ќе им се прерадува денес :nod: Постоечките и се здосадени и све со глупости си игра, како дрвени лажици, пластични тањирчиња, далечински (од климата и е омилено :!:), и најбитното, моите папучи :lol:

    За влегување преку ред, никогаш не влегувам, ниту пак барам да влезам, ама не ни пуштам, освен во одредени случаи (мало дете, трудница, старец изнемоштен и сл.). И да треба да стигнам некаде, сигурно треба и тие што чекаат пред мене. Па освен ако не е прашање на живот или смрт, не одам преку ред. Ми се случи сега пред некој месец таква ситуација, кога среде ноќ го однесов маж на ургентен со јаки болки. Тогаш ми рекоа седнете почекајте, а човекот урла и се витка од болка среде чекална. Кога спискав таму, во вис ја дигнав болницата, и одма не примија. Заврши на итна операција, за неполни два часа од почетокот на болките веќе го оперираа :sweat: После таа на пулт ми се извинуваше што ми рекла да почекам. Викам треба да гледаш, виде дека човекот се витка од болка и вика, па треба сама да процениш ситуација. Не секој може да чека секогаш. Сега ми е добро мажето, фала Богу :l:

    Кога бев трудна ме пропуштаа најчесто преку ред, но не секаде и не секогаш. На клиника на пример, на трансфузиологија, секое одење чекав со саати и никому ништо. Последниот пат кога бев за д-димерите, чекав цели 4 ипол часа, во 9-ти месец. Тоа е. Не ни очекувам љубезност од луѓето во оваа држава, одамна е изумрена секаква култура.
    А па најмногу ме нервира кога се пикаат во сообраќај, особено од странична лента за право кога се бутаат да свртат лево/десно, притоа поминувајќи ја цела колона што чека да сврти од страничната лента и доаѓаат баш на кривината. Епа нече мочи. Ако треба нека ме удри, нема да го/ја пуштам. Ние сите малоумни што си чекаме регуларно во правилната лента, он најпаметен што од друга ќе влегува. И ги пцујам како да нема утре, во сообраќај се претворам во прав кочијаш.

    За СФРЈ, иако сум била родена ('86 сум), не памтам ништо од тоа време. Кога тргнав во прво одд. се распадна Југославија и толку беше.

    Денес платичка, па после шопингче со маже (нешто за нас, нешто за бебка). Во потрага сум по фустан за нејзиниот роденден, се надевам ќе најдам нешто. Отрув таму во бебешките теми со фустанов, ама нигде нема тоа што сум намислила :envy: Ќе најдам бе, ќе го откопам ако треба, ама ќе ми биде цуфка најубава :inlove:

    Убав ден да имате сите :)
     
    На Dust, kravce, Mr. Right и 27 други им се допаѓа ова.
  8. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    208.128
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене,убав и лесен нека ви е.Гравче на мени петочки,со салата зелка,морков,цвекло-витаминче малку.Кога велат дека не е само што ќе се разболи туку разгали,е тоа не важи само за децата туку и за старите,не да се разгали,туку ко дете се пекмези,да ти е мерак ќотече да удриш,ама ај пак со молење со убаво.Не се сакам во зима,на чад од парното си мирисам,каписе колку сакаш,еднаш штом слезам долу,џабе бизнис туширање,ама то е.Кафе конечно дојде ред да мавнам,па нека студи колку сака отидов на тераса да тресам коски со :smoke:
     
    На Dust, kravce, Mr. Right и 22 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.119
    Допаѓања:
    269.128
    Баш ова го зборев скоро, убаво е да гледа човек за себе, ама... да не заборавиме дека сме зависни од човештвото. Буквално. Човек сам не може да опстане, му требаат другите луѓе.

    Па би било убаво, секој, барем малку да мисли и на останатите, оти не секогаш и секаде е најважен.
    Солидарноста е потценета, а себичноста преценета, затоа НИШТО нема да функционира, како што не функционира во сите слични системи.

    Се воодушевуваме на системите во Европа, ама најмногу на оние кои во многу аспекти на социјалната грижа личат на југословенските.

    За мачките и елките...

    SmartSelect_20181130-101737_Chrome.jpg


    Умен е мојот плишко :)
    FB_IMG_1543569508978.jpg
     
    На Dust, kravce, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Ако слушнете некој да измислил суши со сланина и ајварче, да знаете јас сум.

    Добро утро.
    Пак се води борба со комшиите кој ќе успее да се укрца во воз. Јас лузерка сум, па го чекав вториот. Сега рает си седнав. За појадок пола од сушито од синоќа, другото пола ми смрдеше, џабе го купив, заврши в канта. И чинија сутлијаш.

    Спрема мене седи колега што последно работев со него пред 3 години. Ама тешко да се сети на мене, па ќе си ќутам. Јас дури и името му го памтам.

    Тука дури е жешко, ама вечер до касно сум па си зедов јакна.
    Синоќа толку лошо ми беше што едвај заспав, па се будев уште десетина пати. Денес ни кафе нема да ми помогне, па нема ни зошто да пијам.

    Викате петок е а? Јас пак и сабота и недела на работа :rock:

    Неработен ден дефинитивно само Божиќ ќе ми е. Ама и за тоа се мислам. Ако ми се избацат со добра понуда, ќе си работам. За нова година уште од сега си барам кај да се букнам. Од многу работа глава не боли.

    Преку ред никаде не одам. Овде е срамота. Повеќето го ценат туѓото време и е ок. По устснови е со бројче па и да сакаш врски, тешко.

    Ама мене многу често ми се случувало дури сум на работа да ми се избацат со знаеш ли кој сум јас. Особено на претходната работа беа боже сачувај. Е не знам кој си, ама нареди се последен. Го знам менаџерот, ќе те пријавам сега, како се викаш?
    И што оти ме пријавувале, го окрка и менаџерот после. А јас напуштив наскоро после него.

    Една ластовица пролет не прави
     
    На kravce, Mr. Right, mira.mira и 25 други им се допаѓа ова.
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.792
    Допаѓања:
    150.920
    Пол:
    Женски
    Хелоу :)
    Си собрав цитати се спремав да пишувам, цитатите се избришаа, не стигнав да дочитам и така :)
    Денов ми е :worried: а јас се фатив за форум. Ама кога чекаш некого да довршиш нешто така е. Уф само нека заврши ко што треба аман веќе, уште да беше една работа.
    Сакав да кажам колку и да си фин и поштен има ситуации кога мораш да заобиколиш правила, да поминеш и преку ред и се ама навистина кога е неопходно а не да ти е тоа секојдневна навика, а дека државава ни функционира така криви сме си сами, никој од себе не трга, се додека викаме епа штом можат они така зошто не и јас не знаам дал нешто ќе се смени.
    Викендов без никакви планови вајда по дома ќе се седи
     
    На kravce, Mr. Right, vitamina и 23 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Бев пионер. Не се сеќавам на заклетвата, ама има слика која потврдува дека сум била таму :D
    Се сеќавам со милост на живеењето во Југославија. Ама и тоа ќе го турам во делот: 'дете бев, се' ми беше убаво' - а не оти Југославија беше мерак невиден.

    И тогаш се крадеше на мртво, кај нас во Македонија. Тато Бог да го прости викаше: Мајсторот ќе пикни в џеб штрафче, штрафцигерче.. директорот ќе крени цел камион штрафови.

    Башка, имаше забрана за увоз на странски производи, за да не прави државата одлив на девизи, и по рафтовите во продавница, имаше еден рафт смоки, еден рафт прашак Билјана, еден рафт сапун за перење. То дури не дојде Анте Маркович на власт, па збеснавме сите кога менаа закон за увоз, па се отепавме од банани јадење... До тогаш немавме видено |( Анте по бананите ќе го памтам :D
    Иначе, тоа беше како свесна фаза на болен Алцхајмер, точно пред смртта. После се распадна чудото и си е*а матер се. Најлошо шо гинеа луѓе.. Другото, џенем нека фати.

    Памтам на Јутел кога имаше вонредни вести од организирањето и приватните средби на наредните лидери на републиките. Тие сите беа на Голи Оток затворени за предавство претходно. Страв се осеќаше во луѓето многу.
    Имав другари кои заглавија Хрватска во војната...

    Памтам кога НАТО го бомбардираше Белград. И таму имав другари. А и се сеќавам на звукот кој го правеа бомбардерите кога прелетуваа над нас.
    Тажно многу...

    Тито иначе беше беневалентен диктатор. Диктатор си беше по политичкото уредување на државата, само што беше релативно 'фин'. Иначе, ко крал и кралица беа со Јованка.
    Најголема грешка му беше, што во 70тите кога и' понудија влез на Ју во ЕУ, не прифати.. Ќе праел соработка со 'неврзаните'... Со Јасер Арафат .. Тато го викаше 'змиулчето', оти носеше секогаш црно-бела шамија.. па и јас така си го кажвав. :D
     
    На bittersweet, kravce, vitamina и 22 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.119
    Допаѓања:
    269.128
    Токму тоа е што го кажав за болниците - тријажа.

    Не е секогаш најважно кој во колку дошол и кога е закажан.
    Еве од денес ситуација.

    Доаѓа рандом бремена жена, ниту закажана, ни бутур, набрзинка основни информации ја распрашувам колку да имам увид за што станува збор, каков е проблемот, за нели да ја пратам кај што треба.
    Со тоа што ми го кажа - не е итна, со тие симптоми може комотно и една недела да чека, АМА ако не е бремена. А таа бремена со близнаци. И одма автоматски го добива приоритетот, зошто колку и за неа да не е опасно, може да е опасно за бебињата.

    Влезе пред сите, оти баш ни еден не беше поитен од неа во моментот. Следна со исти симптоми, но не бремена да дојдеше, ќе беше закажана за неколку дена.

    Не е проблемот само во пациентите, иако во нив секогаш лежи најголемиот проблем, до твојата човечност е да се расправаш зашто ти касни терминот 15 минути заради женава.
    Но, проблем се и несовесните здравствени работници кои знам дека ги има и постојат (и јас сум пациент патем, и многу често доаѓам до нелогичности и незнаење од страна на мои колеги), тука се и докторите кои не си ја сфаќаат сериозно работата, тука е и целиот здравствен систем што како таков не е функционален, од матични доктори кои работат само администрација, но не и медицина, до неказнување на тие што не се појавуваат на термини.

    Се подразбира дека итен случај е поважен од секој термин, и не можеме лекувањето да го гледаме како административна работа, луѓето не се хартија, и секој човек има различна потреба.
     
    На Mr. Right, WORRIED.BT, vitamina и 20 други им се допаѓа ова.
  14. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    208.128
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller најтешко е кога се работи со луѓе,не сум од твојата бранша,ама од искуство си знам,секогаш ќе се погоди некој/ја колку и да се трудиш мана ќе најди,тоа е и до карактерот,а и до тоа колку сме станале понекогаш саможиви,себични,не осврнувајќи се на туѓата потреба.Секакви не има,дрски,безобзирни па се културни и стрпливи.Туку мачето во душа ми остана,од секогаш сум сакала такво црно ,ама црно гламна :inlove:,твоево љубов ми е,да бевте поблиску во двор ќе ти киснев само да го изгалам,со стап ќе ме бркаше:D
     
    Последна измена: 30 ноември 2018
    На Mr. Right, V.odolija, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Tnx Лили за 'ку-ку' прдлата од сабајле.:D
    Доцнам малку али... и јас сум од генерациите пионери. :emo: :*: Не ми се веруваше дека и меѓу Словенцине има толку многу југоносталгичари, и дека толку многу слушаат ју-музика. Најповеќе хрватска музика де. И дека ја пуштаат на радио, еј. Приказните од часовине по историја ми имаа створено поинаква слика за нив у тој поглед.
    Гледав видео од Казахстан. Сега и таму ми се оди. Не знам каде уствари не ми се оди. :)
    Отиде годинава. Толку од ноември. Годинава, дефинитивно ми беше предобра. Не знам дали сум имала подобра година од оваа. :) Се надевам така и ќе заврши и следнава ќе биде и подобра. Бар хороскопине така викаат:)))))))))))))))))))))))
    Ми се јадат божиќни колачиња. Ќе гледам да си ја однесам шефицата (мајка) викендов на нешто такво, некаде. А, ради еднаков третман, оти нешто и се жуљавел..ќе треба и старион да го анимирам:D Запоставено се осеќа. Тешко е да се биде родител, го осеќам тоа веќе 35, скоро 36 години со моиве две возрасни деца:bug::P

    Плишко ти е прекрасен.
     
    На Sexybaby86, WildMk, kravce и 19 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.119
    Допаѓања:
    269.128
    Де ма Лејла, во двор ни тој нејќе да искочи, кај мене во дневна ќе си дремевте :)
    А и поканета си во секое време :) :hug:
     
    На Mr. Right, WORRIED.BT, mareane и 5 други им се допаѓа ова.
  17. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    94.322
    Пол:
    Женски
    E63C04D5-3093-40D7-8C5A-EFE871DC95DF.jpeg
    Убава ли е:inlove:?
    Ја правев со една колешка,за вечер за на забавата ни е.Секоја градника си носи торта,и бираат најубава.
    Обична чоколадна торта е,без фил,а фонданот ни одзема саат ипол.
    Јас ја правев мајката,а таа таткото и бебето пингвин.:angel:

    Врне,ме мрзи,Петок сум скапана а допрва морам да се спремам.
    Чус,имајте убава вечер:f:
     
    На Tajnaotrovna, Val-Dim, Sexybaby86 и 41 други им се допаѓа ова.
  18. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.205
    Допаѓања:
    84.284
    Пол:
    Женски
    Преубава е направена браво женска (y)
    Убаво да си поминиш.
     
    На WildMk, Mr. Right, WORRIED.BT и 9 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.119
    Допаѓања:
    269.128
    @dunika секоја чест, предобра е :)
     
    На WildMk, Mr. Right, WORRIED.BT и 7 други им се допаѓа ова.
  20. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Преубава тортата.
    Многу сакам да знам да правам вакви работи ама немам фат за жал.
    Си дојде и Декември и оваа година полека си заминува. Ми се јаде руска со кифлички :D и пилешка :D и француска :D па и некое сармиче.
    Ќе ја терам мајка да прави, да искористам максимум дур ми е блиску.
    Во нареднава година сакам да си купиме стан/куќа. Стан го ставам како опција доколку не најдеме плац, ама јас се надевам дека не чека некој убав само уште не сме го нашле 8)
    Си размислувам вака, да ни беше решено станбено прашање(не дека не е ама за некоја година мал ќе биде станов) како би си купила едно џипче, бордо и тоа :wasntme: ама приоритети се во прашање.
    Ме фаќаат болки малку, се мислам да отидам до Гак едно ЦТГ да ми направат.
     
    На WildMk, kravce, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.